лиже (гл.) - сладолед (имн.)

Таа сака да лиже сладолед од ванила додека вози ролерки околу фонтана во квечерина пред да појде на работа Од каде ли доаѓаш? Безимена и многуимена, еластична и практична, тесна и широка – прилагодлива.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Таа седеше на платнениот стол, лижеше сладолед и читаше книга. Постоја така гледајќи ја.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ја гледа Милчо како го лиже сладоледот кој се црвенее, веројатно е од малина, па и тој инстинктивно подголтнува.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Потрчав без да гледам каде. И налетав на Зоре, која се шеташе по тротоарот лижејќи сладолед: Пак се најдовме!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Од таа силна обврска да внимава, писателот (сепак, човек) се изморува.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)