лепи (гл.) - по (предл.)

Видов дека мостот не е мазен каков што беше кога го обоија претходниот ден двајцата чичковци во сино, туку наместа беше рапав, како нечии раце да се лепеле по него.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Можеби тие слики и не висеа на ѕидовите, туку висеа во мене, во моите очи, во моите слепоочници, а јас ги лепев по ѕидовите, го збогатував друштвото на ѕвероглавите и стравував, стравував.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Очите по навика му се лепеа по сивите тантели од пајажината.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Околу чунот облетуваа роеви пијавици, се лепеа по него, и видувајќи дека нема што да исцицаат, се откачуваа и ронеа во водата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Во селото за првпат видов и некои животни што дотогаш ги имав видено само на слики по учебниците од „Запознавање на природата“ и по сликичките од мали чоколадчиња од „Краш“, што ги собиравме и лепевме по албумите.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ги фрлав накај клацкалките и слушав како камчето прави "тинг" кога ќе се удри од железото.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Претам заедно со змиите и пијавиците што ми се лепат по кожата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)