купи (гл.) - во (предл.)

Се зборувало дека е чудотворен лек и како таков се употребувал во лекови, алкохолни и безалкохолни пијалоци, а можел да се купи во секоја аптека.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во минатиот век опијатите можеле да се купат во бакалниците без рецепта како чудотворни лекови за голем број болести.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Овде се среќава обичниот Французин кој не се обѕира многу на модата, но затоа многу гледа на практичноста, се носи пак современо, но не може да се пофали дека чевлите или палтото го купил во некој модерен магазин на „Елисејските полиња“, или во некој од магазините на „Кристијан Диор“...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таму може да се купи сѐ, ако човек заборавил да купи во текот на денот нешто за јадење или за носење, па дури и литература и што ли уште не!
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Климент Камилски продолжуваше да бележи во еден голем жолт нотес, донесен од последното патување од Париз, купен во големата книжарница во Латинскиот кварт пред мостот Сена, во којшто, како што му се довери на Татко ги запишуваше главните идеи, односно les ides generales коишто му недостигале хронично на Балканот, а тие обајцата биле на пат да ги најдат...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
LVII Татко и Климент Камилски по херојското соочување со сите речници во потрагата по ориентализмите во балканските јазици по којзнае којпат се соочуваа со невозможната мисија да допрат до сите заемки и конечно да ја состават наумената листа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Слушај, Росо, и ти малку повеќе си претерала, не мораше сето ова да го купиш во најскапиот бутик во градот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Додека спиеше, ги прегледав твоите работи, земајќи сѐ што не се согласуваше со твојот нов идентитет кој ти го купив во Берлин.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
За да се премине растојанието меѓу двете села, односно да се влезе од едното во другото село, потребни се специјални ч...., коишто можат да се купат во една продавница во селото Р........
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Пред неколку дена, додека со Бојана Попче се возевме со неговиот трактор кон Лерна (човек се чувствува гордо додека се вози на трактор), ми кажуваше дека маказарчани што гласаат за националните, ни сол не купуваат во дуќанот десно од реката, што се смета за либерален, и обратно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Свеќи ќе купам во разни бои, за по дома да ги понесат, пред спиење да ги палат и да си ги чуваат, па да ми ги вратат изгорени и да ми се пофалат што сѐ убаво им се случило, а, ако колата низ брдо тргнала, секогаш можам да им речам дека, ете, сега месецот и ѕвездите ќе делуваат врз нив и дека моите предвидувања ќе почнат како лавина да се случуваат. Ама, од утре!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Првата Застава 128, авторот ја купил во 2002.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
„Купив - пишува тој - 1.000 кг динамит за да избувне со страшна сила во Солун. Го купивме во Париз.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во прво време кожите се купувале во разни делови на Македонија, а потоа кози започнале да се одгледуваат во Велешко2а.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ѝ го отвори малечкото сино кутиче од специјален порцелан, што го купи во Москва на филмски фестивал кога беше на гости кај другарка ѝ Гордана, нејзина колешка, што во тоа време беше новинар-дописник од тој град во Русија.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Брат ми ѝ објасни дека пудриерата ја купил во некоја старинарница, а мајка ми обожава стари предмети, колку постари- толку повеќе ѝ се допаѓаат, а од ова огледалце просто не може да се одвои. Го носи со себе каде и да оди.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Внатре, во кутичето, жолто блескаше мојот прстен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога ги менува чантите, ако е посвечено облечена, па не ѝ одговара таа што секој ден ја носи на работа, во другата, свечената, го преместува и огледалцето.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Им кажува на пријате­лите, ако купуваат во клуб, да купат и една таблета за него.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Па, замислете какво е дејството ако таблетите се од 230 милиграми!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ди­лерите од Англија кои купуваат во Холандија обично купуваат МDЕА.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сандерс тестовите ги прави во лабораторија.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
ОГЛО: Кои стории на вашето семејство можат да се најдат на CD-ромот? IГЛЕ: Има приказни за куќата на дедо ми, купена во дваесеттите и веројатно национализирана во педесеттите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)