лиже (гл.) - го (зам.)

Перуноските се погледнуваат меѓу себе и се замислуваат, а Лазор се наведнува и го исправа на нозе малечкото кое пред тоа мајка му лижејќи го бутна на сламата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сркаше бавно, со големи голтки, лижејќи го од време на време прстот натопен во чиничето со сол.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Самотија. Питомина и тишина. Одвај чујно, туку-речи, лижејќи го карпестиот брег, плискаат езерските бранови.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)