може (гл.) - тогаш (прил.)

Што можела тогаш да заклучи за вашите намери во животот? okno.mk | Margina #4-5 [1994] 55 Дискусија Со ризик дека ќе згрешам, сакам да истакнам дека овие прашања од нивото на акција и од нивото на свесност не се едноставно прашања за она што се случило, за минатото.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дајте ми еден пример на настан во вашиот живот на кој таа била сведок и којшто би можел да ѝ помогне да го предвиди ова постигнување. (б) Како таа би ги опишала околностите под кои се случил настанот? (в) Дали таа била свесна за другите кои можеби учествувале во настанот? (г) Што мислите дека би рекла кога би била замолена точно да опише како тоа се случило? (д) Како таа би ги определила вашите цели при остварувањето на ова постигнување?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сепак го потиснав тоа и реков: - Тато уште кога ти ја донесе сликата за првпат сакав да те помолам да ја ставиш кај нас во собата, но не можев тогаш да ти речам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Освен тоа, веќе го бев видел папокот на Ина (таа веќе и се преслекуваше пред мене, но јас таа блискост на луѓето во циркусот не можев тогаш да ја разберам, оти тоа Ина го правеше и пред други луѓе од нивниот свет); тој папок, за жал, немаше ништо заедничко со папокот на Луција; беше некако поплиток, без сила, зарамнет на цврстиот стомак; беше тоа, како да смениш чаша на половина пиење на еден ист пијалак; како да пиеш вино со чаша за ракија.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, од друга страна, со тоа што ми заповедаше да тргнам со неа, таа покажуваше бесна немоќ, и тоа беше симпатично. (Боже, можно ли е да сум бил толку незрел и глупав за да не сфатам што сакаше Луција да каже со тоа, и дека бараше да бидам со неа на еден општествено дозволен начин, како другар од партијата; зарем бев толку глупав да не сфатам дека тоа беше единствената форма под која можевме тогаш да бидеме заедно, тогаш кога партиската свест беше посилна и од свеста за физиолошките потреби?) За да ја развеселам, реков дека ќе потпишам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Може тогаш и Атиџе ќе излезе да ме поздрави.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Чудно ми е како можев тогаш, во исто време, да го следам и злосторството на Кузмана и битката на густо збиените деца.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Големиот препород на денот ги вратил луѓето во благост на обичен живот во кој сепак можела да се споменува Јоакимовата Повест ради страшнаго и втораго пришествија Христова.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Земјата како да симнала од себе некоја збрчкана и мртва кожа; си можел тогаш со ноздри да ѝ ја почувствуваш топлината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И тој и селото и ридиштата наоколу биле фатени во обрач на мрак зад чија граница можел тогаш да се стеснува нов обрач на онбашии, заптии, јузбаши, чауши, кајмаками, мулазими, кадии и секакви одбрани стрелци и мислители на царството, повеќето со измеќари, соколари или ќати, но сите со кубури, со долги или краткоклуни пушки, со јатагани, анџари, џилити и наџаци на чие железо со златни или со сребрени нишки е запишана муслиманската покорност пред пророкот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Жолчно надојдената ноќ од сите јами и од сите рани на животот го демнела на секој чекор со соништа што ги заборавил ослободувајќи се од треската и го присилувала да се движи со крадечка претпазливост помеѓу двоколките на кои, овде или онде, веќе спиеле неколцина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како можеше тогаш таквиот нешто убаво да ти всади во душата, со унија да ти сипат од таквата наука - ништо не се задржува в глава, од едно ти влегло, од друго ти излегло.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кога минувавме, запревме пред нашата куќа, крај реката, и од силна радост, за да нѐ слушнат сите, ја запеавме песната што тогаш најмногу ја слушавме, а чија порака не ја знаевме и не можевме тогаш, а и подоцна да ја разбереме: „Америка и Енглеска биќе земља пролетерска!“
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кај си можел тогаш, кај си смеел да се гледаш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)