мисли (гл.) - вака (прил.)

Дали таа ќе се одважи и на еден Станиславски или Брехт да му каже: „До кога мислиш вака да се глупираш?“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Љубене, можи е гревота да ти речам, ама до кога мислиш вака сами да бидете.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Бошко пак забрза по улицата. Одеше и мислеше вака: „Ќе се изненадат.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
— Не мислев вака да загинам, ќе одмемоли Филип Хаџиевски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
РИСТАЌИ: Јас мислам вака: Ти ја земаш Антица со тричетиристотини наполеони стока, а и суви пари...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
БАБА АНЧА: Јас мислам вака: вие венецот да си го ставите оваа вечер овдо и да си спиете за да се осигури работата од нешто кое ние не можеме сега да го предвидиме.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Тие имаат особена општествена и културна историја, а оттука стануваат и носители на комплексен културен симболизам во кој се вмешани родот и сексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Обично не мислиме вака за културните предмети; тие не ни се претставуваат веднаш така.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, кога ќе се соочиме со избор од нив – особено онаков избор што, како што си замислуваме, ќе укаже не само на она што ни се допаѓа туку и на тоа кои сме – во такви околности реагираме инстинктивно на начинот на кој таквите артефакти може да се одразат врз нас, што подразбира и свест за нивната кодираност за род и сексуалност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Стилот е заситен со значење, вклучително и со сексуално и со обродено значење, па тоа што ти се допаѓа одреден стил открива многу и за твојот сопствен сексуален и родов идентитет, за начинот на кој се поставуваш себеси во однос на веќе воспоставените полиња на општествено и сексуално значење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дури заборавив на месото во желудникот и меѓу забите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не си мислам вака обично.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кажи ѝ: ако мисли вака да ме ликвидира, славата подолго ќе ми трае, како на Исус Христа: ако не го убиеја насила Евреите, не ќе станеше толку славен...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)