купи (гл.) - подарок (имн.)

- Сребрен е, знаев дека ќе ти се допадне! – бев горда и пресреќна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се оттргнуваше од таа занесеност кога до неа допираа, како далечно шепотење, зборовите на дедо: - И кога дојдов до претсело, враќајќи се од пазар во Костур, каде за секого купив подароци, тогаш истрча тоа пусто куче на Нановци и гав од тука, гав од ваму, јас брани се со стапот, ама тоа а да ме касни, а да се фрли врз мене, пат не дава да поминам и јас, видов не видов, му го фрлив фустанот што го имав купено за Циљка и така си дојдов дома жив и здрав и вас ве најдов уште поздрави...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тогаш заедно тргнаа да купуваат подароци.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И, за да му покаже дека заборавил да му купи подарок, Зоки рече: - Види, стрико, тетка ми го испрати овој жолт балон дури преку пошта!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Милото мое девојче, и тоа ми стасало на мајка да ѝ купува подароци!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)