може (гл.) - да (чест.)

Само женственото лице и обетката на десното уво можеа да предизвикаат во прво време малку сомнение, но четникот рече дека му се амајлија од баба му та ништо чудно не се предизвика со тоа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Штом се вратив од чаршија ја фатив мрзата за шија цел ден по сокак дрдорела сармата скроз ја загорела Куќата цела ко кочина не можев да отпочинам филџани стојат на масата а мрзата мрсна небањата Нервозно кренав паника и сукало дебело заигра комшилук сеир гледаше назад кај татко бегаше
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Кој ли може да биде? си се прашуваше гласно Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од дефиницијата од речникот можеме да видиме зошто некои луѓе кои ја употребуваат метафората „разговор“ тврдат дека не се експерти - што се надевам е лажно тврдење.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Секогаш кажи им на луѓето нешто што можат да разберат.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Сфати дека на човека со сила можеш да му земеш но не и да му дадеш.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Не можев да видам од моето место како потоа ја загризува сливата и како му се освежува сувата уста и киселавоста му се шири по жилите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Имаше неколцина што поверуваа дека тоа можел да биде Мајк Зуноски, но најпосле се остана на тоа дека, дури да бил и Мајк, тоа не менува ништо за плановите што требало да се остварат на штета на Маказар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И да посакам ни чекорите не би можел да си ги скријам. Низ куќата шетаме по налами.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со овој твој мизерен дух не би можел да завршиш ни трето одделение!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Грета: Стварно си оригинален!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Женски, брачни, мајчински: децата можеби со подозрение ќе покажуваат кон таа несреќница и ќе зборуваат со глас што таа ќе го слушне; мачката пак има буви, тие ќе ни влезат во софата; сопственото лице делува замачкано, тоа е поради жештината; дали е вклучена ринглата под гравот? мрачната болест на машината за перење алишта може да се повтори - баботи при испирањето, а ѕвечка при перење; господи боже, веќе е единаесет часот; кој од вас загубил една каљача?
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)