крене (гл.) - и (сврз.)

Митра отвори, зеде еден сомун чист леб, го кладе на софрата и Доста си ја крена и си ја занесе пред машките. Со клавањето му вели „добре дојде, дедо Петко", а и на Илка да му го врати намигнувањето му вели: „е добре дојде и ти Илко", — и му чкрапна со левото око.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но некаква сила пак го крена и тој се зашантра, црвенејќи во одењето, накај вратата од берберницата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Последна мрежеста кошула на утринската магла се крена и се стопи во воздухот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но околу полноќ пак се вратија полицајците и во затворен воен камион ја кренаа и протераа од целото гратче саканата и почитувана старица...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Со восхит Чекам светлината - гостин, Таа лика која свети, зрачи Од чии зраци сум значнат Да ме крене и устоличи.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Го заковаа, го кренаа и тргнаа да го стават во мртовечката кола.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Триеше со раката по рабовите, постепено бришејќи со крпата, до шишето со виски што го крена и со намерна отсутност го врати на полицата зад шанкот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ѕидарската работа главно е крени и залепи, а понекогаш кога ѕидарот не внимава, малтерот му навлегува во месото на прстите, му се прават мали дупчиња и низ нив потекува крв.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Целиот свет на грб можам да го кренам и да го носам, Луцијо, само за тебе; не сум јас толку слаб како што ти се чини, Луцијо!“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тргнав во еуфорија кон скалата, со чувство дека сум семоќен, ја зедов (а и самиот не знаев, во тој миг, зошто ја земам), ја кренав и на ум ми дојде луда идеја: „Ако можам со моторот, зошто не би можел да стојам во воздух и со скалата?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Долго се мачеше да го крене и да го качи на себе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Можеби педесетина пати се крена и се спушти, додека најпосле и се предаде на умората.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сакавме да го кренеме и на раце да го носиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кон полноќ се кренавме и избегавме в шума.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нѐ кренаа и нѐ изведоа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој ќе запаѓа, а снопот куршуми повторно ќе го крене и ќе го врати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По рибите, стаса поморија по добитокот, по ајваните; заболените добичиња и живинчиња: телињата, овчичките, козите, кокошките, лизнуваа од езерската вода како од иљач и - или оздравуваа, или со капките в уста умираа; лежеа така додека луѓето не ги кренаа и закопаа или додека чакалите и другите мршојади не ги исчистеа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Го кренаа и го префрлија в болница.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И така, една ноќ спроти Вртолум, кога ја испија со Лоте, и со ветеринарот Скрез и последната чаша за длабок сон, и кога излегоа надвор да си одат, Бандо чу како некој со копач му удира на ѕидот од куќата; на Бандо му мина гром низ телото, му удри крвта в глава и повторно му се врати оној некогашен страв во него; срипа како ѕверка; ја грабна пушката и излета во мракот надвор; свика кон сенките што се тетеравеа крај куќата и пукна; некој офна и падна; стрчна жена му од Бандо, стрчнаа соседите и ги поткасаа бузите: го видоа Лото струполен крај ѕидот; го кренаа и побрзаа да му ја запрат крвта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Дотогаш, тој се наоѓаше на ладниот кујнски под, легнат на грб, со три плетени држачи за топло под глава, со левата нога малку крената и стапалото врз лимена кутија за колачиња.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Од сонот го тргна ѕвонењето на специјалниот телефон. Со напор се крена и отиде до него.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Устите им беа полни со големи и гневни, многу значајни и звучни, итри и пламени зборови кои без прекин беа дополнувани со гневно кренати и стегнати тупаници, рацете не им мируваа, туку само се закануваа и со прстот вперен во нас чиниш ни велеа – ТИ и ТИ и ТИ, што чекаш?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Долго се мачеше да го крене и да го качи на себе. Ранетиот како да беше сошиен за смрзнатата земја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Знамето - високо кренато и носено од идеалите на Гоце Делчев, Питу, Карев, војводи и борци - комити брзо се пренело низ селата и градовите на поробената Македонија, повикувајќи на борба.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Еда, едно време, се исправи, жената и кога ја видов правугоре крената и мене косата ми се крена. Ќе ми ја турне капата, ба му ја. Еда, дувот ми излезе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ни се седи, ни се лежи. Постелата стои некрената и јас ја гледам и само прашувам: кој ја испразни толку постелата, боже?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)