крие (гл.) - книга (имн.)

Гледајќи како чекори околу книгите и глобусот, и самата започна да верува дека вистинскиот излез го кријат книгите, како што неретко ја убедуваше Татко!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Под душемето на чардакот имаше едно скришно место во кое ги криеше книгите кои можеа да бидат забранет и да му донесат несреќа на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И обајцата беа обземени од возбудата дека во нивните библиотеки се кријат книги за кои тие никогаш не знаеле дека можеле да постојат на Балканот, а им биле насушно неопходни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се зборуваше дека еден од поугледните професори на Отсекот за филозофија ги крие книгите од своите студенти.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Татко се насмеа, а Камилски му рече дека тоа е неговиот таен дел на библиотеката, во која некогаш криеше книги поради кои можеше лесно да настрада, па наместо во библиотека да се минат неколку години во затвор.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)