мине (гл.) - три (бр.)

Откако минаа три години тој веќе ја беше толку припитомил и обучил што можеше слободно да ја воведе во куќата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Да, се случуваше нешто слично барем по однос на она што е кажано во тие редови: „Минав три чудни денови: морето, плажата, патиштата, ми носеа сеќавања од други времиња.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во куќата на Матвеј Николаевич стана уште полесно; само Наташењка плачеше, Вадим, по малку напрегнувајќи ја волјата, веќе се занимаваше со своите пресметки и, во себе, беше мошне горд поради тоа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А Ирина дури и на погребот плетеше џемпер. Така минаа три дена.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дека има дивјаци или луѓе кои се однесуваат како такви, би било тешко да се спори.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Еве како јас ги претставив вашите книги: Минаа три или четири години, од времето на емисијата, која сега за жалење ја нема, Panorama na France-Culture од 12.00 до 13.30 во која во кус осврт беше претставена една книга под наслов Времето на козите, напишана, се прецизираше, од амбасадорот на Рерублика Македонија во Париз од албанско потекло.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ги минуваше последните денови како заточеник на слободата, осамен во својот престол, следен од повиците на своите верници: Маченик, маченик, маченик...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мина три затруени години во кафезот на заробената слобода.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сега, најден крај оваа река без бранови што тече кон одреден крај, потсетувајќи на можниот крај на живо­тот, но со извишеното Кале за да потсетува дека надежта постои, татко ми со вообичаеното вкрстување на прстите кога имаше нешто значајно да ни каже, тивко започна: – Чеда мои, минаа три дни без Чанга и без козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
XXII Минаа три дни од исчезнувањето на Чанга. Цела вечност!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Овие зборови ги слушав од тетин ти Боге, оној што ги минал трите најсмртни денови на тој рид, во борбата што им претходеше на српските и на бугарските трупи, значи кога сѐ уште се бореа овие две сили заедно против Турците.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)