крие (гл.) - а (сврз.)

Одвреме-навреме полуорганизирана група на граѓани можеше да го притисне продавачот и да му каже в лице отприлика нешто вака: Дај бе од тоа робата под тезга, да ти ебам мајката, ги криеш а народот нема шо да јади!
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Лелекот на селата го извлекол тогаш ајдутот Парамон од тајна пештера во која се криел а пред тоа со нож ја убил мечката што му се испречила на пат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така и сториле. Она што се спротивставувало исекле и изгазиле со бесни коњи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)