материјализира (гл.) - во (предл.)

Теориско прашање материјализирано во објективните услови на едно патување коешто тоа веќе не е и кое затоа содржи едно суштинско правило: правилото за стремежот кон точката на не-враќање. Тоа е целата мудрост.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ѕвонењето на тајниот телефон со кој е поврзан само Тој го слушам дури овде, во собава; се материјализира во настани на иднината.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Рационалната традиција е вчудоневидена од големиот број пациенти чии што животни стресови се материјализираат во физички симптоми.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сексуалноста, пак, во извесна смисла, е надмината како начин на изразување - иако на сите страни се мавта со неа, таа веќе нема кога да се материјализира во човечки и љубовни односи, туку се распрскува во промискуитетот на изделени моменти, во мноштво на краткотрајни контакти.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Никогаш/ Ѕвонењето на тајниот телефон со кој овде, во собава; се материјализирав во настани на иднината.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
За ова право да се материјализира во друштвата во државна сопственост, најпрво треба статутот на друштвото да предвиди дека со друштвото ќе раководи Управен одбор.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)