купи (гл.) - еден (бр.)

Пак со вообичаената рутина набрзина подготвив малку јадење за тебе и го распоредив во пластични кутиички, сварив чај со мед и отидов на пазар да купам една пиперка, домат и кромид што ми ги нарача претходниот ден.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Царицата и самиот цар се сториле тебдил и еден по други беа ошле кај момчето, та беа му купиле по еден зајак за како од како да му ѝ скусат зајаците, арно ама момчето било итро како некој ѓаол, тики ѝ сетило и царот и царицата, та му зело пари многу и му удрило по еден муур на буто.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Опп! Ете човек! Се најде од никаде, ми купи една книга..
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
А за два и пол грама стрептомицин можеше да купиш една крава.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Го сторил син му од царот тебдил и го пратил кај момчето да купи еден од зајаците, колку пари ќе сакат, толку ќе му даел.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Му го однесол зајакот син му од царо на царот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)