може (гл.) - низ (предл.)

Заѕиданата мајка, принесена како жртва во темелите на мостот, на тврдината, од страна на своите девери, за да не се урива градбата, барала да се отворат дупки за да може низ нив да се дои чедото од градите на мајката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сега Борко е таму, во Долнец. Ако не можеше низ сите последни години на животот да отиде во своето место, сега е таму.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Но кој, кој можел низ овој снег да се пробие до дедо Ивановата колиба?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Доаѓаа На полноќ Чиниш По договор: Стравот на еден Осамен човек И стравот На еден Осамен Збор. Корен Некаде во мене Шири и расне Длабок еден корен Огнозборен. Овошник Дрочен а мал Овошник Во кој сум се Пресоздал вода си „Вода си, Рече ноќта, Можеш Низ мене Да течеш“ „Веда си, Рече громот, Усти низ мене Сѐ што посакаш Да речеш“ ***
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
КАТА: Ништо, ако не да вечераме, пак може низ вечера ќе ни падне на ум како да направиме. Што ќе речете?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)