мине (гл.) - преку (предл.)

Се прават прво закачки и потфрлања, некои дури и за сметка на самиот водник, некои доста успели, така што и Грнецот се потсмева; после се преминува кон дела, кон клавање сопка или слично, та водникот, што инаку великодушно мине преку шегите на своја сметка, мора да се сврти и да се кара: „Ајде доста!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ако сакате да одите за „Таксим“ или „Истиклал Џедеси“ или за „Бејоглу“, во квартовите на европскиот Истанбул, морате да минете преку овие мостови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Мина преку терасата и околу оградата од грумушки трендафили, и тогаш нејзините стапала, обуени во сандали со ремчиња, нежно згазнаа на тврдиот, како килим, тревник помеѓу трендафилите и портокаловите кринови, кои со своите трубички беа отворени кон сонцето.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кога ги измија садовите и кога ги ставија на местото, минаа преку терасата и кога стапнаа на земја, раното сонце ги обвитка со својата нежна топлина.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Мина преку средсело и сврте во уличката каде што, како што му кажа мутулавата, требаше да се наоѓа влезот на куќата на Едо Бранов селанецот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Бидејќи тој беше мелинит и немаше изглед на обичен динамит што Турците го знаат (тој беше жолт прав во 1.000 пакетчиња по еден килограм), мислевме дека ќе може да мине преку турските царинарници како лек против филоксера.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Викнав првин од Солун еден Грк, кој ни посочи друг Грк од Деде-Агач и нему му испративме две буриња вистински лек против филоксера. Тие лесно минале преку царинарница.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Како дожд да минал преку замагленост и како да ги измил сите нејасности и одвишности што пред тоа внесувале збунетост и недоразбирање помеѓу него и треварите, јасно можел, или само верувал во тоа, да види на темните лица и жилче и брчка, да го чуе дури и шушкањето на тие белези.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мавни ми се од патот зашто, жими најмилото, ќе минам преку тебе. - Ќе минеш но твојата ѕвезда ќе догори.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Наеднаш гласот му станал памучен и топол, скоро приспивен во помирливоста, и тој можел со својот јазик со кој минал преку испукнатоста на горната усна да го собере сиот пелин и јад од човечките срца во едно чинослужење од кое водовриките стануваат златножитни рамнини.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не можеше да мине преку Осло на камила или на бел коњ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бузо не кажа која била причината што го натерала Едноокиот Полип на таква гнасна и нечесна акција; Ѓеле донекаде ја објасни причината зошто сите на бродот не се согласиле со капетанот и енергично се побуниле против неговата желба, но требаше повеќе и поубаво да ги објасни и расветли душата и срцето на тие луѓе; Васе доста лесно мина преку храброста и смелоста на оној што со маки ги раскинал јажињата и го ставил на коцка својот млад живот; Марко не го протолкува и не кажа ништо за крајот на приказната.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ќе минеш преку мостот на реката Сатеска.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Се запленуваа на јуриш бродови на пристаништата за да се мине преку морето, да се стигне до Западна Европа и продолжи подалеку, преку океаните.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)