мине (гл.) - пат (имн.)

Рокенрол културата ги присвои митовите за Марлон Брандо и Џемс Дин како дел од својата иконографија, нивните фармерки, кожни јакни и реј бан наочарите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Многу љубам кога за празници автобусот е празен зашто можам да го минам патот без да го сетам, како во спална соба во воз, па си бирам четири седишта и се испружувам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Јагулите, го напуштаат Езерото, го минуваат патот низ големите реки и стигнуваат до океанот; за Таткото, кој бега од фашизмот дојден од Италија ќе нема спас освен верно да го следи патот на јагулите и неговите деца ќе се соочат со истата „проблематика на излезот од порочниот балкански круг”.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Заслуги за тоа секако има и англиската фирма Burbery, која иконичкиот моден знак го претвори во симбол на едно време, специјализирајќи го своето производство врз белите мантили за дожд. Burbery мантилите станаа митска етикета главно поради филмската уметност, особено поради детективските филмови за Филип Марлоу (главен јунак на Чендлеровите романи) или инспекторот Мегре на Сименон.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, кога јас настапив со мојата дискусија, внимателно ме следеше и како што врвеше времето, му се гледаше на лицето и во погледот дека полека ја прифаќа мојата теза барем засега да не се градат браните на реката, а со тоа јагулите слободно да си го минуваат патот до морето, океанот и назад.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И штотуку сфаќам дека зад грб можам да ѝ помогнам побрзо да го мине патот до уличната врата , до земјата и малку под неа, ја снемува.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во осумдесеттите години на веков реј-банките го минаа патот од бунтовништвото до веќе статусен симбол на принцезата од Монако, на пример, или манекенките Синди Крафорд и Татјана Патик.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мушамената торба ѝ паѓа од раце, и штотуку сфаќам дека зад грб можам да ѝ помогнам побрзо да го мине патот до уличната врата, до земјата и малку под неа, ја снемува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)