лиже (гл.) - прст (имн.)

Реагира како да го фатила струја. Го лиже прстот. Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Го сети тоа свое испраќање како стои тука во таа безгласна застојаност, и сѐ, што можеше да стори, беше да се наведне и да го подигне на своите раце тој свој малечок другар, што и сега почна да му ги лиже прстите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го дигаше на раце и го враќаше назад и тогаш за едно извесно време и двајцата ќе беа задоволни и заздишени, а срнчето продолжуваше да го прогонува и да му ги лиже прстите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
БРАНОВИ MOZART KUGELN Дагмар и Иван Доровски на хотелската тераса во Охрид Најпрвин Дагмар скокна до хотелската соба и донесе црвена шестоаголна кутија на чијшто капак беше сликата на Моцарт и полна со чоколадни бонбони од кои сите си ги лижат прстите.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)