мие (гл.) - лице (имн.)

Ете, тоа беше причина да помислам дека светлината што го поттикнува смеењето му го мие лицето на животот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Рече: - Ете, со овие раце ги симнував од камионите, ги пренесував и прегрнував, им ги менував завоите, ги носев по нужда, им ги миев лицата, ги хранев, им давав да пијат и ги галев кога јачеа од неиздржлива болка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од бебешки денови создаваат робот и никако не можеш да се ослободиш од: миј заби, миј лице, триј раце со сапун, облекувај чисти гаќи, и чиста маица, и чисти чорапи - секој ден! - секој ден! - и чешлај се, и пиј млеко, и јади леб со мармалад... секој ден - сѐ според еден калап...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кога сите шумови се стишаа, срипав од постелата и брзаница ги извршив сите утрински задолженија. По ѓаволите!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Си го миеме лицето, вратот, но без сапун, не се турка ирата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дедото си мие лице на бунар.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Така притаен, божем спијам, наслушнував: влезната врата се затвора; се слушаат чекорите на мама - “Цап - цап -цап - цап!“ како малечки чеканчиња удираат топуците; тато не се слуша; со меки ѓонови се движи како пантер.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)