може (гл.) - непосреден (прил.)

Како потврда на ова тој истакнува дека во текот на подготовките за размена на затворениците во октомври, само 33 германски затвореници од вкупно 400 изразиле подготвеност да се вратат назад кај Германците.160 За време на офанзивата можел непосредно да се запознае и со економската ситуација кога кн крајот на јуни поминувал низ Источна Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Сè до октомври 1943 година, на територијата на Македонија Британците немале свои воени мисии и агенти кои би можеле непосредно да видат и да известат што навистина се случува.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Секако дека присуството на британските воени мисии на териториите на Албанија и на Грција, кои се движеле во пограничните подрачја со Македонија и биле сведоци на борбите на партизанските единици со Италијанците, Германците и Бугарите, имало влијание да се побара испраќање воени мисии во Македонија во единиците на НОВ и ПОМ, за да можат да се запознаат со сето она што се случувало на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)