мисли (гл.) - не (чест.)

Затоа „влезе ли свадба — држ' не пуштај", мислеше не само Пушмарко, Баба, Јашмакот, ами и Пане ситничарот, Милан куменџијата, Рампо чешларот и други чаршиузлии.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Дај и Тодоре ножиците да го направиме господинот токмо мариовец, да не си a земите обата бељата по Маково.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ами, метлата, господин војводо! Мислиш не ќе познаат агите оти ваа работа не е мариовска?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој и инаку ќе требаше многу да се ломи за да му се открие на овој човек со долго косиште - надворешност што не влева многу верба, - зашто тој, кога се подготвува на вакви постапки, има да мисли не само за себе, ами и за она девојче што го сака, и кое е должен да го чува од лош потсмев.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Ако мислиш не смееме да признаеме“, рече таа, „ќе го сториме тоа сигурно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Но, човекот не можел да ги избори своите најстари и наједноставни поими поинаку туку со соочување на спротивноста со нејзината спротивност, и дури така постепено научил да ги раздвојува двете страни на антитезата и секоја да ја мисли не мерејќи ја свесно во однос на другата.”
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Мислевме не ви е арно.“ „Можеби и не ми е арно. Сепак јас ништо не чув“ , уморно ги дочека. „Поправо јас ноќе никогаш ништо не слушам. Месечар сум.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мислиш не знам зошто тие го пречекоруваат твојот праг.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
БОРИС: Јас мислев не може да земе воздух. Кој е тој?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Мислиш не ме боли мене тој црн ден што се случи во вашето село додека ме славевте на сред село со најубави благослови и плодови?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Зар мислиш не проѕрев во твоето срце и не видов колку ме сакаш?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Така ме викаат другите, ама јас не се согласувам со додавката на моето име, оти мислам не сум толку добар и не ќе бидам добар до колку не им угодам на прекрасниве суштества, што сум ги создал, а нема со кого да играат...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)