лелее (гл.) - некој (зам.)

Тој звук зачудо, со првата наквечерина, сега се оформуваше пред мене во проѕирна стројност и јас видов жена во движење но таква како недоразвиен развигор да лелее некоја мекост.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Требаше да помине време, да се случат повеќе неочекувани па дури и необични настани, па да сфатам или поточно да помислам дека сум сфатила оти не станува збор за безначаен заплет.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Над сите тие настани како да се лелееше некоја чудесна нестварност.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Иако не можам да одречам дека околу секој збор што ни открива и најмала непријатност сврзана со некој поединец кој не ни е по волја, се лелее некоја прозрачна леснотија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа сум спремен да признаам дека сожалувањето што го спомнав во врска со мешето на генералската ќерка има не само неодреден дури и чуден вкус туку е наросено и со еден посебен вид горчливо задоволство.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ова лелеење се однесува не само на грдите настани од личниот живот на тие индивидуи туку и на несреќите што ќе им се случат и на нивните блиски.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)