мачи (гл.) - да (сврз.)

Додека јас така се мачам да сфатам со кого имам работа, човекот со кого се движам сѐ повеќе ме носи кон црвената боја додека сѐ повеќе зад нас останува жолтата боја којашто ми е толку многу примемлива.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Би сакал да станам и некаде да одјурам, да се растрчам низ селово и сѐ ова што ме мачи да го истресам некаде. Но постелата ме држи како закован.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Долго се мачев да одгатнам зошто и како се случуваше тоа секогаш кога ќе ја земев в раце древната Библија од долапот кај иконите - Библијата сама да се отвори на истата страница на која и претходно се отвораше...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Меѓу двата краја на стапот татнеж со пригушувач – вековното ехо на далечните крстоносни војни.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ранетиот Гарибалди се мачи да не офне оти во Пиза озборувањето е прилично распространет спорт и од едно обично офкање мигум се прави претсмртен вресок.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Никола исто се напрега, се мачи да се сети кој е овој што му честита Нова година - со визиткарта.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Што, што рече? - Реков дека не треба да се мачиш да нѐ носиш в село. Добро ни е и тука.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се обидуваше да мисли на нешто убаво, се мачеше да намами пред очите некои весели слики од одминатото, сончево лето, да ја довика зелената боја на шумите и полјаните, да ги почувствува миризбите на зрелото лето, да ги долови ѕвонежите на стадата прснати по падинките, но тие толку привлечни, толку пожелни слики, само се стрелнуваат низ неговата свест, отстапувајќи им место на мрачните грижи, на тешката неизвесност.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
По толку време – си седи поштарот сам, Прета, копка нешто со бастумот пред него, Ѝ шепти нешто на земјата, И гледа една тажна жена осамена на прозорец, И се мачи да го одгатне раописот на животот, Избледеното писмо на чекањето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ноќта, искачен на највисокото ребро на чатијата Мајсторот запеја и низ песната се мачеше Да ја дофати најубавата ѕвезда врз него, За потоа, кога ќе се врати дома, Да ја скрие меѓу навезаните цвеќенца на веленцето Со кое го покрива внучето За да му трепка врз неговиот сладок сон.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ноќта кога заржи ждребето, Кога се покажа гласот на водарките што пееја, Тој долго се мачеше да се поткрене од постелата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ја стискам дланката, и гледам: Од огнениот глас на искрата остана само студ на пепел Што се мачи да ми шепне нешто, Да ме утеши, да ме залаже...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Со години стојам збунет пред бесконечниот список на имиња на ѕвезди и болести, на месеци и на денови, на села и на цвеќиња; со години се мачам да ги насетам сенките на звучната линија на македонските придавки со години си живеам во прелага дека еден ден поодблиску ќе го запознаам, поодблиску ќе ја насетам сензначноста на емотивниот и мисловен предел на македонскиот збор.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Квечерина ја раздиплуваше известената војничка карта И на неа се мачеше да го распознае својот глас Врз полегнатата војска низ полето Ја корнеше мовта, го соголуваше камењето на тврдината Раскопуваше низ полето, ги чистеше рововите, И некаде на залез, студен ветер кога надоаѓа од замаглените ѕвезди, Тој долго стоеше простум и со војнички поздрав сам си ја пееше песната некогаш што ја пееја неговите момчиња: Отвори ја вратата, можеби ноќва ќе се вратам...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Диме се наежи. Забите почнаа да му чукаат а тој се мачеше да ги смири но не можеше.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Симче се мачеше да разбере нешто од тоа викање но не можеше. - Со кого ли зборува? - се прашуваше и се мачеше да дочуе и друг глас.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
МИТРЕ: (се мачи да одговори не е навреден). Вистина...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Наоколу - ни куќа, ни човек, ни тревка, дури ни бубачка, а за лав или лисица и да не говориме.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Ја вртев толката и не трепкав, иако неочекувано многу ми се приспа. Се мачев да не заспијам.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Мачно газеше со искривените штикли по калливата дупчеста калдрма, се занесуваше натака и навака, се мачеше да не падне.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се мачеше да најде збор со кој ќе го искаже својот бес.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Зјапаа во пијан пајтонџија а тој се мачеше да му докаже на некој невидлив слушател дека автомобилот е најголемо зло за човекот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тоа може да се направи откако ќе се одговори на главните приговори на нашите противници, со кои тие се мачат да покажат дека нема потреба за одделно македонско друштво и дека неговото формирање не е своевремено.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да избегаш, најпосле, од сите оние луѓе, што крадат, што се надлажуваат еден со друг и што се мачат да приграбат што повеќе, за себе како во животов да не постоеше ништо друго, освен тоа приграбување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Срнчето не сакаше да се обѕрне ни на неговото сено, ни на неговиот леб, тоа не сакаше да ја погледне ни солта, што тој по малку пак долго се мачеше да му ја подаде на својата дланка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не се ни мачеше да им ги полни главите на сите други, но за себе си тој продолжуваше да знае дека тоа е само еден од начините на она старче да се провлече, да мине крај сѐ и меѓу сѐ, без притоа да остави нешто само свое.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се мачеа да ја сочуваат ноќта, а потоа тој ги слушаше само нивните гласови, празни.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Павле долго и шепотливо се мачи да го смири, да му ја врати загубената јасност на свеста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сите се мачиме да фатиме некое убаво местенце во овој божји свет.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Знам, господине капетане, разбирам, велам, и пак се мачам да заденам разговор.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам тогаш, дали од нишањето, од тресењето на колата се помрднуваше мајка, ама мене ми се стори дека се мачи да се поткрене, да се подисправи, да се обѕрне по нас.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некои уште се мачат да ја испуштат душата. 69
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој се мачи да им каже нешто, го знам каков живец е човекот, косата му се костреши, ко запци од гребни му се костреши.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Попот се мачи да зборува, ама и нему нешто во гласот му трепери, му го потсекува зборот. Не му е баш сигурно - кажувањето. Како и тој да не си верува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Клекнувам пред кравата, и неа ја молам. Ја стискам за вимето и ја молам. Се мачам да измолам, да црцне колку за иљач. Ама ништо не пушта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Лефтерија ми го враќа фенерот в раце и се наведнува пред една бочва. Се мачи да го одврти чепот. 146
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Земјо, мислеле, разбуди се од допирот на нашето страдање, смекни, стопли се и дај ни топлина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се залажувале и сакале да го излажат својот господ, да се сожали на нив и да не ги заборави кога ќе дојде воскресот и се мачеле да не поверуваат дека гласот на челникот не е потсмешлив, дека е навистина благородна молитва и посредување за добрините што ќе дојдат еднаш, утре, подоцна, само за нив, изѕемнатици со издупчени опинци и издупчени души, онакви какви што биле и што ќе бидат секогаш пред розовите осамнувања на вистинската пролет која сепак ќе ги плисне со надежи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Лозане.“ „Што е?“ прашав и пак се мачев да се извлечам од под неговата ослободена тежина; не бев сигурен дека не е пијан и дека не ќе заспие ако се тргнам од него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја тргав главата од него но тој сакаше да ми ѕирне в лице и, како да сака нешто тајно да ми каже, ме удри со колено по колено.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Долго се мачеше да го крене и да го качи на себе. Ранетиот како да беше сошиен за смрзнатата земја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Животното имаше жолти вкочанети очи кои копнежливо се мачеа да се затворат.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Инаку постојано тонеше во бунило; му се заплеткуваа некакви полипи околу нозете и го тргаа надолу кон длабоките води во кои тој не можеше да дише; се задушуваше, скокаше, се поткреваше од креветот и дишеше лакомо од воздухот за да се поврати во живот; со погледот шеташе низ болничката соба и се мачеше да се дофати за нешто: за лустерот на таванот, за вентилаторот, за корнизите на прозорците, шишето обесено над него од чија течност му се полнеше телото за да му се врати силата; се мачеше да се дофати за било што само да не втонува надолу, да не им дава на полипите да го тргаат во длабоките води каде што не може да поземе воздух.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но кафезот, сам ли од себе, или од струење на воздухот во пирамидата, започнал да се ниша над саркофагот, да чкрта и да испушта гласови слични на оние од птиците што изумреле. Се мачел да ги замени.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Човекот од Стрелеско се мачеше да кочи со тракторот пред нас.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Таа стоеше пред него и се мачеше да ископа од себе некој збор.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
За обичниот човек никој не измислува досетки, не се мачи да го омаловажи, него едноставно никој не го забележува, а на Голем Тодор многумина му беа настрвени.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
СПИРО: (Гласот му се кине.) Не се... сме... еме... ам... чо... чо... чорба... џи... Ме да... да... ви ка... а... шлица...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Се мачи да се задржи, но не може, смевот избувнува експлозивно. Се искашлува силно да го прекине.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Којзнае дали ќе ме разберете и којзнае како ќе ме разберете ако ви кажам дека секое отворање на цртанката е танц на распалавени погледи и свечен отпоздрав на сончевата светлина, како што впрочем и секое влегување во океанот е нов чекор во вечноста чиишто сенки старите рибари се мачат да ги уловат во мрежите.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
При толку многу нова светлина клепката ми се отвора како златниот капак на џебниот часовник и не може да ѝ се изначуди на глобалната празнина на хоризонтот во која ласерските зраци се мачат да заиграат чочек.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Ја гледам сега Жења и уште се мачам да не верувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој веќе се повратил и се мачи да си ги најде нозете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И после ќе се мачам да презаспијам, пак да ми дојде да се видиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Туку ќе видиш некоја рака ги подотвора прстите, се мачи да се пресегне, да фати некого за коса.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми се испушти зборот и се мачам да го исправам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како померена, подизлезена од умот. ,А бре, Македонче, каде се спремаш", јас не знам што било што сум велела, ,нека разберат клетите фашисти", сум се мачела да пеам и само да му се истргувам на Алекса, само да го удирам по глава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Над мене снегот се мачи да застане на оголените гранки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Претам во реката: ја подавам главата и се мачам да се исправам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гледам: некому му гасне свеќата, а една сестра се мачи да му ја запре крвта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кај застанавме, вели Никифор и пак пушта рака, се мачи да ме преврти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Вие велете си, велам и се мачам да се исправам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Михајло Горачинов се мачи да објасни дека треба да го знаеме и грчкиот јазик, зашто судбината нѐ одредила да живееме заедно со Грците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Првиот бог од безлични нешта создал живот, вториот бог од животот се мачи да ги избегне грешките на првиот бог.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Се мачи да се одлепи, невината, го поткрева главчето, прпелка со крилцата, и секој обид одново да погледа кон сонцето - е нова казна: стежнува нејзиното тело, сѐ подлабоко и побезнадежно само се заробува во смолата...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Логично е сѐ рече кустосот. Врз пепелта Птицата се мачи да напише: огнот е семе.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
- И јас сум му благодарна, - искрено вели Весна и гледа негде далеку во планините, како да се мачи да го согледа негде добродушниот лик на Мирчо од Брегово.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Какво е тоа гледање? - се прашувам јас во себе, се мачам да разберам што сака со тоа Билјана.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)