легне (гл.) - наплеќи (прил.)

Така легната наплеќи, подзамижана се загледа во сонцето што веќе го беше преполовило денот. Ѝ се пристори дека откај сртот слуша скрцкави чекори.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Не е на арно, Ѕвездо моја, - воздивна домаќинот Петре, легнал наплеќи, раце и нозе спружени, премалени од работа и од горештината.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Петре легнат наплеќи до Ѕвезда, домаќинката своја, срипува како тогаш кога во забелените мугри го разбудило притаено офкање - та срипал од утробата отворена да ја прифати рожбата - да ја одвои со српот за жнеење подготвен.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Легнав наплеќи, зашто матно ми се стори пред очи. И другарите легнаа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Да пушиш со другари имало лезет. Досега палев скришум и сам.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Ова треба да се запамети“, рече Љупчо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)