купи (гл.) - таа (зам.)

„Впрочем, раскажи ни на каков пазар ја купи таа огњарка.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас тргнав да ја купам таа проклета кутија цигари.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Меѓутоа, само седум од приближно 30 до 35 илјади зависници од хероин ја купувале таа дрога легално.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Црниот пазар не е укинат, но не е ни така силен како во Соединетите Држави, криминалот е помалку присутен, а исто така забележани се и помалку смртни случаи од сида која наркоманите ја пренесуваат со интравенозно внесување на дрогата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Кога пиеше и кога пееше не повика никого да ти ја чува пушката“, се замеша Никола Влашки а јас можев да видам дека и самиот е обземен од гнев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За смртта на овие прекрасни птици го обвинував малиот “ловец“, воздушната пушка, но многу повеќе се лутев на родителот што на своето галено синче му ја купил таа бездушна играчка.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)