може (гл.) - мирно (прил.)

Ако немаа амбиции да бидат во политиката и мудро се држеа на дистанца од Партијата, ако си ја гледаа работата и не заглавеа во некои од монтираните процеси или ако не беа жртви на семожните денунцијации и подметнувања, ако не им се откриеше некој од вешто скриените златници за најцрните денови, ако си го гледаа семејството, можеа мирно да ги поминат тешките времиња, дури и да се здобијат со углед во новите институции.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И по тротоарите не може мирно да се шета, зашто секој момент некој ќе ве турне со лактот, некој ќе ве понуди да влезете в кафеана, или пак ви става под носот некаков сувенир, сѐ во стилот на „Пигал“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Затоа што таа љубов е мојот живот, за таква љубов бев родена.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тогаш ќе можам мирно да го напуштам овој свет и да кажам дека ја исполнив својата цел.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- „Се прашувам како и сите други во кои останала малку човечност, добрина моралност, должност, како светот може мирно да спие по сето ова што му се случува?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сега можеше мирно да ги погледа оние коишто го одрекуваа неговото право и неговата вистина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ама, ништо. Можев мирно да спијам. Брат ми не е пушач.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Зошто толку многу ова ми беше важно?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не можам мирно да спијам. Ме тормози некој или нешто.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тики бој, нè чека голема работа, а јас најпрвин морам да ја средам 132 okno.mk онаа курвештија.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Морам тоа да го сторам инаку не ќе можам мирно да размислувам за ништо околу снимањето.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во многу случаи животните го добивале спорот, и како резултат градското собрание коешто ги предало на суд морало да им додели одштета во форма на парче земја врз кое можеле мирно да живеат не загрозувајќи го животот на луѓето.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Почна граѓанската. А јас не можев мирно да работам во една приватна клиника во Атина.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Горда си го помазни зглобот од неговиот стисок и колку што можеше мирно му рече: - Тоа, да го ослободиме станчево.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога сомнежот ти работи брзо, ти неможеш да го скротиш, си помисли веќе научи една од главните лекции на животот: Смири го сомнежот во себе за да можеш мирно да носиш решенија!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)