мисли (гл.) - додека (сврз.)

„Нека ми прости дедо, ама морам“ - мислеше додека го изнесуваше снопот пред колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Господи, колку убав ден се осамна, ами не можеше вчера така да нѐ причека? си мисли додека си го шмрка чајот без леб и додека со благ поглед го опфаќа брлогот дробнежот на баба Петра и некоја невидлива сила ја исполнува, ја раширува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Леле, колку е здодевна, ништо не разбира оваа моја мајка, - си мислев додека ги врзував врвките од патиките.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Што е здодевен со тоа негово капење, - си мислев додека се соблекував. - Постојано тормози. Што ми фали?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)