кутне (гл.) - на (предл.)

Војниците најпрвин со влечење или со туркање ќе го истргаа бикот од шталата кој се опираше со нозете, како да знаеше дека оди на колење, и откако со мака ќе го довлечкаа до дрвото, ќе го врзеа со водилото за стеблакот за да не им бега, а потоа со јаже ќе му ги изврзеа нозете за да не прета, ќе повлечеа на јажето и ќе го кутнеа на земја.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се занесувам, но потоа со две три тупаници (не мислам буквално ), ќе ме кутнеш на земја.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тој пак и видел однекаде, отрчал со секирата — по врат на еден два брава, и кутнал на место. Му се загнале овчарите да го тепаат ама тој јунак, му а навртил секирата, та и еден од овчарите кутнал наместо и еве ти беља на целото село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако сте од мајка родени, - но, беше кутнат на земја со врзани раце на грбот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)