мисли (гл.) - дека (сврз.)

Откако излегов од циркусот, сфатив дека светот на Луција, на Партијата, на училиштето, на семејството, на нацијата, на државата е обичен провинциски неуреден двор; светот без циркусот изгледаше беден, смешен, нецелосен; произведуваше дробни грижи со кои ги плашеше бедните мушички заробени во неговата мрежа; тие мушички мислеа дека светот достига до оградите на тој мал двор, а не гледаа дека зад него има уште, и уште, и уште; во циркусот, по само неколку волшебни часови престој, сфатив дека светот е огромен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мислам дека реков нешто зло за тебе и го предизвикав.“ Се насмеа. „Ако го видеа ова Каин и Авел по вторпат ќе го изгубеа својот бог.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не мораш да го разбереш и да го прифатиш ова што ти го кажувам, но запомни: слободата е слободно паѓање, самоубиство во мигот кога мислиш дека си вечен, кога мислиш дека животот го живееш онака како што секогаш си го посакувал, самоубиство без причини и последици, нешто како катарза што те исполнува со пркос и можеби затоа не бараш виновници и не осудуваш никого во тоа долго, долго паѓање што може да трае и само еден миг.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тој рече дека ќе ми даде мед, а јас – па ти си чудо!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Го најдов и се сожалив, мислев вакво човече, момченце со брада и брчки, не знае што е грев и мислев дека не знае, кутриот, што му се случило, соблекле и го натепале зашто можеби се бранел со својот поснички крст.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бидејќи најсериозно мислев, а и сега мислам дека таа недоречена симпатија, или занес, дури и за самата Рајна и не беше ништо друго туку еден од нејзините безбројни каприци.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
3. Марин, небаре го прочита, му рече: „Сега мислиш дека си рамен со бегот?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој покажал со рака кон најмладиот дочекувајќи миг кога таа го погледнала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе се потруди на многу начини да ни покаже дека бил во право“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„... Сега, кога се сеќавам на тоа време, мислам дека Гала сепак знаеше нешто за нашите активности.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Не само што сакам да останам во театарот, туку мислам дека ми е дојдено времето да бидам важна личност во него.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Нема да останеме овде долго. Мислам дека уште оваа година пак ќе бидеме во Скопје.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А јас мислам дека денес сите ридови на целиот Пинд се Клефтис.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Поминаа и есента и зимата, а потоа, како и секоја пролет, на балконот изнесов два стола.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мислам дека никогаш веќе нема да бидам иста. – Сега сето тоа е минато – ѝ рече тој, милувајќи ѝ ги со врвовите на прстите крвавите лузни на лицето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дури ни тие што мислат дека знаат и упорно ни ја пикаат под носот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Отпрво претседателот на градот и одборниците радосно си ги триеја рацете, мислејќи дека со огромното злато што им го донесе некакво чудо, ќе можат да ги решат сите градски проблеми.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
„Македонци, браќа и сестри мои, и јас, полн со омраза, та жеден трагајќи да го изгаснам огнот нејзин во градите свои, мислев дека одам кон Дамаск, а вистината беше дека бесцелно лутав заслепен од гневот и од лутината свои.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Мислам дека искри потфрла.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Заминување -пасија- Веќе немаат број деновите: веќе со години се мислам дека морам еднаш одовде да одам и принудена, „за последен пат да ја поздравам Александрија која се губи“.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Уште си мислам дека од комунизмот нема ни повеќе, ни потаму.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Паралелни животни приказни внесуваат во себе, во луѓето со кои живеат, во луѓето со кои се среќаваат, па дури и во луѓето со кои само се разминуваат: некои од нив се уверени дека жената која погледнува низ прозорецот кон улицата по која токму тогаш тие врват, им смислува некој подол план; други – дека таа секој ден љубовно мисли на нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас мислам дека ова е дел од тоа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Едни велат дека денес Истанбул има над стотина илјади коли, други мислат дека има повеќе.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сѐ повеќе ги притискала смртта на оние со кои пошле од своето бедно село што се споменувало само во даночната администрација или во беговските тефтери и се мачеле дури и на спиење од сеќавањето за вчерашните восочни лица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сите овие претпоставки мене ми ги потврди раскажувањето на пријателот Пејо, кој рече: "Знаеш, најнеобично е тоа што токму кога јас мислев дека присуствувам на еден судир што на извесен начин допрва требаше да се случи пред моите очи, речиси токму тогаш ако не и пред тоа, јас црниот човек го видов како се оддалечува од местото на судирот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Знаеше што значи тоа, или барем мислеше дека знае.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но најсериозно мислам дека сè она што им е потребно на луѓето, Партијата најнапред ќе го искористи за себеси, а луѓето ќе ги остави малку да попричекаат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Најпосле, меѓутоа, сфатив дека дури и да можам да изнесам сѐ, да си ги објаснам и да си ги оправдам методите, да ги предвидам и претпазливо да се осврнам на сите можни приговори против мојов проект, да ја разгледам и критикувам работата на моите претходници и да изградам единствена, кохерентна, кумулативна расправа, никој не би истрпил еден таков сложен, волуменозен потфат и не би сакал докрај да го прочита грамадниот том што би произлегол од тоа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Снежана која од кујната го следеше разговорот, притрча мислејќи дека му се случило нешто.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Неколцина слушнале рапав шум и со грч во душите погледнале во видовитиот: чудовиштето можело да биде такво какво што тој им го опишал, покриено со крлушки и змучки од кои се цедат студени капки, расне, бабри во широчина, од крај свет виси над нив и им станува проклетство што не ќе се заборави ни под надгробна плоча.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Одвреме-навреме Винстон фаќаше такви забелешки како „Мислам дека сте во право“ и „Толку многу се согласувам со вас“, изговорени со младешки и прилично глупав женски глас.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Целата парнична постапка, во однос на судските трошоци, го чинеше 3.700 МКД, додека адвокатот своите трошоци, во висина од 5.000 МКД, си ги наплати од склучениот договор за вонсудско порамнување. 119 ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дури се повеќе верувам дека ваква желба е присутна кај секој поединец под претпоставка дека ја поттикнуваат слични потреби.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа значи тие исто така мислат дека постои некаква реалност таму некаде.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Мислам дека најмногу ќе ве интересира намалувањето на бројот на глаголите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се сеќаваш ли на таа со топлина смирена ноќ, и ние двајцата, со пот соединети, треперејќи како низ Плажата Оак Стрит да беснееше некој вонземен ветер којшто само ние го чувствувавме?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сѐ си мислам дека тогаш се стори тоа. Ова со детето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И можеби и двајцата мислат дека е тешко да се изгради вистински мост, штом нивните дедовци и татковци не изградиле.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Мислам дека за Ване бакнежот на Загорка претставуваше вистинска скапоценост и не беше спремен да го замени за друга нежност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Јас нема, пречесен, да те убедам дека видението – собитие стварно беше, оти нема да ми веруваш, но душата моја сѐ повеќе смета дека тоа нечестивиот ми испрати ангел лажен, црн, на бело престорен, и дека тоа го стори и како знак на опомена и до тебе, и до царството наше; сѐ почесто си мислам дека тој ангел нечестив предупреда беше, пророштво дека на дворецот твој допрва ангел таков со букви лажни и ука согрешена сосем – ќе дојде.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој имаше голема колекција оперски плочи, мислам дека Ондин го вовлече во тоа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Мислиш дека вујче ми спомнал некое ваше недоразбирање во врска со девојката во бело?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Како можам да мислам дека баџанакот веќе ѝ го сторил на жена ми она што јас ѝ го мислам на жена му.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се додека сами не почнат да заработуваат мислат дека тие паѓаат од небо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мислам дека во некоја доба ме пробуди глас што пред тоа го немав слушнато, но веројатно беше мојот бидејќи открив дека плачам во рацете на другарката Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но и покрај нејзиното молчење, мајка ѝ проговори: - Мислам дека треба да го пуштиме врапчето кај неговите другари.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
„То-ест, - си мисли тој, - навистина ниту мислев дека чизмите ќе ги симнувам.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Што всушност се случило? Во таа состојба на опиеност, во која ниту сум бил на небото, ниту на земјата, во мојот облак светлина (никогаш од тогаш не сум ја видел таа светлина, а копнеам по неа; ќе ја видам ли уште еднаш, макар и во некој друг живот?), сум дошол до Луција, и мислејќи дека фантазирам за себе и во себе, сум ја изговорил целата фантазија, во два гласа, машки и женски, пред неа и пред нејзините другарки, што предизвикало општа смеа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но сега сфати дека тоа било само заблуда – тој само мислел дека во себе ги има вистинските зборови, но всушност немал ништо.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Секогаш се трудеше во секоја од нив да го стави токму она, по што беше посегната таа, а многу често притоа знаеше да забележи дека всушност и тој има едни две сосема исти како оние раце, тоа беше добро видливо секогаш, кога ќе ги добереше до нивните раце што бараа, своите, што подаваа, а после мислеше дека е и тој еден многу сличен човек на сите овие луѓе, што му доаѓаа и со кои работеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мислам дека подобра доктрина што на човекот му го покажува патот кон мирниот и безгрижен живот, нема.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Се мислам дека истиот е населен од многу што сакаат со позајмена статусна позиција, што би рекол Вендерс „...да летаат низ ноќта во слеп полет без инструменти, но на крајот да се приземјат таму каде што избрале да бидат.“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Дојди, оставив неколку капки за тебе. Мислам дека се овде, овде и овде...“
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Погледна низ прозорецот и виде на крај на улицата размафтано темнозелено палто.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Уште кога беа спомнати раните плодови, мислам дека Самоников ја сфати пораката, или ако сакате метафората за брањето, што симболизираше нечии судбини гравирани со знакот на минливоста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И таа мислеше дека наутро, кога ќе станеше прва и потоа ќе влезеше во собата на брат ѝ, сѐ мирисаше на него и на неговата коса.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Нејсе, мислам дека не постои нешто појако од истодобни љубовни бранувања.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Гајле ми е што мислат дека сум несериозен. Пак наздравувам.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Мислејќи дека човек треба да се насочи кон верата своја, а не кон позицијата во својот световен живот, и со слепа верба во семоќната правда Божја, јас ве учев да ги веднете главите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Претседателе, мислам дека треба да потпишете.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тој е она што мислат дека го претпочитаат повеќе од традиционалната геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мислам дека само во куќите има вистински живот. Никаде на друго место.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Децата го гледале и си мислеле дека малото маче си игра со своето опавче, зашто многу мачиња си играат така, го гледале и слатко се смееле.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Но, кажувајќи го ова, не мислам дека сите го користат тоа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Потоа набрзинка исчукав: дклфјгхскдјфјкл;дгјксхдиејгкдјџјцнвлсдјгкдјфгкјсфзсдклфјдфкбгд Како да почувствував некоја чудна миризба. Гравот!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Јас не мислам дека преостанало многу гордост во тебе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше тоа само момент, се раз­бира, но беше прекрасно да се знае дека еден хомосексуалец со работничко по­текло од Питсбург може да го измени светот според неговата визија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Зошто тогаш да не се прави пние што мислат дека со својата возбуда не ќе сторам ништо што ќе го намали иселувањето?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И низ песни прескокнуваа цели епохи Од Самол па до наши дни Што има Македонците да се плеткаат Во подемот и пропаѓањата на сите империи Одвреме навреме во песната на Македонците Ќе им влеташе по некое клето Турче И тогаш ќе се сепнеа и ќе си речеа колку ќе се изрезилеја Ако го скокнеа времето на Отоманската империја Баш во тоа време се збрани сите македонски страдања Сите порази и загушени востанија Баш во тоа време на Македонците им се нанесоа најголемите неправдини И некако природно се прими што Отоманското царство Го урниса човек роден и учен во Македонија Природно беше што во тоа време Некои Македонци влегоа во Стамбол на бели коњи Иако беше сосема неприродно и уште понеправедно Што по по урнисувањето на Царската порта Македонија ја распарчија балканските орли И оттогаш наваму така распарчена се тетерави И во соништата за сите царштини Ја римски ја византиски ја турски биле Тадури и австро-унгарски И на Австро-унгарците Македонците им најдоа маана Да стасаше нивната царштина до Македонија И тука одамна ќе имаше филхармонии и универзитети А не само амами тек и чифте амами и секакви анови Одвреме навреме Македонците ќе запееја Под московски вечери Рабјинушка Калинка и такви песни Знаеја многу такви песни како да не знаеја И од порано беа начуле по некоја Ама особено научија да пеат по руски Откако се најдоа во црвеното царство Неоти знаеја како се најдоа во црвеното царство А отпосле дознаа дека баш во времето На црвениот император Јосиф Висарионович Сталин Се стави печат на старите делби на Македонија За сега Македонците севезден да се прашуваат Има ли во историјата печати што бледнеат Има ли печати на кои им истекува рокот на траење Ако има такви печати тогаш сетики ќе дојде денот Кога на најубавиот и најбелиот потомок на Букефал Македонците ќе ја качат најубавата им мома Угул гола ќе ја седнат врз знамето со шеснаесеткракото сонце Префрлено наместо седло преку грбот На најубавиот и најбелиот потомок на Букефал Во наизменичен патриотски кас и галоп Да го обиколи сиот свет И да ја разнесе насекаде славата и гордоста на Македонците Секако ќе има и такви кои ќе се противат на ова И ќе велат дека тоа ја навредува честа на Македонците И особено честа на Македонките А Македонките се рамноправни со Македонците Ако не од времето на Роза Луксембург Тогаш барем од времето на Валентина Терешкова Македонките уште пред да се родат знаат дека се рамноправни Македонците нека си мислат дека се порамноправни Впрочем какви и да се Македонците никогаш не се сложиле за ништо Па нема да се сложат ни за голата мома гордо јавната На најубавиот и најбелиот потомок на Букефал Оти сите Македонци знаат дека жена гола ако видат Голема кавга ќе се роди во тие што ќе ја видат и сонуваат А во кавгаџиско настроение се заборават без исклучок Сите соништа од циклусот за пропаднатите империи.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Некое време мислев дека моите дела извираат од „трансреализмот”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
А што се однесуваше за знаците што ми ги испраќаше, мислам дека се беше зафатила да опоменува погрешен човек.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Верувам дека партизаните ја претставуваат спонтаната национална експлозија против Оската, но нив ги водат комунистите (главно поради стекот на околностите) и затоа мислам дека е пожелно да го поддржуваме Михајловиќ колку што можеме“.32
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Си мислам дека некој бугарски војник ја поткрева главата и пак залегнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Мислам дека топ ме удри, блада некое војниче, мислам дека топ ми ја скина раката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Штета – реков со воздив – мислев дека ќе ги најдам..
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Иако им се восхитувам на делата на Пол Вирилио, истовремено мислам дека во нив постои едностраност во која можат да уживаат некои академски француски филозофи, бидејќи не се соочуваат со прагматизмот на светот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
"Притоа", реков "лично мислам дека на твоите верувања и не им е потребна некоја посебна подршка".
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Од друга страна, мислев дека Вера самата никогаш не би се согласила да биде маќеа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
АРИЕЛ ШРАГ: Немаше таму некоја мајка и некоја ќерка?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Всушност, општествената прагматика на родот прави да биде општествено невозможно државник да им посака успех на спортистите што му ја претставуваат државата извикувајќи Ritorna vincitor!
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не знам зошто мислам дека нештата ќе се променеа и дека животот ќе ѝ беше поинаков... ама знам дека таа сигурно ќе си останеше истата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А кога лежев крај тебе под трепетливиот покрив на ’ржените класја мислев дека моите корења длабоко се впиваат во земјата и ги цицаат во себе, во мене, сите незини слатки сокови и дека ти вечно ќе бидеш крај мене, секогаш иста - разбушавена и румена. Врела.“
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тоа се случило петнаесет години пред патот за Лесново.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мислам дека од месото нивно кинат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Не те разбирам – мислам дека ми рече таа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Многу, многу деца. Мислам дека беа околу две илјади со се жени кои ги придружуваа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Можеби оттука и оној занес, мислам дека го соопштив во едно поодамнешно интерју, дека подолго време назрејува во мене идејата да направам избор на приказни за деца и да го печатам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога клинците кои ги познававме ќе добиеја нервен слом или ќе извршеа самоубиство, луѓето зборуваа: „Гледаш! Ете!
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Чекај, чекај, мислам дека сум го гледал филмот, ама не ми текнува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Или непромислен гест многу чест во биографиите на поетите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Не, не секогаш и не како ваша пракса.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Карактеристичен белег на модерната ера е убеденоста дека ние не можеме да ја спознаеме самата реалност.23 Додека кај теоретичарите од Средниот век беше прифатено дека можеме да имаме и дека имаме контакт со реалноста или барем со еден дел од неа, модернистите често мислат дека ние сме во допир само со нејзините претстави (representations).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
АНА: Зошто мислите дека не носам гаќи? СИМОН: Носите? АНА: Не е Ваша работа.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Таа мисли дека цела ноќ не ги затворила очите, ама малку и се сомнева во тоа оти во свежото утро измиено од ноќниот дожд се разбудува свежа и со некоја жудна радост, нешто слично како што изгледаат цвеќињата на мајка Перса од двете страни на патеката.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тогаш кога почина неговата сопруга тој изјави: "А мислев дека заедно ќе ја дочекаме староста".
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Мислам дека Англичаните му ги продаваа за ефтини копејки на Господа храбрите козачки души".
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Да, беше врнежлива ноќ кога Авни и Илона се истурија од таксито пред мотелот „Барса“ (мислев дека слабините ѝ се топат во моите дланки, а јас немав чувство дека ми е в раце, тоа беше Ема онаква каква што ја познавав и ја сакав, но во исто време, таа за мене, не знам зошто, првпат сега - беше туѓа и далечна) со Ема излеговме под тремот и ги поведовме по ходникот, им ја отворивме вратата од собата и место да им кажам било каков збор се обидов да го поттупнам Авни по рамото, но не успеав оти тој токму тогаш ја прекри Илона со мантилот и само слушнав како одвнатре ја заклучува вратата (Ема сакаше да ми рече дека се чувствува жива додека е во моите раце, сакаше или сакав да ми рече така, додека се лизгав со широко отворена уста од градите до стомакот по кој играа од сласт или од плач, не знам, едвај забележливи бранови) брзо ја заклучија вратата, јас се обидов да останам уште извесно време тука, но Ема ме повлече за рака (ѝ го ставив јазикот на папокот, нежно вртејќи во топлата длабнатинка исполнета со киселкаст вкус) Авни беше како ветар, се мушнуваше низ најтесните процепи, работеше неуморно, дејствуваше, влегуваше под кожа, во коските, вртеше како со сврдел и дупчеше до крај, а не можеш да го видиш, не можеш да го допреш, како таа ноќ, ноќта пред оваа ноќ, кога ја внесе Илона во „Барса“ за да ѝ ја подотвори вратата кон светот што таа го сакаше, кон светот што ја очекуваше (ми диктираше некој силен порив да ја загризам за стомакот, да ѝ скинам месо од сакање или од омраза, не знам, знам само дека во еден момент Ема офна) знаев дека требаше да заминат кон Табановце но не знам до кога останаа во собата која утрото беше празна и требаше да биде празна оти врската требаше да дојде рано пред зори, за тоа знаеше и газдата на мотелот (затоа јас ги стиснав забите од страст, или од страв, или од омраза, не знам, но знам дека Ема си остана своја и, со својата питомина моја, но во исто време, далечна од претчувството што ме притискаше, се измолкна од под мене, ми се загледа в очи, благо се насмевна и легна на мене, ме покри со топлина што се згуснуваше во капки пот) шефот на мотелот утрото ми рече дека ноќта се слушнал со Крумета Волнаровски и дека врската профункционирала: од прозорецот можел да го види доаѓањето на автомобилот во кој влегле двајцата (станувавме сè поразлични двајцата таа ноќ што беше на истек, беше уште густа темница, можеби најгуста, или така ми се чинеше, но тоа беше кулминација пред обзорувањето во кое Ема, јас верував во тоа, ќе ми биде пак како и секогаш - со детски наивна насмевка што ќе се шета по нејзиното лице на заспана жена по изгрејсонце, задоволна од играта со мажот кој сега никако не можеше да ја сфати нејзината безгрижност - ја глумеше ли?
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Девојчето и братчето растеле и растеле. Девојчето скоро станало девојка и си мислело дека кога ќе се омажи ќе има многу, многу деца, што ќе ги сака и ќе ги чува.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Мислеше дека кошарата е доволно обезбедена од налетот на волците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Попот си ги зеде петте лирички назад и се поослободи малку, мислејќи дека со ова ќе се расипе работата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога мислеше дека сланината е печена, со ножето ја избутка од шилестата прачка врз земјената чинија.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пак ако не е среќа... А мислам дека не сме толку несреќни...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Мислам дека Америка е спремна за женски лидер кој им ја вади маста на сите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Моите проблеми во тој момент беа токму такви и никој жив не можеше да ги отстрани, но татко ми ми се обрати многу нежно кога ме праша што ми е, и седна до мене со намера да открие, а не само онака, да праша и да си замине како што понекогаш прави.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас му велам, „Да не мислиш дека си го купил проклетиов тротоар ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Тоа е врапче- белогушка.“ „Само врапче? Јас мислев дека е некоја прекрасна птица.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Чувството на излажаност, не само во Борко, на кого му се имав целосно оддадено сѐ до тие денови во Долнец, дури и кога беше мртов, туку и во себе, во својата неспособност во годините да се расонам и да ја сфатам мојата имобилност, ме притискаше и ми ја одземаше онаа сигурност што мислев дека ја поседувам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- И јас мислам дека љубовта и во подоцнежните години си има своја убавина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А како се определивте да станете лекар? Поради восхитот што го чувствував кон медицината. Кога ги гледав лекарите, мислев дека тоа е најдобро.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Како мудар остроумен набљудувач, таа ги погоди вистинските зборови на вистинско место.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Стоев десно од неговото биро; гледав кон листот, но свеста ми се виеше; светкавици ми излегуваа пред очи и мислев дека ќе се онесвестам секој миг.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа е причината зошто мислам дека социолошките теории за морал што го гледаат општеството како автор и бранител на моралот, треба да бидат ревидирани.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Тамам, ќе мислат дека сме јаделе ќебапчиња со кромид.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Многу одамна се откажав од философијата бидејќи мислев дека поголемиот дел од неа е премногу опскурен за да биде од некоја корист во тековната дејност на терапевтите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Не мислам дека е било што...
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И како трето, а јас и досега мислам дека тоа е најглавното, како трето, него го објавија!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Всушност, откако се вратив од Западот мислам дека ми се создаде таква одбивност од таа процедура, некако станав анксиозна и мрзоволна на било каква идеја некаде да отидам за некој дечко.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И покрај најцрните прогнози и јас мислев дека ќе тераш уште некој период.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Кога мислеше дека ќе има доста вода за едно такво ситно животинче, тој почна да се спрема за пат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Краста: Сè си мислам дека како луѓе имаа некаква заразна болест.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Па мислам дека бев среќна што ќе го видам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Мислиш дека и главата ти е истркалана меѓу ѓубрето на земјата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Ти се допаѓаат ли надреалистите? Јас мислам дека се интересни.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Јас знам дека не сум умрен, ама ако тој го рашири тој глас тогаш мене никој нема да ми верува, сите овие видувања, овие сознанија ќе останат несоопштени, луѓето незадоволени со одговор на прашањата за кои тие мислат дека нема одговор.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Колоните полици се сокачиња специјализирани продавници полни со минувачи, а пред една таква турканица, мислам дека беше во „уличката“ со млечни производи, претпоставуваш – онаа со сите оние овошни јогурти, милк-шејкови, путери од кикиритки, мини нес-кафиња со сламка, млечни кремови, ете го Врапче.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Кој мислел дека некој ме гледа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Твоите зборови ме потресоа, но мислев дека тоа го кажуваш така без врска, ама тоа било твое претчувство дека нема да живееш уште долго.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Не заборавај дека сите ние, секој на свој начин, сме затворени во нашите сопствени куќи на намерите и желбите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Никогаш не сум мислел дека бидувањето геј, само по себе, ми налагало да бидам ваков или онаков, да ми се допаѓаат некои нешта, да уживам во одредени активности.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зедовме малечок подарок, книга која мислевме дека ќе му се допадне, и тргнавме кон Берггасе број 19.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ако не била заклучана и ако не бев тропал на таа иста врата (можеби со денови), зошто на многу места на десната дланка заедно со болката израснале и плускавици, слични на зрна од црно грозје?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Наместо последната третина од животот да ја минуваме во страв, слабост и беспомошност, мислам дека последната третина треба да биде триумфална свеченост со журки и веселби.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Лозите и овошките на дед Павел наеднаш почнаа да се запустуваат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А покрај тоа, мислам дека за него како и за мене, животот што измина беше само соништа и малку надеж.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Така е. Децата сакаат да бидат како татковците и мислат дека ќе се такви. Без сипаници и без заушки, со кубура в појас и со брада.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Мислеше дека тогаш ќе мора пак да успее да го стори она, што се бараше од него, и тоа беше сѐ, што можеше да знае.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мора да научам да возам ролери, мислам дека ќе се распамети да ме види како услужувам во дуќан качена на тркала.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се трудев да ѝ ја објаснам мојата положба, непријатностите со сенките, мислам дека го спомнав и недоветното будалесто смеење на Јана, на твојата пријателка Јана, (токму така ѝ реков), но Катерина се преправаше дека ниту нешто слушнала, ниту нешто видела; (постојат такви моменти кога мојата Катерина в очи ми се руга, а лицето ѝ е невино, невино, како на палаво годиначе кое тукушто проодило), а притоа сепак, најприсутно барем во моите размисли беше она нејзино одречување, дури и спротивставување (како сум смеел да си претпоставувам дека таа дружи со сенки, а посебно со сенката на некоја Јана), а посебно ме изненади нејзината забелешка дека неа никогаш не ја интересирале русокосите фолиранки, и наеднаш ме заплисна некоја заедничка смеа, смеењето на двете жени, на Јана и на Катерина, кои како сенки се оддалечуваа по некоја спирална скала, а јас (тоа беше навистина за чудење) открив дека се наоѓам во ходникот, дека сум седнат на бетонот, и тоа пред врата што веројатно беше нашата, а притоа вратата беше заклучана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Седнавме покрај една капина и мислевме дека сме се скриле.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ѕемне ... и мисли дека е сон првата снегулка што го милува.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Дојдовме и ние децата, откај козите мислејќи дека добро сме ги сокриле и сме оставиле доволно лисје.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мислев дека ќе летне по отвореното поле што се затвораше пред него со падините на Билга.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Понекогаш си мислам дека сме на прагот на нова планета, што не ја откриваме туку ја создаваме.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Уште додека бев во Холандија, на едно од ретките службени патувања.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И покрај тоа што многу животни правила, како и приказната запишана од Цепенков, не учат да се вардиме од инаетот сепак мислам дека во некои ситуации е потребен.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Беди:Пред сѐ, мислам дека многу помалку се дружиме.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Мислевме дека засекогаш сме се ослободиле од сталинизмот, но тој беше уште долго, долго во нас, кај некои и не се искорени никогаш.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Понекогаш пензионираниот пожарникар од Пупипафија Генерал Шмрк за кого мислевме дека се допишува со англиската кралица, ја повторуваше следната поговорка: „Не помагај му на човекот, тој тоа не ќе ти го прости!“
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Мислам дека сега сѐ е во ред.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не мислам дека смее да се каже било што произволно. Јас сум за дисциплина.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
ВТОРАТА ЖЕНА: И јас мислам дека она што ќе се пропушти да му се даде на детето во најраното детство, ако ја нема љубовта и вниманието во првите години од животот, човекот останува вечно емоционално оштетен, бара љубов таму каде што не треба, а што е најважно ја нема сигурноста за настап во животот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ти што силен се нарекуваше, ти кој се правеше јунак, па мислеше дека ако пропадне фабриката, каде што двајцата работевме, понесен од храброста своја велеше: - Ги гледаш ли овие две раце?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Него батали фудбал и остали спортови. Мислам дека од сите постоечки утакмицата со судбината е една од најинтересантните затоа што таа е пред све најзаебаниот играч у животното првенство.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
А мислам дека реков: и додека доаѓаше ниту кажуваше од каде доаѓа ниту спомнуваше каде ќе оди.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Соголената черупка, повеќе насмеана од кога и да било во животот, се намалила без она малку коса и брада што пред тоа се лелееле на ветар и што било знаме на еден крај, сѐ додека некој килав Јаков од Кукулино не се сетил да ја завитка во безбојна крпа и кришум да ја закопа на песокливиот брег на Давидица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе им раскажам за Шумшул- град и за таинствениот рудник на дијаманти, како и за страшното чудовиште Мортенија, за која некои мислеа дека ќе е идна господарка на светот, од исконски времиња сит од секакви господари.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Мислам дека во еден момент и отворено загатна оти токму конечното заминување на мајка му ја нагласувала потребата да биде уште поупорен во потрагата по таткото.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ги гледам и си мислам дека се близначки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мислам дека и над главата ме боли, и под стапалата ме боли.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сите мислат дека, зборувајќи, ќе заборавиш на болките, ќе се заблудиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ние пак будали, мислевме дека тоа ќе трае вечно, туку ај.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Не сакам да имам разбирање за тие кои таа наша младешка самопаленица си ја присвојуваат, па дури и сега тоа го прават и мислат дека тоа е исклучиво нивна заслуга, па дури и денес во разни прилики и поводи за огромен успех го сметаат чинот, дека по нивна заслугата се крена целиот народ на нога.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Прост човек, селанец. Мислел дека од меѓата сум му зел две бразди.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И како тоа овој нов „сосема поинаков ден“, што многу мириса на хетеросексуално секојдневие, воопшто се разликува од претходниот ден?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Значи, врз основа на пресметката според датумот на раѓањето на спомнатиот Иван, средбата на Таша со идниот татко на копилето можела да се случи при крајот на ноември или почетокот на декември 43та година, а овој период се совпаѓа и со престојот на нашите борци во куќата под Сина Скала.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ама вие... - Миличок, мислам дека ни беше интересно. И на обајцата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Јас мислам дека најдобро ќе биде да го тужиме.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ме прашаа дали навистина мислам дека луѓето кои се залагаат за здрава народна уметност, со здрав народен дух се „опиноци и гајдаџии“. Реков дека да.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Наставничката предаваше, ја гледав внимателно, право в очи, веројатно мислеше дека сум многу заинтересиран, ама нејзините зборови летаа покрај мене и низ отворениот прозорец одминуваа надвор - во спокојното септемвриско претпладне.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не бев сигурен дека е љубопитна и дека дошла со намера да ме види. Бездруго мислеше дека спијам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега мислам дека таа тогаш в лице ми рече, море еби си мајката, шанкуре низаедно!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Но, тој се занесува малку повеќе отколку што треба. Мисли дека ако двапати сме излегле заедно, веќе сум му девојка...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Секоја вечер под дискретната светлина на електричните фенери сѐ поубаво се гледа дека луѓето сѐ помалку гледаат слики и фрески, а сѐ повеќе висат пред огледала, поради што сѐ повеќе и расте бројот на огледалата во Венеција, барабар со бројот на самобендисаните.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ване мисли дека таа не го видела стрипот.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Сериозно мислев дека типот е талентиран. во следната Маргина: Журките со Велвет Андерграунд во Фектори. избор и превод: Игор Ангелков 170 Margina #11-12 [1994] | okno.mk Концептот на експериментална музика настана во почетокот на пе­десетите години, пред сѐ, благодарејќи на заедничката работа и делу­вање на четирите композитори - Ерл Браун, Мортон Фелдман, Кристијан Волф и Џон Кејџ - со кои потесно соработуваше и пијанистот Дејвид Тјудор.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Изгледа дека се впуштиле во културните практики на машката хомосексуалност долго пред да се впуштат во сексуални практики – пред да ја достигнат сексуалната зрелост, почнале да мислат дека се геј (или стрејт) и стапиле во контакт со некоја од формалните или неформалните институции на геј-друштвеноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мислам дека најголем дел од зборовите ги користиме за да се заштитиме од другите луѓе, а не за да ја изразиме взаемната љубов; зборовите станаа материја за правниците, а не за поетите; сѐ повеќе ни е потребно во општеството да го воведеме - и мислам дека токму тоа е она што ги проникнува и им дава боја на толку голем број, ако не на денешната младина, тогаш на младите од претходната генерација - тоа барање и изразената желба за љубов, во еден анархичен свет.  К: (...) Наклонувањето на тие луѓе (Хипиците), а се надевам дека денешната младина ќе го прифати тоа, опфаќаше и такви животни работи како што е исхраната.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Мислам дека не ми се допадна забавата таму. Извини, ама тоа е тоа...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Којзнае колку пати си ја слушнал песната, а пак мислиш дека за првпат ја слушаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И сам знае дека е така најдобро, и знае дека и сите други си мислат дека е најдобро Лазор да направи така сам како што вели, да го отепа Хаџи Ташку среде Прилеп и среде бел ден, но зашто не сака да го жртвува Лазора вели Властите можат да си помислат дека ние сме те испратиле да го отепаш, сме ти платиле за да го отепаш, па пак ќе се свртат против нас.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дури мислев дека така мора да биде, мора да ми е тешко, морам да се потсетувам на тебе, морам да мислам на тебе.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Со моќта на тишината, без да знаат други, ја минуваа границата која засекогаш ги раздели од нивните.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Иследникот инсистираше во изјавата да внесам повеќе податоци за тоа како изгледале моите обиди да им пријдам на членовите на семејството на другарот Ѓурчин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Емплфорт направи неколку несигурни движења од една страна на друга, како да мисли дека постои некоја друга врата низ која може да излезе, а потоа почна да се шутка низ ќелијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас мислев дека е готово, - рече.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Мислам дека токму ова треба да се нарече интерактивно, бидејќи целиот процес на она што потоа се случува зависи од она што си го поставил на почетокот. okno.mk | Margina #17-18 [1995] 139
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ја крена раката но не одмавна – раката се запре пред лицето, не од некоја помисла за смислата и бесмислата, туку затоа што се загледа во својот рачен часовник.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа прашаа дали навистина мислам дека она што го кажала госпоѓицата Луција П. во својот говор на приредбата е кретенизам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во многу неверојатниот случај кога некој дијалогичар би пишувал некој контрапунктен акростих како омаж за Бах, дали мислите дека би било подобро тој во акростихот да го вметне своето име или името на Бах?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Зарем мислите дека ова е селско корзо или одење на чешма по вода со стомне и ѓумче?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Само мислам дека неговото дело досега сериозно било потценувано, дека е важно да му се даде неговото вистинско место меѓу првите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сета се тресам! Лексилиум ќе морам да се напијам поради вас, скотови едни! – и влезе внатре, треснувајќи ја толку силно вратата што мислев дека не само стаклото туку и ѕидовите од куќата ќе се искршат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Всушност, мислам дека тоа му беше особен талент, во тоа беше ненадминлив.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Далеку од тоа дека се иззема од хистеричната возбуда што дречливион наслов сака да ѝ ја внесе на масовната публика на која ѝ е упатен, тој радо се асимилира себеси во таа публика, присвојувајќи си ја мелодраматичната реторика на насловот, го цитира и го репродуцира со подбивна сериозност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Понеделникот беше еден од оние денови кој без одредени причини ќе нè потсети на есента.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не знам точно колку часот беше. Мислам дека беше 5 и 20.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- А ти не се јавуваш - ме прекори.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
О.К. глупчо доби што сакаше: сакаше. Мислам дека ќе се патосирам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
“238 Единственото нешто на кое местото не му е во списоков, ми се чини, е „трагичната историја“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Си мислам дека Дејан утре ќе си оди, ќе го видам без завој, нема да бидеме веќе исти.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Си мислев дека, по некоја логика, тоа “и така натаму” би требало да покрие нешто важно или, можеби, не толку важно, но во кажувањето на Волнаровски трите збора покриваа н-и-ш-т-о.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Разликата во квалитетот е безначајна, па мислам дека е паметно да си земеме од поевтиното.“
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А што се однесува до прашањето кому му припаѓам и од каде ми е потеклото, мислам дека не е важно.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Излезе еден таков напис и во некој неодамнешен број на „Фокус“: таму се говореше дека почнал со некоја еквилибристичка точка со скала потпрена на небото; качен на таа скала, потпрена на ништо, свирел на саксофон една инструменталка: „Учи ме мајко, карај ме“, а завршил како трапезист, кој со некоја жена, мислам дека името ѝ е Ина Коленина, изведувал невидени вратоломии.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Осмоодделенците ќе си заминат, па ќе треба екипата да се пополни...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Некои паднаа на оваа „квака“ – по што, по краток временски период откако беа вратени на работа, повторно беа избркани на улица!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа глетка ја гледам и најаве и во сон и мислам дека никогаш нема да успеам да се ослободам од неа и од прашањето: од каде ли толку дива и фанатична, слепа и студена, жестока и јаросна омраза и толку дивјачка жед за убивање?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Ух, Секуле, Секуле, му велам, јас мислев дека си од овдешниве војници.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам како да го речам тоа, пајаците и понатаму премногу касаа, во првиот момент не бев ниту нечесен, едноставно ја следев а после можеби мислев дека ете веќе ќе прифатам, дека ќе ја пуштам да отиде во било која насока таму горе; среде скалите сфатив дека не, никако, подобро да се убијам ако го прекршам законот, кодексот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А ние сето 152 Margina #11-12 [1994] | okno.mk време мислевме дека Енди нема да може да ја одржи сликата што ја имавме за него ниту да го исполни она што Фектори го ветуваше, но тој ни покажа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Исто така мислам дека публиката дава или може да му даде моќ на ритуалот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но, како што би рекол Апдајк за својот најнов роман „Терорист“ - „Јас мислам дека сите романи звучат помрачно за човекот кој што ги чита отколку за човекот кој што ги напишал“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Затоа мислам дека писател, театарџија, творец воопшто, може да биде само оној кој не може да живее без да создава, но и без да консумира туѓи дела.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Едо, јас не сум создадена за мажење“, му рече Елефтерија, гледајќи го право в очи како во очекување, како да мислеше дека она што таа сега го рече може да го има своето целосно значење само откако ќе чуе што ќе рече Едо. „Ни јас за женење. Драга моја!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Лично, имам вистинска фобија од момци слични на нив кога ми се приближуваат на улица... ТЛ: Тоа е моќна сцена!
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Навистина убав, обмислен ред на постапки; сѐ се чини толку природно; мислам дека неа воопшто не би ја збунил заклучокот дека сите овие постапки всушност укажуваат дека таа е домаќинка која отворено ја прикажува својата наклонетост кон уредноста: Ништо не смее да пречи, да недостасува но дури ни да стрчи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се разбира, сосема е во согласност со логиката и со имплицитната политика на машките геј-културни практики да се смета дека никому природно и автоматски не му следува право на такво достоинство и дека е нечесно да се бара општествена повластеност на туѓа сметка во свет во кој некои луѓе се дисквалификуваат од сериозна размисла поради нивната општествена обележаност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сите луѓе мислеа дека своето знаење можел да го „посребри“ – така велеше претходната генерација, но тој не го посребри, наместо тоа ги посребри нервите на своите роднини.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ние така ја сфативме својата работа и мислам дека постапивме правилно.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Мислејќи дека нивниот млад стопан ги поддржува, тие уште пожестоко се нафрлија кон неканетиот посетител што Бојан уште не можеше да го види.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Ма ајде, ти раскажувале, а јас, кога ми беше ептен тешко и кога мислев дека ќе умрам од тага, одев кај тетка Наде на деветти кат и кај нив барав утеха, од неа и од Еми и Ита, нејзините големи ќерки.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Заведен од духовитоста и афоризмите, читателот е поласкан да присуствува на едно вакво општо дрдорење.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мислам дека е ова мое последно писмо, бидејќи раната ми заздраве и чекам да ме пуштат. Чекајте ме мили мои... Ваш син Наќо“.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Луѓето сакаат да мислат дека постои тотална контрола или дека нема Тоа го нарекувам контрола.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Околу полноќ стигнавме до црквата Грачаница. Мислев дека ќе ја видам, но успеав само малку оградата да ја забележам. Многу ми беше жал.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„За девојките секогаш се мисли дека се толку чисти.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Но, госпоѓо, мислам дека барем овде нема причина за возбудување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ѝ реков дека веројатно настинала.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не мислев дека толку бргу ќе му ја откријам својата мака.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Стоеше под гола мошне разгранета липа и под безбојната старомодна наметка на толку висока како што мислев дека е, без јасен лик и со спуштени раце, неподвижна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Јас многу често се обидувам, седнат на килимот од Миру, тоа да го сторам и, те молам немој да ми се потсмеваш, мислам дека ми успева.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во тоа време секој кој се интересираше за оваа област внимателно веќе ги беше воочил приказните како што се „Xони Мнемоник” и „Burning chrome” и некои од нас веќе тогаш мислеа дека Гибсон ги пишува најинтересните нови „ствари”, но, никој од тие - најмалку Гибсон - беа подготвени за тоа што се случи.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Втората, која мислам дека повеќе се практикуваше беше варијантата одајче, плус кујниче и тоалет, кое што Грците амбициозно го рекламираа како апартман.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Кој е тој? Таа се двоумеше, причека за момент, како да знаеше дека отишла предалеку. „Мојот лекар“, рече.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Всушност, мислев дека претерува. Се разбира дека мислев така.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Свртен во профил, очите во кои некогаш се вљубив и за кои порано мислев дека се зелени, одеднаш ми се видоа жолти како очите на мачката.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но човечката душа се навикнува на се.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Понекогаш мислев дека ако се родеше некое братче и сестриче немаше тоа да биде незгодно.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Можеби ќе си мислат дека еве, таа, неговата мајка таков го пушта, валкан.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Навистина мислам дека многу правилно си постапил што не си го побарал по судски пат, при жива мајка...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во деновите кои се прелеваа еден во друг чекорев по улиците, со наведнат поглед со каков што чекорат осамените, небаре мислат дека изродство од светот им е втиснато во зениците.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не знам многу за тие политички разлики, но мислам дека Корнелиус изгледа сака политика во која нештата им се наметнуваат на луѓето.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
А мислев дека сакам да го напуштам.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Неколку години подоцна, кога мислам дека Смаќовски повеќе не беше на радио, мојава дребност, како дете од фамилија, му се извини на човекот така што Големи и мали ја прочита минимум стопати.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Тој изгледа како Купид или едно од тие ангелчиња кои okno.mk | Margina #32-33 [1996] 184 се собираат околу лицето на Бог.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Има полошто од тоа... ако претрпам мислам дека ќе се куртулам. - Куртули се сам.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Доволен беше само еден удар, Дики, и да отпатуваш на оној свет!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Јас мислев дека е готово, - рече. - Те чекам тебе.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Еден ден, можеби Утре ќе сетиш белег мал на твоето Лито, истрошено тело И ако си мислел дека пророк си бил Дека си некој си Лутер Или дека победи, битки извојува Бедник си, знаеш, не си за лутење Или мислеше Троја – твоја ќе биде?
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
ЛУКОВ: Јас сепак мислам дека за тебе ќе е најдобро, ако го земеш писмото и му го однесеш на Иванов.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- И што свати!? - Па, мислам дека би го сторила тоа заради тебе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Одлетаа и мислевме дека нема да се вратат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
ÂÂ Да, мислам дека постои цела скала причини поради кои луѓето го користат телото за да изразат нешто. Сеедно дали тоа е добро или лошо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Додека траеше погребната церемонија болката беше толку силна што тогаш мислев дека е врв на издржливоста. Се излажав!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
„Отсекогаш сум мислел дека во еден ваков миг луѓето ќе врескаат по улиците.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Многу од младите жени, па дури и по некоја баба, и рака му бакнаа, мислејќи дека Сталко е веќе запопен, макар да не носеше „венец“ на глава.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Грета: Еди! Мирен! Мирен! Земи колаче! (Од кеса вади колаче и му го дава. Еди го лапнува)
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Без да сакам да бидам догматичен, мислам дека може да се каже дека ефектот од Фелоусовиот пристап е претерано да ја обопштува појавата што ја објаснува толку раскошно и емпириски, истовремено хомогенизирајќи ја до еден „мошне доследен образец“, иако, мора да се признае, „испреплетен“ и „комплексен“ (25).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Знам што ве мачи“, ми упадна среде збор Иван, а притоа се чинеше и самиот загрижен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислиш дека ако ја напуштиш работата и отидеш на друго место, ќе ти биде поинаку, но каде и да отидеш, проблемот не е во местото, сакаш да отидеш на некое друго место, и кога ќе отидеш таму, ќе сфатиш дека работата не е во местото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сега знам што беше тоа, за што мислев дека е удар, или тресок на врата.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Кога го велам ова мислам дека нејзе ѝ одеа на рака повеќе околности.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа им е доволно да мислат дека иднината им е јасна, прегледна како бел ден и дека сегашноста им е токму погодена, како да е кроена по нивна мерка (Коваќевиќ такавата расположба ја нарекува привидна).
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Зад идејата за народна преродба и национално будење, зад “хрватските пролети” од една страна, како и зад класно мотивираното описменување на масите, под паролата “културата на народот”, од друга, останаа само мрачните гробишта на абортирани интелектуални фетуси - луѓе коишто мислат дека се интелектуалци затоа што оделе во некакви училишта и затоа што му припаѓаат на некој социјален слој.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но моите другари во рововите мислат дека бегам, дека дезертирам и пукаат по мене...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Од друга страна, не мислам дека самата технолошка можност да бидете комплексно поврзани треба да внесе револуција во светот на архитектурата, иако, на пример, куќата на Бил Гејтс со милион екрани наместо ѕидови често се претставува токму како некаква пресвртница во она што значи дом или куќа за живеење.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ми потфрлуваше по некоја трошка од белиот прав во чашата со бело вино, мислеше дека нема да забележам, а јас му помогнав глумејќи дека пијам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Нож, повтори и мислеше дека рекол смрт. Нож!
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не само што не знаеше дали „да“ или „не“ е одговорот што ќе го спаси од болка; не знаеше дури ни кој од тие одговори мисли дека е точен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- А мислиш дека самоубиството - викна завитканиот во преврски -за такви како нас е подостоинствено?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се чини дека Дерида сака да објасни дека Теут ја одразува приказната за Тот, и дека неговото присуство кај Платон влегува во рамката на одредена структура на западната мисла, онаа според која пишувањето е осудено како лажно и изведено, наспроти гласот, за којшто се мислело дека претставува извор, пренесувач на вистината и носител на „присуството“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Некој да ми го збореше ова пред да дојдам, ќе мислев дека ортодоксно лаже.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Тереза опишува како еден ангел со долго златно копје со вжарен врв повеќе пати ја “прободел до највнатрешната длабочина”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Свири на виолина, рековте двете, ти еднаш и таа многу по тебе, и мислев дека тие две вечери се една вечер и дека обете Марии се една Марија.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И отсекогаш мислев дека во една ваква држава ќе биде токму на место да биде така.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
ФЕЗЛИЕВ: А ти да не мислеше дека во мене се возродила револуционерната страст и чувството за другарство?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Нема подобро објаснување од она што го имал тогаш, нема нова вистина која во меѓувреме ја сфатил, нема поука, нема насока, нема големо просветлување во душата што може да го сподели со оние на кои цел ден им пишуваше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Мислел дека ќе го разбере ако веќе не може да го чуе и дека макар со нишнување на главата ќе му одговори. - По него ли дојде?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Си мислам дека очите подмакани со солзи, ама никоја не ме гледа в очи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Кети, мислам дека е подобро да се вратам сега. Тој можеби станал.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Сега јас мислам дека вистинската грешка беше претпоставувањето дека постои инвентар од ментални состојби, некои свесни, некои несвесни.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Меѓутоа, изгледа чувствувале професионална должност самите да си се информираат, како да мислеле дека дури и да ме замолат да им објаснувам или да се правдам би значело дека можеби ќе ме понижат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Добро би било да се знае дали општеството е виновно за фактот дека толку многу геј-мажи бараат негеј-алтернативи за живописната, амбициозна, уметнички остварена, разновидна, многу енергична и бескомпромисно „аут“ геј-култура што им е сега на располагање... исто како што понекогаш и понатаму им е тешко да ги посакуваат геј-мажите како геј-мажи, а не како факсимили на стрејт-мажите или како божемни отелотворенија на стрејт-мажественоста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како алхемичар изгубен во лавиринтот на зборовите, Климент Камилски долго време чекореше низ коридорите на својата библиотека, барајќи ја својата еурека, којашто мислеше дека е во неговите книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тогаш за првпат ѝ било спомнато на Трајчеица, и тоа в очи, дека треба да се спушти на земјата; дека не смее да мисли дека сѐ што лета се јаде; дека мажот не е секогаш само маж; дека покрај тоа што е маж сака да биде и љубовник, и додворувач; дека на жената ѝ е порачано да биде убава; да биде посакувана;
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мислам дека луѓето во нашава Македонија задолжени за промоција на големи имиња во уметноста не сакаат со понудениот избор да бидат само поинакви од другите, од нивните претходници, на пример.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тој се смееше сосема лудо; мислам дека во тој миг дефинитивно изгуби контрола врз себе; „Знаеш ли Луцијо“, велеше, „знаеш ли каде е центарот на светот, Луцијо?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа беше доста старомодна приказна.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Втората вечер веќе не мислев дека мајка ми ќе се врати.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Дечко ми ќе подзастанеше, попарен, додека му покажував некој кандидат и додека му кажував дека мислам дека е возможен или барем замислив избраник за мијалник.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Работи кои немаат име Работи за кои паѓа криво што кога ти е убаво тоа трае кратко; што никогаш нема да има улица со твое име; што на човек со сила можеш да му земеш, но не и да му дадеш; што некој не знаел да земе од тебе; што "умре тоа време", а и ова богами не се чувствува баш добро; што колку и да се трудиш, некои луѓе и понатаму ќе мислат дека си лош човек; што како и да го вртиш светот е мрачно место; што не е онака како што ти велеле дека ќе биде. што веќе ништо нема да биде како што беше.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
„Кај една пријателка, мислам дека не го знаеш.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И лазиш ко ѕвиждалник по земјата, а на земјата мислиш дека поминала некоја речна матица и дека се покутнала, раскорнала, раскопачила и залејала.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мислеше дека би можела да му биде една само малку подолга прошетка, заради таа прекрасна белина на денот под високото небо, заради огреаноста на Белата Долина во тој ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Истражувале како да се сочуваат, да останат толку колку што останале живи и пак, без караници, умно наслушнувајќи се еден со друг, се поделиле: едните мислеле дека е побезопасно да се патува дење, другите верувале дека ноќе не ќе сретнат никого дури ни на царски друм.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И не умре од некоја болест што можеше да ја навлече од пиењето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
За жал, се случува, и тоа многу често, сосема да ги заборави тие клетници, заедно сосе нивните желби.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ако мене некој ме праша, мислам дека најфино би било за него да се фати за виолина.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Реков дека пишувам песни, одлично вежбам на разбој и дека свирам саксофон (младите во тие години мислат дека се сестрани) и дека од тие три нешта ќе изберам едно за моја професија.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се разбира, тогаш тоа го сфаќав буквално и мислев дека тој добар Панта ме лаже, зашто не верував дека некој може и дека треба да порасне до небото.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Не знам, ама мислам дека сум заборавил дека во пластичната вреќа веќе имам еден нож..“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Запрегите, ги предупредил Онисифор Проказник. - Само улавите мислат дека се видовити.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сѐ повеќе остававме душите да ни ги разјадува лишајот на оттуѓување од сѐ што е човечко во нас и околу нас: туѓиот грев, или нешто што е повеќе споулавеност и очај отколку грев, ни влечеше кон загатки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- И!!! А јас, пак, си мислев дека Захаријадис ни е училтел!?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мислам дека би било и одвишно овде да тврдам дека нашата живеачка ми се чини многу поприродна во моментите на нејзината разголеност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа ми кажува по нешто, а јас мислам дека сега се вратила оттаму.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мислеше дека и тука, во оваа бела пустина, еднаш ќе мора да дојде денот, кога ќе престане тој врнеж.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
— Чекам да ме стрелаат, вели. — Зошто, бре? — Мислат дека бегав во Југославија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Рубина Фаин! Но јас само мислев дека ја повикувам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Истиот ден работеше и на чевелот со огледало на прстите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ѕидаше и не зборуваше и, бидејќи не зборуваше, може мислеше дека Лена не разбира што прави.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Нејзиното тропање исплашило двајца Евреи што биле близу и тие, мислејќи дека пукаат бомби, прснале да бегаат низ градот ширејќи ја неточната вест.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Убаво ми е да мислам дека има оган, а чад нема никаде.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
А, пак, да знаеше што барав во неговата фиока, мислам дека можеше навистина да ме удави.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не можеше веќе да мисли дека повторува зошто огнометот и отпорот на неговите мисли се слеаја во треска, го полавија.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Умее таа да се снајде со нас, што дека сме Скорпии и Водолии.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Според тоа, по двете основи би требало да очекуваме дека доколку навистина имаме работа со следење на правила, оној кој го следи правилото мора, барем во принцип, да биде способен да ги препознае барањата на правилото и да биде свесен дека ги задоволил.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ќе ме погледнеше со неверување и со (зафркантски?) ужас и ќе ми викнеше: „О, не.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Светлоста на знаењето нема во себе топлина; оној што само знае, а не верува во Бога, чтение врши така што се лизга само по буквите и зборовите, како светлината месечева што се лизга по карпата, не навлегувајќи во нејзината утроба и не стоплувајќи ја, затоа што таа светлина, студена, никогаш не ќе може да ги загрее душите на зборовите, да ги оживее и да ги разбере вистински, со срце, а не со разум.“ Мислев дека сонувам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сѐ уште не знаеме за содржината на Бојсовата библиотека.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А од тоа следува дека има најмногу да учиш од оние што мислиш дека се подолу од тебе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Подготвен сум да се обложам дека многу од вас си велат себеси дека го познаваат сопствениот јазик.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Гронинг:Да, човеку, „Јас сум Барт Симпсон, кој си бе ти?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сепак, мислам дека со самото тоа што си ставаме стеги, се формира страшна напнатост и тензија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И таа се закашлува, а тој [глумецот што ја игра Камелија] го изведува точно кашлањето на Марија Калас, а Арманд седи на работ на креветот и таа се закашлува и кашла и кашла и сѐ повеќе кашла и на крајот му клапнува на Арманд в скутот и сите мислат дека таа кашла, ама тогаш влегува собарката и вели „О!
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Со оглед на големиот број невработени во државата од 400 иљади мислам дека Владата би требало да преземе активности кои би се однесувале на заживување и ангажирање на толкавиот број невработени.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Можеби сѐ уште мислиш дека е така најдобро. Тоа е твое право.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Мислеше дека тогаш ќе умре таму, дека ќе ја доживее истата судбина како и Учителот, презрен од своите, исплукан од подбуцнатата толпа, дека неговото земно тело, веќе измачено од претходните патешествија, ќе остане за навек во Светиот град.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Што се однесува до религиозното влијание, мислам дека тоа влијание во она време се гледаше во стравот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Како што признава и самиот Дилејни, имала право ќерка му.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Види го ти него! Зарем мислиш дека другарот Захаријадис може да кажува такви простачки селски зборови?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мислам дека им е денот на Старавинци ваши, та ќе накачам да пишам некој шиник ако милуваат – и тргна со коњчето нагоре по тесното и стрмно патче каде што настрадаа Суљо и неговата дружина.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А, мислев дека ќе станам добар психолог.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Замисли си - му се обрати на сопатникот од кола да ти го земат пиштолот, а овој си мисли дека го имам само за мустра...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се сеќавам како мојот португалски мешетар заборави англиски и се обиде на четири јазици да ми соопшти, едвај го разбрав, мислев дека ми кажува дека Медина гори.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Остро ме навредува. Мисли дека сум вампир испратен од пеколот за да го уништи, и во таа мисла ужива.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
А кога лежев крај тебе под трепетливиот покрив на 'ржените класја мислев дека моите корења длабоко се впиваат во земјата и ги цицаат во себе, во мене, сите нејзини слатки сокови и дека ти вечно ќе бидеш крај мене, секогаш иста - разбушавена и румена. Врела.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Освен тоа, мислам дека поетот никогаш не може да се мери со стварноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Што се однесува до мене нема потреба да одлучувам, мислам дека имам одлучено!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Рече: „Еве, и јас јадам. Мислиш дека си херој?!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Покрај тоа, таа веруваше дека сите, или речиси сите ја мразат Партијата и дека би ги прекршиле правилата, само ако мислат дека би можеле да го сторат тоа, а да не бидат фатени на дело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мислите дека во земјата каде што владее законот има нешто за незадоволство?“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа што мислиш дека го сакаш, не е вистинското, тоа е она што мислиш дека треба да го сакаш.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Навистина сметам дека е корисна дрога. Ти овозможува да одиш на разни места.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Мислам дека е време. - им рече кога се исправи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во тој малодушен лажно утешен рефрен има време, има време, згаснуваше времето на мојата мајка, времето кога таа веруваше дека имаше уште малку живот за да ги спасува животите на своите чеда Нејзината улога во пропишаната мисија беше уште потешка кога го загуби Татко, кој умееше да биде невидлива, но ефикасна брана на нашите амбиции, посебно на моите Во тие мигови на вознес мислев дека ја пишувам пресудната телеграма.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„ Јас мислам дека постојам“, рече тој немоќно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Блек, горд столб на општеството, на почетокот не можи да се помири со хомосексуалната ориентација на својот син Стивен, и и мислам дека дури му ги дава клоците од дома (или овај револтиран поради непочитувањето на разликите во неговата куќа самиот си заминува, не се сеќавам).
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Подоцна Лага. Го сонував Род, или го створив од која било веќе на сон употребена слика, што ми се најде при рака.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Некои луѓе беа “помалку” деструктивни и се обидоа да ми го уништат проекторот со слајдовите и да ги тргнат Торо-вите цртежи, што на мене делуваше многу тажно бидејќи мислев дека се многу убави.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ретко кој го знае тоа или пак го интересираат маките што ги тргаш за да живееш така како што мислат дека живееш.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Токму затоа, решил да тргне во будење на сетилата. (Всушност, јас дури денес дознав дека ја изгубил смислата за рамнотежа, и дека боледувал од Мениеров синдром; мислам дека еднаш ми има речено дека цената на сознанието е да ја изгубиш рамнотежата).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Беди:Не, немој така. Слушај, тие осумдесетти, посебно тој период 85-89, мислам дека се прилично важни за нашата уметност. Не само заради Зеро.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„Пег е еден од оние критичари што сакаат да мислат дека го откриле скриениот клуч за делото на некој уметник”, исфрли Џоен кога Френк ја за­праша за тоа додека се враќаа 60 okno.mk во хотелот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
На кадијата му удри мисла да се послужи пак со Аџи Јанета и Аџи Рампа и испрати човек да му го доведе, а тие се израдуваа мислејќи дека се покорени Мариовците и кадијата ги викна да ги направи мариовски бегови.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Го проценив и му реков: - Знам дека не си таков како што се претставуваш, знам и дека имаш скриени намери, мислам дека не сме еден за друг и те молам не ми се јавувај повеќе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Дина беше во многу слична, неутрална состојба како мојата, така што мислам дека ни се погоди периодот за дружење.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сите мислат дека баш тие ќе сркнат од првиот слој.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Грдан немаше ништо против, мислејќи дека на тоа ќе остане, но таа му го побара и лицето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Мислев дека тоа го зборуваш само за да ги исполниш празнините во тие бесмислени мигови во кои тоневме како во жива песок.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Мислиш дека јас не можам да го изедам?! Еве, и јас јадам!“ И јадеше!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Секако, тие мислеа дека јас спијам. Татко ми молчеше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
А се случи токму во тие денови, кога се прашував зошто го нема, да слушнам дека убиле некого долу, во градот. Во некоја рација.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Премолчаните генерички конвенции на јавната хетеросексуална култура го забрануваат тоа, а ако ги нарушат тие конвенции, општествените учесници запаѓаат во вистински неволји.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Збунета сум... Ѝ помагам да се подигне, па ѝ ја додавам чашата со розето: - А јас се сеќавам на твоето детско гласче кога ни велеше дека сме силуети што минуваме низ маглата – Сум го заборавила и тоа, иако мислам дека сум била во право.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Ќе те пуштат и тебе...“ - му рече Готлиб додека се слушаше отклучувањето на вратата од карцетот.  „Мислиш?“ „А што ќе си им тука?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- И јас мислам дека подобро се учи сам, се концентрираш повеќе.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога Онисифор Мечкојад испратил стројник со јаболко кај татко ѝ на некоја Донка, домаќинот се согласил да ја омажи ќерката зашто мислел дека ја бара миленикот на игуменијата Минодора, Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Татко ми, од своја страна, мислеше дека е добро во емигрантските семејства да има повеќе лекари, да им бидат на помош на сите луѓе, за да може семејството посигурно да опстане во неизвесните и проклети балкански времиња...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Жеро Жерав му се врати на својот пријател Водомар, зошто поверува дека овие двајца ќе те водат кон целта место него.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сепак, мислам дека okno.mk | Margina #4-5 [1994] 9 е важно во еден ваков, многу тежок контекст, да се обидеме да бидеме критични и да не заборавиме дека критичката свест е понекогаш поважна од солидарноста.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ние сме многу подобри од тоа што мислиме дека сме!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Јас се поздравив и заминав угоре по патот и цело време си мислев дека најверојатно не ќе можам ништо да каснам зошто горе ме чекаше цела сурија гладници.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас мислам дека таа радикално ќе го промени пристапот кон идејата на пасивно восприемање на нештата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Мислев дека нема да се врзвувам рапски за друг како порано што се врзав за беспризорните. Се излажав.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Мислам дека не постои жена која после пробата на „Дрвеница“, ќе се сврти кон Мајаковски, Мерхолд или Шостакович и ќе посака од нив да не се глупираат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Мислам дека ни се заделува и кожата од коските.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- што почнуваше да го мачи со сомнеж кој вртеше како сврдел во најчувствителното) дента мобилниот на Круме Волнаровски беше недостапен и немав никаков пристап до информација и тоа почнуваше да ме мачи со сомнеж кој вртеше како сврдел во најчувствителното (ми беше качена на начин кој овозможуваше да ѝ влезе сè што можеше да ѝ влезе; мислев дека устинките никогаш не ѝ биле толку отворени, се лизгаа лево и десно, ме допираа по ципите, ми ја влажнеа волната и ми ја подлапнуваа, ми ја шмукаа или така ми се чинеше, особено кога почна бавно да се крева со задникот нагоре и да се спушта на мене стегајќи ме меѓу бутовите, постепено забрзувајќи го ритамот, нанесувајќи ми тапа болка на јајцата) ние знаевме само толку дека Илона веќе беше далеку од нас, нејзината трага се покриваше и таа започнуваше нов живот за што Ема не сакаше многу да зборува, нејзиниот живот е нејзин, велеше, како и мојов што е мој, ѓаволу мој, ми рече Ема утрото кога во мојот кабинет ја спомнав Чехињата (ги крена рамениците како да сакаше да каже дека за ништо не е виновна но не кажа, тоа собирање на рамениците беше грч пред ослободување, тоа беше начин да се мобилизира, да се собере целата во себе пред конечното испразнување и така се случи како и секогаш: списка, свика нешто неразбирливо и продолжително, да, тоа беше крик кој доаѓаше од длабочината на нејзините гради, и откако во одгласот тој се стиши во едвај чујно ајјјоооххх … иииооојјј и откако со усните ме побара под себе и ми стави заби на рамото, омекна, се распекмези, се распосла над мене, лесно ме покри со телото облеано во пот и ме заведе во блага дремка) Но таа ноќ не беше за спиење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На некој начин, после тоа, тој е почовечен. ТЛ: На некој начин, тој ме потсеќа на некој од ликовите на Вилијам Бароуз. ВГ: Да.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Среќата би се состоела во тоа да бидам сам на некој морски брег и да бидам Мислам дека човекот има право оставен намира.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
А човекот е Владислав на Арон, братот на Самоила. А синот му се вика Алусијан...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
На тој начин, дишењето станува носител на бесмртното и божествено во човекот.”
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Збогум Кејтене, - прошепотев, - збогум мил пријателе, мислев дека дошол часот на разделбата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но се менуваат сфаќањата и согледбите за телото, она што им го припишуваме на телото и на духот што во него делува.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ние по ручекот, изедовме неколку од нив и мислам дека две јаболки оставивме за вечера.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Навистина бев изненаден што многу жени ми рекле: „Моли е супер. Навистина ми се допаѓа.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мирно! Стој мирно, глупчо! -тој толку многу ми се доближа, што мислев дека ќе ми врзи некоја, ама се сврте и седна.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Најзадоволен бев кога ќе успеев да направам некоја потполно ледена, “несвесна” слика. (...) Де беше доволно добар пријател со Џаспер и Боб, затоа мислев дека тој ќе може да ми каже нешто што ме мачеше доста долго: Зошто тие не ме сакаат?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И јас мислам дека повеќе сум се инаетел на оние што ги обожаваа отколку што сум ја презирал нивната музика.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но Македонија ја содржи, во својата природа, плуралноста и јас мислам дека сите ние, пријателите на Македонија, треба да ѝ се придружиме во спасувањето на овој плурализам, бидејќи добро знаеме колку е тој денес загрозен и колку закани го демнат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не гледам зошто моите одговори би биле различни во „Нова Македонија“ од овие овде. Немам по пар одговори за некои прашања.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Мислам дека не може повеќе да боли, оти нема повеќе и потаму за болење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Веќе знам дека се наоѓам на страната што губи!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислам дека денес е лесно да се исчитаат тие апстрактни шеми, зарем не? (Треба временски да се утврди нашиов разговор: воочи необично „земската“ фаза на војната).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И татко ми, сиот полн со гордост, бидејќи толку богато ја снабдил трпезата и за овој Божиќ, а можеби мислеше дека е побогата од било која измината година, судејќи по бројот на гостите што беа собрани кај нас, го дофати со дебелите прсти, најголемиот нож што го имавме дома и ја финишираше постапката околу черечењето на беспомошното јагненце, кое за среќа не беше сведок на настаните.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Младите понекогаш мислат дека родителите се семоќни, можат да имаат сè што ќе посакаат, можат да купат сѐ што ќе им се допадне.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ако не ме повлечеше Марина, не знам што ќе им речев на другарките, не знам што ќе им одговорев, но чувствував дека имам потреба да ја заштитам Вера, мислев дека беше неправилно обвинета.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога големата месечина, насмеана како секогаш, доплови над селото, отидов кришум на една нива и ја нацртав на земја сенката таква каква мислев дека била - со долги нозе и долги раце.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Мислам дека мојата следна книга, која се вика Empty Words, ќе има многу изразено политичко чувство.  Б: Ох, тоа е добро. К: На почетокот ја искажувам оваа вчудоневиденост пред престојните настани, а тогаш следното... тоа е вовед, а потоа првата вистинска статија е „Предавање за времето“, предговор за она, знаете веќе што?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Претпоставувам дека мислел дека сум му мајка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Авантуризмот го движеше во погрешна насока, додуша, сѐ уште има такви кои мислат дека голтањето туба со темперна боја за да се прибере аплауз од публиката е херојство и невидена храброст.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Не мислам дека HMD-технологијата е ограничена само на воена употреба.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Мислам дека уште како дете заминал да работи во јамите од другата страна на ридот. Или некаде уште подалеку”.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Немам таков обичај, и мислам дека, повеќе заборавам на тоа, да ги растресувам старите работи. – прокоментирав јас.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Познавав луѓе кои зад својот лик сокриваа кловнови и познавав кловнови кои зад својата маска сокриваа луѓе говореше Август Рицман и јас мислев дека е така и не знаев дали ги познавам и едните и другите или некои поинакви.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
— Јас мислев дека знаеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Отпивна, и рече: - Е, па, јас мислам дека е најдобро (за да не се лути ни едната ни другата страна) границата да минува по средината на манастиров; да се дели на две еднакви половини за да имаат каде да се молат и едните и другите... - почна да гестикулира со рацете.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Оттаму јас за уметноста и природата - т.е. за природата како свет - мислам како за два различни света.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И така, еден ден, откако се вративме од еден состанок, тој ме праша, сосема спокојно, дали би сакала да му станам жена. Јас уште поспокојно му реков: „Мислам дека да“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ми пријде како некое животно, се боревме, мислев дека ќе го победам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сепак, мислам дека успехот не ме расипа... Не, не ѝ припаѓам на никаква група или на некое школо на мислење, само сум дел од една генерација луѓе коишто немаат меѓусебни врски освен што се појавија на полето на издаваштвото отприлика во исто време. Луѓето смислија десетина изрази со кои се обидоа да нѐ дефинираат, но засега не сум задоволен со ниеден.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
- Ти си човек од бога, му велиме, и ако ти се откажеш од нас, ќе мислиме дека и господ се откажува од нас.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мислам дека ќе бидете збунети а можеби и ќе посакате да ја напуштите намерата да продолжите со потрагата заради онаа небулозна а и загадочна порака Влез во безизлезот што стои на спомнатата врата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
“Еротизмот ми е мошне мил поим, и сигурно е дека тоа што ми се допаѓаше, што го сакав, го применив 89 врз моето стакло.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Мислеше дека треба да биде мирен, најмирен денеска, кога од тоа зависеше дали ќе продолжи да биде гладен, и така пробиваше бесшумен нагоре, со едната рака постојано врз пушката, чиишто железни делови почнуваа да му се лепат за прстите од студот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ако мене некој ме праша, мислам дека најфино би било за него да се фати за виолина.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Никогаш полошо не ми било, - рече Бошко заумено и му раскажа сѐ како му порачал Луман и што мисли дека го чекало.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Поради тоа сѐ уште се интересирам за многу нешта во музиката, за многу музика која не е изразно авангардна туку има нов вид тенденција, како делови од Attice и слични работи - мислам дека Гарет Лист направи неколку слични дела...  К: Да, направи.  Б: ...
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во домот на брат ми вратата ни ја отвори Ана.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кого мислиш дека го спасуваш? Не боли тоа?“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
За жал тие, мислам на соништата и на надежите, некаде исчезнаа, останаа само привиденијата“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не верувам! А во што не веруваш? -ја прекина гласот на Непознатиот: Мислиш дека лажам? – се бранеше Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам дека сите додатни објаснувања на Соња Пазарџиева имаа за цел да ме уверат дека сум прокоцкал убава шанса, но дека животот без тие непредвидливи околности ги губел изненадувачките својства, а спомнатата Соња, ја сфаќала во прилична мерка мојата природа, знаела дека јас не сум спремен да го изберам сивилото како основна боја за моето секојдневие.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Толку беше. Мислам дека малку и се насмевна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ако успеам во тоа и ако сум задоволен од квалитетот, Симпсонови ќе ги имаме и на стрип.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Отокот и модрилото беа јасен показател дека станува збор за напукнатост или скршеница. - Мислам дека коската е напукната.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А јас, се разбира, се одредив за онаа поопшта варијанта, и мислам дека постапив онака како што требаше да постапам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам дека го избрале најлошиот начин ближниот да го поштедат!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А дали секој што напаѓа луѓе е луд?“ Низ носот на старчето протече чудно шушкање. „Мошне сте љубопитни“, рече. „Што работите?“ „Се“, ги рашири рацете Отец Симеон. „Сонувам и понекогаш мислам дека сум дрво.“ „Разбирам“, ја заниша главата старчето. „Разбирам.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Вистина, уште ништо не си имаме речено, нешто поотворено, што се вели, ама јас си мислам дека сите знаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Јас те мислев дека носиш бомби околу појас, а ти саксија”, му рече Кочо кога приседнаа на една клупа во паркчето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
По ова Блејк замолче и ќутеше цело попладне, а ние се растрчавме по доктори пошто мислевме дека го мавнала срчка.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Дури си имав и хипотеза за причините поради кои Џуди Гарланд ги привлекува геј-мажите. (Но, бидејќи Ричард Дајер веќе се имаше толку добро осврнато на неа, мислев дека нема потреба од мои натамошни шпекулации, иако сметам дека Дајер пропуштил по нешто овде-онде и дека има уште за кажување).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Цел живот мислев дека ќе ме огрее сонце и дека ќе бидам среќна, но попусто.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
-Каков совет би му дал на музичар кој стартува сега? Ги прашувам: Зошто мислите дека она што вие го правите завршува во рамките на платното?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Како што еден сексуално нормален клинец ми рече: „Убаво е да се биде вовлечен во нешто, дури и ако си тоа самиот ти!“
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И јас почнав да измислувам: дека Луција дошла на мој повик; дека јас сум знаел дека ѝ е забрането да се гледа со мене, но сепак сум ја повикал; дека таа не се противела, дека со мене пиела вино и пушела цигари; дека самата ја соблекла кошулата, дека на месечината блеснале нејзините гради, како кај кучка (токму така реков, за да го излудам Фисот, кој, очигледно добро ги познаваше нејзините гради), дека јас сум ја одбил, а дека таа ми се заканувала дека ќе ме убијат од Партијата, затоа што ја одбивам; дека потем таа го слекла здолништето (ќелата на Фисот црвенееше сѐ повеќе и повеќе; жилата на вратот му се наду и мислев дека ќе пукне, дека кап срчева ќе го удри), дека потем јас сум ѝ ги слекол гаќичките, дека сум ѝ ги раширил нозете, дека таа ме молела да влезам во неа, и дека конечно, сум ја завршил работата, само заради сочувување на здравиот народен дух, и дека сум ја исчукал машки, по што таа долго ме бакнувала и ме галела на кејот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Воопшто, Бојане, мислам дека за многу нешто имаш право.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мислејќи дека спијам, внимателно ме погали по челото и му рече на тато, кој веројатно стоел зад неа: „Да се надеваме дека ништо лошо нема да дочекаме од него.“ „Да се надеваме...“ рече тато.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- А ти мислиш дека човеков е сега дојден, - ми вели таа мене ставајќи ми на знаење дека роговите сум си ги имал на главата цело време додека поради верност сум се воздржувал да згрешам со оваа жена која со толкава љубов ми се подава.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Вечерта си легнав по Дино и ги затворив сите врати и прозорци за да не ми влезе животното во соба.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Додека трчав мислам дека слушнав како Б.С. ме советува да ѝ речам на девојката дека денес немало симиди.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но јас не верував дека така беше подобро и за него и за мене.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И кога ноќе, шепотејќи со дланка на уста молитви, ќе се сетел за таа глава, умирал; не можел да не мисли дека нејзиниот труп гние во призрачната куќа-кула чија чкртава врата непрекинато ја отворал и ја затворал лут северен предвесник на долга и тешка зима низ чии виулици ќе се тетерави безглава сенка на еден непокорен поет, оној што пеел помеѓу истрели за своите неродени деца и за нивната непозната мајка меѓу ѕвезди и сини пеперуги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Познато беше тоа уште од времето на нацизмот; фолклорот во тој случај се претвори во политички обред на фетишизација на тестисите на Големиот Предок, чија една можна инкарнација станува Големиот Диктатор; мислам дека и немаше да ме разбере, оти Луција не беше интелектуално неограничена, иако беше многу работлива и чувствителна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Уште едно јавување и мислев дека го идентифицирал Чедан, кој ја водеше „Хосакината” екипа за испитување на протеините.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Мислев дека со него сѐ можам, сѐ што да и посакам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Јас и Бил се согласуваме речиси во сè, освен во една работа: тој смета дека неодамна требаше да ја викне Кери Вошингтон како гостин во своето шоу, додека јас мислам дека тоа требаше порано да му текне и почесто да му текнува, барем до промената на власта (во Бушовиот режим Кери е лута опозиционерка, а лутината преубаво ѝ стои).
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Мислев дека нема сили да ја држи гитарата в раце, зашто такво чувство се добиваше од нејзиниот снемоштен глас.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Дики, мислам дека ќе го истетовирам нејзиното име на мојот Дики.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Човекот со црна креста на темето избегал крстејќи се во скокови зашто мислел дека и него го демнат како тој самиот што демнел и што го начекал дојденецот со превивка преку едното око доколку не верувал во подгробни сили како, малку подоцна, што можел да се вангелоса и Лозан Перуника: во дворот на манастирот видел трепетливи пламенчиња што се движеле кружно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„А, не! Шест месеци продавам на плажа во Пореч, а другите шест сум ’Доктор Славе’ - познат травар и исцелител“, се насмеа и, додека мислев дека се шегува, се врати облечен во бел мантил, со слушалки околу вратот и апарат за притисок.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Никогаш не сум го пробал. Мислам дека можеме да почнеме.“
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во „овој филм“ Дуња-Ѓузел имаше коса долга до половината, очи сини како оние на Снеже, и несмевка како на наставничката Трпана, заради којашто таа мене многу ми се допаѓа, а понекогаш си мислам дека кога ќе пораснам, неизоставно ќе морам да се оженам за жена што ќе личи на неа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Мислам дека се викаше „хемија на желбата“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Зар сета цел на геј-политиката, на геј-културата, е да ги врати геј-луѓето во трлото на нормалниот средносталешки хетеросексуален семеен живот, со неговите задолжителни обреди и чинодејства – да ни овозможи да ги репродуцираме најлошите општествени обележја, најгрозните клишеа на хетеросексуалноста? ‌Понекогаш мислам дека хомосексуалноста се арчи на геј-луѓето.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
(Дури и да сте мислеле дека тоа е музика, признавате дека таа допрела до вас преку ушите а не преку очите, а и тоа дека не сте ја пипкале со рацете ниту сте се шетале по неа.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Знак е ова да го заборавам и во крпа за паркет да го претворам тоа парче текстил без кое мислев дека ормарот нема да опстане.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Мислат дека нешто е скриено. Утре ќе дојдат кај тебе...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мислам дека комшијата Петар ќе дојде да ме земе од дома. Моиве нему најмногу му веруваат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А самобендисаните во Венеција не ги интересира, на пример, како се чуваат спомените на Вивалди, тие си мислат дека Ла Фениче е обновена од пожарот за да има каде навечер да си чепкаат во носовите и да си ги негуваат навиките од детството.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ми се слоши, мислев дека ме изрешета, главата ми прсна од притисок, а богами и страв.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Ло Текс, тие ќе мислат дека твојот штос со сачмарката е слаб“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
А тие што воспоставувале машки геј-културни идентификации честопати тие идентификации ги опишуваат како инстинктивни, природни, некалапени од општествените ставови и предрасуди, како упорна, истрајна страна на нивното личноствување, длабоко вкотвена во нивниот субјективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дури и одбиваше да ја примиш последната доза од пет апчиња, а јас се карав со тебе и упорно те молев, мислев дека хемотерапијата е единствен спас што ќе ти помогне и ќе ти го продолжи животот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Мислам дека треба нешто да се направи за луѓето што ти ја градат куќата.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но, не мислам дека спонзорирањето од ваквите институции (Министерство за култура, Сорос) е проблематично за уметникот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но, Претседателот продолжи: - Јас мислам дека требаше да оставиме уште некого со тебе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Е, па, тогаш, како да не мислат дека и овојпат се работи за заговор против нив со оној човек од Канада!“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Мислевме дека... - зад'тка Мил.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Прегоруваше, губејќи ја, во една црна гламна; се престоруваше во еден ситен, најситен човек, без ништо судбинско, а отсекогаш мислел дека го има и живеал така како да го има.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа и Величка мислам дека беа дојдени само што завршиле учителска школа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сѐ што оттогаш работев, и сето она што ќе го работам е тоа дека просто плетам и расплеткувам приказни настанати од некои претходни приказни.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Очекуваше сцена и солзи. Место сето тоа, таа замислено рече: „Јас те сфаќав и мислев дека и ти ќе ме сфатиш.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Мочав 20 пати дневно и мислев дека ќе завршам во лудница.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Помеѓу другите дребулии што ги спомнав, мислам дека не заборавив на Катерина да ѝ порачам да наврати во нашата амбуланта по работното време, бидејќи ми се пожали дека е со впечаток оти насекаде по телото ѝ шетаат стоногалки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Понекогаш, кога ќе се запиеме со татко ми, слушаме некоја стара рок група, мислам дека се вика Азра.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Тој вриеше; жилата на вратот му се наду и мислев дека ќе прсне крв.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оти дури го кршев нешто како да ми ја тргаше раката, како да ми ја враќаше назад. Го кршам, а мислам дека прстите си ги кршам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мислам дека ги сфаќате разликите во кои сакам да ве воведам“, заклучил тој мудрец од светот на соништата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Започнувајќи ја песната со зборовите од насловот и рецитирајќи ги со сопствениот глас, тој активно (односно, пасивно – односно со активна пасивност) ја зазема положбата на субјект што трачерскион наслов му ја натура на неотпорниот читател.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сѐ си мислам дека, кога тргнав, таа беше уште во логорот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И од тетка ми Ане, таа секогаш знае да ме утеши.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мислам дека ти е јасно колку интересно и поучно четиво би биле твоите показанија пред луѓето од Ѓорчета.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
„Вистина? Еми добро де, шо е проблемо?“ „Нема проблем. мислам дека желбата шо си ја посакав преѓе веќе ми се оствари.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Додека на некои букви веднаш „им беше потребна помош” - вели Frere-Jones, обидот покажа дека од сé може да произлезе азбука. Frere-Jones признава: „има денови кога мислам дека е смешно тој материјал да го изнесам на пазарот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Нејзиното вклучување многу говори за Кушнер и за неговите преокупации со историската драма или мелодрама, но не говори многу за вообичаената геј-дефиниција на фабулозноста.239 Сепак, она што исказот на Кушнер го открива и го нагласува е темелниот судир во машкиот геј-субјективитет помеѓу културата и еротичноста. ‌Токму затоа што машките геј-културни практики се штетни за машките геј-сексуални практики, затоа што толку ја спласнуваат сексуалната возбуда, геј-културата (пеењето фалсет, бродвејските мјузикли, модата и дизајнот) побудува толку силна одбивност кај геј-мажите што сакаат да си мислат дека се сексуални субјекти – дури и кога тие геј-мажи и самите се творци и потрошувачи на геј-културата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се разбира, истово ова би го рекол и сега, само со други зборови и на поинаков начин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Јас мислам дека беше таа на која ѝ било наредено.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мислам дека нема да згрешам ако ги наречам и расапеани денови на слободата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Иако носеа исто име, секој од жителите на двата брега за себе мислеше дека е помудар од другиот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Подоцна некој бабуњосан Адам Лесновец, за кого можело да се поверува дека удрил со муцка во улиште, им кажал на луѓето од дружината дека човекот во ветов кожув се вика Доце Срменков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А ти, Дики, имаш 30 години, висок си 124 сантиметри и многумина мислат дека те згмечил лифт!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Навистина, мислеше дека е со нив а не како кога ќе останеше сам крај дрвената барака за да го гледа без рабирање заодот и сѐ под него: невидливите џуџиња во печурките и твриде големоглави бубалки опколени како старовремски војници.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А таа го фати работ на фустанот и го крена над глуждовите, над колената, над бутовите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Па, можеби не сосем. Но од твојот изглед - главно затоа што си и млада, и свежа, и здрава, ме разбираш... мислев дека си можеби...“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Овде тој застана, оти таму каде што мислеше дека ќе има нови зборови, најде само празнина.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Мислам дека спомна и дека е стаписана!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Така...мислев дека е време малку да си починиме, да здивнеме.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
„Сакам да го сретнеш Мајкл. Мајкл Малоне.“ „Добро. Кој е тој?“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неговото лице одново стана сериозно и тој ја крена чашата: „Мислам дека би било пригодно да почнеме со здравица. За нашиот Водач: за Емануел Голдштајн.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ние мислевме дека е тоа нешто ново, но всушност тој беше во право. (23.04.1980) ◊ Одам на посета кај многу луѓе кои за уметничките дела во нивна сопственост велат, “Ова е она што ми се допаѓа”.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Го гледав а тој мислејќи дека се восхитувам со него ми намига и ми покажа под танките усни купиште зелени заби.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не може да се отме од некое гордо чувство дека сам дојде до овој мил предмет, за кој мислеше дека никогаш нема да го добие без туѓа помош и смислување.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
За него пишуваа состави и песнички: Мислам дека сонцето е румен клас, што созрева само в еден час.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Драги пријатели, ви пишувам сега за да ви кажам дека кога дојдов кај вас, верувајќи дека сум пратен од Исус Христос да ви зборувам за Радосната Вест, а повикан од вас самите да ви ги отворам срцата за неа, мислев дека треба да го сторам тоа со прости зборови, на вашиот јазик, за да разберете.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И мислам дека е тоа добро и за него и за нашата дружина.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Мораш да го бараш она што ти треба, ако не сите ќе мислат дека ти е доволно она што го имаш.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Овој пат, еден од ликовите во неговата проза, неслучајно жена (неговата Муза, можеби?), ќе му ја шепне магичната формула, ќе ги пушти во етерот (електронски) безмалу пророчките зборови како лек за болест наречена минливост: „ми се чини дека времето е низа од реченици, кинливи како пајажина, кои можеш да ги поврзеш само со раскажување“ („Футролата“).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Јаренцето можеби мислеше дека тоа зависи од него, и затоа, додека ја играа својата игра, тоа постојано гледаше кон него, но тој за сето време се обѕрнуваше околу себе, дали однекаде не се подал некаков знак, по кој ќе може да се познае дека можат да го прекинат тоа свое самозалажување. Сонуваа за тоа. ...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да не си мислеше дека му правиш некому доброчинство?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Не се движев, дури мислев дека и не дишам. Сега девојката отиде до прозорецот да гледа во некој свет на селото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Имаш право – реков, а си помислив – Охрид е полн со млади, со живост, со кафулиња, со забава, плажи, дискотеки, а Маврово... – и ми се стегна малку срцето, но во истиот миг го слушнав неговиот глас, кој некако, не знам како, почнав сѐ почесто да го наслушнувам: - Не биди како оние што секогаш мислат дека е подобро на некое друго место, на секое друго на кое што не се тие.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ете, убаво би било кога претставите ќе си ги посветуваат на себе, всушност, ќе ги создаваат за згрижување на своите духовни и естетски потреби, а притоа, публиката да мисли дека се наменети за неа и само за неа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А сега умираше. Дали беше среќен?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Синоќа заспав заплеткувајќи пораки, места на средби.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ама јас мислам дека бомбата ја фрлиле селаните кои чувале ноќна стража.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ноќите стануваа поинакви, во нив тишината се згуснуваше и мислев дека ќе ми проговори.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не, мислам дека треба да научиме, сега, а подоцна ќе го искористиме тоа што сме го научиле и ќе стоиме на сопствени нозе...
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Авторот се почувствува подутешен. Овој сепак можеби мисли дека се работи за чудо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Па, знаете соудруг Павел, вашите соседи се жалат дека кај вас е многу бучно и замолија да ви кажеме да бидете потивки... – не рекоа да престанам да примам гости со кои во соседството мислеа дека ширам некој вид неморал и дека тоа потпаѓа под закон, туку од околу, тивко и учтиво, како што личи на добро воспитани луѓе, нели.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Што се однесува до градежникот (се обидувам да бидам прецизна), мислам дека, всушност, не може да се каже дека тој лично беше она што се нарекува образован човек: тој баш и не поседуваше „знаење“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Мислеше дека си обезбедува една дистанца што, ете, не е тој што шири подли гласови и клевети, туку другите, а тој еве, како пријател, сака да ми помогне.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Надвор! Зарем не гледате дека породувањето не е завршено! – ги бркаа гинеколозите развеселените жени, кои мислеа дека веќе се слави успешното породување на нивната пријателка.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Оние што мислат дека им се задира во основите на општественото достоинство или дека дури им се подриваат тие основи, можеби нема добро да го примат тоа неспорно политичко натрапување – особено кога општествените повластици што одат со нивниот конвенционален родов идентитет се веќе толку малобројни, толку раштркани, толку привремени и кога толку лесно се губат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да постои дел од животот доволно мрачен за да ја држи надвор од себе светлоста на уметноста, би сакал да бидам во тој мрак, пипкајќи наоколу ако е потребно, но жив, и мислам дека токму современата музика би била тука , во мракот, судирајќи се со нештата, превртувајќи ги и воопшто допринесувајќи неред кој го карактеризира животот (ако е спротивставен на уметноста), а не допринесувајќи стабилизирана вистина за убавината и моќта кои го карактеризираат ремек-делото (ако е спротивставено на животот).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ron Athey, извадоци од интервју ÂÂ Постои ли некоја посебна приказна за телото што ја користите во перформансите?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А границата што сакав да ја повлечам меѓу женственоста и женскоста можеби е граница што за голем број жени нема некоја разлика, зашто ним честопати им е тешко, ако не и невозможно, да ги одвојат двете категории при секојдневното искуство на родот и на родовиот идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Не“, реков, „не мислам дека претеруваш.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Понатаму, третирајќи го тој образец, чија највидна одлика е „родовата атипичност“, како претставителен за „геј-мажите што се склони кон зачувувањето“ (25) и најпосле за геј-мажите воопшто, Фелоус на крајот на краиштата ни ја наметнува како вистина за нас која мораме да ја признаеме – инаку ќе нѐ обвинат дека сме во состојба на одрекување (токму поради таквите тактики на виткање рака противниците на есенцијалистичките модели на хомосексуалната различност честопати го нагласуваат имплицитно принудувачкото, дисциплинирачко или „законодавно“ дејствување на есенцијалистичките теории).343 ‌Покрај сите тие проблеми, кои се типични за секој обид општествените идентитети да се претстават во есенцијалистичка смисла, во овој аргумент има и уште една слабост од толкувачки или критички вид.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А му веруем на чоекот и мислам дека 90% погаѓа само што мојот скромен џебен буџет не ми дозволуе 10 минути да ги одрапам на телефонска линија.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Погледот го упати кон тврдината Кале, размислуваше неколку мига и потем со извишен, патетичен глас му се обрати на Татко: Понекогаш мислам дека ние го губиме краткото време што ни останува до крајот на нашите животи...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, најинтересна појава во спотов е преувеличената имитација на Џоан Крафорд од пријателката на Марки, Софија Копола, која накратко се појавува во текот на целиот спот во многу кратки секвенции.406 Тешко е да се опишат со зборови точната содржина и тонот на изведбата на Копола, како и особениот впечаток што го остава.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Здраво мама, - мајката ја бакна Ема по главата без да ја допре со рацете затоа што ѝ беа замачкани во нешто.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„- Какво прашање“ рамнодушно одговори младиот Англичанец. „Мајка ми е убава, дотерана, цврста како челик. Што да ви кажам уште? Кога излегувам со неа, мислат дека сум ѝ помлад брат.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се фалеше тој како да има којзнае колку пари, ми го покажуваше прекрасното кремасто одело што го носеше, дури го соблече сакото и го сврте од внатрешната страна за да ми покаже која марка е, не се сеќавам сигурно но мислам дека беше Армани.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
На моменти мислам дека ќе полудам од болка. Која е границата меѓу паметот и лудилото…
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Кога мислев дека е сето тоа само привидување, болест, сон, Кејтеновиот син ме зеде за рака и молчејќи ме поведе кон таванскиот дел на зградата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Што ми фали пак мене? - Ништо, ама не знам зошто сте вие машките такви, кога некој ви се допаѓа, не го кажувате тоа отворено, јасно и гласно, туку сѐ нешто изведувате – реков и во тој миг се сетив на Игбал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тот е бог на пишувањето, секретар, син на Ра, или Амон, богот- сонце, на чиешто место доаѓа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И не можев да верувам, со диоптерот на очи прочитав две имиња и издлабен датум од пред години. од оној одмор кога мислев дека ми е лут зошто сè ми е поважно од него, а мене толку добро ми одеа картите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Не, Винстоне. Нема полза од тоа. Лажеш. Ти сѐ уште мислиш дека се четири. Колку прсти, молам?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Некои си мислеа дека се роднина по братучеда му на Крсте.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Мислам дека ќе дојде! - ѝ реков. И навистина дојде.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Па, мислам дека да!
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Како да брзаше да завршиш многу започнати работи, како да мислеше дека немаш многу време.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Можеби поради муабетот со една раскажувачка, која всушност повеќе е преведувачка со блескава насмевка, затоа што, прво, замислете, не јаде благо кога ѝ нудите и, додека јас мислам дека е поради забите и каријасот, таа ми раскажува за холестеролот во крвта и препораките од „типот“, кој по дома ѝ е маж, а по надвор и доктор, како сѐ треба да се спушти на количество од една третина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Да го спомнам и она предупредување што му го реков пред да заминам: „Знаеш, му реков, животот не постапува секогаш на ист начин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислам дека нашиот проект има и хумористична и комична страна, што може да им помогне на луѓето да останат вон проблематичните конфликти меѓу Западот и Исламскиот свет”, вели Лев Евзович по повод нивната серија компјутерски монтажи. Маргина 36 143 144 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
„Лудвик!“, викав. „Слегувај, Лудвик!“ Тој се смееше сосема лудо; мислам дека во тој миг дефинитивно изгуби контрола врз себе; „Знаеш ли Луцијо“, велеше, „знаеш ли каде е центарот на светот, Луцијо?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Тебе ти е сеедно – реков јас – ама сепак мислам дека е време да се враќаме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А кога го поминавме Камениот мост ми го покажа оној див костен, мислам дека тоа беше петото дрво од Офицерски дом, под кое Јана ѝ го превзела некогаш првото либе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На денешниве политичари, кои мислам дека досадија и на Господ и на народот, на оние кои според Тацит имаат потреба создадената, од нив, пустина да ја наречат мир, Орвел им препорачува да бараат поткрепа во еуфемизмите, во ширењето на апсолутна маглива нејаснотија и во неопределеноста.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Мислам дека ќе можеме да издржиме нешто такво, мислеше, просто прашувајќи ја бичкијата пред себе. Ќе се обидеме, си рече.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Проблемот, изглегува, е што наместо на крајот да излеземе победоносни иматели на геј-гордост и слобода што ќе можеме сесрдно да ги викаме наши сопствени, ние сме си создале геј-идентитет што активно ги потиснува и патосот и задоволството на тие останати преостанати настрани афекти од кои сакаме да мислиме дека сме се ослободиле и за кои тврдиме дека просто ги снемало од нашата свест.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мислам дека човеков повторно ми навлезе во животот за да ме доуништи.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Мислеше дека не ќе го дочека денот покрај празното шише под своите нозе, но го дочека млак и отечен, со многу гребаници на кожата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кога би се работело во приватност, работата можеби исто би била напорна, но не би се стремела кон вкрстување, преплетување на линиите на идентитет.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Лебот беше сосема црн и не сакав да го покажувам пред децата зашто мислев дека ќе ми се смеат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас се доближив до неа и си мислев дека спие.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
-Да, но човекот е во своето тело, како во возило, во кое патува низ времето по површината на планетата Земја, на своето долго патување – зборуваше старецот. – таа непозната движечка сила која го придвижува да оди, кога тој свесно не мисли дека оди, не го остава мирен.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Мислам дека овие крикови ќе ја натераат да зборува.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Секако, и понатаму се заработу­ваат пари, неш­тата се купуваат, животите и талентите безвредно се трошат, љубопитноста умира, но ништо, апсолутно ништо не се случува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не се движев, молчев. Мислев дека зачудено ќе се вртат кон мене дури и ако воздивнам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мислиш дека тоа беше некој изговор, начин, за да те придобијам?“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Мислеше дека сега набргу, во еден од следните неколку дена, ќе му биде време да преврне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можам да ја замислам возбудливоста на тоа време, но мислам дека Ренесансата, оставајќи ги нештата надвор од сликата, го игнорира оној дел од нашата психа, којшто е малку нечист и варварски.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Чекореше колку што можеше побргу, притаен, кон тоа црно стебло, мислејќи дека ќе биде неминовно да го има пред себе токму него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мислам дека тука се сите Ваши дела. Речиси сите.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тој малку кажува за Гаково, мислам дека јас иако сум тука, повеќе знам.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тој направи една лоша гримаса на лицето и ми се закани.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас мислам дека на Британците то им е стратегија да држат некаков извесен баланс со Италија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Кој сака, каде сака нека оди, нам местото ни е меѓу нашиот народ.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ноќите кога тие планети ќе може да се гледаат на небото ние не би сакале да имаме ништо заедничко со ѕвездите.” „Мислам дека е така“, реков.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тропикана – сок (најчесто) од цедени помаранџи. Толку е густ да не се пие – се џвака. Органик – храна без пестициди, адитиви и вештачки ѓубрива. Мислам дека е превара.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Ете зошто машкото геј-идентификување со аристократијата во смисла на неговата пројава не зависи сосема од потрошувачката моќ (иако вишок приходи би бил корисен).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Јас секако доаѓам во искушение да го тврдам истото но не сум сигурен дека јазикот што јас мислам дека го знам и јазикот што вие мислите дека го знаете е еднакво на сѐ она што треба да се знае за нашиот јазик.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- А јас во најмилото се колнам, дека не ги видов и дека мислам дека за тоа е виновна оградава која понекогаш се труди да нè исмее - рече Загорка Пеперутката и ми ја зачепи устата со пердувестата дланка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Меѓутоа, дури и да се согласиме со ваквиот начин на размислување, тоа сепак не ни дава јасна идеја што е тоа што би го определиле како нефизичко (ментално, духовно).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сѐ беше добро; јас го најдов својот душевен мир во циркусот, и мислев дека веќе ништо не може да ме измести.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нека се вика Небеска, беше рекла жената, мислев дека е падната од небо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дури ми беше и жал што ѝ реков попладнето дека не ја сакам и што си мислев дека ќе беше подобро да не се родеше.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но, ако робовите знаат дека секој поглед на странец упатен кон нив е поглед како кон потчинет човек, човек без слобода, обесправен човек, ороспиите, пак, никогаш не мислат дека луѓето гледаат на нив како на ороспии.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Јас таму во очај појдов и не ќе беше право да мислам дека ќе има нешто уште полошо и пострашно што би требало да очекувам. Не ќе беше право.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Уште на тригодишна возраст била поусогласена од него со прагматиката на жанрот – особено со неизговорените наративни и родови конвенции што ги раководат приказните во детските сликовници и кои го обликуваат наративниот дискурс во поширокото наше општество.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сè се мислам дека во публиката некој ќе ме забележи мене и мојата игра.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Немаше измени, речиси никакви, мислам дека дури и камењата не беа помрднати, како цели три децении да нè чекале, пак да нè бодат и стегаат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ги водев кај неа Густавите, затоа што за нив толку многу се грижеше, и мислев дека грижата за некого, ќе ја врати во нашиот свет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој човек со ситна коска, нешто поисправен отколку што треба да е еден старец, не гласен и сепак таков како секогаш да е на едно место, ги предизвикал обајцата Онисифоровци да мислат дека противникот кришум го посоветувал старецот да предложи Дмитар-Пејко да биде и запален и закопан - селанецот се кара за педа земја, за говедска лепешка, зошто да се кара и за мртовец?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зар мислите дека ќе ве остават да умрете?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„И кога го гледам тој невозможен град, мислам дека пред мене стои фатаморгана, сон, измама на очите!
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Мислам дека јадам само кога ќе му се јаде нему, спијам само кога ќе ме пушти тоа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Костурот со проѕирни коски и со темни очила на черупката ги подаваше рацете кон мене.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Но јас мислам дека не би било толку паметно од моја страна да продолжам да ви пишувам за секакви поединости за оваа ситуација за која моите коментари и немири не би промениле ништо.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Соочени со таква култура заснована врз идентитет, со светот што мислеле дека го сакаат, голем број геј-луѓе брзо и коренито се разочаруваат од неа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мислам дека знам што сакаше да каже. А ти, знаеш ли?
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој побесне; мислам дека целосно го изгуби умот, оти почна и тој да џвака од хартијата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Слично како што имате чакри во различен број и интензитет, мислам дека овие условени души се категоризирани на одреден начин...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Беше навикната да ги проценува луѓето според нивните лица и ѝ изгледаше природно тоа што Винстон мислеше дека на О'Брајан може да му се верува само врз основа на една средба на нивните погледи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не смееш и заб да чепкаш пред децата. Ќе си мислат дека нешто јадеш...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мислеше дека си како некоја карпа пред нив, ама, иако се викаат плашици, ич не се плашат.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Стигнавме навечер и веднааш ми раскажаа дека еден партизан од Кавадарци, мислам дека се викаше Крсто, дента пред нашето доаѓање, бил разнесен од мина и таму го закопале, а истиот ден кога пристигнавме падна друга мина и чудно, по вторпат го крена во воздух.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сигурно имав околу шеснаесет години, а толку многу верував во Бога што си мислев дека е сè средено според Бога – та, зошто инаку додека е женското девојче нема деца, а кога ќе се омажи добива деца?
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Мислиш дека ти е премреже, а тоа ти било слава. Мислиш -џенем, а тоа џенет.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога му ги врзаа очите мислам дека сонцето припече како пред врнење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секако, луѓето зборуваа дека Фектори е ненормална само заради тоа што тука „нешто се случува”, но јас мислам дека тоа е баш добра работа.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Некои други модернисти навистина тврдат дека ние ја спознаваме реалноста, но неа ја определуваат како нешто што конвенционално е согледано како само нејзина претстава.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Штом го пуштија филмот, Питер на грамофонот ги пушти сите оние работи кои мислеше дека ќе одат во филмот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Лежам и кројам планови. Ако фатам Германец ќе мисли дека сакам да го заколам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Многу ги сакаат овие средби, ги прават посреќни и исполнети и мислат дека, сепак, не се „отпишани“, водат полемики, а најчесто нивните муабети се вртат околу политиката и политичките партии.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Мислев дека сум заборавена од Господ, ама не е така.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Перса повеќе како да си зборуваше на себе си, чиниш мислела дека сето тоа не го кажува гласно, туку го мисли во себе, оти одеднаш се сепна, молкна и рече Ништо ништо!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Џо веќе не е во барот. Џо, доброто момче Џо од Оклахома, е на улица, и оди смешно како што одел во детство кога мислел дека е локомотива, тој Џо од Оклахома.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Зашто при судењето, често се случуваше: оној што мислел дела е во право - губел, а оној што мислел дека ќе го изгуби судењето - добивал.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ја гледам и си спомнувам, еднаш мајка ми ми рече: „Да можеме да сме на иста возраст, мислам дека би биле добри другарки ние двете”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мислам дека тоа е мошне човечки.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но мислам дека успеав со нив.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Го рече тоа со подбив, со мирен глас, како да станува збор за грутка снег што одамна се има растопено а во нејзината дланка останала само лигавата навлажнетост.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога еден од американските војници во Ирак кои го уапсија Садам Хусеин се послужи со реплика од Тоска, истоимената јунакинка од операта на Џакомо Пучини, и рече E avanti a lui tremava tutta Baghdad (‘А пред него се тресеше сиот Багдад’), за него се мислеше дека ја прекршил политиката „Не прашувај, не кажувај“, според која на нехетеросексуалците им се забранува отворено да служат во војската на САД.393 Зошто?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Отсекогаш сум мислел дека филмов се разбира погрешно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ми се слуша некоја птица да пее во шумата и си мислам дека сум отишла во некој друг свет, во некое друго време.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие негови зборови уште толку ме дотолчија и мислам дека целиот мој беден живот ќе ги паметам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
А помеѓу мене и Милошевски мислам дека постоеја такви а и други пречки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури кога се испрелизгаа преку ридот што ги дели Дардаванија и Леденото Езеро на Подводниот Вок со едно око, тогаш Дедо Мраз се сврте да ги предупреди играчките како да се однесуваат, погледот му застана на ангелското лице на девојката, односно куклата со образи од две зацрвенети јаболчиња, над кои очичките како две расцутени ружи му прошепнаа: “Зар мислиш дека ќе можеш да побегнеш од мене!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Знам дека луѓето од филмската теорија би сакале да мислат дека ВР ќе биде продолжение на филмот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Општо земено, човек не можеше да мисли дека е побезбеден во природа, отколку во Лондон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас мислам дека тука, во градов, живеат неговата жена и децата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
„Круме Волнаровски е во затвор, можеш ли да сфатиш?!“ ме праша Ема како да се прашува себеси.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ама таа остануваше во некој друг свет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја одмерувам од глава до петици и си мислам, е богами со тебе тешко дека би се дружела, види се каква си.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А јас по телефон им реков: другари, за стрелање секогаш има време, мислејќи дека случајот ќе се заборави.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А, бидејќи идејата да ја нападнете „куќата на вештерката“ била твоја, мислам дека е најисправно, ние да ја платиме штетата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ти вредиш, колку што мислиш дека вредиш.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ќе ти кажам и што се случи со мене откако заврши бурата: поостарев, станав повозрасен во разбирањето на нештата, а истовремено помислив дека на мојата кожа, (ова го велам најодговорно) животот запиша уште едно правило што го заслужува нашето внимание.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој секогаш сакаше да ги активира двата енергетски извора, дури и во неговите скулптури и инсталации.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Секој мисли дека е најубаво она место кај што се родил, вели Витомир, и го испушта чадот, заедно со зборовите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ИВАН: Ништо. Тероризмот не може без овие работи. (Ја повлекува напред и со шепот.) Зар ти мислиш дека јас немам очи и дека не гледам што станува и каде сме?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
„Запри Васј! Ја не сум ашедшиј!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тие мислат дека сте шпион, вели и си го прифаќа крајчето од фустанот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако треба во неколку зборови да срочам што мислам дека било, би рекол дека знаеле дека машката геј-желба не може да се сведе ниту на сексуална желба ниту на геј-идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Остана сосем сам, милји оддалечен од неговиот искрен и лојален пријател за кого мислеше дека во последно време беше единствениот способен за здраворазумен дијалог.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
НЕДА: (Мислејќи дека Луков заборавил на неа, прави обид да се повлече кон својата соба.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
На пример, ако некој тип види некои два други типа како се ебат, него тоа или го пали или не - и така тој знае кое е неговото место во животот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Дики, мислам дека ме излажа она за филмот!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сепак мислам дека не сум осамена во ваквите размислувања, многумина од македонците се измачуваат со тешки филозофски теми.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Додека на Брзакот му ги зема потребните основни податоци, почнувајќи од името и презимето, на Аспасија ѝ дава доволно време таа сѐ што треба и како треба да внесе во записникот, особено сѐ што тој мисли дека треба да биде внесено, а потоа, по мала пауза на којашто и го дава нужното значење, му дава збор на „застапникот на подносителот на барањето за поведување дисциплинска постапка“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јас мислам дека вистината беше во тоа што на колоната не ѝ се случи ништо.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Мислам дека друго не ќе ве интересира.“ Не се навреди.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Мислев дека по толку долго време што не јадев, оваа храна ми направи тешкотии.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Таа оди напред, а јас мислам дека цела земја оди по неа. Погледот ѝ паѓа пред врвот од чевлињата. Им прави место на чекорите, на стапалките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дождовите не престануваа, каде и да зачекореа, луѓето мислеа дека ќе се издаваат во калишта.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но ова сознание не ме прави несреќен бидејќи исто така знам дека сум на страната на потребите на мојата вистина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Геј- мажите самите учат понешто од тоа што треба да се научи, но како да бидеме геј честопати учиме од други, било зашто од нив бараме поуки, било зашто едноставно самите ни го кажуваат она што мислат дека треба да го знаеме, без разлика дали сме барале совети од нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Му ја одврзува крпата од уста.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Во последниов проект (Маклабас - сѐ уште во фаза на развој) мислам дека се здружија скоро сите андерграунд потенцијали на овој град, но исто така добивме и огромна помош од нашите луѓе во странство (Поп Дучев од Шведска Жанета Вангели од Германија, Митко Панов, Тони Аџиниколов и Милчо Манчевски од Њујорк, David DeHelly од Токио...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Како што ми зборуваше за тоа мојот менаџер само рече: - Мислам дека ова е мала црква и нема традиција во таа земја за инструмент каков што се оргулите. Да им се заблагодариме на поканата.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Мислеше дека сето зло во неговата куќа таа му го донесе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се спремав да одам со Миќо на средсело и сега одеднаш треба таму да мислам дека чевлите ми стојат грдо, а тоа значи да не се чувствувам сигурен од самиот свој темел.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Мислеше дека цимерката уште му е лута за неговата неуслужливост, па се инаети и скита некаде.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ако мислиш дека заслужувам, казни ме и уживај во тоа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Јас го имав тоа искуство да напишам нешто за што мислев дека е најдобро; и препрочитувајќи го неколку дена потоа, ре­ков:”Господе; скини го ова на најмали можни парчиња и фрли го во нечија канта.”
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мислат дека сѐ што ќе дофатат станува нивна сопственост. Вистински буржуи!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
— Цивилизација е онаму, велам, кај што мислам дека сум среќна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Јан, зарем ти мислиш дека по толку години би можело...“ Тој ме погледна и рече. „Не, не мислам“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Обично нему не му се доверувам оти мислам дека нема да може да ме сфати, иако мајка ми постојано ме убедува дека имам разумен татко кој го разбира децата и може лесно и брзо да им реши многу проблеми кои им се чинат нерешливи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Само до каде што мислат дека се убави. Преку таа мера се покриваат.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
До пред малку мислев дека станува збор само за тоа како најефикасно да се убие Ѓорче Петров и тоа навистина не ме засегаше.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Од некаде допираше неуморно и ритмичко удирање на тарабука, потоа, во исто време, на тоа тропање му се придружи чкртање на бунарски чекрег и некаков кавгаџиски баритон. „Не се кајам“, му рече и ги тргна рацете. „Сепак мислам дека веќе не ќе можеме да се сретнуваме.“ Отец Симеон се насмевна - „Не биди сурова кон бронзаниот поет.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мислам дека никаде го нема тоа херојство, тоа себеоткажувње, таа саможртва...“
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во тоа задоцнетo лето те засакав со вистинска и голема љубов, облечена во фасцинантен долг фустан од црвена свила.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Понекогаш мислам дека и да заборави нешто, за жива глава не би убацила во рикверц, па ни кога вози.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Иако мислевме дека оваа операција ќе оди мошне брзо, излезе токму спротивното – дека барањето работници кои се спремни отворено да проговорат за своите маки, барем во македонски прилики, е прилично комплицирана работа, главно поради присутниот страв на работниците „да не им се случи нешто“ во иднина, нив или на нивните најблиски!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Иако инструментот е во состојба да произведе широк дијапазон на звучен квалитет добиен со вртење на бројчаникот, тереминистите постапуваа како сензори, претставувајќи ѝ ги на публиката оние звуци за кои мислат дека ќе ѝ се допаднат.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
До пред малку мислеше дека ќе ја сочува во себе онаа зафатеност и ќе може да ги посреди малку лостовите, со кои кога ќе му дојде време требаше да ги носи и да ги наместува трупците, намалувајќи ја нивната тежина; мислеше дека ќе најде во себе желба да ги подреди и нив така, за еднаш кога ќе биде потребно, да може само со еден дофат, со едно движење, да ги покрене и да ги намести.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таквите уште си мислат Дека е најважно што си каснал пред спиење Па откако ќе видат дека од кркање не се прават сонови Се отепуваат пиејќи апчиња за спиење и против запек Пред тоа одат и на фитнес и на тенис Ама од тоа не се крепи ни сон ни пенис
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Токму во време на безредието, додека се кинеа постерите, еден човек чие лице не го виде, го допре по рамото и рече: „ Извинете, мислам дека ви падна актовката“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Човекот со кого јас седев, кога мислеше дека работата узреала, пак го викна оној лизуркото.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Мислиш дека никнале од ѕидовите, се извлекле од процепите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во блиска иднина луѓето нема да страдаат од шизофренија; ќе бидат шизофрени (ако и тогаш) кога ќе имаат желба за тоа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мислам дека не треба веќе да ги почекуваш своите ученици”, ѝ вели Хана на ќерка си, донесувајќи го чајот во две порцелански шолји со флорален мотив, додека Агата увежбува една партитура во салонот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мислеше дека ќе треба да остане тука дестина или повеќе дена, да причека времето да разјужи, а тоа можеше да се случи лесно по овој јужен снег.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Може ли тоа да биде проблем чие разрешување ќе води кон колективизација на интересите?  Партикуларни прашања - но тие не се материјал од кој може да се прави поли­ ти­ката.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој елемент е секако познатиот „MacGuffin”: на него налетуваме во сите Хичкокови филмови чиешто случување се структурира околу некоја украдена или загрозена „тајна” - Хичкок секогаш одново нагласува дека тој елемент (да ги споменеме и украдените планови за авионскиот мотор во 39 скали, шифрираната мелодија во Дамата исчезнува...) е сам по себе причинување, „nothing at all”, и често ја кажува оваа приказна за двајца луѓе во возот во којшто го прочитал називот „MacGuffin”: „Еден од нив прашува: „Што има во оној пакетот на полицата за багаж?“
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Му признаваат дека не умеат да пливаат; тој воздивнува, мислев дека...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мислиш дека беше во прашање љубомора а не стравување дека си посетил грд расадник на зарази, ми приговори тогаш можеби со право Катерина, и потоа само додаде: Мило, зар не се обиде самиот да ми докажеш дека сепак не успеала да те искористи таа ороспија?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Се разбира дека не лажеш, но си противречиш - се обидуваше да ја смири Непозанатиот. – Предмалку го нарече слабак. Нели?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Решена да одам напред по секоја цена На полна месечина Во последна мена На моето присуство му нема смена, знаеш и сам А долу под мостот валкана река тече без срам Упатувам поглед да проверам дали чека на нашата судбинска средба Мерам, премерувам, двапати мери Еднаш скокај Нашево некогаш немаше споредба Минаа годините кога заљубени мислевме дека овде е вечноста овде е рај По силата на гравитацијата понесена дознавам дека овде всушност е нашиот крај 2005
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
ЛУКОВ: (Одвај се воздржува.) Јас мислам дека во однос на Вашата сосетка ние се разбравме, госпоѓо Христова?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Но јас, во својата болест (навистина мислам дека тој месец се наоѓав во еден вид бунило), што денес ја нарекувам поленово лудило (беше пролет и многу полен имаше во воздухот, и целиот свет зуеше како кошница), напишав петнаесет песни за Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можеби ќе имам по некоја грижа на совеста, поради нарушување на моите стандарди но, сепак, мислам дека така ќе бидам посреќна.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Мислиш дека не постои друг начин да се спасиш и сосем си подготвен да се спасиш на тој начин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еднаш јавуваа дека божем не знаат ништо за неговата жена!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Си мислев никогаш во мене не ќе догори свеќата моја - а догорува Си мислев никогаш реките не ќе зајдат – а зајдуваат Си мислев дека е веќе крај на сѐ – а сѐ одново почна.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Затоа и ги чувам неговите алишта, и предметите од неговата соба ги оставам онака како што тој ги беше оставил кога замина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мислиш дека не гледаш надолу, туку некаде нагоре, во небото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бидејќи тој беше мелинит и немаше изглед на обичен динамит што Турците го знаат (тој беше жолт прав во 1.000 пакетчиња по еден килограм), мислевме дека ќе може да мине преку турските царинарници како лек против филоксера.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И, тогаш си реков: „Зое, на што личиш? Мислиш дека вака ти е подобро?
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
А сепак, сите имаа разбирање за него и мислеа дека со нив ќе успее, секоја група, секоја тајфа, што го поведуваше да појде со нив, да се обиде уште еднаш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мислиш дека светот го вртат парите и славата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сега ја гледаме арогантноста на оваа претпоставка, но мислам дека малку луѓе сфаќаат што е навистина погрешно во врска со ова, настрана од политичката неисправност.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Мислиш дека душата уште таму му скока и се тркала.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Промените што ги наброја немаа врска со зголемените материјални придобивки, со еднаквоста пред законот, со унапредувањето на човековите права, со придобивките од правичната распределба, со поразот на хомофобијата, со растурањето на хетеросексуалниот монопол над сопружништвото и над личниот живот и со отстранувањето на правните пречки за основањето и одржувањето интимни врски.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие мислат дека луѓето со кои се разминуваат, луѓето со кои се среќаваат, луѓето со кои живеат, се дел од некаков сон, од нечија имагинација, дека едноставно не постојат – нивната опипливост не е потврда дека се вистински.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
СТОЈАДИН
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Од една страна, луѓето се лакоми, сладострасни, непослушни и самоуверени – тие, без скрупули кон другите луѓе, кон своите браќа, можат да посегнат по она што мислат дека им треба, по она што го посакуваат – јаболкото, парите, жените, што и да е.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Мислев дека ќе е поарно....“ Шепотот на повисоката сенка стана поврел.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Само подрипнува, ко џивџан и плаче. Тоа плаче, и јас мислам дека гугутка ми гуга, ми пее.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во историјата на модерната музика Кејџ делува како катализатор на спротивности кој оди напред во скокови овозможувајќи им на другите да одат чекор по чекор.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Јас мислев дека оваа средба ќе биде последна.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тезга за приказни Сѐ си мислам дека некој од Влада ќе прочита некоја моја приказна и, онака, меѓу редови, ќе разбере колку сакам да изнудувам аплауз на отворена сцена, макар качена на бина каде што свират музичари за свадби во кафеана во елитното Дебар маало.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Слушај ваму, Велико, ми вели Дуко Вендија. - Слушам, браче Дуко, велам јас... мислам дека нешто сум згрешила во редењето на лисникот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Затоа што мислев дека ќе го изневерам мојот Господ.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ќе не стемни во паркот и може да биде навистина опасно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Среќко: Па пробај. Горам од желба да те бакнам.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Ако ме поддржиш, мислам дека ќе успеам...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кара-Демир се олабавува со олеснетост и тажно без желба да биде чуен, воздивнува: „Уф, брате ... Мислев дека си ...“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сè си има своја убавина.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа ништо без форма, некои мислат дека е празно.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сара полека се наведна и, иако седеше, мислев дека ќе падне, ќе се струполи на подот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Реков дека мислам дека секој кој верува во „татковинска“ уметност е идиот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Цапаше ли пак во ѓолот што мислеше дека го прецапал и излегол на суво?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Игбал! – се изненадив – од каде пак ти?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Стврднат како да ја чека смртта, мислеше дека ноздрите му се полнат со кисела, пресно ископана земја и чекаше - можеби веќе не ќе се пропнува проклетото `рзнување од кое се умираше побрзо и од острицата на зракот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Веројатно сум мислел дека станува збор за желби што се јавуваат сосема случајно без некоја намера или однапред одреден план.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оттука е и негова софистицираност-невиност, бидејќи верувам дека Ворхол некаде длабоко во себе веруваше во вистинска слава - како есенција на вистинска каризма.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Си мислев дека ме следи зад петици, и само дебне миг да ме земе.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
„Но јас мислев дека тој излегува ноќе, кога ние заминуваме и дека купува храна кај Брауни“.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Иако од шлакнатите сѐ уште не се слуша ниту оф ниту леле, мислам дека ударот- плас нема да заврши без ехото- плаааас!
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сепак Арсо Арнаутче можел да го види Лесново и низ метежот на сеќавањата. Тогаш и уште повеќе подоцна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Толку сум преплашен што си мислам дека косата мора да ми е побелена од страв, после сите овие морници што студено ме потресуваат до сржта на коските.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Џуџето (чита): Бешиката ми беше раскината.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Наместо вовед Драги Сашо, Случајот сакал (сепак, мислам дека ништо не е случајно, иако наполно верувам во неговата игра), текстот за твојата најнова прозна книга да го започнам исто како и ти почетниот расказ „Прокопија“ – во епистоларна форма.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сурфам на yahoo, играм на SPS слушам техно музика и мислам дека поезијата е какање.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Повици за повторно будење, затоа што сите мислат дека ме губат.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Многу луѓе мислат дека Неуроромансер е мрачна книга, но јас сметам дека е оптимистична. ТЛ: И јас исто така. ВГ: Мислам дека иднината всушност ќе биде подосадна.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ПРВАТА ЖЕНА: Јас мислам дека татко ми од нив имаше добиено некои пари и поддршка откако умре мајка ми.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Истовремено, цитатот на О’Хара ја разголува превжештената реторика на новинарскиот дискурс, исмевајќи го насловот поради мелодраматичната претераност, поради напнатиот напор да нѐ натера да внесеме толку многу горливо и заблудено значење во поситните дробности на животот на некоја ѕвезда која, всушност, не ја ни познаваме – иако жолтиот печат можеби нѐ навел да мислиме дека ја познаваме – особено кога сопствените животи не ни се квалификуваат за исто такво грижливо размислување и сочувство. ‌О’Хара му се придружува на извикот од насловот, го повторува небаре ги искажува сопствената шокираност и потресеност и си го присвојува исказот пред читателот на песната воопшто да сфати дека О’Хара само го цитира жолтиот печат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сака: кога некој ќе ѝ го погоди кафето; кога во Сопотско ќе ѝ го пуштат Том Вејтс; кога нејзините студенти на испит ја започнуваат реченицата со „јас мислам дека...“; кога некој е циничен ама добар, а најмногу, тоа што се уште има добри кои не станале цинични.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Напротив, тоа е попрво зашто конкретните стереотипи што мислел дека ги застапува мојот предмет, ете, случајно беа во споротивност со гордата и „позитивна“ слика на мажественост и достоинственост што тој ја имал за себе. ‌Ете на што мислел Џон кога рекол дека стереотипите даваат „искривен впечаток за геј-мажите во Америка“: тие не разграничуваат помеѓу сексуалноста и родот, не ја разграничуваат машката хомосексуалност од женственоста, не го признаваат постоењето на геј-мажи што се однесуваат и изгледаат стрејт, не ги издвојуваат тие мажи од нивните деградирани, женствени собраќа и не им ја овозможуваат општествената угледност на која полагаат право со својот многупофален родов дострел. ‌До такво признание, всушност, тешко се доаѓа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не мисли дека земјата и рајата ги држиш само со својата сабја, туку подобро имај на ум дека земјата е првин сопственост на бога, а потоа од пророкот, и овој само по заповед на Алах ти ја подарил.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Те нарекував со најмилни имиња кога ќе ти беше мака, злато, срце, душо…, а сѐ потешко и потешко ти беше, цели ноќи не спиеше и јас не можев да спијам од тебе…, мислам дека главата ме печеше од умор и од неспиење.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Многумина им се радуваа. Или мене така ми се причинуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во почетокот тоа воопшто не изгледаше сериозно, мислевме дека тоа е само минлива фаза во неговиот живот, но веќе дојде пролетта и тој не излезе и сите почнаа да се прашуваат што се случува внатре.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сите сме со ист состав, зрачиме едни кон други со сопствената енергија за која мислиме дека е само наша – продолжи старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Меѓу управувачот и седлото имаше метално седленце во кое совршено се вклопуваше перниче и мојот мал задник.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Не го одобрувам сегашниот бран на насилство, кој го гледаме на филмскиот екран, и мислам дека е нужно убиството да се сведе на чувство.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не му одговарав ништо, а тој сам коментираше, највулгарно; на пример, ме праша дали би ја заменил ученичката Луција со една коза, оти тој би можел да ми најде коза од неговото село, кога веќе мислам дека козите се толку сексапилни.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Бев млад, зелен и глуп и мислев дека треба да ги носам со гордост.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тие мислеа дека сум оградисана.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Како кутре кога намирисува коска итаме кон врвот и си мислиме дека не се гледа колку весело ни вртат опашките.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Имам толку љубов за сите, што ми е страв да ја искажам некому, зошто ќе мислат дека сум луда.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Мадам Рада Мојот практичен ум цел ден ме тера да мислам дека можеби е време, и тоа крајно, да вметнам нова шифра на дејност во мојата фирма загубар, која нема да бара многу средства за вложување, а маркетингот ќе го прави самата задоволна клиентела, по принцип „од уста на уста“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И сега не знам дали додека тоа се случуваше разговаравме нешто со него; мислам дека не.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Овие наредби беа почитувани и, по ова, мислам дека немало примери на малтретирање“128.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
— Нека кршка, нека кршка, Неговиот правец е преку река, — им рече тој на јузбашиите и прати едно одделение да ги извести оние јузбашии, што беа по левиот брег на реката за да се приберат кон селата Вепрчани и Гудјаково и да го чекаат арамбашата Толета со неговата дружина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Или земи го Томас Ман за пример, тој стартуваше навистина млад, мислам дека „Буденброкови“ ги напишал како дваесет и петгодишник, а и „Смртта во Венеција“, која, колку што се сеќавам, многу ја сакаш, и „Тонио Кригер“ се рани дела.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Големите уши слушаа: „Мислам дека би требало да се вратиме во ракетата, капетане.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Малото дете врескаше од страв и ја криеше главата во нејзините гради како да се обидуваше да се закопа во неа, а жената ги ставила своите раце околу него и го смируваше иако и самата беше модра од страв, за сето време покривајќи го колку што е можно повеќе како да мислеше дека нејзините раце можат да ги одбијат куршумите од него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сѐ повеќе мислеше дека станува никаквец. Што сега? се прашуваше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Има право Кожинката кога тврди дека сите околности укажуваат оти момчето може да го бара татка си токму помеѓу поединци од мојата единица.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сѐ што не си јал мислиш дека не се јаде, вели. Ја закачувам потката во градината и гледам дали никнал босилекот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пак студи во Москва и нема спас од разграканите нови птици кои мислат дека дошло времето кога можат секому да му се посерат на глава и дека тоа е најплодотворниот начин за општо усреќување на човештвото.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Како што укажав ова беше многу сериозна и трогателна тема - јас жестоко го обвинував татко ми дека е атеист.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Погледот ѝ беше како поглед на луд светец: опсесивен, телесно измачен, но не ми беше грижа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Иако луѓето мислат дека e-mail комуницирањето е нешто што те изолира, заковува за екранот, со самото негово сместување во еден социјален контекст каков што е кафето, изолацијата се намалува.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Али јеби га, ипак мислам дека се работи за сугестија шо кај 50% од луѓево ќе ги држи едно 6 месеци и ќе веруваат у тоа дека стварно среќата ќе им залупа и на нивните порти.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во едно интервју од 1978 пак рече: “Кога би ми рекле дека вечерва ќе умрам, мислам дека би се чувствувал мошне среќно”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мислам дека не знаев да ја читам Луција, да го толкувам јазикот на нејзиното тело.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мислам дека и на работа, во бавчите, додека копа, земјата ја натопува со солзи.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Станав рамнодушна кон одржувањето на редот на секојдневието, прашината се пластеше по подот и витрините, по ѕидовите и лустерите висеа пајажини, чиниите остануваа со денови неизмиени и фаќаа мувла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Овие двајца стоеја пред него и мислеа дека го прелажуваат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Којзнае можеби еден ден станувајќи рано в зори ќе бидеш сведок на некој неверојатен настан кој решил да се случи за токму тебе да те направи славен а ти суетен поет кој дотогаш само за природа си пеел и мислел дека си главен неверуваќи им на своите очи ги затвориш кепенците од куќните одамна дотраени прозори и нишајќи со главата во негодување на она што пред тебе животот го точи длабоко ќе воздивнеш велејќи: – одамна заминаа моите возови 2006
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Сите тие се снажни креативни личности okno.mk | Margina #22 [1995] 83 и без Зеро, но мислам дека Зеро е добра состојка во сите наши кариери поединечно...
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Мислите дека е можно политичката и комунална слобода да ѝ бидат контратежа на слободата ориентирана кон потрошувачка?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тики: Зошто?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сè некако си мислев дека првичниот стих ми бил поубав.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Докторе?“ „Да Чарлс?“ „Можам ли сега да одам на училиште?“ „Мислам дека ќе можеш, утре. Многу бодро звучиш.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Искрен да бидам, пријателе, си мислам дека ми се потсмеваш од прозорецот на твојата соба во соседството: џабе ја пеевме Интернационалата со Енцесбергер во Струга, кога сега, велиш, „Аврора“ е посрамена пред Нахимовската академија, а оној Евтушенско пак ќе да е во право кога вели дека од животот исчезна смислата.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Во тие три месеци ние ги пресвртевме позициите од син на татко па на син.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ралфи продолжи да оди, но не верувам дека сакаше да избега. Мислам дека се предаде. Можеби знаеше против што се бориме.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
„Јас мислам дека повеќето овде не би имале ништо против да бидат избркани од Гнездо по карневалов.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Остануваше на прозорецот сосема неподвижен, со сите тие врескања во себе, и со еден човек, со еден пронајден лик во сеќавањето, за кого што тој ни еднаш не мислел дека го има сочувано во себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Всушност мислев дека иштавот за сон многу е поголем кај младите одошто кај нас.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Потоа Клара самоуверено ќе ја измазнеше косата, ќе си пратеше бакнешче во огледалото, се разбира, упатено кон нејзиниот лик, за кој таа мислеше дека е крајно отмен, и во цврст од, сигурно ќе закаскаше кон излезната врата.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Мора да го гледате спотот (го има на Јутјуб и на ди-ви-дито од Соник јут, „Корпоративен дух“ (Corporate Ghost): спотови, 1990 – 2002) од 2004 година).407 Во контекстот на печатена книга, најмногу што можам да сторам за да го доловам општиот вкус на спотот е ако ставам неколку стоп-кадри од него.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
По еден час и Бошко Манев, кога дотрчаниот Танас му кажа, исто така знаеше што го чека зашто арнаутскиот обичај на сите им беше познат: кога некој ќе ти плати за сѐ што кај тебе јал и пил – тоа значеше дека има право да ти одмазди како што сака за она што мисли дека си му го сторил.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Извини“, прошепотев, упатувајќи ѝ еден кучешки поглед на каење. „Не знаев.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во авионот мислев дека си некаде на другата страна и дека ќе ми мавнеш.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Бахтијаровите Анадолци во верига ги претресуваа не само селата, колибите и пештерите каде што можеше човек да се заклони, ами и сите смреки и грмушки, небарем зајаци бараа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Роберт Кенеди беше убиен, но јас бев толку изгубен што воопшто не ми паѓаше на памет дека тоа е второ убиство на Кенедиеви - мислев дека тоа е така кога ќе умреш, тие убаво ќе ти ги пуштат сите работи кои ти се случиле во животот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во првиот час кога го отворија вратничето, кога се најдовме очи в очи со Големата вода, мислев дека сепак некое од децата ќе прибере малку сила и ќе излета, ништо не ќе може да го задржи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Не туку фолирај, мислиш дека не видов дека ти се допаѓа? – му свикав на шега. – Не била лоша! Море, авион е за тебе!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За три до пет години ќе бидете во можност да ја пробате виртуелната реалност, на подобрите универзитети, во спектакуларните забавни паркови за кои сепак мислам дека нема да бидат вредни труд...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во тие моменти мислев дека сѐ може да се реши со разговор. Сѐ правевме заедно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Јас пак, за да не мислат дека ми го откорнаа јазикот, им потфрлував понекој нашински збор.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Всушност, заемната привлечност меѓу машкиот и женскиот пол (Невестата и Младоженецот во делото на Дишан), може на алхемијата да ú даде аспект на архетипско или филозофско искуство на љубовта, едно доживување на среќна или несреќна љубов (зашто алхемијата е место на соединувањето), но, исто така и на едно непрекинато и фрустрирачко одложување на љубовта - поради тоа другите критичари мислат дека “Големото стакло” ја претставува историјата на онанистичката љубов без крај - токму она што е крај - непостоењето на крај на љубовта кон знаењето или на филозофската љубов кон “Ученоста” (кризата на идентитетот на современиот интелектуалец).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Постојано сум мислел дека објаснувањето за неуспехот на претставата со тоа дека публиката ништо не разбира- значи да се лажеш самиот себе“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Маловата невеста Тода, други мислеа дека Крсте се оближува околу зелничето, мазничето, питулиците што ги носеа постојано Неда и Стојан и ги делеа со Крстета, трети мислеа трето, четврти — четврто, но никој, па ни самите тие не можеа да објаснат како се спријателија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Седнав во таксито, па си мислев дека сите знаат што ми се случува.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Меѓутоа, мислам дека за кратко време, најмногу месец, ќе биде остварен првиот чекор на големите луѓе.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Јасно беше, тој мислеше дека лесно ќе ја заведе и се кривеше во лицето напрегајќи се да се допадне. Смешно зло.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Турските дипломати се лажат многу ако мислат дека повеќе ќе ја зачуваат Турција во Европа ако се придржуваат според политиката: divide et impera.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мислев дека те разонодува, велам јас.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Мислам дека многу касно на насловната страница на еден наш дневен весник се сретнав со репликата: „Ај речи му многу лајна да не јадат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А. ПАВЛОВНА: Не, ништо, мислев дека оваа е од старите вилушки.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Тато, мислам дека Адам и онаа... Ева, сепак, постоеле.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Си реков, кога ќе ја видам оваа длабнатинка ќе се сетам на овој ден.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Му објаснив исто така зошто мислам дека ве испраќале во парови да го барате златото.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Како да не, го оставаш, ајде те молам, баш напротив, секогаш му стоиш над глава, детето нема мир од тебе – ѝ се нафрли тета Оце.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А си мислеше дека ете сега ќе ја фати за плетенки и ќе ја заврти да и погледа во очите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако почнеше да грми силно, а бидејќи баба ми нѐ учеше дека дедо Господ кара некого кој греши, јас никогаш, до голема, не се плашев од гром, зашто мислев дека ништо не сум згрешила.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Откако се уверил дека луѓето и воловите не може да бидат видени од ниедна точка на патот, Онисифор Проказник нашол засолниште од кое сета околина му била пред очи како отворена дланка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ричард Флод Дневниците на Енди Бјанка и Халстон сега личат на вистински пар. Како од романса.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Лично мислам дека Ворхол всушност умре денот кога го застрелаа 1968.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Харнад: Не мислам дека даде каков и да е неарбитрарен разлог за воопшто да го направиш ова тврдење. 72 Margina #3 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Мислиш дека не беше вистина, дека не те сонив тогаш?
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И мислам дека борејќи се со вакви размисли бев на пат да совладам цело едно брдо ќебапчиња во ќебапчилницата на Кире Сомунот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
КРИСТИЈАН СИРИЈАНО: Не.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мислам дека Филозофот шега се бие и со тебе, и со казната твоја.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А тој беше гас и гаќи со преседатељо на општината мислеше дека нему никој ништо не му можи и тој, заедно со овој Војнета наш мене ми ги имаше пуштено партизаните да ме убијат зошто сум бил кмет и сетне со нивни ниспет партизаните ме затворија а и уште да можи нешто најлошо тие мене ќе ми го сторат зашто тие сет вногу лоши луѓе ама и овој партизанскио суд што не ет суд туку суди само накодошени луѓе мене мана не можеше да ми најде и ме ослободи ама Трајко Казиловски и Војне мене дрвата не ми ги имаат заборавено и ако им дојде на колај тие мене пак и најлошото ќе ми го направат“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сандре Самарија, човек со изглед на тромав гусок, ја извлекол главата како од под крило. Очигледно штотуку се разбудил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега мислам на сето тоа без страв, односно не мислам дека тоа е поужасно отколку кога тие луѓе би издивнале од нешто друго…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На лицата им лазат муви, а тие мислат дека се снежинки, вели, привиденија, и стенкаат, викаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ацо, постариот сопатник, кој во селото оставил големо семејство, додека го ставаше преостанатото јадење од појадокот во торбите и кутиите, сепак малку подзастана и, некако повеќе за себе, рече: „Зар мислиш дека ми е арно таму каде што сум?
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Гламурот и луксузот си се во ред и несомнено многу пожелни, но не се нужни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Многу наши писатели мислат дека е потребно само членска партиска книшка и да станат „Капо ди тути Капи“ во писателската асоцијација, то ест во издаваштвото.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Си мислат дека пукањето било за мене и ме вратија пак во Костур.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А сабајлево мислев дека за еден ден се ќе биде готово... очигледно уште сум нов во оваа фирма...и по малку наивен, како секој револуционер.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Не зашто ќе мислат дека бил прав, туку зашто се крв од неговата крв.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Си мислев дека никој во класот не ме сака.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Мислат дека ним и припаѓаат најсвежите, најздравите, најјадрите плодови, од најродните, највисоките дрвја. Очите и се полни сјај, а погледите неба.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Со отворањето на „Фондации нанадежни граѓани”, т.е. сперма, би се спасила и интелектуалната елита во светот, односно ние како потомци на Александар Македонски мислам дека и културолошки би дале придонес во развојот на светската цивилизација.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
На моменти си мислев дека тоа не е убаво од мене и дека, можеби, жената е многу добра и не заслужува јас да ја избегнувам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Мислам дека успеав во тоа. Не знам.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Си мислам дека и дрвјата тргнале да одат и, идат право на нас, ќе нѐ газат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дилејни мислел дека ќерка му сѐ уште е невина во поглед на таквите конвенции – дека сѐ уште е табула раза, неиспишана плоча.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако јас се прашував мислам дека најбоље е да ја воведеме МОНАРХИЈАТА како државно уредуење.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Јас мислам дека воопшто не ѝ е тешко. Така само зборува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Карамба-Барамба пак се преврте преку глава.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Ако возрасните гаврани можат да ја изразуваат својата лутина со непрекинат и неразбирлив говор, двете млади гавранчиња, обидувајќи се да ги употребат своите крилца под старателство на многу грижливите родители, сигурно мислат дека се испилени само со една единствена цел, да ги вежбаат своите белодробни крила.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А потоа, за да ја олабавам малку ѝ велам: „Можеби тие несреќници мислеле дека таму е закопано азното на Султанот! Па тргнале да го ископаат!“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Затоа, мислам дека тоа засега ќе остане во приватната фиока.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Алфред Казин беше во право: најстварното нешто во Борхесовото дело е неговиот ум. И Борхес тоа го знаеше.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога сите мислат дека си во депресија, тогаш најмногу твориш.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не запеал и не се напил со нас никогаш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
колку патрони чеиз му донесе на Горачинов, ми велат, да имавме ракија, вели Горачинов, ќе ве викневме на блага ракија, и ќе фрлавме пушки, вели, свртете на друго, вели Ристо Коларов, здравувајте нѐ в образ, бацете ни рака, вели, не го погоди моментот, вели Горачинов, историскиот момент, ова не е свадба, туку свадбено патување, вели, дури си млад сѐ можеш да кажеш, што се вели, сѐ ти се може и сѐ ти прилега, и јас гледам како се стемнува и како цело небо ни слегло во морето, сосе ѕвезди и сосе месечина и си мислам дека сме тргнале по небото, сме се закренале на некоја пловидба меѓу ѕвездите, целата сум зашумолена и пренесена некаде, некоја голема умора ми се обесила на клепките, ми натежнала во коските, нешто гледам, а повеќе не гледам, како до половина да сум заспана, завлезена во сонот;
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оф, колку беа озлобени, мислиш со прсти ќе им ги искорнат срцата. Туку нѐ разделија.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога мислев дека ништо нема да биде од оваа работа, уредникот на "Цвет" сам ми се јави, ми рече дека само што почнал со читање и дека мојата книга му се допаднала, но ќе му требаат неколку денови да ја прочита целата.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ете, тоа е отсутноста од актерската игра за која мислам дека се случува само во нашиот театар и за која немам никакво оправдување.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но тој, сепак, мислеше дека нив ги очекуваа поприоритетни прашања, кои ги актуализираа нивните обединети книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мислам дека животното се фатило со заби за гранката за да ѝ се спротивстави на водата“ ја уверуваше нејзинио маж.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Оти јас мислам дека и така ти не би могол да ја оставиш Антица дома сама.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Но, всушност, мислам дека го има.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сепак чекорев со сенка на продуван страв врз тилот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Горе, скриен зад стебла, ја гледал како стои со секира в рака и без движење свртена кон далечините, осаменички исправена и горда, со ослободена коса.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- А ти мислиш дека човештина има во сето ова што го правиме?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Си реков, сега кога ќе си заминам, ќе си речат нешто лошо за мене.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
По цели денови Филозофот минуваше качен на карпата, на папокот на светот, препишувајќи го чудното сочинение на книга, со калем; неколкупати сонцето го удираше во главата и тој се занишуваше, и сите мислевме дека ќе падне и ќе се здроби.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Морав. Мислев дека, ако ми дозволи да поразговараме, ќе направам да се тргне од тебе.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во собата настапи тишина. Мислам дека тоа беше причина да се слушне предизвикувачкото смеење на Самоников.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Голема убавина, ќе рече некој, мислете дека сте дома.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако мислите дека ќе излезе интересно, ајде и ние да погледаме малку сеир како се пече попчето живо на жарот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Возбуден и без здив, со чувство дека е и самиот со дупнати гради, Онисифор Проказник го гледал сето тоа со замрзнат прст свиткан околу чкрапецот на кобурата и можел и самиот да се прослави со своите стрелци: еден од противниците просто како да му го нудел челото. Сепак - не можел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Колку бев наивна и мислев дека со сета нега што ти ја даваме дома, малку ќе ти се подобри состојбата, но тоа не се случи.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
А откако ќе се оконча, како си го нарекуваш следниот љубовник?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Откако отец Иларион направи подолга пауза, полковникот Бонети ја искапи чашата, и како да имаше желба да спори, му рече на отец Иларион: - Јас мислам дека и душите на животните одат на небото и продолжуваат да живеат таму...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
МЕШАЕВ: А јас мислев дека тој е веќе тука, кај вас.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Мечката мисли дека родот на дренки ќе биде голем тогаш кога ќе ѝ се пријаде.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ме гледаше како страдам за него и мислам дека во тие моменти најмногу уживаше.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Какво е значењето на тој гејски стил на изговореното?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Нема врска Алек, Бојана нежно помина со раката на неговиот образ. – Имаш нешто на устата, мислам дека е паста за заби.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
А сега мислам дека е време да се влезе тука, во онаа врата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тука бев можеби и посигурен”.  „Господ нека ни е на помош”, му рече во часот на разделбата.  „Мислам дека ќе одам на друго место”, му дошепна Готлиб гушнувајќи го за потивко да му дошепне: „Сега не е време да се биде дома”. 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ќе ме драсне некогаш, а јас мислам дека среќата со гола рака ме фатила за лице, за срце.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Осоколен од љубопитните очи на девојчињата, кои со нетрпение очекуваа да дознаат зошто сум ја зел скалата и каков мајмунлак сега готвам, го презедов најинтересниот подвиг сам со себе, оти човек себеси треба да се запознава цел живот, оти може многу повеќе да стори одошто мисли дека може, и одошто општеството, преку дипломи и документи му кажува дека може.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сега мислам дека зачестениот жанр на речникот - којшто ги напушти своите лингвистички рамки и се пресели во книжевност - во постмодерното време не е поттикнат од носталгија, како што се чини на прв поглед.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Реков не. Мислам дека го реков и твоето име.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Си мислев дека кога ќе се симне за ручек сè ќе му раскажам и можеби ќе го сфати тоа и малку како поезија.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тие не можеле да бидат сигурни дали на тој начун "ќе ги спречеле Германците да ги употребат нив против Југославија и Грција" или со тоа тој мислел дека Македонците "би биле корисни, затоа што тие се родени диверзанти и терористи".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
„Но, мислам дека тешко се доаѓа до влезница.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Всушност, мислев дека воведувањето на еротизмот во живот е единственото оправдување да се направи било што.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не мислам дека индустријата за забава ќе биде во можност да ги наметне старите модели на филмската индустрија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Да, токму така, јас мислам дека е тоа една нејзина голема, огромна грешка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Што се однесува до смртта на нашиот колега, мислам дека е во прашање погрешен чекор.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И понатаму Грофот ја користеше тупаницата и бирото. – Со оној твој исказ алудираше значи на тоа: дека постои заговор или манипулации во врска со твојата личност. И вистински мислиш дека е така?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На Милка ѝ е убаво во неговиот стисок, темница е и никој не ги гледа, децата фрчат, само оваа Родна се залепи до нас и овој мојов пес ме стиска мене а мисли дека е таа!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Да мислев дека удирам на Мусли бег а не на едно дете, рече Дамче, не знам дали не ќе се направев и слеп и глув за маките на старецот Јанчески.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Продолжи, свесен дека тоа што го зборува мора да звучи истовремено и неубедливо и претенциозно: „ Ние мислиме дека постои некаков заговор, некоја тајна организација што работи против Партијата и дека вие сте замешани во тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Читам така, ко во треска, мислам дека и својата несреќа ќе ја најдам таму.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Лиле ѝ раскажуваше на Марија за новото работно место: - Некои мислат дека дактилографската работа е здодевна.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во почетокот мислевме дека тоа го прави на шега...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А јас, дедо Пандо, таму горе, каде што логорувавме, цело време си мислев дека нема да се видиме.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Не, овој кентаур со мајчино млеко на брадата, мисли дека знае сѐ за мене, откриваше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Со една мала забелешка: бев свесен дека не смеам да се залажувам со површниот заклучок дека станувало збор за знак или најава преку која некоја непозната сила се обидува да ми ја подотвори вратата на шпекулациите овозможувајќи му на она што еднаш веќе протекло повторно да се врати и да ми се придружи...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислеше дека ќе крикне, ќе замавне, ќе одмазди нечии три исечени маслинки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А ти? Мислиш дека е доста да ги разбираш?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Првиот расказ го има објавено 1975-та во списанието Esquire (“Срцето на шампионот”), а неговиот расказ “Симнување на човекот” му ја донесе тутулата на херој на подземјето, продолжувач на раните експерименти на Барт, Пинчон и Т. Робинс.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Велам: - Јас кога ќе си легнам, мислам дека никаде нема празно место за сонување.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога би го заклучил овде мислам дека за кратко време одлично би се сложувал со Чедо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мислев дека те најдовме, Сендии, но ти всушност нѐ најде нас.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Оној веќаваше, оној плачеше, поземајќи ги парите од Башмајсторот, оној дури и му баци рака на Башмајсторот, беше една голема, корава рака, испукана од делкање камен и од варта, сите мислеа дека не можеше да се стори ништо, ни една трошка, поинаку; сите тогаш мислеа дека е сега готово, дека по ова на оној ќе мора да му дојде умот, а Башмајсторот ја тргна својата голема рака, помолче, помолче, а после рече: „Чуј, сине.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„ Јас мислев дека ние отсекогаш сме војувале со Евразија“, рече незаинтересирано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
10 мај Врти-сучи, мисли-премисли, сепак, мил мој, мислам дека многу млад отиде, на 58 години…, а требаше уште радости да дочекаш во животот…
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Тогаш мислев дека проблемот е во нив, но сега мислам дека знам во што била работата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А Славчо си мислеше дека Сурко разбира што му се зборува, па затоа приказните што ќе ги чуеше од баба си му ги раскажуваше нему.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тој навистина се најде во замка.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Џејмс Џонс, на пример, кој се запишал на курс кај некоја образована дама чии студенти ги имитирале стиловите на многу познатите писатели... еден месец Хемингвеј, еден месец Грахам Грин, итн. Мислам дека ова е добра вежба.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сакав да вградам сѐ во една единствена сеопфатна теорија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мофашите си мислат дека се кренале мртвите и одат на нив, ќе им ја вадат душата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Воопшто не го забележуваат потрошувачот. Sillicon Valley на многу начини потсетува на дигиталниот Детроит. u Но, многумина мислат дека Sillicon Valley и подрачјето на високата технологија се едно и тука идеите би требало сѐ уште да имаат своја вредност: младите претприемачи добиваат “Venture kapital”, а големите претпријатија се на лов по нови идеи. 92 Margina #17-18 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кога нѐ здогледа како задишани, со Бреза в раце, се качуваме по стрмните скали, Тони се исплаши, мислејќи дека нешто сташно се случило. Се стрча по скалите и ја грабна Бреза.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Грот: Се прашувам дали таквиот импулс сѐ уште постои.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сите што го видоа тоа истото ѝ го рекоа. Само таа не.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Заминала дома со плачење, и цела ноќ ги читала моите песни; се проверувала себеси и својата партиска совест, и во песните не нашла ништо посебно штетно за Партијата и здравиот народен дух, освен што и понатаму мисли дека тие песни биле несоодветни за приредбата во училиштето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Само еднаш Роза ја подотвори вратата од неговата соба, и пред да ја затвори, рече: “Постојано мислам дека ќе се врати.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Трајко и Велика си правеа план за децата, и една вечер, мислејќи дека Анѓа спие, во темнината под покров почнаа да си разговараат: – За Јована ни даваат невеста и ќе земеме, туку и за Анѓа треба да мислиме – ѝ шепотеше Трајко на жена си. – Што има за Анѓа да мислиме?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Имаше време кога мислев дека мојот живот би немал вредност доколку не го искористам за да ја извршам мисијата што ми ја довери Господ Исус: да им ја проповедам на луѓето Радосната Вест за Божјата милосрдна благонаклоност...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Имав приказна од еден извор и мислев дека тоа е општ ефект или општ начин на кој луѓето се однесуваат, место да дадам и многу други информации и да видам како конкретната приказна се вклопува во нив.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тогаш мислев дека таа болка нема да заврши, мислев дека очајот вечно ќе трае, не знаев дека се разделував од нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мислев дека ме сфаќате“ студено го дочека Иван и, за миг, во очите како да му блеснаа црвени кандилца. Одлично го сфаќаше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Со кикотот замолкна за кратко, а потоа направи изненадувачки пресврт во гласот и над мене го слушав нејзиното кажување со зборови раскршени како срча: „Еве, цицај и мисли дека ја задоволуваш мојата потреба за мајчинство само за да се ослободиш од вината која, знам дека ти тежи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Младинците сметале дека тој амблем - гемија на суво - најмногу одговара на нивната определба и разбирање: лица кои што мислат дека патот што го следеле сите обични луѓе стремејќи се кон егзистенција, бил несигурен, зашто на крајот, при постојните општествено-економски услови во Македонија, тој пат водел кон неуспех.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Да не ти ги носи куферите на снимање?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Никој не му го знаел името на убиениот а тој одбил да открие кој е и од каде е.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Бидејќи никогаш дотогаш се немав заинтересирано каде е влезот на зградата во која работев, иако луѓето кои честопати грешејќи ќе влезеа директно во мојата канцеларија, мислејќи дека тоа е вистинскиот влез, јас ги упатував странично, каде што и беше логично да биде влезот на зградата.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Мислеле дека се родени надвор од својот природен елемент, дека имале некое тајно царевно потекло – дека биле кнезчиња што по некоја зла судбина, од таинствени причини, онакви новородени биле дадени да ги одгледува семејство на селанчишта и дека само го чекале денот кога ќе им се обелодени вистинскиот идентитет, кога ќе се развражи вражбата и кога конечно ќе се ослободат, ќе се ослободат од здодевните секојдневија на обичниот живот меѓу нормален народ и кога конечно ќе се вратат на местото во општеството со богатите и славните што по правдина им припаѓа, во друштвото на убавиот и најпрефинет свет.259 Копнежот по живот во естетска милост и во естетска хармонија, во сетилен раскош и задоволство, поривот да се издигнеш во светот и да се дружиш со повисоките сталежи, стремежот да стекнеш, собереш и да трошиш – да се опкружиш со убавини, реткости и скапоцености или, во случајот на Пол, со „згодни работи, со придушена светлина и со свежо цвеќе“ – сето тоа почнало да ја симболизира суштината на извесен вид машки геј-субјективитет, и тоа уште од времето на Оскар Вајлд.260 Во својата неисцрпна студија на Вајлд и на машката геј-култура, Нил Бартлет му посветува цело поглавје, насловено „Сопствености“, на односот на геј-мажите кон нивните ствари.261
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Авторите на Џумајската авантура, коишто дејствуваа од името на бугарската влада и бугарскиот дворец и кои што ја повторуваа 1895 година... и ги дадоа сите адути на турската влада, а потоа и на српската и на грчката, коишто секогаш гледале лакомо на Македонија, да мислат дека македонското население е просто орудие за спроведувањето на политиката на еден внатрешен државен актер и дека, следствено, треба да ги преземаат сите мерки за осуетување на неговите планови.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ајде сега од ова гледиште да им се навратиме на италијанските вдовици од Фајер Ајленд.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- И самиот рече дека некој настојува да ја скрие од тебе вистината, или нешто слично – ме враќаше на поранешниот исказ Стариот писател – па и да е така мислам дека не треба да се злоупотребува едно вакво толкување на нештата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ова објаснува зошто ужасот може да сосуштествува со урнебесноста во поетиката на машкиот геј-дискурс, а човечките неволји, како што е епидемијата на ХИВ/сида, може да станат средства за пародија без најмала импликација на свирепост, дистанција или одрекување – без онаа „моментална анестезија на срцето“ за која филозофот Анри Бергсон мислеше дека е нужна за секоја комедија.197 Според некакво хетеросексуално и хетеронормативно културно мерило, кое ја мери искреноста на јавните сентименти според тоа за колку стрејт треба да се сметаат – според јачината на нивното категорично одбивање да ја признаат сопствената перформативност, според нивното свечено клонење од секакво признавање на театралноста или на играњето улоги, на секаков дослух со својата публика околу формалната или конвенционалната природа на нивниот израз и околу недозволивоста на нејзиното признавање – според тоа мерило, велам, сигурно би изгледало дека италијанските вдовици од Фајер Ајленд си ги тривијализирале чувствата, не си ги сфаќале сосема сериозно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Денес не мислам дека на било кој начин ѝ припаѓам, ниту имам какви било планови со неа.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Г. С.: Да го дадеме на неколку колеги и да ги видиме реакциите затоа што мислам дека оваа книга може да функционира само како целина.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Анархијата тогаш не ме интересираше премногу - вистински се интересирав за неа последниве три години - така што многу луѓе кои сега ги познавам и кои имаат силни политички убедувања тогаш не ги знаев, но многу луѓе кои тогаш ги знаев сега развија политичка свест, како и јас.  К: Тие би можеле, како и младите луѓе во Италија. а мислам дека и овде тоа пред се ќе биде случајност, да уживаат... во неконвенционалното истражување.  Б: Не знам.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Трубадурот внимателно ги ислуша неговите зборови. Имаше слушнато многу нешта за Кинг Џејмс.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А, јас се подготвував за еден од оние патетични и непродуктивни брифинзи со новинарите и со лицата на функции кои мислат дека го менуваат светот и ѝ ветив дека штом завршат со интервенцијата и јас со обврската веднаш ќе дојдам да ја видам.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
По дознавањето дека е утужен, работодавачот реагира различно спрема конкретни поранешни вработени, обидувајќи се да ги компромитира и да внесе неслога меѓу нив – па така, на некои од нив им понудува да ги врати на работа, а тие за возврат да ги повлечат тужбите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Немаат тие нешто конкретно против мене, ама ете мислат дека јас како тикварка која пропаднала на два глупави факултети, не го заслужувам тоа.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Навистина имаше право, кај неа љубомората беше маска, или купувања на некои права кои когаш- тогаш ќе ги искористеше!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Гронинг: Навистина е жално што се печатат толку мали, но барем содржински стануваат поживи.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Разгледувам наоколу, сè изгледа за нијанса потемно, а јас мислам дека е навистина поинтересно кога гледам од аглите на очите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тие што лажат, не веруваат никому, затоа што мислат дека сите лажат.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Мислам дека и вистината може да ни понуди неодреден број варијанти.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Змејко никогаш не мислел дека можат на еден таков начин да бидат ставени в џеб луѓето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Попов нека ми го благоислови зборот, ако мисли дека сум постапил како што е ред.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тоа е големата разлика меѓу Бодријар и мене: не верувам во симулационизмот, мислам дека и самиот збор е веќе застарен.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Можеби возрасните мислат дека децата не можат да бидат несреќни до смрт, ама ако мислат така јас сум сигурна дека ништо не научиле во текот на животот и попусто им се годините што ги имаат и искуството што го стекнале.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Приспособи се, божем имаш улога во фарсата! А да не мислиш дека нам не ни е здодевно и постојано ни е до смеење?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Е, ама имав врски и две-три попатни провокации, и грижа како за кралица, па сум ги побркала лончињата мислејќи дека ова, третово искуство, ќе биде еквивалент на несење јајце од една кокошка во поодминати години.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Прочитај ако сакаш... Секогаш си мислам дека доволно сум научил и дека сосем сум го разбрал Господа, та се обидувам тоа соодветно да го запишам, за секогаш на крајот одново да сфатам колку малку знам...“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не се сеќавам што сѐ сум можел и да помислам а камоли да ги ископам од умот зборовите што сум ги употребил!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од споредниот пат што подолу од свијок ќе се забуца во пролоканата стврднатост на царскиот друм, во неговата груба едноличност, се издвојувала врвица и, несигурно кршкајќи меѓу безимени грмушки со празни зајачки легала, се губела во дабов густеж во чија проредена 'рѓа се таложело мртво спокојство. По таа врвица се тетеравел Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе ве избркам ако не работите? okno.mk 165 Господинот што мислев дека е директор пребледе, тажно ја спушти главата и седна на своето место.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Која било од овие промени ќе можеше да се квалификува како значајна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И, додека си мислам дека мојата срамна прошетка заврши, професорот им објаснува на децата, од кои јас сум една рака години постара, дека сега „пациентката ќе ја полнат со воздух“, па ќе ја посматраат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сето ова го дознав подоцна, зошто во тоа време бев многу наивен; сакам да кажам, ако не видиш некого дека се боцка, не можеш ни да поверуваш дека тој тоа навистина би го направил.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мислам дека ти беше виновникот што мачорот се пресели на багремот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Извор: Flash Art, Summer 1994 Превод: Венка Симовска okno.mk | Margina #10 [1995] 119
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но еве, слушнете го и следново, мислам дека и овој податок укажува на некои значења, а можеби може и нешто да дообјасни: тој Ведран само трипати наврати кај мене, под Сина Скала. Потоа исчезна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вечерта Мане ми предложи: Милке да одиме на вечера.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Но иако и двајцата се сложија со тоа, сепак Павле не го поткошкна баш онака палтото, како што правиме обично со старите алишта за кои мислиме дека не се повеќе за пред свет.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А постојано мислев дека сум нешто посебно.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
А трети мислат дека сам Бог ги создал буквите.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Го има и во чоколадото. Така, постои можност...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Камерата со возење му приоѓа на еден цвет, а во позадината се слушаат шумовите од борбата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Општествената еднаквост на геј-луѓето сама по себе нема да го направи светот геј.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Чинела – нечинела, што да правам, јас во тој момент лошо се чувствував и мислев дека ништо не може да ме утеши..
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мислам, ова би било кул место за да се посети.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Можеш да тврдиш што сакаш, но ние сепак слично размислуваме - ѝ реков и мислев дека не грешам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислев дека со него сѐ можам, сѐ, што и да посакам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Митот за убаво пишување е дел од буржуаската одбрана.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога ја слушаше професорката, Мајка сета се собра како клопче во столчето, мислејќи дека и јас сум во безнадежните две третини.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Ве молам, кога ќе се врати Луција на училиште, внимавајте малку на неа; знаете, таа е во еден вид депресија; мислам дека тешко се снаоѓа; некој од класот ја навредил со некое ливче-шеталче по класот и напишал нешто недостојно за неа; замислете, има луѓе кои и тоа го прават, па за жените пишуваат гадости; не се сите како Вас па да им испраќаат рози во песни“;
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога од некои наши актери би се побарало да опишат еден од своите работни денови, мислам дека најголемиот број од нив ќе бидат толку далеку од описот на работниот ден на Јорн Ријгелс Вимпел колку што ќе бидат забодените лактови на актерот на шанкот од театарскиот бар од оние што се лижат по даските на сцената што живот значи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Доаѓајќи кај вас, предмалку, мислев дека нема да успеам да ја ставам ногата на последното скалило низ кое се симнува мојот брат.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
НОРМАЛНО ДЕВОЈЧЕ - Претера – рече Игбал – мислам дека и самата знаеш дека претера.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мислам дека по ова е готово и со твојата стипендија за студиите во Берн“, рече Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не, случајностите и однапред планираните намери сепак не одат заедно!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јас го застапувам дишењето на нашиот млад свет, ништо повеќе или помалку!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- А, па мислев дека нема да ми отвориш.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тој добро знаеше дека покрај научените јазици на Балканот, како штитови со кои и мајка со нивното знаење го одбрануваа семејството во времиња на војни и дека најтежок да се совлада беше јазикот на тишината, кој има своја посложена синтакса од јазиците на зборовите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не мислев дека еден ден ќе се открие мојата соработка со Мариела.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Замина како непрочитано писмо грижливо сместено во пликото.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Македонија ја признаваат за бугарска во етнографски однос, но мислат дека е излишно да си ги трошат силите за да научат нешто за таа земја, затоа ништо не знаат за неа ни од историјата ни од географијата и етнографијата нејзина, освен дека има таму чети и востание, на коешто треба да му се помогне само со лотарии и не со самите себе.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во кратката проза “четири циклуси” тој дава преглед на четири раскази: еден за град што го опседнуваат и бранат храбри луѓе (Трои од Хомеровите пеења); друг, приказна за враќање (Одисеј се враќа на Итака); трет, кој претставува варијација на претходниот и зборува за потрага (Јасон и Златното руно, Триесетте птици и Симург, Ахаб и китот, Џејмсовите и Кафкините ликови); и последниот за жртвување на бог (Атис, Один, Христос).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Стравочудебното село било куп човечки седалки од кал и со сламени или 'ржени покриви, некои од тие куќи дури и без прозорци и бездруго однатре со залостени врати зад кои ноќе над заспаната челад бдеел домаќинот со секира, со вила или со прешилест чекан за кршење камен ослушнувајќи ги шумовите и стрелушејќи се од душите на мртовците и од арамиите или од организираните одметници на распашаните глутници на башибозукот и на аскерот што станал безредие во безредието на пеколот ширум по вилаетот и исто толку по осоговските масиви на кои некогашниот деспот Оливер мислел дека ќе е исто толку вечен колку што е и господ во заблудените срца на луѓето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сигурна сум, мислеа дека сум се вратила пореметена или изгубена од дрога и бурен живот како што им се случи тоа на неколкумина од мојата генерација.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Се надеваше дека можеби и ќе го сретне својот Брат, таму, а кога се врати, демобилисан, мислеше дека ниеднаш повеќе нема да го види, дека Братму очигледно веќе и не постои. ... Но Братот излезе пак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таму, на Трескаец, за првпат го откри, а потоа, во Света Гора, и го домисли она што и ден-денеска го сокрива од луѓето и поради кое мисли дека е неподобен за вршење на свештеничка работа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но впрочем зошто да си го губиме времето во ваква бесполезна дискусија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Беше, ама тогаш не мислев дека е срамота...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тажно е во ноќта да бидеш сам со птиците, да чекаш со нив сам в некоја пуста станица, и додека некој се лула низ улиците да мислиш дека ти си, ти си тој пијаница.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Да објаснам? Па, мислам дека е тешко да се објасни, господине судија; но, да речеме вака.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Националните разлики не се уништени, и не мислам дека треба да бидат.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Да зборуваш со сопствен глас, ако си онаков културен простодушник за каков отпрвин се претставува самиот О’Хара, значи да ги усвоиш ветвиот јазик и склоноста кон мелодраматично претерување кои се одлика на новинарскиот дискурс.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
По некоја секунда почнува да ми гори и во градите, како некоја голема, врела тупаница да ме стиска зад градната коска.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Мислам дека еден дел од лицето ми остана внатре, кај началникот: ми го кине ко крпа и си ги брише чевлите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Видов, не видов и ѝ дадов сѐ што мислев дека ми е многу.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Не,“ рече тој, „Не, мислам дека треба да се погоди вистинскиот момент.“
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Паметам, легнав в постела, се покрив со ложникот и додека лежев си мислев дека никогаш не ќе заспијам, од толку што ме возбудуваше она што нас децата нè очекуваше утредента уште во муграта.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тој се согласи и со овие зборови и во душата почувствува горчина кога некој друг рече дека меѓународната заедница покажала максимална толеранција за Албанците и тоа им дало право да мислат дека можат да прават што сакаат.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Последнава забелешка, со сите откачени асоцијации што таа ги содржеше, ја придодадов бидејќи забележав како приоѓа Јана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Напротив, стратегиското присвојување на стрејт-културата и понатаму им служи за витални цели на геј-мажите, а и на други, и овозможува важно, макар било и имплицитно, средство за општествена критика и политички отпор.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Продолжувам да пишувам работи како: “ова не е важно”, и посебно моето омилено, “зошто, зошто, зошто”. 9.00 Продолжувам да мислам дека се спуштам, но само за следниот момент повторно да се најдам исфрлен во нова снажна халуцинација.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Некои жени велеа дека смрдела но јас мислам дека мириса од тревите што виреат во млаката вода.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мојата цевка секогаш беше толку светната што можеше на цевката да се огледаш, за чудо многу ме привлекуваше оружјето.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ова и беше сторено, усно на записник пред судот, на последното рочиште, во декември 2009 – но, симптоматично во целиот овој случај е тоа што адвокатот воопшто не ја извести Триманова, како негов ополномоштувач, за вака постигнатата спогодба меѓу него и застапникот на работодавачот – па таа, за цело време, мислеше дека парите кои ѝ се исплатени на нејзината трансакциска сметка [околу 130 ЕУР], на име испратнина, се по основ на донесена судска пресуда!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Времето како четврта димензија на просторот, немоќта на човекот во трката со времето, богатата симболика на бројот четири..., се само некои од можните лавиринтски патеки, кои се отвораат пред читателот при средбата со оваа проза.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Добри сме. Подготвени сме на тој што мислиме дека е подобар од нас сѐ да му дадеме.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Мислам дека е бегалец од самата себе. Чинам, дека се наоѓа пред некоја животна крстосница.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога стасав дома чувствував толкава болка и разочарување што почнав да плачам, почнав да се гушам, мислев дека ќе умрам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Мислеше дека ќе најдеш некого, ќе му се обесиш на вратот, ќе го излажеш. Погледни што останало од тебе, едно раче газе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Отсекогаш мислев дека многу спор филм би бил интересен колку и гледањето низ прозор, секако, ако тоа го гледаш со исти очи.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
24.08 Ми оди навистина тешко. Почнувам да заглибувам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Те сакам онака едноставно, наивно, додека мислиш дека сѐ уште чекаш, да не забележиш дека те обожавам, во страв дека во таа љубовна река твојата љубов ќе пресуши, како што те сакав досега. Оддалеку.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Мислам дека уште повеќе го предизвикуваше мојата цврстина, го провоцираше мојата правичност заради која секогаш ги казнував грешките.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Томо, може ли да те прашам нешто? - овој пат беше повеќе од директна, мислејќи дека барем на овој пилиштарец може да му се обрати во прво лице.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дури сега му ја осетија сета тежина на дишењето и во слагањето на зборовите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Луд се правам затоа што сум попаднат во рацете на луди луѓе кои мислат дека се стопани на вистината.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На почетокот тоа ништо не ми значеше, дури, во извесна смисла го сфаќав и како еден вид понижување, како одмазда која ми ја смислил Јан Лудвик; но по извесно време почнав да тонам во некакви непознати длабочини; мислев дека ќе се онесвестам, оти пред мене почна да се јавува некаква непозната светлина.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
У него се служи наливно пиво од непознат бренд и покрај тоа што сите мислат дека пијат Стела.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Деловите на полегнатите човечки стави како да биле поделени на студени и топли зони и додека стомачните мускули им трепетеле на тврдата земја, преку тилот и меѓу плешките им се разлевала морничава врелина, и некој, едниот или другиот Онисифор, мислел дека крвта бара пукнатина на кожата да шибне како црвен знак и да му се придружи на сонцето со брзина на светлоста ослободувајќи се еднаш засекогаш од кожурците на глупавата препаленост, на страдањата и искушенијата што некогаш биле склопец на животворен течен мерџан.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И со тој здив сум викала: гробари, свињи, сѐ што ќе ми дојде да викам, а да си мислам дека некој друг го прави тоа зад мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Постојано мислев дека за с има време, но времето на животот си го црташе својот круг.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кога мислеше дека не само што е решен туку и готов, со врзаната раница до нозете седна во кујната.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога дојде во С. во врска со водоводот, беше расположен, дури и повеќе од тоа, зашто мислеше дека успеал.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бегав пред нив. Кога мислев дека сум далеку од сите опасности, ме заобиколија вселенски работи.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Мама на престол Роденденска На село има еден момент кога сонцето заоѓа и одеднаш сѐ стивнува, како заспано дете, како кафана по фајронт. Мир кој човек мисли дека некако го заслужил.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Не можеше да сфати зошто за неа мислат дека се прави важна на часовите по географија.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Татко ми мислеше дека Инглис не сака да го наследи тој, бидејќи тој (Инглис) мислел дека (татко ми) е атеист.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Јас ја сакам тајландската кујна и сушиите и раковите со цимет и масното сувлаки на улица. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 152
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Луѓето тука почнуваат тоа да го сфаќаат и признаваат - не како во Англија каде што мислат дека ако на влезот од клубовите се стави знак „забрането внесување дрога“, неа ќе ја нема.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мислам дека ќе можеше да биде многу поинакво, она, што го имавме вчера со дивото ѕвере низ шумиве, да беше со мене барем уште еден човек, да не бев онака сосема сам - еден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се потврдува тоа што веќе го знам: младичот е здрав, само има слаба циркулација; грижливата мајка го препила со црно кафе, но младичот е здрав, и најдобро би било со еден удар да го истераат од кревет.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Си мислев дека само јас сум будала, ама ти си била уште побудала.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Борхес умре подеднакво мирејќи се со судбината како што живееше.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од двете стратегии, втората е посуптилна, бидејќи ако возрасните мислат дека се големи, децата пак, не мислат дека се деца.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Јас и ден-денес мислам дека за сѐ што се случи и што не се случи меѓу мене и Луција сум виновен, во добар дел и јас.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Требаше да го победи, да го пребори, мислеше дека ќе може да го стори и тоа со оние свои вредни рачички, пред другите да го видат, а утредента сепак мораше да го однесе и него високо горе, на скелето, а од неговата тежина како да поигруваа под него широките мостови на скелињата и тој многу често се наоѓаше себеси вкопан, како глувче, во некое катче на таа височина и со секој ден неговиот ѕид почнуваше да заостанува со по неколку реда тули, од ѕидовите на оние, што ѕидаа од обете негови страни.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мислев дека дошол крајот на светот, дека ми нема спас. Плачев, моите ме тешеа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Влеговме во Прилеп, поминавме покрај стариот театар, покрај пазариштето и чаршијата, бевме веќе во центарот кај градската кафеана и Предо само подгледнуваше накај Живко за навреме да најде место за паркирање, но Живко молчеше и само се смешкаше, а кога веќе излеговме од градот и мислевме дека сме го прошишале и Прилеп, Живко го натера да подзапре и не го остави да продолжи по асфалтираната угорница на Плетвар туку го скршна по стариот пат преку Бабуна по кој веќе никој не одеше.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сите мислеле дека се помрднал од умот од жал голема по таткото и никој веќе ништо не го прашал за тоа собитие чудно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас само мислам дека се наоѓам во болница.”
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Постојано мислам дека некогаш ќе ми се поврати загубеното време.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Наведнат, почувствував како ме поткрева чукањето на срцето, големата возбуда, која мислев дека ќе ме строши.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мислев дека ќе го згмечат но успеа да ги раздели.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
-Не знам што ти има кажувано, но јас мислам дека себеси се сметаше излажана од животот - рече тој - но сепак беше доволно силна и горделива за да не ги испраќа надвор од себеси поплаките за неговото грдо однесување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А сега, мислам дека е време да заминете.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Си мислев дека никогаш повеќе нема да те видам по нашата последна средба во 1938 година, кога по шпанските боишта се враќаше на балканските.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Овде би останале само Клара, јас и уште неколку други.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Цртежот му се фрлаше под нос на мајсторот кој го ставаше на мајсторското тезге, го проучуваше муртејќи го челото, потоа ја проверуваше издржливоста на дрвото и најпосле почнуваше со производството.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ако зборуваме за телото се сомневам дека Источна Европа е релевантна рамка во којашто е можно да се бара алтернатива за западната традиција на однос кон телото.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Еден коментатор под спотот на интернет, обожавател на Соник јут, се обидува да долови „што се обидуваат да пренесат СЈ“ велејќи: „Понекогаш си мислам дека ги канализираат внатрешните превирања и внатрешната болка на г-а Крафорд“.408 Тоа можеби важи за пеењето на Мур, односно за неговите врисоци, макар што првобитниот наслов на нумерата, „Пушење“, упатува на нешто понесентиментален и на посатиричен однос.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За пет и за десет мислам дека е срамота и да ги земам!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Срцево ми се кине, се мислам дека сонувам, но кога ќе погледнам лево-десно, па ќе се запрашам и одговорот е тој, те нема веќе.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Еднаш мислев дека е далеку од мене и од многу други луѓе, дека е само за една мала шепа луѓе, една таква судбина на одбраните на оние што сакаа и што се бореа, што живееја само за да сакаат и да се борат, и што најпосле успеаја да го преуредат животот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но ако барам некое оправдување за себе, ќе го речам твоето: го правев тоа од немајкаде но и од некој необјаснив бран на задоволство од изненадите што ги носи тоа немајкаде и те турка кон некој брег на кој мислиш дека конечно ќе го откриеш светот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Место да се чувствуваат како заложници во играта, луѓето чувствуваат дека може да сторат нешто, без да минат низ официјалните канали.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И сега додека се исправаше од своето легло, Змејко мислеше дека би можел да му напише барем тоа, дека е добро.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Храбриот ентузијазам не беше јака карактеристика на мојата личност, зошто ако не денеска крајот сигурно еден ден ќе дојде.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Деновиве нешто слично се случува и со Петре Прличко. Се мислам дека таква судбина ќе ги стигне и веќе починатите: Џувалековски, Илија Милчин, Вукан Диневски итн.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Не мислам дека нѐ чека тој вид на иднина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Дали на некој јас му помогнав некогаш!? Мислам дека не.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Вооружен со научните императиви на социјалната антропологија, Вашер де Лапуж откопува на илјадници черепи по гробиштата на областа Еро за да го измери нивниот „кефален индекс“, па - по десет години теренски истражувања - на Ренан, кој мислеше дека може да прогласи дека „нацијата не е синоним за расата“, тој му одговара: „Ни во семејството ниту во нацијата не се стапува со проста одлука.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од време на време мислам дека е така, но чувствувам како да ми бил доверен некаков тип на источњачка мистерија, светиња на некој страшен бог, па ме обзема чувство на лична недостојност за она што е моја суштина.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Како што призна државниот пратеник, Валде Гарсија (републиканец, Округ Клинтон), предлагач на измените, самиот предлог во голема мера бил симболичен гест: „Не мислам дека треба да ги трошиме парите на даночните обврзници за предмети во кои луѓето ќе се подучуваат како да го кршат законот“, нагласи, додавајќи дека „хомосексуалноста, сепак, е незаконска и ги навредува длабоко втемелените верски убедувања на голем број луѓе“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Мислам дека не грешам? - и ме погледна. Веројатно очекуваше одговор.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сакав да ја објаснам целата геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Она што ни е потребно не е компјутер кој би заштедил работа, туку компјутер кој ја зголемува работата што треба да ја извршиме, исто така и досетки, како и Џојс кој открива мостови таму каде мислевме дека воопшто ги нема, и кои нѐ претвораат не во приемници, туку во уметници.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Колку навикнати бевме несмасно да се плеткаме, колку совршено непогоден беше нашиот тајминг, како мислевме дека енергијата е екстаза. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 177
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Моите години почнаа да ме мачат, не знаејќи дека тоа е пубертет, си мислев дека сите ме мразат и дека никој не ме сака, настрана си плачев, никој да не ме види.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Не грижи се. И кога мислиш дека сиот свет е против тебе - насмевни се.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Кога тоа и го кажав, ми кажа што рекол: дека еден ден, додека влегувал во метро, видел еден човек како им продава моливи на две жени - човек без нозе, кој се движел со помош на платформа на тркала.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
XIII. Мислеше дека ќе биде само една од вообичаените утрински прошетки околу пиланата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нели, поопасно би било да те пронајдат сам во забранетиот дел од градот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Често мислам дека грешам и дека преголем товар му ставам кога го оставам сам да одлучува и да не му се мешам премногу.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А, имав и друг ангажман.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Гледаш, јас изумив, а мислев дека таа работа е веќе завршена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Мислиш дека треба да ја пуштиме? - рече дедо му.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Си мислам дека ја слушам мајка: ми вика, избезумена, некаде одозгора, од високо... 41.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сепак генерално, секој сакаше да има своја шамија и мислам дека многу лесно можеше да ги убеди родителите да не прават економија на овој соц-реалистички артефакт.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Мислам дека е така, господине.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Гледам во рацете нивни и мислам дека тоа и дрвјата од околу се наведнуваат да им дрпнат од месото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мајките го споредуваа со Бога, ние со Сталина, се разбира скришум, мислејќи дека по неговото исчезнување од сликите со Тито, ќе мораме да си имаме друг Сталин.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ја ставив сачмарката во „адидас“ торбата и ја обложив со четири пара тениски чорапи, што воопшто не е мој стил, но на тоа и сметав: ако мислат дека си сиров, биди техничар; ако мислат дека си техничар, биди сиров.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Мислам дека тоа е излишен страв.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Можеби можам да видам врска со раниот егзистенцијализам; попрво гледам врска со Сартр и раниот егзистенцијализам, отколку со Хајдегер.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Не знам. Со денови, недели, месеци... мислам дека се месеци.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мислам дека и тој знаеше дека знам, но ме молеше, со погледот, да се преправам дека не знам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И ден-денес мислам дека и партијата на Луција многу личеше на еден таков обред, и јас дури подоцна, размислувајќи за тоа, сфатив зошто толку многу Луција инсистираше крајот на приредбата да биде токму тој обред, а не некоја џез или балетска точка, на пример.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Или од црните потони на мојата крв ќе избликнат непознати желби, и ќе биде доцна кога ќе излезат, никогаш веќе не ќе можам да мислам дека се мртви или остинати, и никогаш веќе не ќе бидам она што сум бил.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мислела дека се качува на Попова шапка, или на Солунска глава?“
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За среќа наиде Даскалов. Не знам од каде и зошто но мене за момент ми се пристори дека Даскалов штотуку завршил тешка борба на некој ринг и сега се враќа во аголот со насмевка на победник, згора на тоа и сигурен дека немам причина да му го запустувам задоволството.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога веќе мислев дека тој разговор е завршен, пак го слушнав гласот на тетка Рајна: - Еве другава зима веќе е на прагот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Прво тргнавме право на кај Маркова Нога. Границата е близу и мислевме дека брзо ќе ја преминеме и кога стигнавме до црквата Свети Јован, патот ни го заградија наши партизани.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Фјодор е прописно облечен, но сепак врз него е и сукњата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- Но сепак јас мислам дека ќе полудеам ако не разберам...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Затоа една вечер им рече на Јована и Стојана: – Е, деца! Јас мислам дека е време да се обидеме.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Некогаш си мислел дека можеш повеќе отколку што можеш, а сега не можеш ни колку што си можел.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Иако секогаш мислел дека светот со секое утро треба да се менува, не само закоравениот ред туку и сè во тој ред, од мирис до звук, од светлост до облик, сега се побунил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зашто, колку и да има такви кои урликаат или пак бладаат, тука има многу пријателство што го чувствуваат едни кон други, тие велат: треба да ги трпиме другите за да нѐ трпат нас, а другите размислуваат многу точно кога го спроведуваат тоа на дело.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Па сепак, тие за мене се ново искуство и сега мислам дека сум им благодарна за тоа.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Новоста што таа вечер изгледа го изненади беше јасноста на пораките.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Простете, ама лично мислам дека ваквата тенденција се влече уште од почетокот на девеесетите години.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Над нив преку небото се протегаа пукнатини, извртени корита на реки од кои ќе удри зовриен потоп, живот на смртта со закана и за живот и за смртта на преплашената земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Погледнете го нејзиното лице.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но сакав да се сетам; мислам дека и тој така рече на телефонот: рече дека ќе дојде за да се сетиме на нешто.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имаше многу голем нос и две очи од истата страна на носот, што мислевме дека е неверојатно смешно. m Грот: Одеше во државниот колеџ Евергрин? !
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Па си мислев дека би било убо да клам нешто ново на себе.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Само луѓе што задоволството не го сфаќаат сериозно ја прават грешката да мислат дека тоа во суштина е скапо. ‌Сигурно, вкусот подразбира хиерархија на вредноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во тие часови немаше разбирање за Ивана и не беше таков каков што мислеше дека е.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Премногу учтиви, сите ние во некоја мерка сме следбеници на Пруст или Бергсон; мислиме дека во нас постои нешто, што не може да го пронајде излезот во просторот, некоја „должина“ која во својата природа е повеќе музичка, отколку што е ликовна, која во суштина не може да се замисли.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тогаш му цитирав една мисла на Егон Ервин Киш од далечната 1913 г.; сега ќе ја повторам, бидејќи мислам дека добро ќе му дојде секому кој ќе се најде во толпа Балканци којашто пијана од евтина евролатрија ја привикува Европа во оној ист ритуален код во кој домородците во сушните периоди привикуваат дожд.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Не знаев дека имам толку поволно мислење за тие дрвја, а сè дотогаш си мислев дека не само што не ги сакам туку и ги сметам за грди.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се вратив во заборавениот дом (Речиси незабележлив среде шумата од зборови) Овде сѐ е приготвено во вид на копнеж Како во собата на Алхемичарот кој штотуку И се приближил на формулата за објава на златното доба (Мислам дека станува збор за нестварни одаи Или за скалила што водат кон нив)
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Незнам зошто, но, мислев дека кога ќе дојде тој момент…, едноставно така ќе ти се слоши, ќе те фати срце… и така некако, но дека брзо ќе се случи, од нозе, за момент…
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
- Мислам дека Павле се обидува да добие во време... Бојана му климна со главата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Не сум сигурен, ама мислам дека вистинското име на тој битолчанецот, исто така му беше Едо...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А низ село, кокошки разбегуваат околу мене, подлетнуваат, кракаат и пердуви им се креваат наугоре и прав се крева наугоре, а јас само трчам и пак си мислам дека соништата не кажуваат ништо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Хеликоптер со камера во клунот мора да ја следел во височината и имаше многу аплауз од партиските седишта, но една жена долу во проловскиот дел од салата ненадејно почна да крева врева и да вика дека тие не смееле да го прикажуваат пред децата, не требало, не е во ред пред деца сѐ додека полицијата не ја истурка надвор мислам дека нешто ѝ се случило, никому не му е гајле што велат проловите типична проловска реакција тие никогаш...“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сепак мислам дека вам ви изгледа малку гломазен.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само си мислам дека би можела веднаш да заминам за Будимпешта, кога навистина би сакала.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Беше повеќе од јасно дека откако бев влегол во канцеларијата на Бунде со пиштол в рака мене веќе никој не можеше да ми помогне, а и никој повеќе нема да може ни да ми наштети! Но кому да му објаснувам!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Концептуално, мислам дека сум на добар пат.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
ПАВЛОВНА: А јас мислев дека тој е во тек.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тие сиромаси мислеа дека Крсте спие со нив за порано да почнат — подоцна да завршат; а тој секогаш викаше порано да ја напуштат работата, да вечераат дури се види, а подоцна да почнат наутро откако ќе се напоручаат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мислам дека ВР никогаш нема да го замени реалниот свет. Не е доволно добра за тоа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Севезден ги брчи имињата на апостолите. Го слушам и мислам дека паѓам во бездна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И потоа тој сè повеќе се разжестуваше бидејќи мислеше дека таа му вели „Неееееее!“
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Покажал со рака на онаа страна на која мислел дека е нејзиното село кое не можело да е далеку.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во Пансионот на видно место стоеја и Правилата за однесување со кучињата во кои пишуваше: „На секое куче треба да му се почитува правото на природен живот; не смее да се злоставува и да му се нанесуваат физички и психички болки; секое куче има право на заштита и нега; треба да се сака такво какво што е, зашто тоа не е во состојба да бира сопственик, а сопственикот го бира него; ако не чини, треба да му се помогне да се поправи, а не да стане жртва на лошото однесување и изживување; не треба нетрпение и брзање веднаш да се научи на сѐ, ами треба да му се даде време да сфати што се бара од него; не треба без причина да се разлутува или казнува, зашто и тоа може да изненади, да врати; првиот удар тоа го простува, зашто мисли дека е случајно удрено, по грешка, но ако по втор пат го удриш, сфаќа дека е намерно и тогаш ударот ти го враќа со уште поголема мера и те замразува со сета своја душа; тоа најчесто е само и нема никого освен тебе: разговарај почесто со него и самиот ќе се изненадиш како те разбра; љубовта со љубов ти ја враќа; и тоа, како и човекот, има своја судбина: не придонесувај да му е тешка; ако остари, ослепи или оглуви, ако стане неподвижно и остане без заби помисли дека тоа може и тебе да ти се случи, зашто староста е иста за сите; не однесувај се кон него како кон некој обичен предмет, зашто кога ќе го изгубиш, ќе видиш колку е жално; испрати го на неговиот последен пат и размисли дека секоја смрт, било таа и на животно, е загуба за сите: еден живот помалку на земјата”.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Под леглото на деда си не ја најде, што би се рекло, само царската круна, инаку добриот старец се што нашол, се што му се нашло в раце, а мислел дека ќе му затреба, го пикнал под одарот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Сепак, некогаш случајно ако се загубиме ќе треба да останеш на местото каде што се имаме разминато.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Оние, будните крај купиштата жар и пепел, мислеле дека ништо не се менува освен движењето на ветрот, ништо, ни двајцата вкочанети - Онисифор крај зинатиот гроб и Онисифор зад насобраните гранки, секој од нив во исчекување другиот да заспие за да го стори она што мора да го стори со мртовецот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш мислев дека еднаш веќе сум минувал по таа дива земја со некакви бели и лилави жиличиња што лазат со испреплетување меѓу камења и суви базја и се хранат со сѐ што ќе се допре до нив, тогаш така мислев или можеби мислев дека еднаш ќе минам по таа врвица што ја започнувам со стежната стапалка, но сеедно - веќе бев на грпката на ридот што се спушташе кон нејак поток и видов во далечина на некоја планина расфрлени куќи, не поголеми од тупаница, и видов зад потокот дабов забел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш (или подоцна кога раскажувал) мислел дека низ шумата се движи омаен мирис на превриено млеко и можел да знае дека таа воздивнува од длабочината на градите со две темни пупки на врвовите од кои по белината на кожата се протегаат беломодри женски жиличиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Хихихи, и хохохо, и хахаха - ужасно весело и со 'рскот на здруженост татнело околу него. - Што сакаат од тој стар човек? со страв седнал до Куно Бунгур најмладиот од дружината и сведокот на недоразбирањата и разбирањата помеѓу златнодамкавата Фиданка и петелот во човечка кожа Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
“ АРИЕЛ ШРАГ: Што е Циганка?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се качив и почувствував како под мене ги искршив моите прекрасни уметнички слики.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Карактеристика на овој случај е што тужениот работодавач е организација која спроведува странски проект, поради што тие мислат дека имаат големо влијание во општеството и за нив законските ограничувања како воопшто да не важат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
СТАРОСВАТОТ: Проштевај, куме, но јас мислам дека би било редно прво зетов да запее, да ја поослободи невестата.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Велиш ли „да ве запознаам со вториот доживотен сопатник?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На тој начин, тие не сакајќи откриваа емоционални пориви што биле противречни на нивните привидни цели баш како што биле оние на Д. А. Милер кога мислел дека ќе може да си фати дечко ако му даде стара плоча од „Некоја чудесна вечер“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И секоја геј-генерација или полугенерација по нашата го правела токму истото, цело време мислејќи дека е првата генерација што направила така, првата геј-генерација во историјата што не гледа ништо интересно и вредно во наследената, традиционална геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Јас, јас мислам дека најважното чека ние да го откопаме.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Она што претходно го изне­сов во врска со одговорноста повеќе е бележење кон некој закон, кон еден импе­ративен налог кому конечно би требале да му се покориме, исклучувајќи ја секоја норма, нормативност или она што денес се смета за нормалност, без било што што најпосле би било предмет на знаење, би му припаѓало на некој ред на бивствување и на вредности.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кире го забележа тоа и праша: - Што ме гледаш така?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Дали го сфаќаш тоа, даскале: на природата наеднаш ѝ се присакува некои изгубени времиња да ги надокнади за да втаса таму каде што требало да се најде пред неколку месеци или дури и пред години?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Декарт се обидувал да го реши едноставно, со тоа, кога мислел дека е возможно баш секоја точка на светот да се опише со броеви и затоа треба да биде метода за спознание геометријата.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Или само знаев дека би ми го рекол зашто тамам мислев дека се спасив од онаа ѓупштина што ми бербатеше по куќата, кога, ги слушнам некаде зад куќата од каде што ќе влезат во задните простории.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Стражарот одговори дека не видел ништо, то ест видел како го запреле среде плоштадот двајца, но мислел дека тоа се негови пријатели; а тој, наместо попусто да му вика, нека појде утре кај надзорникот, и надзорникот ќе пронајде кој му го зел шинелот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Експертите биле многу јасни кога констатирале дека ако го прифатат предлогот на Рендел, тие не би можеле да се сигурни дали „поткупените Македонци би апстинирале да не работат против југословенските и грчките власти, кои се нивни природни непријатели, и дали би работеле против Германците".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тој отсекогаш мислел дека знае што треба да правиме.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Мислам дека и однатре нѐ осветлува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И уште повеќе. Мислам дека можам да седнам тука, а да бидам во Сеул каде што барам ресторан во кој сервираат мали печени кучиња, тогаш заклани, каде што можеш дури и да си одбереш некое од кафезот што истовремено е и витрина и тука да ти го заколат и да ти го зготват.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- А мајка ти? - Ништо. Само се насмевна. Мислам дека се насмевна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Па тоа е правец кој... кога сега би го дополнувал Дневникот, мислам дека би одел во тој правец: да се обидам, како порано, да ги истакнам револуционерните достигнувања, а во исто време да се обидам да ги истакнам и неиздржливите видови, статус кво...  К: Денес постојат две компании за плочи, едната во Милано, а другата 56 Margina #10 [1995] | okno.mk овде во Њујорк, кои во своите каталози ја поврзуваат од една страна популарната музика а од друга авангардата, и се обидуваат тие музики да ги соединат кај иста публика, истата млада публика.  Б: Дали тоа овде е “Томато”?  К: Да.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Дојде за десетина минути. Седнавме на кафе „Кај Фуфо“, мислам дека сѐ уште помнам во кое ќоше од кафеаната бевме седнати.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
* „Какви му биле намерите кога дошол под Сина Скала со невестата? Не сум слушнал.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ги наоѓаме и таму каде што сме мислеле дека не постојат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Извршувам наредби пред да бидат изречени.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Ако тој мисли дека одреал од подот и ако јас истовремено мислам дека го гледам како го прави тоа, тогаш тоа навистина се случува.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Затоа поголемиот број на феминист(к)и мислат дека само со преземање на некое многу големо интелектуално зло од типот на оние што философите се специјализираа да ги откриваат (нешто според мерилото на логоцентризмот, или “бинаризмот”, или “технолошкото мислење”) - интерпретирајќи го тоа зло како интринсично маскулинистичко а маскулинизмот како опстојувачки или пропаѓачки со него - тие можат да ја постигнат ради­калноста и ширината која, се чини, нивната задача ја бара.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Мислам дека сега не се работи за она старото, нели, кога луѓето се прашувале зошто човекот се искачува на Монт Еверест и кога одговарале, ‘Затоа што е таму’?
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Имаше две момчиња од Свети Николе, мислам дека едниот се викаше Никола, ќе го заглавеше затворачот на пушката и ќе ме замолеше јас да го вратам, но да не знаат другарите за да не го зезаат после.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
ЛУКОВ: До гледање, госпоѓо Христова. (Цинично.) И... мислам дека треба да си... починете.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Томо, имам еден предлог, го започна разговорот Рада, потпрена на нивната клупа во паркот, мислам дека подобро го познаваш Скопје и ќе можеш да ми помогнеш.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А ова човече, мислам дека е покрај нив, и тоа дека стои крај рајските двери од нивната внатрешна страна...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но тогаш мислев дека големата љубов што треба да ми се случи ќе биде Филип. Но се излажав. Сепак тоа е некој друг.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Толпа луѓе, мажи и жени, мислејќи дека веќе сум се вратил од кај црквата, се собрале пред куќата и извикувале закани и клетви.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Краста: Баш затоа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Земајќи ги предвид сите овие поединости, мислам дека нема да биде претерано да се предложи хипотезата дека со изборот на овој псевдоним Duchamp имплицирал дека самиот го достигнал статусот на посветеник.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Мислам дека моќта на телото не е толку во неговото смислено делување - тука лесно можеме да го сфатиме како орудие на духот приклонето кон волјата - колку во неговиот еротски живот, во трпењето, т.е. во неговата способност да перципира, реципира, да им се прилагодува и да инкорпорира други тела.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Си мислев дека можеби тоа дете повеќе ќе ја зближи кон другата мајка.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Мислев дека тоа ќе ѝ се допадне на мајка ми.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Легнувам, а мислам дека не сум легнала, дека сум се свиткала некаде високо над рогузината, над ложникот. Како црвец во кожурец.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мислат дека ако ги полеат со големи количини студена вода, ако ги претепаат, ако им се заканат на оние кои викаат дека ќе им го исечат јазикот, мислат дека тоа ќе им го врати умот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мислиш дека ќе заврне? – рече Еразмо, упатувајќи го погледот нагоре кон натежнатите облаци кои како огромни сиви вреќи тежеа над планината со сета своја влажност.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Многупати ќе ми дојде за здравата нога да се фатам, мислејќи дека таа ме боли.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога ја слушам најавната шпица од вестите одма почнуе желудникот да ми се тресе и да ми предизвикуе немир у организмот, а кога ќе излезат портпаролите тогаш нервните клетки ми треперат и мислам дека шеќерот у крв ми се покачуе па ми доаѓа да дрмнам две ракии за да го вратам духовниот мир.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Дури и толку богат и добар како што е, мислам дека не беше среќен со она што му се случи креативно.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Јас навистина и најискрено мислев дека многу убаво ѝ прилега и дека е штета што не го носи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Веруваат дека вистината е светилка и ако ја окријат причината за изгаснатиот пламен мислат дека ќе откријат и кој го запалил!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
(Мајка ѝ на Џоан Крафорд, инаку, навистина дома перела туѓи алишта некое време кога растела Џоан.) Многумина геј-мажи велат дека имале такви семејни романси кога биле момчиња: убедени биле дека се исклучителни суштества што не се во никакво сродство со билмеското, грубијанско, простачко друштво околу нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А потоа и на вечера го поканив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да бидам попрецизен, мислам дека (нека проштеваат романтичните душички) Васа Ладачки не ја заслужува во целост славата која што ја има(ше).
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Но ти, еве, ми ги кажа вистинските зборови: Престани да проповедаш!“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Она што сакам да кажам е дека во Фектори немаше лицемерство и мислам дека нѐ напаѓаа токму поради тоа што одбивавме да ја прифатиме играта и да се претвораме дека сме она што всушност не сме.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Пелагија клечеше крај неговата глава, го оплакуваше во себе, без глас и без солзи, оплакување што повеќе беше монолог отколку дијалог, всушност не кревајќи ја главата, чувствувајќи со снагата и слушајќи со ушите што се случува во одајата, кој доаѓа и кој заминува, таа му вели на старецот и се надева дека немите зборови што ги пушта во отворените очи во кои сега светот е сведен на таванот, дека незнајно како тие стигнуваат и до оној дел на старецот што уште не е заминат, а и до неговата дебела половина, до бабата Петра, која во мигот го слуша ритмичното вртење на тркалата од возот Ти дедо Костадине ја сврши најдобрата работа така да знаеш ги откорна бегалците од овој батак и ги упати назад во коренот во здивот на дедовците не е важно што ти и јас остануваме тука така ни е пишано зар не така ни било чкртнато да останеме во проклетава рамница за да бидеме дира на нашето талкање оти колку сакаш кажувај му некому дека си бил таму и таму си проживеал тоа и тоа ако не оставиш потврда за тоа како што направи сега ти кога ги напади сите во брегчињата и ритчињата на Македонија а ти остана тука каде што не сакаше да останеш за што јас живата и осрамотената ти сум бескрајно благодарна што ќе бидеме заедно ти во меката кална утроба на земјата јас земјосана калосана врз земјата со тоа што знам дека ти уште сега јуриш да го стигниш возот за да бидиш заедно со твојата благородна баба Петра и внучињата додека твоите коски ќе бидат тука додека еден ден не заминат со мене и не тагувај нема в земји да те положам додека не најдам такво место какво што бараше ти биди спокоен смири си ја душата пушти ја да ѝ биде поткрепа и надеж на баба Петра а ти како што гледаш не си сам не оти јас ти седам над глава туку ако смогнеш сили да ја свртиш главата ќе видиш дека одајката ваша никогаш не била пополна со луѓе отколку сега оти тука се сите што те сакаа ама и оние што те колнеа кога се затвори во вагонот Папокот Корнулов за кои не се знае уште колку ќе останат тука оти се шушка како некои вагони на товарниот колосек се полнат со секакви шејови тука е и Друже Србине кој се радува што не си замина со другите мисли дека барем овие што не се заминати ќе останат со тебе и да знаеш мислам дека е во право зашто еве јас ќе бидам тука Танаско децава школнициве цела година ќе се ловат по широкиве и празни улици! сака да го продолжува својот монолог ама одајчето е полно со тела и врева и таа не си ги слуша мислените зборови, мислата ѝ ја запираат, ѝ ја раскинуваат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Аман ма Ива, каква си, малку почека и одма се налути.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Еднаш тој дури можеше да мисли дека тоа е само едно обично запознавање, во кое можеше да биде направено и првото одмерување, или уште и првото бележење на прогонетиот и прогонувачот. Беше некоја утеха.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Е, тука сега би требало да настапат префинетите љубители на убавото: “Па ќе ве молам, вие го ставате овој тип роден во Мрчајевци (ни јас не знам каде е, ама мислам дека е во близина на Чачак), пред прекрасните убавини на класичната музика?
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
— Шо велите, де? — праша Трајко со треперлив глас и опули во Илка и Доста, мислејќи дека на Стоја и Митра ова не им е толку важно.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ги прават постојано истите грешки и ум не им доаѓа да сменат нешто, да најдат друг начин да се однесуваат со нас, а не да го повторуваат сè тој што не дава никакви резултати.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Се знаеш за таа курва. Ти ја оставив мислејќи дека со неа ќе заборавиш нешто.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Она што на почеток мислевме дека е само една од многуте несолени шеги на нашиот пријател, подоцна ја примивме како јасна порака.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Усмевај се ако сакаш. Само не приспивај се. Не мисли дека една таква усмевка може да измени нешто во животот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Каде беше, ќе го прашав? Мислев дека си овде.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Иако тој го застапуваше токму тоа тврдење.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Бегај, малечок предавнику, не бутај ме во грев.“ Се свртев и појдов со морници под тилот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но таа била длабоко опитна во нивните комплексни протоколи, дури и на таа кревка возраст.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Мислам дека младиот автор што го спомнувате нема втасано ни до уводниот дел на делото што храбро го најавува како веќе спакувана замисла - реков.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ова претставува преврат на претходните, долготрајни убедувања, целосно предавство на најнегуваните претстави за природата на машката хомосексуалност во кои заедно со многумина од нас сме мислеле дека веруваме и во кои гледавме да ги убедиме и другите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Со тоа не мислам дека сите корисници ќе си создаваат свои светови, ќе се продаваат многу веќе изготвени производи.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кога те имав тебе мислев дека го имам целиот свет.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
ИВАН: Не мислиш дека имале смелост да го пречекаат возот, да го сметнат од воз и...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во збирката песни Златото на тигровите од 1972-та, Борхес напиша една доработена верзија на таа своја рана поетика.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Па, зашто... ха, ха, ха, - не можеше да се соземе тој, - затоа што постојано сака на нѐ воспитува и превоспитува, како што таа мисли дека е најисправно.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И кога мислев дека веќе го нема и дека се изјасни се наеднаш сфатив дека неговата сенка се скрила под моето чело да притиска глуво како во кошмарна бессоница.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
За среќа или несреќа, ќе се сетев на Водомаровата доверба кон мене и на страдалниците од Шумшул- град, вклучувајќи го и човекот со два гласа, и ќе се откажев од коркачката намера.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Мислам дека јадеа сендвичи со колбаси или со виршли, а кога ќе загризеа од сендвичот сместен во најлон- ќеса полната уста ја вадеа од најлонот каде што сендвичите беа заштитени и веројатно разговараа за мене бидејќи со главите покажуваа кон тремот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Проклет да бидам, мислев дека ќе умрам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Затоа јас се обидов да ја забрзам малку таа работа, но мајка ѝ на Алегра ми рече: „Не обидувај се залудно Силвија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
За Зоки ова е малку необично. Тој отсекогаш мисли дека е пораснат, но другите тоа како да не го признаваат.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Меѓутоа, мислам дека се работи за процеси кон коишто треба да се пристапи со отворен ум и без предрасуди.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тој мора да е од оние младичи што сосем сериозно веруваат во својата историска мисија и кои мислат дека зад секое нивно револуционерно поткашлување не стои никој друг туку Таа - Историјата со голема буква.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тие жилаво се вкорениле во многу зборови на балканските јазици!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За него “уметноста” (во смислата на Зукари) била “мајка” на духот, поточно, тој мислел дека уметноста настанува во спротивставувањето со друга уметност, а не со природата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Вели: „Трагата на ѓаволот не му ја гледаш и пак по неа одиш“ , велеше Лазор Ночески и тогаш се сетив дека кај нас е центарот на светот и дека токму над нас седи господ и оттука управува со сѐ што е на земјата, а тоа го дознав уште на одење во Америка, оти колку повеќе се оддалечував од селото, толку повеќе се оддалечував од центарот на светот, дека секој чекор ме носи подалеку од господа, понакрај од земјата: кон работ нејзин, кон нејзината провалија и си мислев дека ако појдам уште потаму, ќе паднам и ќе паѓам,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сите дома бевме горди и се радувавме, но ти, мислам дека беше најсреќен од сите нас.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Но има многу луѓе, а некои од нив се жени, кои не го делат тоа мислење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога службеникот го постави прашањето, мислам дека татко ми не го ни слушна.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Одеше јадејќи, и не мислеше дека на двајцата по него им е полесно да чекорат по неговите стапалки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во идниот момент беше дури и поодреден: тој сметал дека трагата што ќе го доведе до татко му веројатно водела кон борците што гостувале во нивниот дом по онаа позната борба зад Сина Скала.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Најпрво се спогодуваа со некаков арабаџија, жилава пенушка со исламско спокојство во очите и мислеа дека се ќе е како што бараше Отец Симеон.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Низ прозорецот почна полека да навлегува бледата светлина на далечната зора.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Прости, ми рече кога отиде. Ти знаеш зошто тоа го сторив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа е она што ми се допаѓаа кај Рцевски во неговите делови од Attiice: многу се “рајлиевски”.  К: Иако јас мислам дека ваквата употреба на музиката која е наклонета кон публиката и тоа го признава претставува спротивност на она што ми се чини дека го прави револуционерниот став...  Б: Не сум сосема сигурен...  К: ... затоа што го задржува статус кво-то и го менува.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Пред тоа им рекол на другите да сторат онака како што мислат дека ќе е најарно, тој ќе оди да клечи пред студено позлатениот исток, да се моли за мртвите, за нив, за себе, сам и осаменички да ја доизградува верата во себе, не онаа кон небото туку онаа што ќе ги доведе до целта, не со патила да го купуваат правото на живот и не да живеат за да сеат и да жнеат патила - мажи се, не сенки со начнат разум и не покорници пред бабуњосаноста на проклетството.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа, впрочем, мислеше дека Татко, релативизирајќи го текот на разговорот, како да сакаше да стави точка, еднаш засекогаш, на италијанската врска.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но, Квин, го опиша влијанието што озаконувањето на геј-бракот ќе го има врз неа и врз партнерката со следниве зборови: „Утре, семејството ќе ми се собере на дипломската забава нa внука ми, а тоа ќе биде сосема поинаков ден затоа што ќе можеме да си разговараме кога ќе ни биде и како ќе ни изгледа свадбата и каков фустан ќе носи Џордан, правнука ни, кога ќе ни биде цветарица.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ох, да, ги слушав повремено како телефонираа и велеа: „Може ли да дојдам?“ и тогаш си заминуваа, а јас мислев дека одат по амфетамини.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Типот на конфликти со кои мнозината беа соочени во 19-иот век водеше во создавање на масовни политички партии, масовни синдикати итн.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Ќе заплачеш ли?“ запраша тој. „Мислам дека нема да заплачам.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
— Се знае — ѓормедум. Јас ништо од тие работи не знам.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мислам дека веќе ја нема, ама мене ми е арно во најзадниот ред со ѕидот зад грбот од проста причина што никој не може да ми гледа во вратот, во алиштата, во тилот, а јас можам сите да ги гледам и да ги анализирам.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Мислам дека филмот го става геноцидот и ниските чевли во слична - периферна зона на приоритети.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Марко уште погласно почна да плаче, а јас сакав да ги земам листовите и да одам да му ги пикнам во уста за да замолчи веќе еднаш, но знаев дека потоа ќе ми биде жал и затоа се повлеков.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И Зоки Поки, занесен, мисли дека е победник.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Толку е вистинска а истовремено и толку жестока, без секојдневните шминки со кои толку умешно ја нагрдуваме.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Со тоа мислам дека не сум еден од случаите, сакам кажам - не знам речам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сѐ си мислам дека среќата не може да се обновува. Може само несреќата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знаеше дека пред тоа треснав со плешки на земја заради истоштеност што почнува кога ќе ти се стори дека колениците ти се испразнуваат и стануваат клобуци од коска ненадејно истанчени пред некое распрснување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не поради некаква сентименталност, туку едноставно што знаеше од искуство дека многу работи што однапред ги планира човек - не секогаш се исполнуваат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Одев во колеЏ, дипломирав, предавав во средно училиште за да го избегнам Вијетнам, но главно скитав, до 1972-та кога како излез од слепата улица го запишав курсот за пишување на Универзитетот во Ајова и почнав да пишувам куси раскази.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мислам дека некој нѐ гледа, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Ма, глупости се тоа...“ „Мислиш дека не постои такво шише?
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тенеќе! Мисли дека јас сум до толку глупава и не знам дека тој посакува да стане зет на влијателен полковник и по неколку години да влезе во парламентот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Се зборуваше за бета-фенелитаминот, кој е структурно сличен на амфетаминот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Потоа отиде да ми донесе две големи филии биено сирење и еден поголем топол леб.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ја честеше и неа пијачка. Ги миев чашите, вриев од нервоза и мислам дека тие сами пукаа под моите раце.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Го бараме татко, чичко. Зар мислите дека е под некоја вреќа? се шегува човекот, ама лицето не му се насмејува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
НЕГОВИОТ Во почетокот мислев дека станува збор за желкински години, но морав да ја напуштам таа претерано ласкава единица.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
В ред ако мислите дека имате право да се фрлите под мојот воз, а јас мислам дека имам право тоа на секого да му го попречам.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Мислев дека сум сам и сакав со нож. Ме разбираш ли?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Станував сѐ погрда и погрда, а очите ми натежнуваа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Трговците не си го заматуваат умот со вино.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Најмалку мислев дека тоа ќе го направи Ема која со неа долго време градеше односи на особена почит и доверба.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Си мислев дека сигурно маќеата побарала Марина и баба ѝ да одат во друг стан, или, можеби, баба ѝ на Марина не можела да седи со оваа друга жена на својот зет, откако ја загубила ќерка си.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Господине, мислам дека влезот во фабриката беше од кај паркот...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Беше ноемвриска ноќ. Врнеше студен дожд и мислевме дека на таков начин полесно ќе се пробиеме.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И затоа, според неговото мислење, после толкавиот труд вложен во сериозниве иследувања, некои нови погледи на случајов му се чинеле најблаго речено, избрзани и неаргументирани.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Има една одлична сцена кога ги даваш оние Христијани што ги прелажуваат девојките во подземната. ВГ: Не е јасно дали тие ќе ги измамат или само ќе се обидат да им утрапат некои ужасни памфлети или слично.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Знаеш ли колку беше часот кога отидовме?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се сети: кога како дете го виде отруено своето куче, со пена на исфрлените заби, со здрвени нозе и со мраз во позлатените очи, мислеше дека и самиот умира.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„А не пак да мислам на нешто што не сум ни мислел дека го создавам, додека сум правел нешто сосема друго.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А уште колку луѓе мислат дека Наполеон сè уште е жив?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Бај Шишко мислам дека ми го замени дедо ми со вистинските приказни за селото, а и со некои нови, што за прв пат ги слушнав.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И ние сите се изменивме откако го видовме тоа. (...)Идејата за музеј на Енди Ворхол, претпоставувам, е добра, иако не може да го компензира она што го загубивме поради невниманието на некоја медицинска сестра, ниту да ја евоцира неговата најголема креација - Фектори, корпорација - уметничко дело.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Колку наивно таа мислеше дека има врска со нејзиното неумеење да се прилагоди на нивниот начин на живот. Ѝ стана јасно - таа за нив е непријател. Од непријателска земја.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во оваа сфера мислам дека луѓето се помал проблем од секогаш очајниот недостаток на пари.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Повремено некој човек, за кој си мислел дека е одамна мртов, повторно се појавуваше како дух на некое јавно судење, на кое со своето сведочење ќе обвинеше уште стотици други луѓе пред да исчезне, овојпат засекогаш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Истрајноста и популарноста на традиционалните машки геј-културни практики повеќе од четириесет години по Стоунвол можеби навистина се одраз на продолжувањето на неповолните политички околности, на натамошните искуства на антигеј-угнетувањето, исклучувањето, општествената доминација и стигма – но не во смисла на тоа дека се просто патолошки последици од општественото непријателство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мојата опсесија ми вели да ги заборавам белешките, но заборавам дека самиот се согласив за целава оваа идеја.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во неколку наврати после атентатот, напомена дека тој мислел дека било јасно дека се шегувал.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мислам дека во тоа се согласуваме,“ извика од фотелјата госпоѓа Мариела.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Што морала таа? Морала да ги чува толкуте деца, да се грижи за сите мали и поголеми нешта, да го поправа расипаното, да го оздрави болното, а тој, Никола, се бавел божем со големи работи, го гледал светот “од точката од која и бог нѐ гледа нас“, што би рекол Симон, и од таа точка, се разбира, мислел дека му е дозволено да издржува и друга жена, љубовница Ерменка, па уште и паштерката да ја соблазнува.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
СЛОБОДА И РЕПРЕСИЈА
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Што ќе ми дојде, ќе му речам, мислам дека капка крв немам на лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога ќе се залажеш себеси да мислиш дека гледаш нешто, ти заклучуваш дека и сите други го гледаат истото тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Па тој ме тера мене да помислам често дека сите луѓе отсекогаш краделе, а тоа е онаа неговата вистина, што тој ни ја наметна на сиве, така што дури и јас речиси заборавам многу работи, што ги знаев за животот, кога мислев дека сѐ зависи од тоа колку се сака да се создаде нешто, и колку труд ќе се вложи во тоа, и колку чесност и ќе се вложи во тоа, колку чесно и ќе се сака и ќе се создава тоа, и уште колку среќа ќе се има притоа, и дека не постои ништо друго, што би можело да влијае.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Ти мислеше дека сум добар член на Партијата. Чиста на збор и на дело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мислам дека сѐ што знае таа, знае и цело село, вели. 47
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од него зрачеше нешто волшебно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Знаеш, знаеш. – Одговори насмевот на куклата низ растегливоста на двете уснички полуцрвени и тивки како мед – тоа што го мислеше дека не знаеш што зборуваш, само потврдува дека си заљубен до коски.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
И Луис Марија ми ги гледаше дланките, кутриот, мислам дека не се осмелуваше да ми го погледне лицето. Мора да станувам многу чудна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Добро, ова го велам бидејќи навистина ја познавав.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Јас сепак и понатаму мислев дека Били, некако, сам ќе го направи она што е најдобро за него.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
“Постојано мислам на тоа,” продолжи таа одушевено.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не ме фаќајте за збор, ама мислам дека првата ЈУ-лименка беше пивото БИП.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
И кога мислеше дека го достигнал зенитот во уверливоста на кажувањето, за што добиваше дискретен знак на одобрување од страна на семоќниот А.А., првин се свртуваше кон блиското, големо пано со фотографии и написи, кои наводно сами зборуваа, тој со возвишен и патетичен глас да продолжи: - По ослободувањето на земјата од злокобниот фашизам, нашите народни судови први се пресметаа со предавниците од секаков сој, донесувајќи праведни и револуционерни пресуди и ја воспоставија историската правда.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мислам дека е добра пушка. Не е којзнае колку нова, ама ќе служи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ме посеќаше на сон со летање - само ова беше летање под вода - и тогаш долу гледам едно бебе кое исто така лета, но јасно ми е дека тоа е детето за кое сите мислат дека е мртво, но тоа не е ништо поудавено од мене.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мислев дека нема никого, - плахо одговори Мече, како да се правда.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Се придржував за колата и така чекорев несигурно.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ги домами војските до Становица над Жиово, скршна на југ, небарем се враќа назад кон Градешница и преку Врпско ја прејде Црна и кондиса во Гудјаково, мислејќи дека ќе се поодмори дури да го побара бимбашијата на оваа страна од реката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не мислам дека свесно се групиравме околу некоја идеја, иако веројатно бевме групирани.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Колку и да не е овладеан од професијата мислам дека нема актер кој не би постапил како Ирвинг.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И Бенвениста мислеше дека свадбата треба да се случи веднаш по веридбата, но не сакаше да го навреди сватот, па и таа замолча.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мислам дека сум го згрешил патот, дека кон друго село одам. Чинам пооди, пооди и запри.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мислам дека беше спомната последната недела на август 44 та. Мислам 26 или 27 август.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Впрочем, кога луѓето велат „јас знам”, мислам дека не знаат, тие веруваат.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Пред настанувањето на спорот тој имаше работен стаж од 25 години а, според систематизацијата на работните места, работеше како електротехничар во „Охис Пласт М“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мислам дека на овој свет не ќе се најде друга која што би ми го завладеала срцево, како ти што ме го имаш завладеано.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Дури мислам дека тоа си го сфаќа лично, се закикоти Бојана.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Големи надежи се испружуваа врз даските чиишто сопственици до еден си мислат дека - штом не им недостасуваат даски - имаат големи срца, дека се големи сонувачи и големи јавачи на иднината а и дека не се подложни на големи и лесни испарувања.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Не мислам дека некогаш потоа воопшто и се сетија на нив.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
--------------- Вилеров гоблен – квази рукотворба у кич рамка за која сите мислат дека е многу вредна и за таа цел се пренесува од колено на колено преку невестинскиот чеиз.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Не знам, и мислам дека никој никогаш нема да знае, едноставно затоа што смртта е најтаинственото од сите човечки незнаења.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Има денови кога мислам дека луѓето ќе уживаат во нив само неколку недели.” Frere-Jones е строг критичар на сопствената работа и не би објавил ништо за што верува дека нема јавна корист.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
А, да... можеби тие мислат дека јас погинав онаа вечер.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Сепак мислам дека тие две прастари линии некаде ке се сретнат, формирајќи крст, раскрстување на тешката ситуација!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Јас, можеше да ми се случи со него да се заортачам, ама се тргнав, мислам дека не згрешив.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој ја наведна главата и рече: „Знаеш што, Лудвик; мислам дека ќе мораш да се покориш на волјата на мнозинството.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Филип, пред да го запознае претседателот на државата во авион, мислеше дека луѓето како него се производ на неталентирани писатели.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
„Но јас се чувствувам така, капетане. Мислам дека би требало да си одиме оттука.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Подоцна, не веќе во безумен очај како пред доаѓањето, Онисифор Проказник се обидел да дознае зошто човекот со остра коса носи под кожувот лита мантија што се тутка во прешироки беневреци но пред тоа мислел дека неговата словенољубивост подмолно се пресметала со едно попче што не сакало или не умеело во манастирот да пее на разбирлив јазик пред да се џембоса претепан и по гаќи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мислам дека бев замелушен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа не значи дека не го сакаше или дека не беше подготвена да го прифати животот токму онаков каков што и беше доделен - рече Даскалов и ме замоли да му налеам една чашка од ракијата што ја донел.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Понатаму, од нејасното излагање на Кожинката произлегуваше дека тој бил изненаден од ставовите на некои неупатени другари кои ги застапувале тие поинакви сознанија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
По сите тие причини, како и по полната убеденост во тоа оти не само бесполезно и невозможно е понатамошното успешно спротивставување, јас мислам дека наш долг е да ја замолиме македонската интелигенција што има влијание врз сегашното движење да го обрне својот поглед кон сериозноста на положбата, да го измисли патот и сите средства колку што може поскоро за да искаже полна доверба спрема постапките на заинтересираните големи сили во полза на Македонците и, откако ќе им даде ветување, да ја прекине понатамошната борба, да ги замоли да му се помогне морално и материјално на постраданото население да се поправи; да замоли да се воведат сите предложени реформи и тие што ќе најдат силите за нужно, како проширување на изработениот проект; да се отстранат пропагандите и да се востанови Охридската архиепископија со црковно-училишната автономија; амнестија на емигрантите и на сите четници; признавање на Словените во Македонија за одделна народност: Македонци, и внесување на тоа име во официјалните книги итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дали се внимавало на тоа? Дали доволно се внимавало на тоа? Мислам дека не.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Направив пауза длабоко да вдишам, такашто можеше да личи на воздишка.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Жените навистина имаат што да загубат во оваа состојба, макар било тоа и нешто за што машката геј-култура смета дека не вреди ни да се задржи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За брмчењето на мувите ќе мислат дека над нив заштитнички шушкаат кријата архаѓелски, во чавките на голите кубиња ќе откриваат нечисти сили.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Затоа сега мислам дека Гала мене всушност ме мразеше, а можеби, што мене ми делува уште понавредливо и поболно, ме ненавидуваше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Ти реков: бев љубопитна. Мислам дека не очекував ни повеќе ни помалку“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- А ние мислевме дека тогаш таму, на Камна... - прошепоти со скршен глас.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Зајачето Шарко толку беше изморено што заспа, мислејќи дека Лисицата си отиде.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Поради тоа се научи да не реагира веќе толку бурно на реченицата „студениот фронт ќе се придвижи кон исток“ туку ги отвораше очите и мирно чекаше да заврши прогнозата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ким Гордон, меѓутоа, кога си ја опишува фасцинираноста од приказот на „ранливост“ на бината, особено откако некоја исполнителка ќе доживее „слом“, дава некаква оправданост на сочувствителното читање на спотот од страна на обожавателот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога тој ми ја пееше таа песна мислев дека за мојата недофатлива среќа зборува!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не бевме блиску и ние навистина бевме две девојчиња, сами и изгубени во големата и страшна шума.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Невозможно, а сепак можно“, рече мама.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не го зедов мобилниот со себе, но по сите претпоставки мислам дека беше некаде пред осум часот изутрината кога се случи големата катастрофа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Мислам дека ќе дојде! - ѝ реков. И навистина дојде.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Е, море, тука тука. Било речено да ги оставиме коските по овие пустелии, нема што — тажно промрморија скоро сите Сарафови приврзеници кои до пред некој ден мислеа дека се веќе надвор од опасноста и скоро ќе се најдат „во слободната мајка Б'лгарија" да ги понесат венците за услугата што му ја направија на Кобурга.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Престапувам, отстапувам кон џипот, а мислам дека не одам, дека на едно место стојам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Слушај џандару, немој да мислиш дека ти се плашам. Пет дена те нема и сѐ ти фали.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се напив три капки сладок гроздов сируп и во трансот на пријатна опиеност те прашав: “како ќе погледнеш во моите очи кога имаш срце на кукавица, а мислев дека си божество”?
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Мислам дека знам една болничарка што ќе им помага место мене.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ама, тамам мислев дека сите млечни паднале и дека со тие детски работи е свршено, ете ти два, долу напред, се нишаат.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тие ги исфрлија сите работи за кои мислеа дека се непотребни и така даровите слегоа на еден кожув, дванаесет рала чевли, седумнаесет разни шамии и шамивчиња, седум крпи за лице, два минтана, четири минтанчињаа, две капи, пет тулбени и две градски кошули за некои братучеди од Тиквеш коишто носеа градски алишта.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Веројатно мислеше дека умеам највнимателно да слушам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Меката земја попушта лесно под твојата тежина: колку повеќе притискаш, таа се повеќе се повлекува. -Мислиш дека си во право?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Грета (Го бакнува): Дики, мислам дека те сакам.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Јас не мислам дека таа се измачува овде.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мислам дека тоа е истиот запис што сохранет е во тајната одаја.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дрската јасност на овој парадокс е сосема во согласност со Ворхоловата естетика на заедничка уметност и тотална едноставност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мислам дека е добра. Не е важно.“
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Млакиот млаз врз врелиот тил за миг го отргнуваше од треската па се враќаше кон креветот и мислеше дека ќе го победеше мракот еднаш за секогаш ако во бесполезните години ја проучуваше хемиската супстанца на таинствената светлост на светулките.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- А најстрашно е - зборувам со измачен глас - јас мислам дека јас сум виновна, дека го донесов вирусот...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но, нема добри писатели коишто не го разоруваат (дури и кога мислат дека го утврдуваат) кодот на сопствените предестинации: религиозни, национални, историски, психолошки... 48 okno.mk Ако сум слободен да го изнесам својот став, не сакајќи овде да влегувам во аргументите на сите други ставови, го претпоставувам Рембо пред сите католици на францускиот 19 и 20 век, а Матош пред хрватските; Војнович пред сите руски православци, а Домановиќ пред српските; Омар Хајам пред сите муслимани, Витман и Емили Дикинсон пред сите американски моралисти; Еразмо на острата смеа пред пајажината на верската схоластика, Оскар Вајлд пред сите викторијанци (крутиот британизам); Томас Ман пред лажната и простачка, „мистичка” (мистификаторска) опиеност на сите настапувачки национални гордости; Кафка и Џојс пред секој „реализам”; а Ниче и Шопенхауер пред секоја катедра на големи мисли... »» Каков, во таа смисла, треба да биде ангажманот на писателот?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
„Проклети ѕверчиња“, свика, „мислев дека ќе се спитомите кога ве донесе мајка ви, а вие уште повеќе се здививте...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Мислам дека нема да стасаме до таму, нема да чекаме толку... Бригадирон Језекил, мислеше сега.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ни јас не знаев баш многу за тој феминизам, а исто така не знаев ни за сестринските односи, зашто сестра немам, па си замолчав, мислејќи дека ако продолжам на иста тема може нашето убаво расположение да се подрасипе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Доаѓаа и разговараа над мене, не знаев кој и не знаев што, конечно легна врз мене мрак на треви или мека сенка на облак, или можеби ме фати стапица на недолговечна смрт, умирав, мислев дека сум мртов, дека смрзнатата кожа ми е гроб под кој веќе нема ни движење ни надежи, нема ништо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лично мислам дека тоа профункционира и како литерарно дело, иако текстот произлезе од тој тнр.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Мал дел ни се видоа како возможни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ама мислам дека запали.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Можеби не грешат кога лично се чувствуваат како цел, кога мислат дека машката геј-култура им го напаѓа самото суштествување како жени преку своите бујни претставувања на екстравагантната, претерана, хистерична, страдна, унижена или абјектна женственост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Филозофот се заврте кон Стефана Лествичник, кој одејќи по скалилата на властољубието и гордоста мислеше дека по скалилата на знаењето и Вистината се искачува, се поклони, се прекрсти, го поздрави со „Мир со тебе, оче Стефане“ и рече: „Утре ќе ви ја откријам, пред логотетот, тајната на значењето на секој глас одделно.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ако се земе во предвид навистина ниската цена на овој автомобил, мислам дека оваа кола од аспект на соодносот цена/квалитет е најдоброто нешто што може да го добиете.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
- И мислам дека нема ништо поубаво од зборот - казан.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
КОСТАДИН: Многу умно мисли татко ти!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
При ова долго влечкање низ ходниците мислам дека двапати или трипати го слушнав и гласот на Катерина а во еден момент, во ова речиси сум сигурен, на еден од премините претрча и Јана. Ми го пресече патот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Откако ме мувна во слабините повторно вресна и ме привлече до себе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Можеш ли да седнеш сама? – ја прашував јас постојано, мислејќи дека е нормално на стар човек да се понуди помош, но секогаш наидував на истиот одговор.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
А уметноста целата е подземна вода, така, со повремени мочкања надвор, колку да им ги попрскаме кондурите на бескрајниот пролетеријат и тие пар државни чиновници - мислам дека ги набројав сите во државава, ако ја исклучиме старата баба на Неџо која почина минатата недела.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тоа е затоа што токму во мигот кога и јас самиот очекував да увидам дека машката геј-култура е мртва и погребана и кога мислев дека современиот геј-идентитет дефинитивно ја надмогнал, токму моите студенти ми кажаа нешто сосема друго.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Стимулансот беше присутен и таму и тој веќе ги предизвика своите последици.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Жените го гледаат зачудено, но како мислат дека тоа е некаков трик со кој треба да бидат изненадени - се “соживуваат” со “играта” и почнуваат да се смеат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но не бегам ли од човечкото безредие на село што умира под рамнодушноста на совремието? ја најде причината: затоа мислеше дека е уште власт, дека треба уште да биде тоа. Затоа?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога мислат дека е нивниот ден, а всушност е само најнервозниот во животот во кој ќе се избакнат по 7 пати со истите луѓе - кога ќе дојдат, кога ќе речат „ДА“, па уште еднаш кога ќе речат „ДА“ во црквата, па кога ќе се фотографираат, па кога ќе им го предаваат пликот, а тие под прстите, од дебелината веќе знаат колку им се блиски или далечни, па кога ќе се разигра невестата и кога тие истите, од многу мерак дека ептен добро играла, ќе ја зашлапаат по трипати по образите и по шминката која дебело си ја платила... сѐ до бакнувањето заради тортата и бонбончињата!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
За Корилчета дуќанот значеше едно разочарение: тој си мислеше дека во него ќе има шеќерчиња и петлиња на дрвце, а не можеше да разбере зошто треба дуќан за брашно, кога има амбари.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во јамата, бездруго во јамата, ќе го покриеме со гранки. - Пепелта не станува змија под земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А јас мислам дека учителот не може да го мрази доброто, вредното, милото, веселото дете.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
“Кога го извлече копјето мислев дека ќе ја извлече и мојата утроба и кога ме напушти вжарено треперев во Љубов божја.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Мислејќи дека ќе биде помалку сомнителен внатре, отколку да се шутка по тротоарот, влезе во дуќанот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се наведна над лицето, замрзнато од леден, црн удар, и не најде ништо што мислеше дека ќе најде - еден свет на тој човек, едно движење во просторот на продуваното време, сѐ она за што му говорел тој во темните крчми: детска играчка на изгубеното чедо, тажен кловн со плачни очи во тоа барутно време, некакви Марии со црвени искри во коските.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мислев дека можам да ѝ го поднесам животот на мојот предок како еден аргумент и моите постапки, се разбира. Да, моите постапки!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Потта на луѓето и говедата, или мојата, без причина мирисаше на сварена пченка, без причина мислев дека волските очи зреат и пукаат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мислам дека и мојата сенка е издупчена и од секоја дупка крв и гној ми капе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Вистина е дека тестовите не покажале дека има некакви психолошки оштетувања, но мислам дека секој што редовно зема по 4 или 5 таблети, секако си прави некакво физичко оштетување.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во прво време го прикажувавме само на пријателите кои доаѓаа во Фектори, а потоа Lonesome Cowboy многу брзо почна да губи шанса, па мислев дека би било добро да го замениме со Ебење. (...) Пред крајот на шеесеттите изгледаше дека Холивуд најпосле ќе ја признае нашата работа и ќе ни даде пари за високобуџетен 35-мм. филм.(Во меѓувреме Флеш се прикажуваше и во Германија и имаше огромен успех).
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но, таквите работи тешко се избегнуваат низ животот, зарем не?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ете така и мајка ми „не беше тука“. Мислев дека ќе можам да ја натерам да ми раскажува за Индија, но таа отсечно одби: - Знаеш и самата – рече – кога се враќам од кој било пат, првите денови не можам ништо да раскажувам, уште впечатоците не ми се средени, и ми треба време да се снајдам дома.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Па сепак, мислев и сѐ уште мислам дека ти го стори тоа прекутрупа. Разбираш?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Имав фобија од сеништа. Мислев дека ме следат насекаде.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
За да не бидам погрешно разбран, мислам дека треба да се напомене оти нашето сфаќање за менталните состојби како нефизички произлегува од таму што нашето познание ни покажува дека тие едноставно не личат на стандардните случаи на физичките објекти или процеси што ние ги познаваме.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Едниот можел да му биде одраз на другиот, два глечера од кои, по топењето, земјата меѓу нив се закитува со рубинени боболки, капки на бол и мачење достојни и за најкрвава царска круна од времето на Римјаните и подоцна на Словените до последниот султан во чие царство луѓето биле бесени на железни куки или гаснеле забуцувани на кол.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Рајхсфирерот ја добива мојата молба за спас на нашите сограѓани и мислам дека ќе ги уважи аргументите што тука најдов за сходно да ги набележам“.  Прв се созеде Лит.  „Еминенцијо, мислам дека писмото до Фирерот не го одложува извршувањето на нашата работа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Значи мојот предлог до Владата е под итно да се отворат „Банки за надежни граѓани”, т.е. сперма, со што мислам дека ќе имаме далекусежни ефекти не само во однос на подобрување на севкупната економија туку и во намалување на трговскиот дефицит.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Мислам дека сите ние подеднакво го имаме чувството на несоодветство на времето што си минува и нашето време – рече татко ти – Ни се чини дека вчера замина, како да е само еден ден отсутен, а сѐ околу нас го тврди сосема спротивното – дека долго го нема.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тоа се трите главни помошници на господинот Призрак.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Ти го донесе, ние го бесевме, се јавил од темницата Пандил Димулев обеспокоен од копнеж да појде во родната планина и зад широкиот појас на смреките да ги собере сите лековити билки од царството на тревите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Светлоста на огнот полека се менела - потемнувала и ослабнувала, станувала дел на ноќта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мислам... мислам дека очекувам бебе...“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Нема запреги и нема маѓесници, русалки со коси од ѕвездени нишки, мислев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Иако мислам дека кадарот со оградата на скалите и денес би бил достоен за внимание, и покрај звукот”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Те бараше и преку весници, а најмногу јас имав мака бидејќи мислеше дека те кријам...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ноќта ја помина на некој висок рид. Ја бркаше месечината, што од непознати причини се беше спуштила речиси на дофат, но при секој негов обид да ѝ се приближи таа отстапуваше токму онолку колку што тој мислеше дека ѝ се приближил.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во последен момент се извлече од стапицата што мислев дека му ја наместив.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мислам дека е Гоше Љубин, ама не им верувам на очите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И си мислам дека со овие раце ќе ги подигнеме.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ќе ме фати некоја жал да го оставам. Мислам дека некое насолзено око гледа по мене, вели, и чинам ај, пак врати се.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Господине, Јас имам израелски пријатели со кои, веќе со години, ја споделуваме надежта за победа на мировниот процес.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Најмногу те сакам кога за нешто во ист здив се согласуваме. (Иако мислам дека јас секогаш повеќе настојувам од тебе).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тоа не се само фантазиски творби. u А мислевме дека компјутерите се за desktop publishing и за уредување текстови.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Лично мислам дека издавачот бил во право кога решил првин на француските читатели да им ја претстави книгата Времето на козите, но сепак тешко ми е да се определам која книга ми се допаѓа повеќе.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
„Оди си“, се наведна. „Кажи им дека сум овде, дека ги чекам да дојдат и да ме запалат. Во детството ме апнала змија.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Конечно, ѝ го предадоа; таа го отвори, го прочита и се вцрви толку што мислевме дека ќе падне во несвест; се сврте околу, погледна низ целиот клас, и мене ми се стори дека особено долго гледа во мене и Земанек; потем одеднаш побледе, стана, го стутка ливчето под блузата и побара од класниот да излезе надвор.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Насетуваше дека повеќе губи, отколку што мислеше дека ќе добие во разговорот за религијата и комунизмот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се распрашував за неа. Мислам дека се викаше Вариола Вера.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Погласно прашал, мислел дека од смеењето ни пукот на гром не ќе достасал до земјата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
СТЕЈСИЕН ЧИН: Не сум го гледала.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако знаеме, од основното психоаналитичарско школо, дека потиснувањето и сублимирањето на начелото на угода е културна дејност, цивилизирање на првобитниот сексуален нагон во галаксијата на Еросот и неговите слободни игри, ќе запазиме дека јужнословенскиот виталитет им одолевал на сите овие сублимации и дека на крајот се „сублимирал” во сопствената l’action directe и, така, без форма јурнал таму од каде што мислел дека бегал - во смрт.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Сите внимателно слушаат што зборува Максим Акиноски но никој не може да се досети дали Максим мисли дека е добро што не знаат што сториле Хаџи Ташку и дружината или, пак, нив, жителите на Потковицата, ги наговара, ако Хаџи Ташку и дружината не знаат што сториле, тие да нададат глас дека Хаџи Ташку и дружината го убиле стрика Ангела Јанчески.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дури и подзастанав па Бушавиот ме погледна некако зачуден и праша А што се случи? Да земам воздух, реков.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
“ Колку тоа животи мислиш дека имаш?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Па, што знам јас. Се занесувам и мислам дека разбирам што се случува околу мене, а во суштина немам поим за ништо.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Подзастанав. Мислам дека сепак посакав да го прашам иследникот дали тој ми нареди да тргнам кон масата, или само извршувам моја лична одлука?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Ете, ти се јавило“, ми вели деверот. „А како мислиш дека ми се јавило?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Има долг параграф во книгата во којшто тој го прифаќа месото како бесконечна и комплексна работа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не мисли дека ти ја земаат енергијата, така сам им ја даваш.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„Ме сметаш за курва. Мислиш дека сум го домамила в клопка. Ајде речи ми - курво, го продаде за шепа сребреници.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Беше изненадена. Мислам дека успеав да ја забележам малата збунетост во нејзината насмевка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
ВГ: Не мислев дека на жените ќе им се допадне ликот на Моли.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа ти е, како да ти речам... Го гледаш небото полно со ѕвезди и си одбираш една, ја гледаш, ја гледаш и си мислиш дека е само твоја и си мислиш дека ќе ти донесе голема среќа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За ова размислував додека спиев, па дури мислам дека тоа и ме разбуди.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Мислам дека ќе сретнам некој, ама нема џан-џин, што се вели, жива душа нема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Конкретно, мислам дека Горан е можеби еден од подобрите живи драматичари во Европа.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Мислевме дека е најјак човек на светот. „Сеедно, господ го создал светот за шест дни.“ Ех, Каине и Авеле... *
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Камерата ни овозможи да бидеме сведоци на неговата најинтимна насмевка или воздишка.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И пред да заборавам да ти кажам, мислам дека ќе сакаш да го искараш Бредшо за последните шунки што ни ги прати. Малку се јаки на вкус“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мислиш дека во небото над Израел се наоѓаат истиве овие ѕвезди, или некои други?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Обиди се и ти, седната на твојот кашмирски килим, оној што твоите го купија од нас.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
ТВ ЛИЦЕТО: Ако мислиш на тоа што мислам дека мислиш, имаш право.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
- Поради природните, топографските услови, и јас мислам дека манастирот треба да ѝ припадне на Албанија, - рече Италијанецот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Си мислиш дека и тоа е некој човечки глас, осуден по цел ден да плаче.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не беше викенд, па мислевме дека ќе имаме среќа, се излажавме, летот беше полн.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Понекогаш мислам дека родителите се многу глупави, што дека се возрасни.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ми иде да се преселам на друга планета каде што луѓето не мислат дека филмов е смешен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„А јас сето време мислам дека си овде. Зборувам... Зборувам...
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Секој ден ми беше пред очи без да мислам дека било толку едноставно да се дружиш со неа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Градоначалникот од внатрешниот џеб на своето палто извади уште еден лист и му го предаде на воениот заповедник.  „*Ете ги вашите Евреи*”, прокоментира во тој момент Хрисостом.   „Што е ова”, рече Лит откако погледна во хартијата „Тука стојат само вашите две имиња.  „*Доколку одлучите да ги депортирате Евреите од Закинтос, ќе морате да ме депортирате и мене со нив.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Слична на сина снегулка, на прозорецот падна пеперуга и се сетив: болеста моја беше да се дочека пролетта на туѓ сламарник, лек - да се гледа низ клепки во детски подотворено руменило на усни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што туку мислев дека ќе заспијам, по зракна месечината се спушти до мене оној пајак што еднаш, пред да влезам во Шумшул- град, ми вети дека повторно ќе се сртенеме.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
А? Мислиш дека овде е местото да се каже тоа?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ги оставиле луѓето во вакафот, до џамијата, мислејќи дека се свети книги.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Си мислам дека и овој пат ќе ме седнат на малата трпеза со децата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да, да, така е во Париз, а кај нас – на убавиот син Дунав,” и одново со устата отсвирка неколку тактови од валцерот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мислеа дека тоа не е за мене, дека физички и психички нема да го поднесам тоа имајќи го со мене искуството од претходните потешки физички работи кои што ги работев во минатото и од кои секако имав по некои здравствени последици.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тогаш бев дете, мислев дека сум само вчудоневиден, но сега знам дека пред мене пукна, се отвори некое небо по чии широчини и далечини душата ми се подаде, но срцето чиниш смртно ми се исплаши.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Фаерабенд тврди дека самата замисла дека „оваа еднодневна мушичка, човечкото суштество, ова мало парче ништо“ ја открива тајната на постоењето е „луда“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Мислиш дека јас зборувам за власт и моќ, а дека не сум во состојба да го спречам распаѓањето ни на моето сопствено тело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Не. Вас ве знам. Мислам дека тоа име ме има потсетено токму на вас, но да ме убиете сега не можам да се сетам“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Мајка ми рече да те замолам да вечераш со нас“, му реков а тој без зборови ја прифати поканава.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност, не се согласувам со објавување и дистрибуција на авторски трудови без овластување зашто, мислам дека со ова не се постигнува ништо особено, а и нам не ни оди во прилог, како публика.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Не разбирајќи ја иронијата во која се нашле, наместо да се почувствуваат како вишок на самите себе, најтрагично од сѐ е тоа што тие луѓе за себе мислат дека се победници, па продолжуваат да се хранат со фалби.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тоа навистина погоди куп луѓе што сакаа да ги одржат старите стереотипи. често се прашував: „Дали тие луѓе кои си играат криенка воопшто се грижат за оние сиротички луѓе кои едноставно не можат да се вклопат во зададените улоги?“
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кај што стана радоста во куќава моја, мислам дека деца мои ми сте. Како од срцево да ми сте откинати.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Во тој момент сериозно мислев дека пораките на љубовта се не само посилни туку и похумани и попродуктивни од секоја потреба за храна.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислев дека нема да можам да се вклопам во тажниов настан.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ноќта е долга,есенска, за еднниот студена, за другиот и студена и вечна, во неа човекот може да се открие поинаков отколку што мислел дека е од првиот час на узнавањето до пред умирањето, наеднаш, на чекор од скончувањето, да најде во себе нејзино суштество што живеело некогаш или што ќе живее еднаш во иднината на времето и изменетите пространства.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Мислиш дека тоа нам ни текна? Не! Тоа му текна на некој друг.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пелагија се стаписа на местото, се стаписа од благиот глас на жената и полека, полека, со така да се рече надчовечки напори ја заврте главата и жената влезе во нејзините очи веднаш тука зад вратничката, а со неа и целата градина и куќичката со последното сонце плиснато по белината на ѕидовите, и вратничката се отвора на внатре, насмеаната жена ја влече натаму, ѝ прави пат за да влезат во градината Дојдете, златни, да си поседиме пред мојава врата, со денови, мори златна, да не речам со години, те гледам поминуваш од тука со момичево во рацете и со некоја голема болка во лицето, одамна сакав да те поканам да ми влезиш макар во градината ако не во куќата! и Пелагија нема сили да се спротивстави, таа дозволува мекиот допир на жената да ја води по патчето сѐ до поплочената ширинка пред вратата на куќарката каде што има малечка масичка и неколку столчиња без потпирачки наместени околу масичката и веќе седи на еден од нив, а на другиот до неа малечката Пела, и уште, уловува дека тетката седнува до неа без да престане да зборува Ако си калеша и со црно во срцето, ти си убава, и не знам дали има поубава од тебе, и по лицето ти се познава дека си и добра, твојата појава зрачи добрина! и во исто време претрчува внатре низ отворената врата и мислиш дека оди натаму а таа се враќа со подавалник на кои има чинивчиња со слатко и пресна вода во стаклени чаши Добро ми дојде, златна, во куќава, ајде, касни од слатково, јас самата го имам правено, онде од зад куќи, имам две дуњи, погледни, како сонцето што свети така и тоа свети, како твојата невидлива светлина, златна, како твојата невидлива добрина, златна, а тоа што свети во исто време и боли, мила, твојата невидлива болка, касни, заблажи се, ти ја знам болката, со денови, со недели, со месеци сноваш по уличкиве и бараш брлог оти онаа коруба сега е зграда, ене ја, ги надвишува сите куќи и вие морате да се иставите од таму, е, златна на тетка, не знам зошто, ама моето срце те одбра тебе, така да знаеш, те одбра тебе и оваа топка радост и оваа жолта заштита, вие да ми бидете радост на старост!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во тој пекол најпосле го видов сиот наш несреќен живот, војната, темните војски, познатите и непознатите мртви по полињата, по патиштата, по војничките камиони, покриени со шаторско крило, мислевме дека спијат, будали дечишта што крадевме бомби по војничките камиони; потоа пред очи ти е домот, тажната смрт на ѕвонарот, добрата мајка Верна Јаковлеска, стрикото Лентеноски, неколкуте ошумоглавени бегалци, татенцето, неговата црна судбина, другарката Оливера Срезоска, старо, несреќно девојче, нашите кутри учители и воспитувачи, Трифун Трифуноски, неговата болна, темна душа, благородна, светла, о, се колнам, тоа беше патот што водеше кон Сентерлевиот рид.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Мислам дека повторно се обидуваш нешто да ми подметнеш, Раде“, реков и го поттурнав.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ако Македонецот станал ментална проститутка мислам дека е време да разработам стратегија за отворање институции за граѓани ебани у мозок и на тој начин да се понудат соодветни решенија со кои би се наплатил овој секојдневен труд со кои се соочува кутриот и напатен Македонец.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- На кого му раскажуваш - мене? Да помижам ли додека баеш?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Интимно, мислам дека тие сепак беа во право.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Мислам дека нашата животна ситуација дава доста примери за тоа дека има многу што умеат да спорат разговарајќи, но малкумина се оние што разговарајќи вршат усилба и да се разберат: во сите институции на системот се дебатира и се спори разговарајќи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А тој: Зар мислиш дека и во мислите ги следам своите чекори?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И сега мислам дека ако ми кажуваше каде заминува и со каква цел го прави тоа барем ќе знаев зошто не се врати.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислев дека она што треба во мене да е страв станува дива болка од која ќе можам да се избавам далеку од ова чудно земјиште со многу жили во себе, негде на некое бачило запаметено од детството или од прикаските на тоа детство: во несоблазнет дом на недоразвиени јагненца до чии меки слабини топло се дише, бескрајно се сонува цутењето на праските и јаболкниците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во тој миг Зигмунд застана, ја поткрена раката за да одмавне со неа пред своето лице како да брка мушички, како секогаш кога мислеше дека она што му е кажано не заслужува одговор од него.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас мислев дека нема да работите поради дождот, затоа и не дојдов.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Имаше моменти кога мислев дека сум заборавен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мислам дека уште долго по смртта го болеше.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не мислам дека треба да ги правдаме луѓето.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ако човекот му верува на својот ум, ќе стигне многу повисоко отколку што мисли дека може: ќе стане натчовек.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Дури тогаш сфатив дека ги разбирам што зборуваат, а мислев дека зборуваат на јазик непознат за мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Има и такви кои воопшто не се обидуваат да си ја објаснат својата нестварност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој сепак сакаше да провери, па рече: "Јас мислев дека можеби децата ја скршиле!
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Мислам дека ќе фати оваа боја, а? — Убаво си ја скроил.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Моите колеги и пријатели од Битола годинава организираат по тој повод средба на пензионерите во Планинарскиот дом на Бегова Чешма, па мислев дека тоа и за тебе ќе биде интересно.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во еден момент мислам дека преовладеа сознанието дека не постои некоја и премногу значајна посебност кај Роман Гигов што би нѐ упатила кон прекарот Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Били беше одговорен и за среброто во Фектори.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ги наоѓаме и таму каде што сме мислеле дека не постојат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Погледна кон избледената трага од крв на ѕидот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Најпрвин мислев дека ми станува љубоморна, а тоа го забележав откако се задевојчив, откако ми се подадоа цицките, откако ставив газе, откако ги исполнив бутовите.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Го немаш тоа право. Башка си дрзок, башка си конфузен. И? Анихилираш
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сега ќе мислат дека си имала маж.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Куршум или парче од граната го погоди и што мислиш дека имаме време да ги закопуваме и да им пееме химни?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Адаптирањето мислам дека веќе беше завршено, стравот дека не ќе можам да се носам со градските деца како никогаш и да го немало во мене, особено кога дознав дека еден добар дел во класот се исто така дојдени од други места, од внатрешноста на земјата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
На почетокот на новиот век, човекот барал нешто што нема да лаже и мислел дека тоа го нашол во некое јасно, прецизно и дисциплинирано нумеричко мислење.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
А мислев дека тој миг никогаш нема да дојде“.460 ‌Дали мигот што го опишува Квин е навистина оној што сите го чекавме толку скрбно?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дојде тој и ми уништи сѐ. Беше посесивен, го знаев тоа, мислам дека болно си замислуваше дека флертувам со секого што ќе ми се најде на патот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Јас мислев дека Френк ја ставил таму за да се пошегува со мене.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Потоа сепак продолжи. - Прво мислевме дека е дојдена на гости. За да го видиме внукот... И така изгледаше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Секој занает си имаше своја слава во градот - ќурчиите го славеа Свети Илија, казанџиите Свети Спиридон, бавчованџиите и лозарите Свети Атанас, терзиите Петровден, и сите ги канеа на своите денови, и турските големци, и другите видни граѓани, ама Свети Пантелејмон на папуџииите за Тодора беше некако најубав празник и чест што мислеше дека целосно и самата ја заслужува.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Затоа татко ми, кога мајка ми пред смртта непрекинато велела „ковчето во ковчежето“, мислел дека таа сака да ѝ ги стават заедно со неа во сандакот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во мракот нѐ товарија во тие големи камиони и тргаа и ние радосни и весели си мислевме дека се враќаме дома.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Мислеше дека ме опива првото доброутро на пролетта во таа крастава година да лежам со тил на камен и без трепкање да го гледам движењето на орлите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мислам дека во срцево ми стои некоја осојница, некоја мразарница.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не успеало да инсталира геј-политичари и спортисти наместо женски диви, а не му ставило крај ниту на машкото геј-вреднување на вкусот и на стилот – иако геј-модите еволуирале од 1950-тите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Моменталната можност што ѝ се даде на оваа култура умре 1968-та, нешто подоцна прогресот на високата уметност и музиката од улицата дивергираа за првпат во деценијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тешко ми е да кажам, но, мислам дека понекогаш одредувањето на пиесите како рок или панк опери, мултимедијални проекти или перформанси е само манифестација на недостатокот на способност, како кај амузикалните, да го различат тангото од самбата или валцерите на Штраус од орото Пајдушка.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кога излегов од болницата, појдов, појдовме детето во мене и јас, на кејот на Дунав, онаму каде што исчезна Рајнер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мислам дека немав прочитано ниту една книга пред својата осумнаесета година“, вели.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не мислам дека е можно да се каже - ајде да си ги земеме назад доларите, да инвестираме во општеството, и да се надеваме дека повеќе нема да мораме да се развиваме технолошки.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Покрај пасажите за потрагата по душата, фиксирана во татковите книги, во мајкиното огледало и врската клучеви на некогаш напуштените куќи, кои можеа да ги отвораат само сонуваните брави, мислам дека само во долговечната заеднички истрадана тишина можеше да се насети постоењето на душата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ако, пак, работата беше особено тешка, тогаш тој имаше обичај дури и воопшто да не ги завршува речениците, така што мошне често, започнувајќи со зборовите: „Тоа е, навистина, сосема онака...“ – а понатаму веќе немаше воопшто ништо, зашто и самиот тој забораваше, мислејќи дека кажал сѐ што било потребно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пропатував бројни европски земји. Заборавив илјадници страници и илјадници незаменливи човечки лица, но склон сум да мислам дека, во суштина, никогаш не сум стапнал со нога вон таа библиотека и вон таа градина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога се врати мислам дека со себе ја имаше донесено половина Русија. Што во торбите, што во главата.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
„А сега, драга моја - намигна градскиот шут - мислам дека си веќе доволно зрела за да предизвикаш неколкумина на утрешниот турнир!“ ***
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сите мислевме дека со првото котле ќе го изгаснеме огинот.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
„За тоа прашај го докторот“, го посоветуваа другиот. „Ние сме болничари и не знаеме сѐ.“ „Болничари“, зачудено зина. „Мислев дека сте епископи.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Ми е страв да заспијам, вели Јон, оти мислам дека ќе умрам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пред сѐ отвореното, наметливо и дрско однесување на натрапничкава.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ама кога ќе ми речеш, Стојна, мислам дека на друг му зборуваш, вели, мислам дека не зборуваш со мене, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мислевте дека кај плодовите на овошките најпрвин корупката ќе се развие а дури потоа таа корупка се исполнува со сокови?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа што мислев дека тоа ќе биде одлична прилика да се оттргне од стариот начин на живот како и луѓето и ситуациите кои го поттикнуваа да прави лоши работи.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сиротата таа кој знае, пак, нејзе каква ѝ беше намерата, мислам дека ќе се срушеше кога нè виде како седиме еден до друг и смирено разговараме, држејќи се за рака.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Колку и да е згодно да се застапува – заради обликување на политичка одбрана на машката геј-култура – некаква апсолутно реска разграниченост меѓу женственоста и родовата улога или изведба, од една страна, и женскоста како полова или биолошка состојба, од друга страна, границата меѓу нив честопати излегува понејасна и понехерметичка отколку што човек би сакал, особено бидејќи самите машки геј-културни практики се склони да ја разводнуваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Одговорните, како што е одговорниот на компанијата “Cramps”, Џани Саси, мислат дека во ситуација како во Милано и \енова добро е тоа што публиката е непомирлива, туку активна; но фактот дека постапуваат така да не може да се чуе она за што дојдоа да го чујат, а потоа да кажат дека работата која не ја чуле е успех...
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Мене навистина ме збунуваат нејзините чудни размислувања и изместените констатации.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Имам само 14 години, а веќе сум висок 185! (Од фрижидерот вади шише до пола наполнето со млеко) За само 3-4 години ќе имам повеќе од два метра!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Не знам! Мислам дека не забележав таков каков што ти ми го опишуваш. - Рада уште малку глумеше „лудило“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како да ги прочита мислите на Беренц, митрополитот стана, отиде до прозорецот, ведро му мавна некому оттаму и спокојно додаде:  „Мислам дека враќањето од интернацијата им го должам на тие влијателни пријатели”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мислам дека некој вид Фалвелијанска иднина веројатно би била мојата идеја за најлошото нешто што може да се случи. ТЛ: Да. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 66
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Раката му запре, оти мислата одеднаш му се испразни како што се празни дупната мешина.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Што дека моите знаат дека сум кај Бреза, кога всушност не сум? – ја прекина Марија. – Да не мислиш дека сега спокојно седат и гајле немаат што ми се случува?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Слушнав како го спомнува токму тој збор додека се обидуваше да се насмевне.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислев дека средбата ќе има некаква цел во врска со најавата од претходниот ден и дека од мојот претпоставен ќе добијам одредени инструкции, но во неврзаниот разговор попусто барав нешто кое би можел да го протолкувам барем како мал дел од она што го очекував.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Потоа седеа, долго пишуваа на друг лист и кога веќе мислев дека ме заборавија, го слушнав гласот на мајката: „Сега убаво пишуваш!
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Настана навистина гробна тишина.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Попрво, како што видовме, тие претставуваат и признание за тешката положба на машкото геј-живеење и решителен одговор на неа, вклучително и категорично отфрлање на главнотековните општествени вредности што ги унижуваат и ги обезвреднуваат геј-мажите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ние веќе не мислиме дека дистинкцијата меѓу претензијата и реалитетот е толку важна. 72 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Мислеше дека тоа морало да биде некаде во шеесеттите години, но не беше сосем сигурен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можеби црвената чанта се затресе во скутот на Ана кога возот прв пат прикочи, можеби само здодевноста ѝ ја придвижуваше раката до праменот што ѝ паѓаше преку челото; во текот на тие три- четири секунди за време на кои возот стануваше неподвижен во перонот пајаците ми ги забија ноктите на кожата од бунарот, за уште еднаш да ме победат одвнатре; кога Ана се исправи со едно единствено чисто движење на телото, кога ја згогледав од грб меѓу два патника, мислам дека уште еднаш бесмислено го побарав лицето на Маргарита врз стаклото осветлено со заслепувачките светлини и движења. 61
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но јас мислам дека ќе ти биде полесно да се завлечкаш по некоја малку помала, малку поситна дира.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А сега не можам да те оставам, мислам дека и ти самиот го разбираш тоа во мене, му зборуваше на самјакот пред себе, некаде таму, далеку напред, меѓу дрвјата од таа волшебна снежна шума, зачекорен и вгорен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мислам дека оваа вечер и да посакаш не ќе можеш да ја заборавиш. Никогаш нема да ја заборавиш, Елена!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Се плашиш?“ „Не. Отсекогаш сум мислела дека ќе се плашам, но не се плашам.”
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Мислам дека на ниеден крај од светот не можам да бидам посреќна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во секој случај, тогаш, нејзините возвратени погледи и насмевки мене ми делуваа и мислам дека и беа охрабрувачки така што јас одвај чекав да имам повод пак да одам кај Сврделот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во почетокот мислевме дека уште некој се вселил кај него, но тогаш испадна дека и двата гласа се на Били.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
“Што е следното на ред - комодата? работната маса? купатилото? веќе го поминав купатилото со правосмукалка, и мислам дека ќе го завршам денеска...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мислеше дека од тоа можеби, колку-толку ќе се врати во нормала.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Знаев дека Јан Лудвик ме сака; но јас веќе половина година гледав во Земанек, и мене само Земанек ме интересираше; со него излегов одвај десетина пати, кога Земанек ќе успееше да се ослободи од Јан; Јан беше како приврзок на Земанек, и јас не можев да му закажам состанок на Земанек; мислам дека и Земанек избегнуваше да се види со мене, поради таа нивна цврста пријателска врска.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не, не ... не мислев дека едвај чекам да го видам нејзиниот погреб, туку сакав да речам дека малку ќе ви раскажувам и за нејзиниот живот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Мислам дека одненадеж порасна.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
-Сѐ си мислам дека тоа е раѓањето – заклучи Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Зборував… Зборував… а притоа сеќавав како напрегнато сум вслушан во шумовите од соседната соба; дури и прашував; сигурен сум дека неколкупати прашував, но не гласно туку во себе. (Навистина мислев дека го прашувам во себе Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Ќе ми дозволите ли да запалам, еминенцијо?” - рече поканувајќи го својот гостин одново да седне, седнувајќи притоа и самиот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кашлаш, а тоа ме излудува. Мислам дека имаш замерка на играта.“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во времето на вечниот генерален директор (Ј. Ќука) – работниците се изиграни од него и од тогашното раководство: имено, наместо акциите за коишто вработените даваа и до 50% од платата за да ги купат и за кои мислеа дека се од централата на АД „Охис“ – Скопје, ним им се [про]дадени акции од фабриката што произведуваше течно стакло ГЕС Гостивар, која имаше многу помала реална вредност и којашто подоцна оди под стечај2 (оваа фабрика и раководството ја купуваат со парите кои вработените ги даваат за откуп на акции од АД „Охис“ – Скопје).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Геј-мажите, според него, навистина се одликуваат со природна состојба: заедничко ни е својството да му припаѓаме на трет или меѓупросторен пол, на половина пат помеѓу машкиот и женскиот (но поблизок до вториов). ‌Таа отворено есенцијалистичка или есенцијализирачка визија за природите на геј-мажите ги носи со себе вообичаените недостатоци, проблемите што по правило ги тиштат сите есенцијалистички модели на општествениот идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мислам дека поинакви рамки можно е да се бараат само вон христијанската традиција која го фиксирала нашето чувство на тело, потаму на исток и во традиционалните општества воопшто коишто развиле побогата традиција на телесни техники.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мислев дека не ме чул, но се излажав.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Можеби утре некоја од вас така ќе ја носат и да не мислите дека некој многу ќее жали поради тоа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дури и на врвот на својот книжевен успех, 1964-та, тој напиша: „Веќе нема да бидам среќен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Филозофот треба да знае дека на тоа столче, пресветол управнику, пред него седел само уште отец Стефан“, изустив, мислејќи дека со тоа ќе ја задоволам потребата на Стефан да биде пофален.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мислам дека е време за нашата Вилијам Тел точка“, ѝ вели пијаниот Burroughs на својата втора жена Joan.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Постојано си мислев дека другарките всушност и не ми зборуваат за Виктор и Валентина, туку дека нивната приказна на места е бесмислена и гледаат многу напнато и ококорено во центарот на моето лице, восхитувајќи ѝ се на мојата ненадејна грдост.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А јас млада, па убава, во туѓа земја, а од турски знам само да кажам „Бир тане туркиш кафе шеќерли... беш тане шеќер“ и да се насмеам како глупача кога некој, мислејќи дека зборувам турски, пријателски ќе се расприкаже на долго и на широко.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Мислите дека ја растуривте, но мене ми се чини дека не ќе оди така лесно таа работа како вие што си ја претставувате, — па се обрна кон Перевци: — Другари!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но дали ова значи дека во Русија, Бугарија или Украина денес е на дело постмодерното општество? Не мислам дека тоа е случај.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Мислам дека пепел ми паѓа од непцата, жежок талаш, пилевина, којзнае што.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Инаку не знам дали ќе речев: Навистина не би знаел што да правам со гордоста доколку воопшто нешто ми останало од неа!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А мене ме изненади токму таа констатација: дека одговорни личности не ги споделувале неговите гледишта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Раскажуваше полека како да се плаши да не се засркне од многуте зборови, го гледаше настанот и се гледаше себеси во тој настан, со жестока горчливост во гласот се исповедаше пред седуммина гости.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го почестив една чашка ракија, а мислам дека заслужуваше уште една.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Бошко се стегаше, но сакаше да го прави тоа, мислеше дека му е доста она што му го дава Луман, но со времето навикна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Напати знае да казни и тоа веднаш; другпат објавувањето на својата одлука ќе ја одложи за подоцна, но никогаш не ги амнестира нашите грешки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Понекогаш, мислам дека ако ја испружам раката, ќе го дофатам и ќе го заденам како брош на реверот од моето палто, близу до моето срце и дека тој, Крстот, ќе ми помогне да го смирам ова треперење што го чувствувам со целото тело и што ми ја одзема силата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
По плоштадите, крстосниците и ановите во Куско се уште се моткаат патувачки светители престорени во продавачи на чај од кока се уште се моткаат и поети кои си мислат дека баш тие се крадците на огнот и на празникот Инти Рајми со огнот в очи постојано се губат во шумата од незасадени строфи.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
А кога се слуша сѐ, мислиш дека и сѐ се гледа. Маки мачеа тие луѓе со многу луѓе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ни не слутев дека неговата судбина ми ја раскажува преку песната што божем успаната девојка ја пеела!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Единствено уште во приказните на некои народи ги среќаваме оние суштества полни со млеко и солзи чиешто дете со гордост...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Можеби сме многу блиску до куќата, а јас само си мислам дека сме се загубиле?! Ама не беше така.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Никогаш не сме зборувале за тоа, зашто мислев дека не можеш да се сеќаваш: баба ти често месеше леб, го печеше и топол го виткаше во бела крпа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Мислам дека ќе престанам со оваа работа. Обиди се да ме разбереш.“ „Да те разберам!“ викна таа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Мислам дека душата, сосе дробови, ми излезе низ устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Си мислев дека веќе нема да се разбудиш, дека нема да излезеш од својата куќичка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Уште во 1970-тите години, токму мојата генерација мислеше дека веќе здраво сме ја надминале потребата да бараме геј-значење во главнотековните филмови, во бродвејските мјузикли и во другите главнотековни културни работи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Таа побара да те натерам да се тргнеш од мене. Повеќе не доаѓај овде.“ „Не можам да не доаѓам.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Постојат сите основни компоненти, но сè уште во покриен облик.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Има луѓе кои мислат дека ним или на другите им се случуваат настани кои всушност се само плод на нивната имагинација, а веруваат во нив како во реалност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дора многу се налути затоа што мислеше дека нејзе не ѝ се допаѓа Огнен.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Можеби ќе звучи арогантно, но мислам дека во текот на триесет и кусур години поминати во стариот крај ислушав сè што вредеше да се чуе - а и американскиве шишиња се за некој цол подебелки и поцврсти од нашите.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Штукнал од ум со придушен крик кога го видел најмладиот од дружината - Лозан Перуника сакал да се оддалечи нечујно од своето засолниште.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа беше момент на несигурност, сѐ дури да проговори неговата повреденост во бес на маж одбиен по толку мисли и тајни надежи, одбиен од жената која му е в куќа, чиј кревет е еве тука, од жената за која мислеше дека барем донекаде ја подвластил.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
А потоа, изгледа му веруваше на моето умеење, а и на лековите што ги подготвував.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Сигурно не мислел дека и во трето одделение ќе седи во истата клупа! - дофрли некој.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Колку е тажно, - реков. - Секогаш сум мислел дека е прекрасно да си бесмртен, а сега...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не одведоа и мојата мајка и сите мајки на сите деца останаа со празни скутови и прегратки и со секогаш вперен поглед на патот по кој не одведоа и постојано и без престан ќе мислат дека токму по тој пат ќе им се вратиме...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Дики: Која беше онаа?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Овие крикови ќе ја натераат засекогаш да потоне во молчење,“ рече најстариот од Густавите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сѐ си мислам дека треба да се случило нешто внатре во семејството во кое мракот беше голем и стануваше сè погуст...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се прашуваме дали, ако Кинеското дрво ни значеше исто како и нему (како и морскиот брег и рамницата во близината поради која мисли дека светот е тркалезен, Црнците, шумата, ослободената пијавица и мочуриштето кое се граничи со гробиштата и игралиштето, црквата, неговата куќа, олеандрите, палмите и комарците, дабот кој има лулашка направена од автомобилска гума, лулашка која треба да се поправи, вилицата на ајкулата, школките од левата и од десната страна, и гризот за доручек) - па, само се прашуваме.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мислам дека ќе нема потреба да те потсетувам - ме предупреди тој.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
2. Од друга гледна точка, Будистите би рекле дека јазикот го спречува нашиот пристап до реалноста.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сите мислеа дека Македончињата се малку чудни, ама веќе никој не ги сметаше за чакнати како во почетокот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Завиткани во твоето излитено Навахо ќебе, лежевме бакнувајќи се со длабока страст сѐ додека ти не залипа од копнеж.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Знам само старите велеа „младо време – матна вода“, ама си мислев дека тоа не се однесува на мене.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Мораш да им го дадеш и тоа доброволно сè она за кое тие мислат дека не е твое.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Еден ден Били однекаде ископа грамофон.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ја прашав дали ме сака. Рече дека мисли дека да.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Меѓутоа, што се однесува до тоа - нема никакви докази: можеби само мислат дека ве сфаќаат и илузијата е взаемна”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- А што велиш да појдеме на прошетка во убаво расцутениот парк, што во оваа доба од годината, несомнено, ги поседува сите палетни бои? (Мислиш дека знаеш сѐ за мене?).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Петјушка дури малку се збуни.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но имаше други случаи – и тоа болни – во кои несогласувањата меѓу нас изгледа откриваа некои разлики во вкусовите што не беа релативно безболни, туку длабоки, незгодни, лично унакажителни карактерни испади, прекршителски незапазувања на став што го изразува вистинскиот родов и сексуален идентитет (главно, се разбира, од моја страна).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Покрај величањето на животната енергија, мислам дека кај него секогаш е при­сутна и преокупираност со смртта; постои ли врска со Хајдегер во оваа смисла?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Според Рајт, еден од главните разлози поради кои Витгенштајн ѝ се опира на интенционалистичката претстава, е тоа што таа ја предизвикува веќе споменатата тешкотија „regressus ad infinitum”; имено, тоа што се мисли дека правилото е „во умот”, не објаснува како се нашло таму, бидејќи проблемите на препознавањето што правилото од некого бара, не се разрешуваат, смета Витгенштајн, со самиот факт што тоа е „во умот”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Оти од небото до земјата, од едната страна на светот до другата, од шарката на измамата до нив - никаде ни здив од вистинско ветре, за што сведочеа спокојните тревки крај пругата, а сепак мислиш дека местото е зафатено од огромна ветрушка што смука сѐ низ тесното грло и којзнае каде го префрла!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Исто така, мислам дека настаните кои се одиграа во меѓувреме се импресивни, така што оптимизмот содржан во мојата забелешка - т.е. оптимизмот во поглед на можноста за менување на општеството - станува помалку... помалку забележителен на површината на моите чувства и беше заменет со некој вид молчење, така што, како што и самите забележавте - или не го забележавте тоа, но, тие дневници, “Како да се подобри светот”, продолжуваат... не знам кој е последниот датум во нив, но мислам дека има околу пет или шест години откако не сум ги пишувал.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Си мислевме дека нашите ќе ги потиснат владините војници и ќе си се вратиме дома.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Со тоа мислам дека исполнувам, спроти моите сили, еден дел од мојот долг кон народот мој и кон татковината моја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сите се исплашивме, мислевме дека ќе умрат од студеното.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И можеби и двајцата мислат дека е тешко да се изгради вистински мост, штом нивните дедовци и татковци не изградиле.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Мислам дека е добро да се фантазира, тоа е еден вид јога на умот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„А мислев дека мене си ме убила. Мислев дека си ме предала.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Мислам дека Владата би можела да заштеди многу од Буџетот доколку на невработените би им исплатила и 5 пати помала сума од онаа за увоз, односно 200 евра, колку што изнесува просечната македонската плата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Мислам дека немаше директно учење туку размена со другите мислители.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мислам дека е време да си одиме.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во тоа паѓање Авни е мала попатна станица која може и да не се забележи во приквечерината на твоето паметење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Да, мислам дека би можела, утре попладне во 13часот, тука.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Небото нема крв, одговори неговата празнина а ова што мислиш дека е нож само е опашеста ѕвезда. А дали ветровите имаат нозе?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Мислам дека оваа книга е многу поубава од она што се случува.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кажано со технички психоаналитички јазик, сега мислам дека тогаш превидов дека тој го проектираше дедо ми на мене.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сѐ уште мислел дека неговите луѓе без причина ја почнале оваа мала војна по која ќе се исправат од недостоплената земја со искалени лица на самоуверени војувачи пред кои штотуку почнало да се крева големото знаме на победата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мислев дека е вистинското нешто за мене. Вистинскиот животен тек.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„Ние мислиме дека она за мачката на директорот на поштата е пострашно“ , му рекоа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Всушност, не му се јасни луѓето кои голтаат по половина дузина Е таблети за една вечер.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сигурно си мисли дека е грда, и дека таа е крива за сѐ.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Легнав на ќебенцето. Но еден куршум за малку ќе ме погодеше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
На пример, кога ќе ги видите несреќите што се случуваат, немојте да мислите дека сите се случајни.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Геј-идентитетот, или некоја негова „постгеј“ верзија, и натаму е она што голем број геј-луѓе мислат дека го сакаат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Јас мислам дека прстот во устата се става колку да се зачува здравиот разум, односно да се спречи истекувањето на непристојните, неочекуваните, непријатните зборови.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Зарем ти мислиш дека жените се навистина робови? - се запрепастив. - Под чие ропство сте?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ние, помалите деца, макар што никогаш не го разбравме значењето на зборовите „социјализам“, „комунизам“, „работничка класа“, зборови кои најмногу се повторуваа, мислевме дека се тие најопасни за нашите кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Едниот сакал да го надживее противникот, другиот исто така мислел дека ќе се исправи над својата жртва и ќе појде на некој поток да си ја лекува раната со сончеви зраци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Она утро, додека ги чекав симидите во бурекџилницата, Б.С. спомна дека вплеткувањето во животот и во неговите противречности не е секогаш предизвик.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Помошниците од оваа страна, на господинот Призрак, се викаат: Бедмен („човекот“ што настанува во соништата, или на психоаналитичарските каучи... - така се зборува); потоа доаѓа Мики Хаос (како и за Пајо Ентропија и Роџер Ребит, се претпоставува дека Мики им избегал на црта­чите како вирус на лаборан­ти­те; други, пак, мислат дека Мики Хаос наста­нал под ста­клено ѕвоно, из­ло­­жен на влијани­ето од јаглерод, натриумови соли и графит, додека се симулирал Големиот Траскот...); третиот и последниот (но не на крајот од ланецот што се врти во круг!) е веќе споменатиот господин Јанус, кој скоро сигурно е човек, но со две глави, за разлика од Дипигус.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Утре – нов ден, нова нафака: на лаѓата за Венеција ќе протнам некоја ведра песна, преку девет мориња скришем ќе испратам и врзоп карипски насмевки - само црна мачка да не ми го пресече патот кога папсана се враќам дома и си мислам дека навистина сум продавачка на синолички на плоштадот Свети Марко во Венеција.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
- Нели е така, брате Никола? - Но ние мислевме дека овој Онисифор фрлил оган врз кутриот Арсо, со полна уста побрзал Никола Влашки наведнат над склопец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Филозофот се смешкаше загадочно, како и секогаш кога сите мислеа дека сѐ е загубено, а тој исход чудесен наоѓаше, од ништо нешто сочинуваше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Писателите Црнци и критичките теоретичари на расата неодамна се зафатија со темата „како да се биде Црнец“ и ја третираат како достојна за продлабочена анализа.90 Во случајот на геј-мажите, не се само (и главно) хомофобите тие што мислат дека геј-мажите ја сакаат Џуди Гарланд.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И мислев дека коските ми се без тежина, ветришта свират низ нив, ќе ме покријат, заспан и без соништа, без треви и без облаци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зар мислиш дека не знам дека, штом ќе ме видиш, без мене не ќе можеш ни да дишеш!“
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ако Танаско и неговата жена мислат дека зимата ја довела до тоа дереџе, таа нема зошто да се плаши дека нејзината срамотија е веќе јавна.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Исплашено го прашаа: „Каква каса? Ние мислевме дека си копук.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Таа еднаш му даде сѐ, но тој мислеше дека тоа не му е доволно. Тогаш тој сакаше повеќе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ова читање сугерира дека на конференцијата ќе се соберат луѓе кои мислат дека разговорите се per se тераписки, на потрадиционален начин, луѓето кои мислат дека терапевтските врски per se се факторот кој лекува во целата терапија. То ест, терапијата е разговор. 26 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како момче што е само дома, кое бара романса со идеалниот дечко, кое замислува колку добро би си поминало ако само успее да се потсреди, да се облече и да излезе... само за да сфати, кога ќе стигне на тоа место од соништата, кое навистина е населено со геј-мажи, од кои сите до еден слично како него бараат романса, дека тие вистински геј-мажи некако се погрешните геј-мажи, дека воопшто не се оние што си ги замислувало кога отпрвин мислело на излегување – така и геј-литературата што ја напишале геј-мажи, за да одговорат на потребата од отворено, експлицитно претставување на геј-мажите, на геј-животот и на машката геј-сексуалност што самите геј-мажи мислеле дека ја сакаат, честопати излегува дека е погрешната геј-литература, понезадоволителна за нејзините геј-читатели отколку негеј-културата што геј-мажите веќе си ја присвоиле и ја преозначиле за да им ги изразува копнежите и соништата144.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Беше затоа што Змејко отсекогаш мислел дека оној старец, оној Дуко, е еден од оние, што вечно ќе траат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За маќеа, мислев дека е потребна некоја друга жена, сосема поинаква.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ако е тоа итрината што Милер мислел дека ќе запали или дека ќе биде романтичeн мамец, бргу се разочарал.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Те повикав затоа што те сакам, мислам дека те сакам, и сакам да се сретнеш со некого.“ „Се разбира“, реков.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Зарем веќе! Мислев дека тоа е на крајот, кога гардистите се берат на афтер парти во градскиот парк... јуначиштето на Стојан очигледно не поднесува алхохол...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Кога Марсел Дишан ни тврди такво нешто, истовремено ни ги претставува и сликите и одразувањата кои се рефлектираат и повторно ја создаваат недофатливата уметност на величенствениот ум. превод: Леа MAURICIO CALVESI Дишан и Ученоста Бидејќи сум поттикнат на пишување за Дишан, мислам дека од мене се очекува накусо да го појаснам своето видување на овој исклучително сложен уметник, кој дотолку бара и комплексна интерпретација.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Стоев во двоумење и мислев дека од моите очи розга крв што почнува да ги копа на моето лице првите бразди на староста. ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ЛУКОВ: Веројатно, додека го пишувал... мислел дека со ова парче хартија ќе го потресе светот и ќе го присили да му одговори на прашањето: „Како е можно човек што сиот живот го следел својот идеал, да стигне до тоа да стане убиец на тој ист идеал?“
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
” Секако, не верувам дека Купер сам одлучуваше за тоа, мислам дека луѓето што го опкружуваа го советуваа да не ја прифати улогата.” •Од каде ви е идејата за секвенцата со воденицата? •Хичкок: „Кога ќе ми се означи местото на снимањето - а тоа е многу важно за моите идеи - мора во потполност да биде искористено, драматуршки искористено.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тие нешто си разговараа, мислам дека ги начув како зборуваат за некакво јадење.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Бидејќи Деридините деконструктивни процедури се полабави одошто оние типично модернистички, и бидејќи тој не става нагласок на доаѓањето до заеднички заклучоци, местото на индивидуализмот во неговата теорија е позначајно.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со шеговит глас, соодветен за големи измислици, ѝ ја раскажа ублажената верзија на нејзината дијагноза. – Тоа значи – заклучи – дека ти недостасуваат уште неколку дена за да оздравиш целосно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Има и телевизор, а мислам дека лап топот на Димитар ви е тука.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Конвенционалната романтична љубов веќе си има пркосна, антиномиска природа, како што укажал Мајкл Ворнер.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ми станува изгледа навика да постапувам според намерите на службените лица.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И, додека ти мислиш дека е крај на светот и векот за тебе, те вадат и тешат турските серии, поредени, фала Богу, така што можеш да ги следиш и репризите ако нешто си пропуштила дури си го секнела носот со тоалет хартија зашто „Паломата“ си ја потрошила на претходната, која била за нијанса потажна од твојот живот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И мислеше дека ако ми се даде макар и четвртинка можност, би те поткажала како сомнителен, за да те убијат?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дали те препознаваат? !
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
САЗДО: Го извлеков од под тркала - блед како смрт; мислев дека токму мртовец држам в раце.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
„Здраво, ако науката смее да општи со помрачените умови.“ Иван за миг го опфати со поглед од теме до петици. „Мислите дека јас ве довлечкав в болница за да ви се одмаздам?“ „Мислев, докторе“, рече со неолекувано спокојство. „Мислев дека тоа го сторивте за доброто на Јана и за мое добро. Каде е таа?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мислам дека Ѕвездана го гледам, велам, кога го налегна, кога силно му натежна болеста.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Веројатно имала причина за да се насмевне - рече Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Тргна по оној пат – ја предупредив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Што се однесува до индуктивниот поглед врз светот на разнообразните нешта, кој татко ми, како што реков, ми го всади порано и подобро од сите професори – него го користам често, некогаш и не сакајќи - на пример, кога минувам по улици и ...уште една згазена мачка од синоќа – малолетните камиказе возачи станаа сообраќаен терор – нормално кога улиците се претесни – урбанистите пред десетина години не мислеа дека градот сосе сообраќајот толку ќе нарасне – метро?, но подземјето на градот е преполно со цевки и жици...итн. или...во центарот на градот, во паркчето меѓу градските кули, додека мирно си седам на клупата, нешто остро ме пецнува по левата нога – од некој кат, од некоја од околните висококатници, некое дете пукало со воздушна пушка во мене – децата некогаш гаѓаа врапчиња, а сега луѓе – нормално, сѐ подоцна легнуваат, сѐ подолго го преспиваат денот, а кога ќе се разбудат, се нервозни и лути – а што ако наместо во нога ме погодеа во око, кој ќе ми помогнеше? – зошто ниедна влада во оваа држава не го регулира ноќе времето до кога малолетниците можат да останат во кафулиња – итн...итн...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Дури и нешта за кои мислев дека не се на продажба.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Си мислам дека сѐ што ми е извалкано со солзите ќе го измијам, ќе го исплакнам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Погледнато наназад, првата книга беше наивна“, вели тој.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Понекогаш мислам дека тоа треба да се вброи во некој вид душевно заболување.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
На спеш'л – намаление, со тоа што плаќаш редовна цена, а мислиш дека си прошол поефтино.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Черепухи, објаснува татко ми. Желки! Мислам дека и ти ги имаш видено во нашиот двор, Лев?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Така. Мислам дека се разбравме?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ова, се чини, е клучниот елемент во секој обид за разбирање на постмодернитетот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Знам дека ова звучи инверзно расистички, но мислам дека врската со Африка е многу битна.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Премногу често философијата е длабоко вовлечена во “читање помеѓу редови” а мојот истражувачки тренинг и моето читање на Витгенштајн ме научија да избегнувам читање помеѓу редови бидејќи, за жал, таму може да нема ништо.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ова ти го кажувам оти мислам дека на Еда врската во селата околу Лиманци треба да му беше Војне.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не го чувствувам продувот. Каде беше?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Како второ, го однесов во весникот “Јужен крај”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Мислам дека Т. С. Елиот рече дека ако писателот има претен­ циозен литературен стил, тоа е така главно заради тоа што нема прочитано доволно книги. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 11
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И мислам дека постапував коректно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сѐ уште се сеќавам дека му реков на Ѓурчина:"Нема да бев среќен ако морав да го сметам за брат некое копиле на таа Огнена Гулева", и тој наеднаш почна вистински да се смее.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Пцуеше а пред тоа мислев дека си чесен и наш.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Денес делото на Алфред Хичкок е ценето во целиот свет и младите кои сега ги откриваат Прозорец во дворот, Вртоглавица, Север-Северозапад, благодарејќи на репризите, сигурно мислат дека секогаш било така.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Нашето лачење на информации е такво што ги загадува и горните слоеви на менталната атмосфера со своите нераспадливи отпадоци, уништувајќи го малку по малку видот на Белов (Bellow) ремен којшто нѐ заштитува (слично на целосното распрснување на тајната во вештачката интелегенција. (238) Се вели дека глупавоста е навреда, но мислам дека објаснението е поголема навреда.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Така е, - ѝ одговорив, и мислам дека во тој момент почнав да сфаќам што сака да ми каже.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Она што тие го сфатиле е еден поединечен одговор на нивните акции, а реалноста која е зад тоа се смее: „Ха, ха! Тие мислат дека ме откриле”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- Е бидејќи мислиш дека знаеш ќе се обидам да ти објаснам зошто се смееле и што се случувало.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Чувства кои мислев дека не постојат, а сега секој миг живеам за да ти покажувам колку силно и искрено можам да сакам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тоа е нешто различно од Даглас Адамс на пример, кај кого, мислам, целата работа почна толку добро за него, што сѐ беше само сплет на околности на кои тој се надоврза.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- О, - направи стрикото и изгледаше како малку да се сневесели. – Јас пак мислев дека немаш балон...
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ја (бар мислам дека) сум од оние што имаат истанчено чувство за осет и развиен сенс за филинг, ама ова е туу мач.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Тој мислеше дека внатрешноста е влажна и мувлосана, но таму имаше отвори за врати, како оној низ кој мина тој, на тесните страни, лево и десно, струи воздух, како и снопови светлина влегуваа низ тие отвори.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Јас му поверував иако сега мислам дека тој мене тогаш ме излажа колку да му се тргнам од патот со моето барање.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Зато, ако ти праи ќеф цела ова работа, јас мислам дека е добро за тебе. Да одиш.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Мислев дека секој ден може да се вратиш. Друго сѐ оставив исто, како кога замина.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас мислев дека твојата комплетна преокупација е Вардариште/Дрисла - сметам депониите.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Се мисли дека и Викинзите кои запаѓале во состојба на неконтролиран бес, го правеле тоа под влијание на оваа печурка.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Фино лизгање.“ „Благодарам. Мислам дека сум во ред.“
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Дури не бев ни сигурна што може да значи за мене смртта на Таша.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Полицаецот: Веројатно. Сега сите мислат дека сум мртов, а јас пукав. Margina #26-28 [1995] | okno.mk 119
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тој, значи, мислеше дека неговиот живот е само паѓање, постојано паѓање. И ништо помалку и ништо повеќе!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Траеше 10 или 20 секунди, а јас мислев дека ќе умрам и дека никому не му е грижа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- А толку многу го фалеа што мислевме дека Господ слегол на земјата. - Јеби га. Живот тече даље.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Но јас знам. Се лажеш, бајченце, ако мислиш дека не знам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дотрчаа странските борци мислеа дека сум ранета.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Милан.“ „Да.“ „Мислам дека сега е мртва.“ Милан се наведна и ја крена птицата. Ја држеше во рака цела минута и ја гледаше.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Мајка ѝ на Пепелашка Не знам зошто мислам дека сè ќе имаше друг тек на работите ако тоа утро Васил ја обуеше и другата чизма.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ние пријателски се зазборевме и ниту забележавме кога во канцеларијата влезе човек на средни години, кој го фати младиот господин за рамената и извика на сиот глас: - Така ли вие, ѓаволски мрзливецу, ги подготвувате сметките?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Мислев дека денес ќе можам да го убедам вашиот син ако не да се откаже од своите намери, тоа барем да се фрли под друг, а не под мојот воз.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Така урината на оние кои беа под влијание на печурката е многу барана и се пие со уживање, бидејќи содржи доволна количина дрога за да предизвика исто дејство.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не мислев дека летото ќе заврши, дека ќе мораме да се вратиме, дека не ќе стигнеме да се објасниме.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- А зошто мислиш дека ми е убаво? - рече човекот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Откако сум роден, повеќе сум разговарал со Бога, одошто со него; мислам дека е помолчалив и од Него.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А јас и денес мислам дека тоа бил сепак некој умен ѓавол.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ем ништо не кажува, ем мисли дека кој знае што кажува и згора на тоа во крескавоста на нејзиниот глас има една таква наметливост.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Такви исти верувања, кај различни луѓе, на различни простори, се повторуваат неброено многу пати низ времето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од 64. до 67. движечка сила во Фектори беше амфетаминот, а Џерард не го земаше.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Следствено на тоа, не мислам дека има многу шанси за политичка слобода, то ест за онаа слобода во смисла на старогрчкиот полис, слободата на собирање на агора и донесувањето на одлуки.  Што мислите за прашањето на економијата?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во 1969-та година тој ја заврши својата збирка Дреамтигерс со епилог во кој прецизно и кусо признава: “Малку нешта ми се случија, а ги прочитав мошне многу.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Си ја држи главата и си шепоти: - Дури бев млад, вели, мислев дека секогаш ќе има време за она што го немам. 231
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се разбира, мислам на неговото однесување, но и на изгледот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Знаете, Лудвик“, рече, „Ги прочитав вашите песни и мислам дека се одлични. И дека се многу топли“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ване си мисли дека го заборавила веќе и нема да му додева со ништо. Ќе може на раат да си го чита стрипот.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
1. „Култура“ Ова е еден од изразите за којшто мнозинството луѓе мислат дека „знаат“ што значи.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Мислам дека секое животно има убави и чисти очи како дете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мислејќи дека е жолта пеперуга, детено пружи по него рака.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Бојана го прибра во нејзиниот кревет (- гревче едно, зарем мислеше дека со цел памет ќе те оставам да спиеш на подот?), што малку го подсмири, дури и сонот неколку пати сакаше да го прими во неговото царство... ако Бојана за беља не почна да грчи.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Дури и стварно да ги бев видела двата задни пара нозе како се движат како што би се движеле при скокање, мислам дека резултатот ќе го сметав за нестварен и механички, беден обид во споредба со ненадејниот висок главешкум Маргина 35 115 лет од шепата на нашата мачка.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
-Искрено, Бедмен, мислам дека си неодговорен.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Непоколебливо намирисани со бел прав, млади и наконтени се познаваше: деца од фамилија, разгалени и дигноглави, мислат дека светот е во нивните раце, дека можат сѐ.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И денес никој не знае дека самиот заминав; сите мислат дека ме прогонија.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Многу не му се думав, затоа што мислев дека за кратко време ќе си купам нов автомобил.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Двајцата од мртвата стража, мислам дека беа Божин и Мишо, и двајцата беа од нашето село.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Мене поговорката ми е океј, ама мислам дека функционира и во обратна насока: да немаш, да немаш, па нагло да добиеш!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Мислиш дека би можеле да ни приредат некое изненадување?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
-Се преплашив, мислев дека ме повлече некоја сила, ме фати за нозете, цврсто стегајќи ме, ме влечеше надолу, надолу – објаснуваше со возбуда Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ова ли е величествената кулминација на век и половина политичка борба за геј-слобода и за геј-гордост?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
”Не бев сигурна дека е вистинска змија. Мислев дека е играчка, онаква какви што луѓето ставаат во своите тревници.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Видете каква блажена насмевка му лебди на лицето. Гледате?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Некои од нив веруваат дека се само измислени од некој друг, други - дека се дел од нечиј сон, трети мислат дека некој ги создал како што се создава предмет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Часот ми беше здодевен и долг.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Најпрвин од белината израсна неподвижна сенка, потоа, и самиот неподвижен, видов девојка, не постара од мене, со зачудено лице на една премлада Богородица со златномедени очи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Без трепкање го гледала. Млак ветар си поигрувал со едно нејзино темнозлатно перче.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но, всушност, мене ми се допаѓаше и содржината.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Она што мислев дека никогаш нема да се случи, се случи.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Затоа, мислам дека најмногу ми одговара една состојба на врамнотеженост на нештата, состојба на мир со секого па дури и со родениот брат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Не ми пречеше тоа што пробал да се самоубие, затоа што мислев дека е емотивна криза во која може да се најде секој повозрасен адолесцент.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Геј-мажите не престанале да наоѓаат геј-значење во женските икони, од Златните девојки до Очајни домаќинки и до Лејди Гага.376 Како оние мои геј-студенти и пријатели што ги споменавме, многумина (и хомосексуалци и хетеросексуалци) што израснале по Стоунвол сѐ уште јавуваат дека во детството изградиле настрани односи со предмети од главнотековната култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Уметноста се повлече во цитаделите на културата од каде се појави дури од неодамна; рок културата беше пратена во прогонство на Main Street; и повеќето од децата на Фектори, меѓу кои и јас, избирајќи помеѓу Кејт Ричард и пост-минимализмот, се определија за музиката. (...) Но идејата останува заедно со Ворхоловата осудена на пропаст визија, така што мислам дека некаде во музејот на Енди Ворхол, треба да постои оваа, налик на пештера сребрена соба со бели излупени цевки и нечист под.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Стомачето, исто така, се зачуди на мојата реакција, веројатно и тој мислеше дека одвај чекам некој од пејачите да ми пријде, а зошто, за да бидам нивна евтина играчка, не благодарам, имам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
„А кога ти велев... Мислеше дека тоа од љубомора го чинам...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А додека плевевме не носев како другите жени волнени чорапи до под колената.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност мислам дека последното испитување навистина се случуваше после полноќ. Можеби дури и во раните зори.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И сите мислеа дека логотетот и Лествичникот гласале за Филозофот, дека душата своја само тие двајцата му ја дале, милоста благоутробна своја; сите мислеа така, оти предлогот го даде Лествичникот со уста своја и грев беше, хула бесчесна беше дури и да се помисли дека тој не гласал „за“, или дека логотетот не гласал „за“; но само јас знаев дека Лествичникот е погано и лажливо куче, со око побелено, оти знам дека и јас гласав за Филозофот, а мојот глас, третиот, го немаше; а го немаше затоа што Лествичникот беден беше гласал против Филозофот, еднакво како и другите, и најлицемерен од сите нив излезе, оти устата негова предлог даде што го отфрли душата негова, и оти вистина беше дека само јас и логотетот бевме вистинските пријатели на Филозофот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сепак, мислам дека Круме Волнаровски ме сакаше како соработник и веруваше во мене. Не беше лаком за пичка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дежурната ученичка веќе го пријави како отсутен и наставничката по историја го запиша во дневникот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Изминаа веќе три часа откако Ева се обидуваше да го скине сочното јаболко, кое речиси доземи ја беше навалило гранката на старата јаболкница, а сите мислеа дека таа никогаш повеќе нема да раѓа плодови.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Истиот миг ние двајцата се смиривме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Понекогаш се чинеше дека заработил нешто, мислам дека даваше правни совети како бивш судски чиновник.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ме прашуваш зошто мислам дека можеби е подобро така?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мислам дека татко или имал потреба да ми го покаже она што, според него, е добро во музиката или само сакал да биде поинаков од другите татковци.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Бидејќи и самиот помислив дека можеби сум згрешил и дека можело да се случи да сум го упатил во лоша насока со спомнувањето на она буричкање следеше напомената: „Ова е град, момче.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зошто? Затоа што мислат дека нивното оргинално дело ќе биде подобро од драматизираниот роман или расказ на писателот што смртта го спречила да им врати за направената услуга.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Па како го пуштате да шета слободно... - Мислевме дека е излечен... - рече отец Иларион со јад во душата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И додека наближуваше мислам дека настојуваше да остави впечаток оти не ја забележала Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но најопасно од сѐ беше тоа што тој не веруваше во неви­ ност и мислеше дека сите ние сме онолку софистицирани колку што тој мисле­ше дека е и самиот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Оставија да стане востанието, мислејќи дека ако не „самостојната” политика, тогаш крвта на Македонците ќе ја натера „великата ослободителка” да си ги остави своите работи и да дојде да војува за нас, за да ја повикаат после во Берлин и да ја загуби Манџурија и влијанието во Персија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јас би сакал да мислам дека моите филмови пред сѐ се обраќаат кон некои такви проблеми.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Зашто мислев дека е заборавена в агол.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И мислев дека ослободен сум, но не куртулив; заповед добив од Писмородецот, утре, кога библиотеката во семинаријата ќе биде отклучена, да влезам, и, кога Граматикот ќе излезе надвор, со црно мастило, мастило на злобата негова, да ги потурам ливчињата претсмртни на отец Мида.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дури мислам дека отсекогаш ни било потребно токму тоа, мислеше подоцна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ако биде редовна на тренинзите, в година ќе влезе во екипата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сакав да му кажам кога ќе си легнеме, но се премислив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Исто така мислам дека оваа неадекватност ѝ стои на патот на една непристрастна проценка на вистинската вредност на феминизмот како философија.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
- Актерот после завршувањето на претставата: „Мислам дека излезе предвреме.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Јас мислев дека го имаш како моево!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Сигурно е дека активностите на Бирото за советување спречуваат болести и можеби спасуваат животи, меѓутоа никој не може со сигурност да каже дека им е загарантирана можноста за натамошна работа. 156 okno.mk „Секаде каде што има групи од млади луѓе, има дрога“, вели Херман.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Како што времето минува така сè повеќе мислам дека во тоа имаше некоја одмазда или барем некое ненавидување.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Мојот познајник, Самоников - мислам дека се насмевнав (за малку и Катерина да ја прашам дали забележала некои промени на моето лице) - мојот познајник Самоников да беше случајно фараон или некоја слична фаца веројатно ќе мораа и неговите љубовници и метреси да го придружуваат на ова негово големо патување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Идиот! Идиот! Пфуј!“ вика сувиот човек и се тресе сиот како пијаница кога ќе зацица крв, а тишината прска во безброј срчи и мислиш дека нема крај тој пискот, дека будилникот саноќ ќе цепи: иди-от! иди-от!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Иако мислам дека во мојов сегашен случај не е во прашање љубовта, туку само задоволството од користењето на заедничкиот кревет.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Најбољи од сите пророци, а мислам дека и ненадминлива до сеа е Госпоѓа Клеопатра, или такозвана Балканска пророчица.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Мислам дека сум човекот на кујната.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Не мислам дека тие се засрамија од мене: та тие решија од ништо да не се срамат!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Како и да е, мислам дека треба подлабоко да проникнеме во причините поради кои отворената и експлицитна геј-тематизирана машка геј-култура што ја овозможи геј-ослободувањето и натаму има толку тешкотии да си најде машки геј-поддржувачи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Крцкаат гранчиња, крцкаат и моите коски. Сѐ туку мислам дека некоја ќе се одвинти или ќе пукне.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Навистина, тебе ти е ова последната можност, но мислам дека лошо си ја одбрал.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во некое време од денот, на улица, еден човек ќе ве допре по мишката и ќе рече: „ Мислам дека ја испуштивте вашата актовка“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вистината е дека сум направил многу гревови во животот и мислев дека нема потреба повеќе да продолжи.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
А не беше, но се трудеше да живееш нормално, секаде да те има, а тие што се со тебе да мислат дека е сѐ во ред, да не ги оптоваруваш со твојата болест.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
И мислеше дека може да ја намали уште повеќе, до своите коленици.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Веднаш ќе се вратам назад“, помислувам, небаре коњите ме повикуваат да тргнеме, но сепак ѝ дозволувам на сестрата, која мисли дека сум зашеметен од топлината, да ми ја слече бундата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Така тој мачкаше платна што не се продаваа како слики, а таа ја крпеше живеачката што се кинеше токму кога мислеа дека им е убаво.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Мислам дека не сме скапи! - ни рече со полутивок глас Параскева. - Бараме 8.000 драхми за месец за една соба.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Златко мислеше дека човекот му се потсмева.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Како што реков, тоа отсекогаш ме воодушевуваше - начинот на кој луѓето можеа да седат покрај прозорот цел ден воопшто да не им биде досадно, а после тоа да одат во кино или во театар и да умрат од досада.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Иако повеќето луѓе мислат дека не ја носат во себе, се лажат.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Неговите деца како да немаа татко, а секое од нив имаше две мајки - Клара се грижеше за нив како за свои.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мислам дека и рибите во морето се замрзнати, нема ништо живо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мој пријателе, она што не можеш да го прифатиш кога имаш триесет години, кога мислиш дека светот е твоја бисерна школка, понизно ќе го прифатиш на педесетгодишна возраст.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сестрата на шоферот му го подала бебето, мислејќи дека тој е таткото.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тој отпрвин си мислеше дека барем за надворешниот свет нема да се измени ништо спрема поранешното.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Доста настрано. што мислиш дека значи?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Вака, сè си мислам дека те зачудувам со моиве раскажувања.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Грозен тип, но мислам дека има некоја сличност помеѓу него и тебе, Дики!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Зошто Павле ни помага Бојана? Тој бил гардист, мислев дека сите гардисти му се слепо лојални на генералот Стојан.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
А моето распрашување од прилика течеше вака: Извинете, а собава до вашата дали е собата на Мирко Бунде?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ни се чинеше дека камионите се влечат и нетрпеливо си мислевме дека пеш побрзо би стигнале дома.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Нашата канцеларија се наоѓа во непосредна близина на фабриката во која дванаесетмина работници произведуваат мебел што човек го купува за да се кае потоа цел живот, освен ако не реши по три дни да го исече за потпалување: столчиња за пушење, столчиња за шиење, комоди, вешто бојосани столчиња што се кршат под тригодишни дечиња, мали подлошки за вази или саксии, безвредни дреболии кои за својот живот ѝ се благодарни само на вештината на столарот, додека во стварноста некој лош бојаџија им дава само привидна убавина со бојата за која сите мислат дека е лак, а која требаше да ги оправда цените.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дики: Сладок е. Го сакам. Но мислам дека тебе те сакам повеќе. Се бакнуваат.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Па ајде да повториме некои од нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Треба убаво да си ги отвораш очите".
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Не си упатен во неговите лутања – рече Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога бев малечок, секогаш мислев дека ќе умрам многу млад, на дваесет години или тука некаде.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во својот сонет „Грижа на совест“ (1976), запиша: „Го сторив гревот потешко простлив / од сите гревови. Среќен не бев...“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Притоа во позадината на овој неозвучен слој од неговите размисли како да се движеше и рамномерното брмчење на златниот инсект; мислам дека во тој момент ја сфатив таа неодминливост: дека ниту една неочекувана појава на инсектот не може да се замисли без придружба на необичната наметлива мелодија.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Лежевме така неопределено долго под дрвото; мислам дека веќе и времето изгуби смисла, оти ние говоревме работи што не се сврзани со времето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
По патот јас му зборував за тоа дека Земанек е сосема изменет и дека живее со друга жена; мислам дека воопшто не ме слушаше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)