личи (гл.) - во (предл.)

На усните ѝ се чита нечујното прашање „дојде ли”, на кое Давид Давидовиќ одговара со насмевнато воздржано повеќекратно кимање.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Слабата светлост што паѓа од височина има некакво значење само за едниот, за Кара-Демир, зашто може да го види другиот кој личи во згрченоста на човек и на ѕвер најмногу, на сениште.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сега знаев дека Пенчо се трудел да личи во одењето на својот мајстор во апашкиот занает.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На што личи во темнината ѓеврековата дупка?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Зад него, исчекорувајќи од длабочината се појавува Давид Давидовиќ одамна заминатиот маж на Бенвениста и застанува, како што личи во оваа пригода, покрај пресреќната сопруга, онаков каков што го знаеа во најдобрите денови, само сега со свечен и светнат израз на лицето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)