мисли (гл.) - сега (прил.)

Ние сега да си одиме, вели Тахир бег, а си мисли сега, кога помина лошото, ред е и Мурад да се прошета; одовде, по Градишки Пат, смета, ќе отиде до Голема Вода и низ Забелски Ливади преку Коритница ќе излезе на Долга Чешма, потоа низ Торојца ќе стигне на Алилово и довечер по Пазарџиски Пат ќе се врати назад.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Исто така, малите држави мислат сега оти Бугарија сака да се ослободи Македонија за да си ја присвои.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не морам на тоа да мислам сега додека имам сексуален однос со жената, но каде најде тоа да се подметне сега додека јас на умирање лежам во својата смртна постела.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Излегуваме од „Веро“, нормално со полни кеси производи, си мислам сега јас ќе му спуштам: Врапче,може сега јас нешто да те прашам?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
За кого да мислам сега? Стојам победен, свалкан пред скорните на оној што требаше да го уплашам и уништам.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Го позна ракописот. Тогаш требаше да се фотографирам со пликото в раце, мислеше сега.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Мислиш сега, низ прсти, ќе ти се смолзне и ќе ти загине.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мислам дека нема да стасаме до таму, нема да чекаме толку... Бригадирон Језекил, мислеше сега.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Што мислите сега, другарчиња, дали е виновен, - татенцето директно го поставуваше прашањето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И во тие книги заемно се плукаат, се валкаат, се клеветат, тврдејќи дека сите се криви освен нив и дека ако другите би правеле така, како што тој мисли сега, победата ќе била наша.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ти полека газиш, мислиш сега ќе спрета од некоја грмушка шљука или лештарка, а сојката, господ ја родил како шпион, ќе писне - бегајте, човек со пушка се доближува!
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Мислиш сега ќе брвне да плаче, да се изнаплаче.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)