купи (гл.) - нов (прид.)

Ѝ скрои ракав, ѝ насука конци, ѝ купи нови игли, и стрико ѝ Трајко ѝ направи убава шарена кончарка, и ѝ рече да везе нишка по нишка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Та со што ќе ја зачешла невестата свекрва си вечерта по венчање и на што ќе „т'кне прва вошка“ од неа, ако свекорот не ѝ купи нов чешел?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Ајде стануј да снимаме спот - беше гласот на Академикот кој штотуку купил нова камера.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Но повремено и сега како да ѝ се јавува некое сожалување кон него што изцело го запостави и отфрли, па понекогаш почнува да му глуми дека таа пак му е приврзана како порано, дека со ова познанство и блискост со Богдана ништо не се изменило меѓу нив и продолжуваше да му упатува благи зборови, да му готви јадење, да му го мести креветот и сменува постелнината, да му ги пегла кошулите и алиштата, да го поведе понекогаш за рака низ просториите или полигонот за да слуша како се дресираат кучињата, да му вари почесто кафе како што му вареше, да му кажува како одат приходите во Пансионот, да му купува нови плочи со текстови за слепи на кој тој со прстите се учеше да чита - но тој кога ќе ја почувствуваше во својата близина, замавнуваше со бастунот да ја удри и бесот го смируваше со алкохол; се тетеравеше низ просториите на Пансионот викајќи по неа со најпогрдни зборови.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тој грев е гревот што го чувствува поради старите чевли што верно го служеле, а тој, по долго колебање, ги оставил во туѓина, затоа што си купил нови.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Последните два дена само за тоа се зборуваше: мене мајка ми ми купи ново фустанче, мене мајка ми ми шие, мене мајка ми ми плете, мајка ми, мајка ми...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Потоа Едо уште еднаш се вслуша во работењето на моторот и му рече на чичко Васка: „Треба да купите нова водна пумпа“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Многу не му се думав, затоа што мислев дека за кратко време ќе си купам нов автомобил.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Мислев набрзо да се отарасам од неа и да си купам нова кола, инвестирав 0 евра во моторно масло и останати делови.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Тој не купил нови алишта, но затоа неколку пати се напил „англиска сол“ за да го растрои стомакот и на таков начин да ја промени бојата на лицето.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Таму немаше чирак, и Бошко важно се дуеше, додека пазарџиите, дојдени да си купат нов самар или да го закрпат стариот, се шегачеа на негова сметка сѐ до попладне, кога веќе мораа да се вратат в село.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Грета: Овој глас не е за радио, Лобо. (Се огледува во огледалце) Овој глас единствено може да известува во кои драгстори се продаваат свински паштети.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Лобо: Вчера ми се јави. Ми се пофали, купил нова сачмарка. Среќно момче е тој.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Беше чуен по добрите кројки и особено по прецизниот штеп.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа крпеше алишта замајќи ја дома излижаната сингер-машина на рачен погон, дуќанот го дадоа под кирија на еден млад мајстор на кого заедницата за алал му купи нова машина, а Јехуда да чиракува кај мајсторот-кираџија, скрпувајќи го животот малку од киријата, нешто помогнати од семејството, и нешто од заедницата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Подоцна, многу подоцна, се чуло во Кукулино од некои кираџии дека се вратил оддалеку маж ѝ на Фиданка Кукникова и исекол поголема гранка од дуњата во дворот, ја исчистил од кора и ѝ ја измерил тежината со десната рака, бил висок, со светла коса и имал во торбите и дисагите што ги донел на маска секакво богатство; веднаш, со првата ноќ на неговиот втор живот во Лесново, ги спобркал сенките што се грчеле со машки воздишки околу неговата куќа сѐ додека не натерал тројца никаквеци да се напикаат во манастирот па тој таму без збор ја дигал и ја спуштал ластегарката поттикнуван од цел куп жени што дошле да ги собираат своите парталковци и да ги лекуваат дома од модрици и навреденост со толчен печен кромид во зејтин, потоа, по три или четири месеци, кога можело да се види дека прочуената убавица затруднела, попот знаел дека ќе остане без нова кошула, без нови чорапи и без куќа иако Доце Срменков му рекол дека ќе му купи нови опинци и, повторно облекувајќи ја везената кошула, отишол во некое штипско село по осамена вдовица со момченце од три години и со покуќнина што можела да се натовари на два магарешки коша, така било, селото се наполнило со доенчиња до првата протока на ракиските казани во сувите дни кога младите татковци се насмевнувале со модри усни кон Фиданкиниот маж од чија ластегарка сѐ уште накуцувал ситноглавиот Гавруш Пребонд но тој и порано со есенските 'рѓи чекорел под тешката облека со една здрвена нога од настинка и веќе се пеело, законите на Лесново или биле измислени заради дојденците или се заборавиле, и се кршел каменот по пештерите, впрочем и можело - на небото потрепетувале многу повеќе ѕвезди отколку што ги паметеле луѓето во тоа кратовско село.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Жените се полакуваа дека фризерките и козметичарките „бричат и подстрижуваат на суво“ а, мажите говореа како сега сè потешко се купува нов автомобил, „Сони“ телевизор, видео, и слични такви електрични апарати.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тврдоглав, каков што е, отишол пак во истата продавница и купил нов грамофон, двојно поскап од првиот и овојпат трговецот му рекол дека ќе му врати двојно повеќе пари ако пронајде некој звук што не ќе може да се репродуцира.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Така, Ракот возбудено ми раскажа за неговиот нов модел и јас му ветив дека ќе поминам да го видам.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Купив нови чаши и ги поставив на кујнската маса; сликите се закачени како што треба и висат под прав агол; витрината ја истуркав во десниот агол од дневната соба и сите украсчиња ги наместив како што стоеја отсекогаш: лулето, кристалното еже, дрвеното кутиче, порцеланскиот свеќник, пепелникот од слонова коска, школките и камчињата што ги донесов од еден одмор...
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Тој беше просто шокиран (зошто би бил, но, ете, беше) кога виде дека на поставената маса за ручек нема четири исти длабоки чинии, четвртата беше заменета со преостанатата од стариот сервис на чие место за Нова година беше купен нов.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)