мисли (гл.) - ќе (чест.)

„Тогаш за мене ФИЈАТКАТА“ реков, „само тоа останало“.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Гледате - шрафцигер. Ама да не мислите ќе отшрафувам. Шрафцигерот го потпикнувам под амблемот, натиснувам и - го откорнувам. Ќе оперираме еден по еден.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Имам само еден алат“ од џебот Љупчо извлече шрафцигер со зелена рачка.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Си мислат ќе минат сите вртоглавици, ќе дојде колце на тркалце и пак ќе си се вратат од каде што кинисале само сега како порцулански заб, петка горе десно.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Само поскоро да стигне. Мислеше ќе ѝ искочи срцето од градите кога седна до шоферот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога бевме толку нагнетени во утробите што мислевме ќе ни пукнат како надуени гајди, во ниедна доба се простивме од гостилничарот и воденицата, па којзнае како се извлековме од темницата на патот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Боге попушти да притиска на педалот за гас кога стрелката на патот му се изгуби пред очи, но колата ги фаќаше свиоците како нишалка на рингишпил - тамам мислиш ќе излета таа ќе се врати и ќе се исправи, и во наредниот момент е подготвена да ја повтори истата игра на другата страна.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- А Елена? - Мислиш ќе ни се налути? - праша Бојан. - Мислам, - рече Денко.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мусли бег наеднаш остина. Иако не сакаше така да си помислат христијаните сам чувствуваше дека така зборува, како да ја пади од себе, од Арслан бег и од Турците во Потковицата несреќата: Оти високо летаат и грабаат па си мислат ќе ги смилостиват ако не ги убиваат, или оти ги мислат за божји птици па веруваат дека ќе ги стигне несреќа ако ги убиваат, праша.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Е, тогаш замавнав, мислев ќе го осакатам човекот.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Мислиш ќе заплаче. Ја навртувам пушката и ја застрелувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А јас мислев ќе ги најдам да си играат: Бишка, Кусо петле, Клиска, Долга капина, Пет камен.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мислиш ќе ти проговори, мислиш ќе ти се расплаче телето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Копук! Мислеше ќе се залетам по неговото партизанско минато. Зарем не се погледнал во огледало.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Татенцето одгоре ме мерка, ми намига, јас од земја му праќам исто така понекој пламенен поглед, мислам ќе се сожали.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И во сонот ја следи твојот мил глас... се буди и мисли ќе ги види очите на животот..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
- И моите се плашат да си одам дома. Мислат ќе им бидам товар...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
До Пелагија стои Чана, со едната рака ја држи мајка си, а со другата едно бовчуле, се врти кон Пелагија и сака нешто да ѝ каже, ама се предумислува па прво ја става мајка си крај нозете на Добра, до неа бовчулето и кога ѝ се празни рацете се свртува и ја грабнува Пелагија со машки стисок Остани ми со здравје, Пелагијо моја! ѝ вели Сакав да останам со тебе, со... мислев ќе се преселам кај Доне, мила, ама него го снема, се загуби, последен пат го виделе како се враќа со Танаско од станицава.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Мислевте ќе ве прифати нов свет, негибнат од инфективните раце на цивилизацијата, а завршивте како чорба на ритуалната трпеза на дивото племе Њам-Њам. – избезумен се врти кон брат му – Беднику, зарем не сфаќаш.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Си мислам ќе ми пропадне прстот во главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас си мислам ќе вика полиција, а таа ми вели: — Плачи слободно, наплачи се...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се исправаат, се наведнуваат, мислам ќе се превртат, ќе ни се истурат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас си мислев ќе речеш за кускулето што на човек не личи, ами каму на поп.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И, гледајќи ги нив со чашите в рака и тие, со дрвените цокули, решив и му ја спраштив во слободата, та неа, кутрата, си мислев ќе ја најдам во планињето што немаат крај, во висините до под небо, во далнините и во шумите зелени и ширни, во видикот до кај што ти око гледа....
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
БОРИС: Еве сега, јас сум дојден, нема место во куќава, мислиш ќе му текне да се истави, да каже „фала ви многу, гледам на товар сум, ќе бегам”. (Пауза)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ципата му се вовлече во очи, му беа потечени со денови, мислев ќе ослепи.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ОСТОИЌ: Јас мислев ќе можев да ги добијам на употреба некое време. Тоа е обемна работа.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Имаше во селото и неколку куќи населени со Унгарци, мислеле ќе се обогатат од афионот што тука многу се раѓаше, па се населиле дури од Војводина.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Се разболев со голема температура и ништо не јадев, само вода пиев, главата ме стегаше, мислев ќе умрам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Не е ни на мојот, ни на твојот јазик, но бидејќи тоа е библијата, а бидејќи е и толку ретка и убава, мислев ќе те радува да ја имаш меѓу многуте други книги што ги чуваш кај себе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Ништо, рече, ќе уживам, се накашла, па се поправи, ...мислам ќе одам да барам работа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)