мисли (гл.) - само (прил.)

Мислат само на Шпионите, и на војната, се разбира.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мислам само дека го расипуваат кога ќе им ги врзат нозете заедно. Јас сакам да гледам како клоцаат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога болката ќе станеше посилна, тој мислеше само на неа и на својата потреба за храна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од карпата го делеа само стотина и педесет метра, беше доста далеку за да се мисли само на еден истрел.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаеше сега сосема добро дека ќе мора да има барем уште една средба во тој ден меѓу него и оној црн самјак, што беше на ова место само пред неколку мига; знаеше дека ќе бидат очи в очи со него барем уште неколку секунди, и сега мислеше само на тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сигурно ќе продолжеше да мисли само на ножот, ако не се случеше она, што најмалку го очекуваше во тој миг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Заедно со некакво бледило, што го чувствуваше просто како му лази по лицето, можеше да мисли само: Ќе ги здробам, сите овие трупци до последниот, ми требаат само неколку дена добра вода за да не оставам ни еден од нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не мислам само на проповедта за праведноста, што толку упорно ја повторував; ниту на оние мои неумесни критички осврти што од страна на другарите беа оценувани како задоцнети согледувања, или како преуранети сигнали, туку пред сѐ мислам на она мое непресметано вплеткување во случајот Басотови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога велам непресметано не мислам на вистинитоста на случајот ниту на правната страна на таа вистинитост, туку на околностите поради кои се најдов во положбата на губитник.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Газда си е секогаш мрша, мисли само како да те откачи...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И двајцата добро знаеме на која жена мислиме само јас отскокнувам кај неа љубопитен и на вишини навикнат не можев да си замислам толку еднолично и неразонодено суштество рамна снага рамен говор несовршенството ме предизвика потсвесно, како што обично се вели правев трикови за забава на народот покажував нови мустри шарпи шешири шпилови стапчиња топчиња кутивчиња бели гулаби за бела магија создавав драмски штимунг го извлекував резервниот маж последниот џокер од мојот долг од што е дупнат џеб, немав време за колебање носев кружна насмевка - рингишпил на лицето каде јас, таму таа!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)