мисли (гл.) - тие (зам.)

Знаете ли што мислат тие што се за понатамошно спротивставување? – Едно, имаат надеж за замешување на силите; друго, се надеваат на конференција, и трето, велат дека ако не биде ни едното ни другото, тогаш ќе направат Турција економски да пропадне со долгото одржување голема војска.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нормалноста беше статистичка. Обично прашање на учење е да размислуваш како што мислат тие. Само што.. !
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Смислете нешто. Обидете се со некој арабаџија.“ Боже, биди милозлив како што си мудар, мислеа тие и беа покорни во својата нејакост, свесни дека сѐ се само не и ум.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Камо да се стори! Значи, може, си мислат тие, и да не се стори. Ех, неверни Томовци!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Збогум, можеби мислат тие што си одат, мојата татковина се вика Неврат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Гледам во златните сервиси, а мислам тие ме гледаат мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Зошто? - Ха, мислат тие дека јас ... божем ќе ме поткупат ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
ЛУКОВ: Па тоа е вистинска свинштина. Што мислат тие?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Министерот на тајната кралска полиција ништо не вели, само нешто си запишува, тој има доста хартија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Си мислеа тие, си мислеа и решија приближно така, што извонредно поволна, то-ест бедна положба во кралството се создаде затоа што премногу ја кажуваа вистината, то-ест лажеа. А сега, нема до толку.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Што ли мислат тие кога ќе речат свет?“ рече.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)