купи (гл.) - палто (имн.)

А татко ми рече: А бре имам добиток, зимата ако се оддолжи, треба храна да се купи, мораме да имаме резерва пари, а стрина ми на тоа: Ако е за тоа, ние сме преку дваесет души, ќе заштедиме на храната, неколку дена поскромно јадење и ќе ѝ купиш палто на Милка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тогаш татко ми рече да го земеме магарето, па така отидовме и купивме палто.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)