лечи (гл.) - во (предл.)

Израелскиот водач во една пригода на 2 април 2004-та изјави дека доколку Арафат ги напушти Рамалах и окупираните територии, ќе нема право повеќе никогаш да се врати.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бидејќи патам од реума, сум се лечел во многу бањи со иста ваква вода што ја има нашево село.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Затоа Арафат, подјаден од непозната болест, со години не сакаше да ја напушти Палестина за да се лечи во странство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сите ранети лица властите ги сметале како затвореници и ги лечеле во затворската болница.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
А знаете како ги лечат во Париз? Со страв!
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мислат дека ако ги полеат со големи количини студена вода, ако ги претепаат, ако им се заканат на оние кои викаат дека ќе им го исечат јазикот, мислат дека тоа ќе им го врати умот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)