крцка (гл.) - под (предл.)

Подмрзнува снегот, крцка под скинатите цокули.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зелената кора од лубеницата крцкаше под сечивото на ножот.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Иако монтирани, рампите сѐ уште не беа подмачкани со масло и покривката од ситно дробен камен му крцкаше под стапалата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Снегот крцкаше под осумте пара чизми – мек, сув, нагмечен – единствениот топол звук во студенилото околу нив.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога стигнаа до работ на чистинката, го слушна лаењето на кучињата. Беа веднаш под селото.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И, раскажува, како нејзината ќерка, со сите квалитети во кој спаѓаат оние од кујната и дворот пред куќа, ги знае девојчето ама не вреди... никој веќе не бере гајле за штиркан чаршав што крцка под тебе и икебана од цвеќе собрано од бавча што сама си ги одгледала.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Душемето крцкаше под нејзините стапала, и кога Амдие, Разие и Селвие, трите нови жени на ибн Бајко, ќе го чуеја тој крцкот, само се тргаа во околните соби.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Собата е на горниот кат, над кафеаната. Скалите крцкаат под неговите нозе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сѐ е поцрнето, ти крцкаат под стапалата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се слушаа чекори, крцкаа под нив старите гнили прагови.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)