лази (гл.) - мравка (имн.)

Неизвесност ѝ ги стиска со обете дланки тешките, некако доилски валчести боски, и гори, по бедрата ѝ лазат мравки, жена е што секогаш пред спиење е возбудена.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не сакаше да оди на излет и да го лазат мравки, не му беше пријатно да биде на отворено без засолниште и без покрив над главата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Раце налактив на колената, лицето го покрив со дланките и чекам и така чекајќи – го дочекав првиот мрак, не мрдам, чекам и чувствувам како ме тресат морници, по стапалата како да ми лазат мравки и студот сѐ повеќе ми облева образи, прстите ми отрпнуваат, ушите ми горат и полека ме фаќа некаква дремка, ми се присторува дека се губам и не знам што време беше, кога почувствував дека нечија рака ми треси рамо, ме подигна и слушам женски глас да ме праша – кој си ти бре синко?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)