мисли (гл.) - човек (имн.)

Би мислел човек таа за ништо не се грижи, особено кога се деновите вака топли и пријатни.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Би мислел човек дека таа за ништо не се грижи, особено кога се деновите олку топли и пријатни.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Портата и ѕидините се накитени со разно оружје, и воени алатки, само топови нема толку многу како што мисли човек загледан од долу, од пазариштето. А зошто и да ги има?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Наречниците разбираат и шо мисли човек, не само шо зборуа, та една од виа мојте да го вати, не му треба повеќе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)