молкне (гл.) - и (сврз.)

Но потоа Камилски молкна и Мајка се смири, замина по своите куќни работи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од тоа молкна и се притаи и црната прилика на оној под него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го извикав. Баждар молкна и се заврте кон мене.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Професорот молкна и ја накриви главата на едната страна. Наслушнуваше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Перса повеќе како да си зборуваше на себе си, чиниш мислела дека сето тоа не го кажува гласно, туку го мисли во себе, оти одеднаш се сепна, молкна и рече Ништо ништо!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ви се јавува и сосема заборавена работа, некогаш малечко трнче што ви влегло во босата нога, помните како мајка со игличка полецка го молкне и, за да не ве боли, непрестајно дувка со уста својата душа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Баритонот молкна и самиот се потопи во непроѕирноста. Само накај село борците се викаат еден со друг кај каменото црквиче.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тој што говореше со него молкна и закашлувајќи се, ја покри устата со двете дланки.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Едноставно молкна и никогаш повеќе не ја запеа песната.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)