моли (гл.) - да (сврз.)

Мајка ми тивко го молеше да запре, не се оди со глава в ѕид!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Јас го молев да ми договори ауденција кај султанот, како мухтар и како човек што ја штити државата, но и Маказар и целиот крај, зашто имаше неправди спрема рисјаните и за да има мир и слога, треба за сите да биде добро и според законите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Ако си дошол да ми ги пренесуваш озборувањата на маказарчани“, реков, „те молам да станеш и да си одиш. Гнасно ми е веќе“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Седеше затворен, поправо заклучен во собата, со клучот одвнатре, божем така се создавала големата уметност, додека децата како мачиња цивкаа и молеа да го видат, како родител.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога се моли во ќелијата, се моли да престане и проклетството на оваа негова интернација, но и тој грозен сон.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Можеби”, си рече, „зашто идејата на пеколот постои секаде освен во јудаизмот”, иако и стварноста, не само апокалиптичниот сон го враќаше на идејата на пеколот.  „Можеби пеколот е еден голем карцер во кој се останува до крајот на животот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не сака повеќе да живее и подготвена е да умре од неговите раце.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Коле се свртува и со цврсти стапки го пречекува: - Учителе, од името на сите, ве молам да нѐ земете и нас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Молел да му простат за сѐ што се случило...“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се бесевме и на локомотивата што ја возеше чичко Лозан и го молевме да ни раскажува за неа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Чудно е зошто Анакреон молел да му се наслика неговата возљубена со нејзините црни плетенки и уште молел, доколку воопшто можело да се изрази тоа да биде насликан и мирисот на миртата што ја опкружувал.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сјаен потпис на остра веда
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сјаен потпис на остра веда на париското небо а душата ме моли да прошетаме, да подизлеземе, а каде, прашувам, каде по ова невреме, по оваа луња, каде?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Во големата љубовна желба Тоше сам испеа песна за сиромашката Митра, со која песна ја жалеше и молеше да му се предаде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И на жена си, која го молеше да им каже барем на најблиските роднини, тој напорки ѝ рече: - Ајде, мори... Нема чергари да водам во Охрид...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ги менуваше брзините барајќи ја соодветната и ја молеше да издржи барем до врвот, а потоа по удолницата белки ќе ја издуваше пречката и со порамномерен ритам ќе ги довлечкаше до дома.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во зимскиот период и во раната пролет му се лутеше дека е немирно, дрдорливо, летно време го молеше да не пресушува, зашто неговата водичка ја бараат и градината, и дрвцата, и добитокот да се разладат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бевме мали, братчињата, сестричките и са зима молевме да оздраве мајка и пролети некаде кога прошета низ дворот како дечиња се разиграа црешите на гранките а гласот мајкин светкаше меѓу нив како некоја заповест од светата книга, како ѕвезда Давидова.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ве молиме да припазите и на нашиот стан. В пролет пак се враќаме. Ви пожелуваме среќно презимување“.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
А тој плаче и ме моли да го пуштам: „Девет дечиња имам. Гладни се.“
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во следниот миг Фисот веќе беше станат и ме удираше со тупаници; по лицето, по грбот, по вратот, по слабините; паднав и тој почна да ме гази и да ме клоца; Луција врескаше, го молеше да престане, и јас слушнав како му се обраќа, интимно: „Фис, престани, те молам, престани; тој лаже, тој само се преправа дека е голем маж, те молам, Фис престани, тој ме нема допрено, јаде ќотек од гордост, Фис, тоа е сѐ!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И повторно не го гледавме невидливото, она што нѐ вознемирува, што го бараме, а Бога молиме да не го најдеме!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Почнавме да врескаме, да свиркаме, да полудуваме; при секое качување на некое од девојчињата на разбојот да му го правевме на Земанек истото (викавме: „О-ооооооо-ооп“); девојчињата се вцрвуваа, нѐ молеа да престанеме така да се однесуваме, некоја од нив и нѐ опцу, рече дека сме кретени.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас го молев да слезе, оти секој миг можеше да наиде експресот, но тој велеше: „Не грижи се Луцијо, јас правам чуда; ќе го сопрам возот со поглед, со еден блесок на очите ќе го сопрам; сум сопирал јас и поголеми нешта во животот, Луцијо!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ја бакнував диво по вратот, ја гризев; таа молеше да престанам, да не ја повредувам; ѝ ја зграпчив кошулата и ја повлеков; сите копчиња се разлетаа во темнината и потем, во наредните два-три мига го слушав продолжениот звук на нивното удирање на кејот, како ситен дожд од ориз; на слабата ноќна светлина блеснаа нејзините млади гради, како кај кучка; почнав да ја гризам по целото тело, и одеднаш се најдов со устата врз нејзиниот папок; таа ме удираше со тупаници по главата, велеше дека сѐ е готово после ова, дека сум уништил сѐ, дека сум свиња, дека ќе ме пријави, задолжително ќе ме пријави, дека ќе ме убие, дека Партијата ќе ме убие кога ќе им соопшти, но мене веќе за ништо не ми беше грижа, и јас само го бакнував нејзиниот папок, таа рајска чаша со небесен нектар, тој центар на вселената и почнав да тонам длабоко, да пропаѓам во непознати длабочини;
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Памти ми го зборот – лошо племе ќе ве споплати и ќе дојди време нас, Турците, да нѐ молите да ви бидеме пријатели.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Молам да ѝ биде доставено, а ако тоа не е можно, тогаш нека и биде пренесено дека чесно се борев и не сум предавник.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Го возиш цела ноќ, по пат го тешиш, го молиш да издржи, да не стенка, му велиш и му ветуваш дека уште само оваа кривина да ја поминеме и зад таа или другата ќе се отвори поширок, порамен пат по кој побрзо ќе стигнеме до болницата; го носиш за да оздрави, а тој, ти се скаменува, оладува, те гледа со стаклени очи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Би ве молел да ми дозволите да напишам нешто за неа и да ја фотографирам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сити сме и од тескобите и од тешкото време, особено во ова наше време. Затоа, пријателе, те молиме да ни ги ископаш очите зашто веќе не е за гледање, не е за слушање.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ете, така, почитуван мој М., те молам да ги примиш надоблачние, небесните поздрави од стрико ти Бојан Домански, ни рајски ни адски туку средински.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ама таму ми е местото. Затоа ќе се вратам таму.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некој извикува дека тој е господар на сонцето, и дека само ако дувне, сонцето ќе згасне.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Така ми велат докторите кога ги молам да ме пуштат. А сега им побегнав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа ќе се влече по нив, ќе моли да цица, но мајката грубо ќе го оттурне. Ќе го осуди да умре од глад.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не се обидував да видам во моите мисли како лежи едвај подвижен, не сакав да слушнам како последните капки сила го принудуваат да вдишува и издишува, не сакав да знам ни што му врвело низ мислите во тие мигови – дали го мачела помислата на сестрите кои постојано се јавувале во неговиот дом и молеле да се најде начин да ја напуштат Виена, дали имал грижа на совеста од претпоставувањето дека во логорите на смртта ќе ги приберат и нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш низ просторијата како во хор се разлеваа гласовите кои молеа да заминат од Гнездо: меѓу ѕидовите одекнуваше композиција за човечки гласови со молби, со жалби, со уверувања; се мешаа десетици гласови во таа композиција во која се испреплетуваа различни ритми, тоналитети, брзини, а помеѓу разговетните зборови одекнуваа и нејасни мрморења и врисоци, и чудесни звуци од штракањето на забите, од брмчењето со усните, од повторувањето еден глас, од имитирањето на звуци какви што можат само во некаков сон или некаков кошмар да бидат чуени, па некаде отаде зборовите се чувствуваше судбината на оние кои зборуваа, кои офнуваа, кои брмчеа, кои штракаа, кои мрмореа и врескаа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некој од лудите стои со хоризонтално испружени раце и моли да биде распнат; „Распнете го! Распнете го!,“ вика толпата граѓани.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Седев во собата и се сеќавав на разговорот со брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека чекорев натаму, замислував како Густав лежи на креветот по мозочниот удар, лежи во бессознание, а Клара седи крај него, знае дека тој заминува, и првпат го гледа не како свој брат и заштитник туку како свое дете, се обидува да го разбуди од она што не е сон и од што никогаш нема да се поврати, му зборува и тоа веќе не е гласот на сестра која го моли да ја заштити од мајка им, тоа е сега глас на мајка која се обидува да го утеши своето дете во неговата нема болка, тоа е глас на мајка различен од гласот на нивната мајка, глас со кој Клара се обидува да го увери дека сѐ ќе биде добро, дека ова ќе мине, заборавајќи дека така се обидува да се разувери самата себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ана и Зигмунд ме молеа да тргнам со нив по градот, но јас се жалев на болката во коленото. Навистина поткривнував.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Можеби тука лежи тајната на поврзаноста на мајката со детето – таа го гледа како дел од себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Зошто не ги пуштите дома оние кои сакаат да си одат?,“ го праша Клара доктор Гете едно попладне во просторијата во која плетевме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не се обидував да ги замислам последните мигови од неговиот живот, доволно ми беше што дознав дека е мртов, дека е смирен, без телесна болка, без душевна јанѕа, затоа што сигурно на оној свет душата се ослободува од сите тегобности и самообвинувања.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А потоа, кога дознава за загинувањето на двата најстари од малите Густави, нема да може ни себеси да се разувери.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но што вреди: во најмачните моменти кога војниците го решетаа училиштето со куршуми, жена ми го молеше бога за спас; го молеше да се смилостиви и да ни помогне; но ете што стори тој господ: ме остави и без неа и без детето, пуст и чемерен довек...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кон нив јас го имам дадено и мојот опис: како клечеше пред нив, како ги молеше да ти простат и како им ги веќаваше главите и на Иванов и на целиот Централен комитет, само да ја спасиш твојата...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ги бројам другите што ми останаа, за да ги распоредам. Ве молам да не ме будите!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Оттаму, мојата врска доктор ме одведе кај професорот да ми се направи една гастроскопија по колоноскопијата, а кога по пат го молев да ми каже колку може да биде болно, тој низ насмевка ми рече дека оваа претстава што бесплатно ја изгледал долго ќе се раскажува по кабинетите и дека лично тој ги сокрил пешкирите со нормална големина и дека оној во костумот бил само колатерална штета.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Само, се плашам дека нема да ме пуштат од овде, па би те молел да запишеш сѐ што ќе ти кажам и еден ден да го објавиш и да побараш правда за мене“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во столнинава кај што седам немат таквоо девојче; јас сакам да сториш еден завмет: твоја милос да прошеташ по сета царштина моја ида ми најдиш едно такво девојче како што ти кажав.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Бре, ќе се носиме еден други - му рекол чоекот - кој ќе н¯ види, ќе ни се смеи!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Да затоа дојдовме да те молиме да ни даиш еден урнек, за каков сакаш да ти го напраиме и до вечера да ти го донесиме, дали дебел го сакаш, дали танок.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Трчам дома и пак се молам да не брза смртта, да не ми го земе и Ѕвездана денеска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сега почнувам и да не се плашам и да се плашам. Што е ова со мене, си велам, до преѓеска се молев да ме убијат, до преѓеска ја молев смртта, а сега смртта почнува да ме потплашува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- И врвиме покрај едно запалено село, а војникот Дамјан Страчков се моли да влезе во селото, да види дали му стои куќата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Којзнае какви нечисти сили му влегле, ќе си речам, и ќе слезам да го молам да не се тепа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога биле на отпуска, жените ги молеле да се предадат, оти децата им трпат за јадење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таа ме моли да ја оставам, а јас ја молам да пушти барем една жичка, колку да им го наквасам јазичето на децата. За лек.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Плачам и се крстам. Молам да не е тоа што мислам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ги молевме да станат, рече Дуко Вендија, мртвите да станат, а живите да влезат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ме бара и само вика: ме моли да излезам. 248
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ни се налути нешто, велам, нешто многу ни се налути и си отиде. Ја викав, ја молев да се врати, велам, ама не се врати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Отсекаде раце се подаваат, те дрпаат за лакти, за скутина: те молат да им дадеш нешто. А што да им дадеш кога и ти си како нив.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го молам да се опули, да ми проговори, а тој молчи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа и нејзината светлост се распливнала и тие го фатиле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јаков во младоста спиел на папри под дожд и се молел да дочека старост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сѐ уште беше насмевнат но тоа беше збрчканост на неспан човек.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чекале тој глас да порасне во него, да го напне, да му ги расфрла ситните парчиња на распаѓањето, онде, по рудината со заборавен пат од непознати времиња, а тој уште чекорел кон нив небаре и самиот се плашел навистина да не се распадне на педа од отворениот гроб, од незасилениот пламен во јамата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јаков Иконописец, сега со мудречка неизвесност на лицето, жолтеникав и мал, премал и за бостанско плашило, ги подал рацете кон петте сонливи старци што се доближиле со израмнет чекор. - Одбранете ме, стриковци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не можел да стане јасен, разбирлив, можел да ги трогне со библиска можност за воскресот на сите мртви пред кои живите ќе клечат и во безумен уплав ќе молат да им бидат простени гревовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се собрале околу дрвото на кое бил качен и го молеле да се симне.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„И Калпак, а? А ме молеше да му ја дадам пушката. Сега со мои камења ќе ми ја крши тиквата.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ми дошла облечена во руво невестинско и ме моли да ја спасувам...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Вечер Понекогаш е нежност, една ненадејна и потребна нежност кон онаа што не е кралица и што си постои којзнае каде.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Ќерко, тоа беше последен пат да те молам да ме следиш на пијано. Се изрезиливме.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Температурата на животот топеше еден студен, дотогаш непробоен оклоп а тој плашејќи се да биде разголен до дно поставуваше примки. „Јано“, рече. „Тој професор за кого ти расправав чека сега луѓе во заседа и ги моли да пијат со него.“ „Ти не пиеш.“ Дали е возможно, мислеше. Дали е возможно.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Чекам да клекнеш и да молиш да те оставам уште трошка жив.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Со нив дојде трет, куц човек со хармоника (молеше да не го викаат Циган, ни Ѓуптин, ни Манго, тој е Ром).
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Молеа да бидат стрелани веднаш, за да умрат додека се сѐ уште чисти“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Те молам да запаметиш, во текот на целиот наш разговор, дека можам да ти нанесам болка во секој момент и до кој степен сакам.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Му реков да ме остави, дека го молам да излезе од собата и да ме остави.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Повеќе пати одев кај дежурните, сестрата и докторот, да дојдат и да видат што се случува. Како и секој ден ти донесов разни јадења, те молев да јадеш, но ти ме одби.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Уште еднаш ве молам да ме извините.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Бабата Каља Тушева, редовна и најрана посетителка, веќе прави метании пред Богородица и ѝ се моли да ѝ го поживи сина ѝ и внучињата; дедот Бале — и тој му пали свеќа на Ристоса и го моли да му ги прости греовите што излага толку моми и невести за мажење и што зеде некоја и друга лиричка од такви како Илка Сукала, дедот Мисирлија — не може да најде невести за синови му и почна редовно да доаѓа в црква и да се моли на сите светци; на бабата Цвета Батанџиева невестата ѝ нема малечко еве седум осум години, та и таа клечи пред Богородица и ја моли.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сиротата мајка се затресе од овие зборови и ја зеде шамијата в раце, та тргна од домаќин до домаќин да моли да ѝ помогнат да се подигне „куќа“ на „сајбијата“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со тоа си земаа збогум со свети Димитрија и го молеа да им ги прости гревовите што ги направиле за оваа и друга година, што газиле околу манастирот, што јале и збореле можеби понекој непристоен збор во негово невидливо присуство.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Прашањево пак ги заплаши и пак писнаа во еден глас. – Co плачење ништо не бидува, туку ајде да му се молиме да нѐ пуштат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сега, тие исти соседи, на кои им беше најпотребна во невремето, ја молеа да појде со синот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Ве молам да ја имате предвид и желбата на селаниве... - рече кметот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но сѐ што чинеа тие, беше безуспешно, зашто тој пак се снаоѓаше: одеше кај пријателите во селото и ги молеше да му дадат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Му се товари анџијата на дуовникот и го моли да го земе Силјана на аџилак, да отаде назад како знае нека си прави.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
А во тој венец понекогаш ја молевме да вплете маргаритка, јасминово цветче, темјанушка, кој како наоѓаше и нудеше.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Мајка Евгенија нѐ молеше да не кажуваме. Не ја изневеривме. Не кажавме.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Некои ја примаа оваа порачка молчешкум, други изгледаа пропаднати од недоумение кај да најдат пари, а неколкумина попладнето на деда Бошка му дојдоа дома да го молат да му рече на арамијата да им се смилува, да не им сака, зашто немаат од каде да најдат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Долго го молеа да им зазбори, но ништо не помагаше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И јас да сум на нивно место, - си велеше, - да ме будат страшни соништа во кои арамијата ми виснал над глава со нож в раце готов да ме заколе, да гладувам, зашто она што го имам ми го собира некој со помошта на еден јатак , да ми ги грабне некој со крвава пот спечалените пари, да молам да го дадам аманетот на најмилиот од куќата како што беа оние пет лири на татка ѝ на Трајанка, да морам да се посрамам како татка му на Пецета, зашто некој, кога сум бил на мака, ме одделил од најмилото, а јас сега не можам да му го вратам, та и мене да ми се случува сето тоа, - и јас не ќе можам да го здржам бесот, па макар сто пати знаел дека јатакот е јатак, а неговото внуче негово внуче, кое можеби ништо не знае.“
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Хм! Што друго освен да отидеш до Дика и него да го молиш да направи некако да те куртулиса.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ќе ме молат да ја симнам шинелата од мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Што ми требаше да молам да се врати од Албанија?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некој ќе клекне и ќе ги бацува шините, се моли да го однесат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Беше вљубен во девојката Теменуга и, при тие епилептични напади, постојано ја молеше да му даде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме молат да им се покажам пошироко.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Е, сега, ќе одиме да молиме да го ослободат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се моли да го пуштиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сигурно ја молела да ѝ ја остави Ники.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама молам да ме сослушате за овие три работи:
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Ученичка сум во ОУ „Кирил и Методиј“ што се наоѓа во близина на една од црните точки во градот, раскрсницата кај Народна и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“. Молам да објасните што значи три степени на вонредни мерки?“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Со еден збор, молам да не се плашите од зборовите, значи денес, со еден збор, денес почнуваме да стреламе или да убиваме, значи вие ќе почнете да учите да убивате... ха-ха-ха, хе-хе-хе – се смее тој весело и гавресто му се тресат дебелите фаши месо под брадата, му потскокнува мевот врзан со стар, дебел офицерски појас.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Утринава го прашувам монахот: - каде е сестра Ефимија? - зад молитвата е, вели, коленичи пред Света Дева и ја моли да го надои јаренцето што се врати болно од пасење...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Ме молеше да отидеме во дискотеката „Парк“ каде што седеле во сепаре со двајца многу познати пејачи од македонската естрада.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)