мисли (гл.) - тогаш (прил.)

Еднаш ќе умрам под олтар, мислеше тогаш ловејќи негрижа кикот во секој свој нерв.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Си мислев тогаш: изгледа светот сепак се уредува според заслугите на не според можностите и потребите, како што не учеа катаден.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Си мислеше тогаш Гркот дека тргна по трагите на Александар Велики и не тераа да пееме небаре нашиот чекор веќе се слуша отаде Турција и веќе ѝ се заканува на Персија и преку неа на Индија.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сте оделе како пеливани, еден зад друг по оние шини којзнае зошто кренати на високите прагови; веројатно ги кренале за да си ги кршат децата нозете, така мислев тогаш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ќе заплаче, мислев тогаш. Готово е ќе заплаче.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пред 26 години, весели, распеани среќни, полни со планови за во иднина, едно дете веќе на пат…, а сега 26 години подоцна…, готово…, никогаш нема да си честитаме, лани ни беше последната годишнина… Не мислев тогаш така…
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Кој мислел тогаш за Срем!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)