може (гл.) - ти (зам.)

— Та, да не можиш ти со чупенцето и да не а даваш наки, та мене доста ми е нашата со браче Трајка — одговори Митра и си помисли во себе: „Види, види, песјачката една!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Можеш ти и подобро. Наведни се повеќе. Не се трудиш доволно. Пониско. Така е веќе добро, другар.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Глупачке! - се прекоруваше самата себеси - Како можеше ти!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Добро, Арсен Лупен. Што не можеше ти ќе можат поколенијата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не можеш ти да сакаш!
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
СИМОН: Мислев, како можеше ти да го отруеш Никола?
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Може ти е чудно што брзам волку, ама ќе видиш дека сум имал право.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Можеш ли да направиш чардак? Што можеш ти?“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Да не има благо на нејзиниот газ што сте се залепиле така? а тој се брани со раката од тие развртени рачиња, предупредувајќи ја Жено мори пуста да не бидеш, не ми го тепај сонот! и дозволувајќи ѝ и понатаму да ја тресе правта од него, седнува, си ги истрива очите и гледа дека навистина е на страната од Родна, дури нозете бакнати, залепени, па ги потргнува своите, ги поодалечува колку да блесне белината од Роднините листови и за да ѝ го одваби погледот на разбеснетата Милка проговорува како да се чуди и самиот Од каде да знам мори жено желки да те јадат, може ти си се преметнала на оваа страна, колку што го држам времето од синоќа, те пикав во пазувава, при завртување може си се свалкала на другата страна па јас сум останал на оваа! и за да се потсмири работата, се закикоти на цел глас.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Па, ти, Лангач, знаеш, ти си... Не можеш ти... Туку ќе видиме. Ќе зборувам со учителот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Сам ќе си ги закрпам. - Не можеш ти. Јас ќе ти ги закрпам.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)