легне (гл.) - во (предл.)

Да легне во када, не соблекувајќи го капутот?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Легнав во една ливада крај реката, коњот до мене.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Застана на вратата и го погледна, онака стасит и мажествен, со широките голи раменици легнат во постелата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Гладен по нејзиното тело, Јаков со возбуда ја очекуваше Ребека легнат во нејзината постела.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Според старото правило дека клинот со клин се избива, кога ќе го почувствува неподносливото стегање во внатрешноста на черепот, Константин З. ја врзува главата со свилена ешарпа што потоа силно ја затегнува, и онака врзан околу, во последно време проќелавената глава, врвејќи покрај огледалото со конзола во кое го следи својот комичен одраз со ешарпата чии краеви му паѓаат на рамениците, мрцлаво влечејќи ги пантофлите по паркетот од неговата служебна квартира, оди до високите прозорци, ги навлекува тешките драперии и кога во просторот ќе зацари смирувачката темница, легнува во празниот брачен кревет од својата спална соба и конечно почнува да се опушта.  З. не е самец, иако тука, во Скопје, живее самечки живот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Војниците се растрчаа опколувајќи го авионот, а потоа го повикаа кметот. Легнаа во ливадите и нешто зборуваа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Пред да си легне во новата мајчина прегратка се ракуваше со Јан Фабр од Белгија, кому челото му беше оросено а рацете мраз студени.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Многу далеку од удобноста на Академијата во Фиренца.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Вардам синовна кошуља, крвава кошуља, и сос неја ја ште легнам в гроб студен и т'мен...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
По толку децении заеднички живот, по толку војни и преселби, Мајка, за прв пат во животот, го гледаше толку немоќен, легнат во болничката постела, без постојаната раздвиженост на неговото тело.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Не успеа да се пробие, па се врати, одново се залета и со силен скок се најде преку него, легнат во снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога Бојан ги спушти кучињата на земја, Караман навреден, со свиткана опашка се повлече до ѕидот и легна во сламата, а Стрела почна да скока и да ги опира своите предни нозе во градите на момченцето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А светот пак нема повеќе желба да легне во креветот на филозофијата, но детето сепак се роди со помош на телепатија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Таму сѐ треба да легне во својата длапка Па сепак песната е глечер и сѐ е закопано во гатанки и пустош Во збунети неосенчени зборови Морето ни дише во лицата сѐ сака да допре со своето спокојство А медузата затворена во синото стакло на водата како да ја испитува горчината на нашата изненаденост додека слегнува на долното небо.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Не приоѓајте му, Три жени со бели шамии околу главите Седат во полето и го чуваат него Спроти долгото патување низ темнината, низ бесконечните растојанија од студот до огнените знамиња на плодот, не приоѓајте му, Утрово ќе ги искачи ридовите и ќе застане на она место каде што застануваат јулските квечрини да ја гледаат девојката со срп во рацете како оди низ полето и застанува боса среде реката на залез сонцето за да ја оплоди и така размножена да истече со реката до свирепите мориња на усмата, Оставете го, Однесете му тогај вода, дајте му сол, и чист во душата нека си легне во полето да слуша како пеат светулките меѓу ожнеаните стебленца на пченицата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Мислеше дека зракот ќе се умори од играње и ќе легне во тревата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Го зедоа тие тогаш тоа чичето во својата куќарка во Прилеп, го легнаа во едно кревуле, повремено де едната де другата навраќаа во одајчето со рака да го продрмолат меѓу нозе и да му ги замазнат преостанатите бели влакна на главата, ама повеќето, зашто самохрани жени, бркаа работа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Потоа, кога тој ќе станеше од креветот, грифонот го следеше до вратата од бањата, таму седнуваше на задникот да го почека и се враќаше по него трпеливо чекајќи да се увери дека стопанот безбедно си легнал во својот кревет.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
А крмакот тогаш гровташе легнат во таа калта во дворот мој, каде што жена ми ја истура нечистата вода што не ѝ треба.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Утре в ранина ќе можеш да легнеш во него.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ги поздравив, му честитав на Карамба-Барамба на вратената сенка и појдов да легнам во колибата. 6.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Таа им бегаше, им се излизнуваше од раце, како вода им претечуваше низ прсти, им се спровираше низ нозе и им се кривеше.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Така, размислата на академик Божин Павловски дали треба да се побрза со преведувањето на делата на Стојан Христов на македонски јазик, академик Блаже Конески, меѓу другото, му посочил на овој наш денешен деец исто така Македонец од Македонија и Македонец од македонската дијаспора: Кога се интересирав дали треба да се побрза со приопштувањето на македонските автори кои создале дела на други јазици, тој (Блаже Конески) ме охрабри со тврдењето дека се работи за творештво кое природно ќе си легне во нашите традиции.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ќе те нахрани и ќе те легне во топло.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
За тие денови генералот Зафиропулос во својата книга “Антибандитската војна 1945-1949”, на страница 619 запиша: “И така маневарот на IX дивизија целосно не успеа, оставајќи на бојното поле 354 убиени само од 41- та бригада.”22 Полека возам по раскопаната калдрма и кога излегов од сенките на високите и разгранети дабови, пред мене се отвори простор легнат во крш од камења.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Очекувавме дека тука ќе видиме урнатини и простор легнат во празнотија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На работничките им е потребно спиење. превод: Зоја Наскова-Барт Расказите на Ен Каминс (Ann Cummins) се објавувани во The New Yorcer,Antioch Review, Sonora Review и други списанија, а исто се претставени и во антологијата The Best of the The West (Најдоброто од Западот).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не смеам да се будам сред ноќ.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ќе го наместам будилникот за шест и ќе си легнам во десет.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А ако се разбудам сред ноќ - ако ме разбуди некој сон или кошмар.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ќе ги нас`скаше едни спроти други, а таа ќе се измиголеше и ќе се вртеше во дворот, ќе легнеше во собата од куќата на стопанот и до стариот кревет, ќе заспиеше во длабок сон.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Со жедта на посветен безумник барем едно од моите писма да пронајде таков процеп, и на зајдисонце да допре до собата со стар часовник, до човекот кој легнат во фотелјата како во постела од изгниени лисја, со замаглен поглед го ослушнува струењето на тишината, го отворам дневникот со корици уредно навлечени во кожна обвивка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Легнати во кревет, напрчените ќе ги препознаеш по тоа што јорганот со кој се покриваат навечер, наутро го издигаат секогаш на погрешно место.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И легнува во кревет за да ја дочека - сопствената ’внука’.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Кога легнал во таа јамата за да се закопуват сам, му велит нешто: - Потака, потака малу! - Нешто му проговорило.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тогаш, воопшто не ни помислувајќи на дивината, чија што песна дотогаш ја пречекуваше секоја вечер, легна во своето легло и бргу заспа. Ноќта често се будеше, заслушен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури кога си легна во својата топла, миризлива темнина на ложниците, по него пак, како некој што постојано го демнел од темничината, обрасте онаа мисла за самјакот и за себе си сам, и пак го потисна во познатата пеколната притивнатост.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше една глува отпуштеност, таа легна во сѐ наоколу, ја исполни и целата таа просторна сала и таа чиниш се превитка во неа и се смири.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше готов да се отпушти и да легне во меките пилотини во неговите нозе, да си ги запрета во нивната мекота сите болки по своето исцрпено тело и така сосема да исчезне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Сакаш уште нешто? Да ти исковам ковчег. И уште нешто? Да ти помогнам да легнеш во него.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Само едно штуро брзање да се легне во скутините на смртта.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
За среќната петка Ако некому му кажете дека здрав-прав треба да легне во постела и да лежи 180 дена без станување, а нема скршено ниту рака, ниту нога, ниту ребра, ќе побегне без да се сврти, но јас се согласив.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А тоа значеше докторите да не трчаат брзо по ходникот со дрвените кломпи, да нема пискотници и врескања, и онаа одвратна стара количка да не свири како раштимувана виолина и да не квичи заедно со несреќницата легната во неа, свесна дека одлежала залудно денови, месеци... Долго, но не и доволно долго.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И Јон ме зеде под мишка и ме легна во ,ржта, ме намести.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вешто им бегав на камионите од пат. Возеа споулавено и носеа земја за покривање гробови, се надеваа дека ќе ме легнат во влажна дупка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Сѐ земавте, проклети, - уште колнеше Стојмен легнат во калта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој ја теши, а потоа двајцата легнуваат в кревет и водат љубов.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Само за еден миг му го заледи грлото и тој стигна до дома веќе без да може да изговори ниту збор; сиот се поду и легна в постела.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Можеби Водомар легнат во песочна длапка секакви соништа ткае од езерска капка.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Очите постојано му одеа кон седелото, чекаше да долета птицата, да легне во него.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Вешто им бегав на камионите по пат. Возеа споулавено и носеа земја за покривање гробови, се надеваа дека ќе ме легнат во влажна дупка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Винстон во детството понекогаш спиел во таков кревет; Џулија, колку што се сеќаваше никогаш не легнала во таков порано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не дека ги потценувам чувствата спрема нивните покојници на оние мештани што поставиле ребрести лимени покриви над гробот или го заградиле со столпчиња како кај медитеранските тераси, тоа никако - со некој невин израз ми зборуваше таа - но јас сакам да се направи нешто што нема да го навредува просторот, нешто што ќе си легне во пејзажот, што ќе ја олеснува врската меѓу земјата и небото, што ќе претставува јасен нишан, но нема да го спречува дождот да продира во земјата и тревата и планинските цвеќиња да растат угоре.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И заспа, втонувајќи во мачен сон: минува со автобусот низ селото, но селото го нема: избувнал вулканот и го смачкал; се гледаат само урнатини од куќите; овде-онде се гледаат јагленосани луѓе останати во онаа положба во која се нашле кога избувнал вулканот: едни легнати в постела, други седнати, трети расфрлани по дворовите и сокаците како што бегале; добитокот исто така: јагленосан; јагленосани и дрвјата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
На брегот ја носеше маж ѝ Дукле со коњ и тоа ноќе за да не ја гледа никој кога ќе легне во вирот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но таа ја гасеше светилката кога ќе легнеа во креветот: и заради светецот да не ги гледа и заради Илка - да не и ја гледа нејзината дрвена нога.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но стариот легна во дворот и ги зачека клоците од забитот и војникот што зборуваше по каурски и почна да писка и лелека.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ако некој капалдиса и легне во браздата или постата, ќаата ќе му се изнамава до смрт.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Како да е легнат во улогата на некое будалиште, но се покажа дека воопшто не е будала.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јас веќе нема да легнам в кревет со нож.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Мераклиите, ги мазнеа ѕидовите на окопот или ги поткопуваа така што кога ќе почне да се пука телото на борецот што поудобно да легне во замислената положба за одбрана.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Штом легнаа во сламата, по телата им проструи пријатност и како да почуствуваа задоволство.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Трајче скокна од Дорча и легна во ендекот покрај самиот друм.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Го легнав во постела, онака како што најчесто спиеше, со лицето кон мене и раката под перница.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Јас отидов малку потаму и легнав во високите тревишта.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Доклинкав долу, долозјето, легнав во тревата и плачев, Пандо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога дедо Господ си ги затвори очите ѝ секнаа водите од небото, ненадејно се појави Пелагија со малечката Пелагија, Танаско со многубројната челад, и, се разбира, дедо Костадин легнат во големиот ламаринен сандук во очекување да ја види животната сопатничка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А една тишина легнала во ќелијата, како кога мајка ни раскажуваше приказни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По извршената операција Јане го легнаа во друга одаја.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Знае да се гали, да лизне со целиот јазик, со што предизвикува општа смеа и, исплашен кога почнува да се пука, цимуоли, се втрчува во бункерот и легнува во ќошот покрај Лефтера.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Паметам, легнав в постела, се покрив со ложникот и додека лежев си мислев дека никогаш не ќе заспијам, од толку што ме возбудуваше она што нас децата нè очекуваше утредента уште во муграта.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
(Собата. Вечер. Матеј поправа засилувач. Мира пишува. Американецот се подготвува да легне во вреќа за спиење. Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
БОРИС: Толку засега. (Матеј повторно пушта многу гласна музика. Американецот пуши и чита легнат во вреќата. Мира пишува. Пауза. Борис почнува нешто да пее на цел глас. Матеј одеднаш го исклучува магнетофонот.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Ти да не си мрднал од собата! - ми нареди, - а ти Александре ( така му се обраќаше само кога е многу лута), веднаш да си легнал во спалната и глас да не чујам од тебе!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тој ден по ручекот како и обично, моите си легнаа во спалната соба.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Стој, - ме запре дедо. - Легни во папратта - ме повлече по себе долу во густата трева.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И имаше само една врата мојот дом - колку да влезам во него; и една постела покрај огништето - колку да легнам во неа: сам со својаста смрт, како со невеста – во ноќ на затруднување.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Телото првин го измија од земјата со водата донесена во котле, потоа го легнаа во приготвениот дрвен сандак искован од груби штици, и сандакот го заковаа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А и не е многу, помалку од две години сме разлика.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Го слушнав – отсечно одговори. – Ама да знаеш, и сестра ми треба да си легне во исто време, не е важно што е поголема.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)