може (гл.) - јас (зам.)

Впрочем, како што ми се врекна, со кој успех сум можела јас да се презентирам?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како би можел јас да ги знам сиве овие работи за тебе.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
- Можам јас секако. Работата е за една ноќ.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Зар се плашеле од мене? А што им можев јас, што им можам сега!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Па, разбирам, не да не разбирам, туку што можам јас да знам за градскиот живот кога никогаш не сум бил таму.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дека ти од поодамна си раскрстил со оваа заблуда?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали би можел јас таквиот исказ да го протолкувам како твое уверување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Реков дека за жал се случува зборовите да не ги употребиме на вистинско место.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сфатив дека е спремен да окара и тоа само затоа зашто за момент бев изумил дека се има зафатено со доволно важни нешта за да можам јас да го разонодувам со непотребни прошетки!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На прашањево на иследникот одговорив делумно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Што можам јас?
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
„Не можам јас.“ „Умееш.“ „Умеам. Но не можам.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Рече дека ќе најде добар доктор, и медицинска сестра која ќе се грижи за мене сѐ додека ми е потребна помош.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И што можам јас против оној на кого ниту огнот не му може ништо, зашто во чадот ја собира својата недофатлива сила?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Што можев јас да им речам? И самата знаеш што стана, пред една недела само, со Попов.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ХРИСТОВ: Што можам јас? Кој ме праша мене за нешто? Ме повикаа пак кај Иванов.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
” Сиромав човек, си реков, кому уште можам јас да му помагам, по она што ми го рече како да ја разбуди заспаната гордост во мене, не, не можев јас тоа да го правам, знаев повеќе од сé дека тоа си е така, влегов во гарсониерата, набрзина ги собрав пљачките во една патна торба, ја заклучив вратата зад себе и покрај здрвениот човек на скалите излетав надвор.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
А, што не би можела јас да го скротам Долгиот и да го свртам неговиот водотек кон мојата воденица.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сакам Рада, ако не можев јас, да види некое ново место од земја.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не ми е баш мило да лежам во вошките. Што можам јас?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Домаќинот се фати за лице како да се плашеше да не се насмее.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Јас сум му ја дал? Како можам јас да му ја дадам, од каде?“ „Ако си му ја дал, ќе знаеш од кого си ја ќердосал.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ти велам... - Остави ме. Не можам јас да се расправам и со тој твој Неделко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ти си, Борисе, како извртен минтан. Пред ова беше за другиот Онисифор. Нели сте и роднини?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Сиот свет е само воздишка, - шепнав.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Како можам јас, олкацок, да го сторам тоа?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Проклет да бидам, што можев јас кога имав таков бесрамен дедо и ме учеше сѐ некои такви страшни, срамни работи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А ако ти е жал за ракијата, можам јас и за свои пари. Поконкретно, за долари. Виски.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
СУДБИНАТА: Надежта не може да ти го даде она што можам јас, ти не веруваш во мене, но јас ти нудам спас!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
А дома што можев јас да направам за тебе?
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Што можам јас?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Не можам јас цело утро да ги барам и да се наведнувам.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
БЛАГОЈА: Можам јас да помогнам некако?
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Да не направиме некоја беља? - Коте, - рече Методија кревајќи ги рамениците, - не верувам, ама што можам јас сигурно да ти кажам.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Токму така! јасно ја гледам... точка... се тетерават сенките...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ама што сум јас крив!... Ништо не можам јас тука?...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кај ли скита?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
СЕЛАНЕЦОТ: (Се враќа.). А, не можам јас така.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Можам јас лозјето да го земам и негледано. Ќе му го дадам веднаш сенетов за борчот, на кадијата (Тргнува назад.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: (Излегува, прозевајќи се како по спиење.) Чекај, чекај, чорбаџи Теодосе!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
„Не, професоре, можам јас и побрзо. Многу се грижите за мене.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Најпрвин во првиот окоп бил Киро со својата кртешница, која непрестајно беше вклучена, а тој сè помалку имал муниција.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Бездруго имаше два часа откако заминав и слушав како Киро дава наредби: Другари, во мојот правец одете, имам толку муниција колку да стигнете до бригадата, па тие да отворат оган за да можам јас да отстапам и да се спасам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас не сакав да чујам за него; како можев јас селанче да одам во град , таму да бидам никој и ништо... би било смешно, не знаев да се снајдам и се плашев а, впрочем, и не сакав да се мажам толку рано.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Што знам, ти си знаеш, не можам јас за тебе да одлучувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не барам да одлучуваш, туку да ми кажеш што мислиш – инсистираше таа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)