мери (гл.) - тежина (имн.)

Чекајќи го изгрејсонцето, на мојот полусвесен кантар, го мерев времето, ја мерев тежината на македонската сага: тешка претешка!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Увото се опушти, големите вентили на ноздрите се затворија, улиците веќе не ја мереа тежината, а скриениот механизам престана да работи во своето лежиште.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сепак, од него извлеков животна поука: На покривката која ти гарантира мирен и здрав сон, не и ја мери тежината.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)