мисли (гл.) - цел (прид.)

Ама, кога ќе погледнам кон детето, како го поткрева мешето, како си дише накусо, мислам целата соба мириса на јоргован.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А тоа, дека ноќе, се слуша којзнае до каде. Мислиш цела планина се урива.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога влеговме во нашиот двор, таа застана и ми го рече она што го мислеше цело време: - Сакам да посадиме во дворот жива елка!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Се собираа и се собираа луѓе, мислиш цел народ тука се собра.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Сигурно мислеле цел да го горат, или го предвиделе за цапарник“ - си мислеше Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)