може (гл.) - сѐ (прил.)

Со Влатко молчевме, зашто Љупчо може сѐ да ни рече.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Требаше многу да се помага зашто мајка му не можеше сѐ сама да постигне.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сеедно - не можеше сѐ да предвиди.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Минаа ден-два. Скришум, рано, в мугри, Мајка доаѓаше до јорговановото стебленце, да провери дали фатило корен. Не можеше сѐ уште да утврди.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сум ги минал сите граници, па сега можам сѐ да очекувам до крајот на моето патување!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Можеше сѐ и правеше сѐ што ќе посакаше. Му завидував.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Егото тој го победи, гордоста ја надмина, границите на своите погледи ги избриша, сега можеше сѐ да види јасно, затоа што гледаше не само со очите туку со духот, затоа што го достигна просветлувањето.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Колку повеќе остануваше на прозорецот, тој можеше сѐ појасно да го открива тоа, а во длабокото претпладне тоа веќе сосема се одреди и се изјасни пред неговиот поглед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеше сѐ уште да останува крај таа неуморна поројна вода долу, имаше во своето тело уште многу движења, што и беа потребни на бичкијата во она незапирливо дробење на трупците, можеа да продолжат да бидат спуштени на она место, каде што беа потребни, сите тие трупци, и сега, кога беа веќе сите наместени и наближени, тоа беше многу полесно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Набргу во таа негова увиснатост почна да се раѓа и една своеглава непослушност на неговото тело, која не можеше да му помине незабележана ни во нејзиниот зародиш и од која сега можеше сѐ потешко да се бега.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа било сѐ, што можело сѐ уште да продолжи да постои од неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој дожд тегнеше во неа еднолична мелодија но не можеше да избрише едно сеќавање на онаа ноќ под врбите во паркот, и потоа во неговата врела соба, кога праинсконската вистина ја отвори до срце и ја исполни: гаменот со голо теме може сѐ и чини сѐ што може.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во човечките работи не е можно сѐ и не може сѐ да мине.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но најзначајно беше тоа што, од војната, семејството излезе живо и здраво, а лесно можеше сѐ да се случи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка не можеше сѐ уште да разбере каде ја води Татко со мислите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Зачекори полека кон неа, несигурно, без нужен такт на ловец пред чии очи е смртта паѓа на коленици.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Марија...“ „Го мачеше.“ „Марија, чекај. Немој. Јас сум закон. Јас можам сѐ.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Престанете да пеете. Тој е пијан. Може сѐ да стане. Еден куршум, два, и готово.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Еден час подоцна можеше сѐ уште да ја види, дури и откако ја завитка и внимателно ја сокри.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се свртев да ги погледнам клацкалките, да видам и нив да не ги смениле и навистина, сите беа сменети освен најмалата на која и така можеше сѐ уште да се седне.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Може сѐ да рече, а ништо да не мисли, вели жената, од кај знаеш што ќе ти дојде на уста тогаш?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можат сѐ да ми направат, ама ме оставаат жива, што се вели, иако не им треба мојот живот...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Велат, можеш сѐ, сѐ, ама да дојдеш во одајата на волшебникот Желбоноско – тоа ќе се случи кога мушмулата ќе роди краставици.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
КИРО: Не може никаде, а овде. Овде може сѐ. Не се мешај тука, тетка Султано. Не разбираш.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Ти си паметно момче, - ми рече, - ама, сепак си мал за да можеш сѐ да сфатиш.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Имаше таму многу свети книги, но нели не можеше сѐ да запомни?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Јас сум волшебник! Јас сум волшебник! - почна да вика Димче. - Јас можам сѐ! Штом е така, ќе видат...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)