крене (гл.) - и (чест.)

Потоа одеднаш се крена и лаеж, отпрво несигурно, како да кучето што се огласи, уште не беше сигурно дали има причина да лае или не.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Средствата за достигнувањето на оваа цел беа чисто културни, па сепак и овој план ние не успеавме да го реализираме, бидејќи приврзаниците на идејата за „голема Србија“ го кренаа и против него својот влијателен глас”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се крена и сливата нагоре.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми се крена и колата на „Брза помош“ што излегуваше свирејќи, ми се поткренаа и сестрите од подот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)